КАФЕ ПАУЗА

Tag: од

  • Неочекувани работи кои мажите ги обожаваат кај жените

    Неочекувани работи кои мажите ги обожаваат кај жените

    Автор: Сара ТурановиќrnrnКога зборуваме за убавината и привлечноста, мажите и жените имаат потполно различни гледишта. Додека жените се трудат да се намирисаат со најдобриот парфем и да ги отстранат сите несакани влакна, мажите на нив го забележуваат следното.rnrnneochekuvani-raboti-koi-mazhite-gi-obozhavaat-kaj-zhenite-kafepauza.mkrn

    Кога жената има убав од

    rnОблеката може да го привлече мажот, но елегантниот женски од ќе ги победи мини сукњите или залепените панталони.rn

    Природниот мирис на нејзината кожа

    rnПарфемот е секогаш пријатен, но природниот мирис на женската кожа е сосема друго, нешто посебно.rn

    Кога жената го гледа (подолго од 2 секунди)

    rnИма нешто посебно во женскиот поглед. Погледот кој трае нешто подолго од вообичаениот зборува дека сте заинтересирани за него, а нему му претставува комплимент и предизвик.rn

    Нејзиното лице кога ќе се разбуди

    rnМалку натечено лице и срамежлив поглед украсен со насмевка е нешто што неверојатно го привлекува заљубениот маж.rn

    Разбушавена коса

    rnИ додека жените се трудат нивната коса да изгледа беспрекорно, мажите тоа никогаш нема да го забележат. Но кога ќе се разбудите наутро, потполно природни со сите свои предности и маани тогаш тоа со сигурност ќе го забележат.rn

    Кога постојано се смеете

    rnВесела, прифатлива и позитивна личност е магнет за мажите. Поради тоа насмевката е најјакото средство.rn

    Пегите на лицето

    rnПудрата е совршена за криење и на најмалите несовршености на лицето. Ако мислите дека вашиот совршен тен ќе го привлече, се лажете. Пегите и малите несовршености на лицето за мажите се неодоливи.

  • Кој хороскопски знак има најубав од?

    Кој хороскопски знак има најубав од?

    Биковите имаат силен и одмерен од, додека Раковите се движат отмено и секогаш можете да ги препознаете по чекорот.rnrnkoj-horoskopski-znak-ima-najubav-odrn

    Овен

    rnОвните се родени борци, често имаат доминантен став во друштвото, а нивната одлучност е видлива и по начинот на кој одат. Со малку арогантно држење и подигната глава, Овните често не забележуваат што се случува околу нив додека одат бидејќи се занесени во своите мисли. Заради тоа лесно се судруваат со други или се залетуваат во ѕидови, иако ни тогаш „не се тие криви“.rn

    Бик

    rnПо својата природа Биковите се големи практичари, па тие секогаш го избираат најубавиот и најдобриот пат. Тие сакаат да одат, иако тоа не може лесно да се забележи од нивното долготрајно и по малку бавно чекорење. Сепак, нивниот од не е ни малку несигурен, туку силен и одмерен.rn

    Близнаци

    rnКако што се агилни и брзи, таков е и нивниот од. Секогаш брзаат, делуваат нервозно, и во секунда можат да го сменат правецот или насоката. Не знаат да одат право. Нив најважно им е да дојдат до целта, а не како ќе пристигнат до неа.rn

    Рак

    rnРакот се движи отмено, со многу стил, како да доаѓа од кралскиот двор. Со тоа промислено движење ја крие својата внатрешна нервоза.rn

    Лав

    rnВложува доста енергија да делува самоуверено и атрактивно, а со одењето исто така сака да остави трага зад себе. Ако помисли дека некој го гледа, ќе го забави чекорот и по малку ќе почне да се прчи. Она што е интересно е дека Лавовите се едни од најбавните пешачки патници во хороскопот, иако се способни да истрчаат најбрзо.rn

    Девица

    rnСталоженоста е фасада за припадниците на овој знак, а така најчесто оди секоја вистинска девица. Притоа изгледаат како да ги одмеруваат чекорите и одат без цел, иако тоа не е така. Девицата ќе брза единствено ако доцни.rn

