КАФЕ ПАУЗА

Tag: омилени бои

  • Што зборува вашата омилена боја за вас?

    Што зборува вашата омилена боја за вас?

    Повеќето од нас си имаат своја омилена боја. Без разлика дали причината е заради начинот на кој сината ви ги истакнува очите или како зелената ви влијае смирувачки, бојата што ја преферирате зборува за вашата личност. Истовремено, според преферираната боја на вашиот партнер, можете да одредите некои карактеристики за него.rnrnЦрвена: боја на страста, лутината и крвта. Таа е основна боја и ги претставува основните нагони како копнеж („Морам да го имам тоа сега!“) и бес (оттаму фразата: „поцрвене од бес“). Црвената е командна боја – застанувате на црвеното светло на семафорот и на знакот „стоп“.rnrnШто зборува вашата омилена боја за вас?rnrnОние коишто ја обожаваат оваа боја реагираат, понекогаш и без размислување, на своите итни желби. Тие се како деца кои сакаат итно задоволување.rnrnПортокалова: Оваа боја не е многу лесна за носење на себе и не често е некому омилена. Но, портокаловата е страсна. Таа е омекната црвена – на основните, јаки нагони им дава омекнати вибрации. Оваа боја е боја на почетните привлекувања, емоционалната одговорност и внатрешниот магнетизам. Портокаловата е исто така блиска и до златната, која пак е боја на успехот и богатството.rnrnНекој кој сака да носи портокалова боја е жива личност со чувства, способност за негување и интуиција за патот до успехот. Ако сте љубители на оваа боја знаете како да го исклучите прекинувачот кога е страста во прашање.rnrnЖолта: бојата на сонцето, на живоста, моќта и егото… но не е добар индикатор за романса. Пазете се од себичната, „јас“ енергија која доаѓа од луѓето кои преферираат жолта, наместо која било друга боја од виножитото.rnrnШто зборува вашата омилена боја за вас?rnrnАко ова е вашата омилена боја, ограничете ја употребата на зборот „јас“ кога сте заинтересирани за некој друг. Може да наидете на уште посебичен од вас. Ако наидете на некој кој ја сака оваа боја, почнете веднаш со споделување на вашите животни случки бидејќи оваа личност нема да ви остави многу простор за тоа.rnrnЗелена: Зелената е бојата на љубовта и не е случајно тоа што парите се во оваа боја. 🙂 Ова е боја на животот и изобилието – лисјата, тревата, растенијата – сè е поврзано со растење, развивање, живеење. Зошто тогаш не подаруваме папрати наместо букет со рози во знак на љубов? Ова е така бидејќи зелената е боја на распространувањето, хуманистичката љубов и прифаќањето, не на страсната романса. Исто така, ова е боја на фините луѓе со топло срце. Страста е сигурно присутна, но е закопана длабоко под интегритетот и честа на личноста.rnrnАко сакате зелена боја, го ставате општо добро, пред своите лични интереси, но не е лошо од време на време да бидете и по малку себични.rnrnСина: боја на јасното, комуникациите и шармот. Без разлика на нијансата, оваа боја јасно вели: „Сакам да ме разбираат“. Од друга страна пак, под стрес, личноста која ја преферира сината може да испрати погрешна порака преку давање нејасни сигнали на личноста која и се допаѓа, да има тешкотија со одлучувањето или едноставно да се изгуби во сред муабет.rnrnШто зборува вашата омилена боја за вас?rnrnАко сината е вашата омилена боја, никогаш не ви фали муабет, изразувањето е вашата јака страна. Додека, доколку сте во врска со „сина“ личност, треба секогаш да знаете каде е вашето место.rnrnВиолетова: Оваа боја е симбол на илузии, имагинација и фантазија. Таа ја поттикнува романсата, кокетирањето и предизвикувањето – создава чувство на исчекување со мала доза на разиграност. Негативната страна на оваа боја е што луѓето кои ја преферираат немаат реални очекувања. Лесно е да се живее во сопствениот свет изграден од фантазии, но сепак тука е и реалноста.rnrnАко сте љубител на оваа боја, веројатно сте замислен романтичар или преферирате романса во која ќе преовладува фантазијата, зависно од вашето расположение.rnrnБела: Белата е светла боја, комбинација од сите бои. Симболизира чистота (како традиционалниот венчален фустан). Луѓето кои ја сакаат се веројатно чисти и уредни. Ова не е најсексапилната боја, но е дефинитивно најздравата.rnrnЦрна: Како белата, и оваа е комбинација од сите бои, но наместо чистотата, го симболизира непознатото, невиденото, мистеријата… Црната всушност не ги открива сите информации, а неспорно е и нејзиното општо прифаќање како злобна и мрачна боја.rnrnШто зборува вашата омилена боја за вас?rnrnАко вашата омилена боја е црната, вие сте таинствени. Тишината која оваа боја ја создава им овозможува на другите да ги пополнуваат празнините. Црната вели: „Не ти кажувам ништо“. Луѓето кои ја сакаат може да се тешки за да се придобијат, но дефинитивно ова би вредело.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Надворешниот изглед на Скорпијата