    Вага

    rnВагата оди како на модна писта. Сака сите да се вртат по неа, ако не заради друго, барем заради начинот на кој оди. Лесно е да ја препознаете бидејќи и машките и женските припадници на овој знак делуваат како да не брзаат, набљудувајќи ги сите луѓе околу себе и застанувајќи пред секој излог.rn

    Скорпија

    rnСекогаш одат со подигната глава, но не обрнуваат премногу внимание на нивната околина. Не дека не ја доживуваат, туку не сакаат да му придаваат значење на некој кој тоа не го заслужува. Имаат долг чекор и за нив со сигурност може да се каже дека се прваци во брзото одење.rn

    Стрелец

    rnАко се во добра фаза, ќе потскокнуваат од среќа додека се движат по улица, но доколку ги совладале некои тешки мисли тие нема да го забават темпото туку само ќе ја наведнат главата и ќе си бидат во некој свој свет. Најчесто брзаат бидејќи имаат испланирано уште 10 работи кои мора да ги завршат.rn

    Јарец

    rnЈарецот не престанува да гледа околу себе. Иако припадниците на овој знак на прв поглед делуваат бавно, ако го набљудувате нивниот од ќе се изненадите. Тие одат бидејќи мораат за да стигнат од точката А до точката Б, а ретко се шетаат за да се опуштат. Нивните чекори се прецизни, а најмногу внимание посветуваат на забележување на сите луѓе кои се наоѓаат околу нив.rn

    Водолија

    rnИмаат многу брзи рефлекси, но несмасни се. Така, тие први ќе паднат од скалите, но ќе се сопнат и на рамен пат. Постојано одат, но секогаш со различна брзина, а чекорите им се најчесто кратки.rn

    Риби

    rnФантазерските Риби обожаваат да одат, тоа е нивниот најдобар начин на опуштање. Сепак, нешто во нивниот чекор ги издвојува од другите. Ако внимателно ги набљудувате, ќе забележите дека нивните стапала секогаш се многу близу. Тие ситни чекори создаваат впечаток на од на сирена, како да им се нозете меѓусебно поврзани.

  • Прошетка која ги излудува мажите

    Прошетка која ги излудува мажите

    Научниците велат ако одите на улица испрчено, автоматски тоа ве прави да изгледате секси и успешно. Сите знаеме како се оди, нели? Но, истражувањата на универзитетот Queen’s во Канада покажале дека постои едноставна формула за одење која дефинитивно го задржува вниманието на другите. Која е формулата?rn

    Ви текнува на песната Walk this way од Aerosmith?

    rnТоа е успокоена верзија на одот на моделите од Victoria’s secret. Главата горе, рамениците исправени и наназад, градите нанапред. Рацете треба да се движат разлабавено напред-назад, додека колковите се движат од една кон друга страна. Тежината повеќе паѓа на вашите потпетици. Ако ви се чини дека за ваков од треба малку вежба, додека одите, во себе повторувајте ја следнава мантра: Раменици, колкови, потпетици…rnrnПрошетка која ги излудува мажитеrnrnКога одот ќе почне да ви доаѓа природно додека чекорите, веќе е полесно. Комбинацијата од симетричното усогласување на вашето тело и ритмички движења е дефинитивно добитна бидејќи веднаш испраќа порака до сите оние кои се околу вас. Ваквото чекорење остава впечаток дека сте самоуверена и дека имате контрола во вашиот живот.rn

    Убиствена самодоверба

    rnОдењето на ваков начин нема само да ве направи да се чувствувате секси. Ќе се чувствувате посекси од која било жена околу вас и ќе бликате од самодоверба, бидејќи вашиот ум веднаш ќе ја „купи“ пораката што му ја праќа телото.rnrnПрошетка која ги излудува мажитеrn

    Напред за облините

    rnНикој не сака да гледа ковчесто тело и жена на која ѝ се проѕираат коските. Облините секогаш се и ќе бидат во мода. Освен што облините одлично му прилегаат на женското тело, тие даваат една неверојатно силна слика кај оној кој ве набљудува.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.