    Надворешниот изглед на Скорпијата

    Општи карактеристики

    rnСкорпијата лесно можете да ја препознаете врз основа на нејзините физички карактеристики, бидејќи постојат неколку фактори кои го прават овој знак доста препознатлив и специфичен.rnrnИма два типа на Скорпии. Едниот тип се ситни со нежни црти на лицето. Другиот тип се покрупни, а нивните црти се истакнати и јаки. Носот на Скорпиите е најчесто прав, без грпка и не е подвиткан навнатре на крајот. Напротив, пропорционално се стеснува на врвот.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Скорпиите во профил

    rnПрофилот на Скорпиите е најчесто многу правилен. Повторно ќе спомнеме, нивниот нос е прав и испакнат и делува како буквално да го покажува правецот на нешто кон кое Скорпијата сака да ви го привлече вниманието. Впрочем, еден од симболите на хороскопскиот знак Скорпија, е орелот.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Очите на женските Скорпии

    rnБез разлика на бојата на очите, очите на жените родени во знакот Скорпија се предизвикувачки, впечатливи и специфични. Ќе ги препознаете овие очи бидејќи тие изгледаат како стаклени. Очите се заштитен знак на Скорпијата, бидејќи ги штитат нејзините мисли. Додека таа ве освојува со нејзиниот „убиствен“ поглед, вие ќе бидете немоќни да сфатите што се крие зад нив.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Очите на машките Скорпии

    rnМашките претставници на овој знак, ја делат истата карактеристика со женските – „стаклениот поглед“. Кога гледате во неговите очи, е исто како да се гледате себеси во огледало. Овие очи ќе ве натераат да останете да гледате во нив подолго време, за да се трудите залудно да ги откриете неговите мистериозни мисли.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Секогаш во акција

    rnСкорпијата е борбен знак, кој ужива екстремно да се напрега за да си докаже себеси дека ќе успее да го реализира тоа што доволно го посакува. Можеби звучи како карактеристика која не би посакале да ја имате, но во суштина таа е многу здрава за Скорпијата. Скорпиите во себе кријат толку многу емоции и во остварувањето на нивните планови и цели тие мораат да се туркаат себеси до работ, со цел да се чувствуваат здраво. Во спротивно, можат да им се случат непосакувани психолошки блокади.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Омилени бои на Скорпијата

    rnСкорпиите ја сакаат црната боја и тие често се облекуваат од глава до петици во оваа боја. Црната боја во светот на модата е често нарекувана „никаква боја“, но Скорпијата умее да ја култивизира и носи на еден префинет начин, кој ѝ дава елеганција и грациозност и ѝ помага да ја истакне нејзината „рендгенска визија“. Луѓето родени во овој знак, ја преферираат оваа боја, бидејќи им помага да бидат „невидливи“. Скорпиите најчесто имаат и дузина виолетови парчиња облека.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrnrnЦрвена е уште една омилена боја на Скорпиите, но не е нивни чест избор за облека. Управувана од планетата Марс, скорпијата облекува црвена облека кога е подготвена и решена да стапи во акција.rn

    Искрена насмевка

    rnКога Скорпијата се смее, таа се смее од срце. Нејзината искрена насмевка е широка и прави да се чусвтвувате добредојдени во нејзина близина.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Сексапил со кој е тешко да излезете на крај

    rnДури и кога не се трудат да бидат секси, овие луѓе имаат некоја магнетска привлечност од која блика сексуална енергија. Друг клучен фактор за нивната „сексуалност“ е тоа дека тие на некој начин изгледаат „опасно“. Генерално, на Скорпиите опасноста им претставува предизвик.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Љубопитни истражувачи

    rnСкорпијата не можете, а да не ја забележите, бидејќи тој/таа или ќе зјапа во нешто, напнато ќе се обидува да пронајде нова тема за размислување, ќе пишува или фуриозно ќе црта. Многу припадници на овој знак работат како адвокати, детективи или во ургентна служба, бидејќи им е удобно да се справуваат со „темната страна“ на животот.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.