Пристигнувањето на малку постуден период значи дека во наредните месеци ќе го поминеме слободното време во рамките на удобноста на сопствениот дом, што и не е толку лошо кога ќе ја земеме предвид одличната серија што едвај чекаме да ја гледаме. Списокот на одлични серии секој ден станува се подолг, а подолу издвоивме една што можеби особено ќе им се допадне на обожавателите на популарните „Очајни домаќинки“!rnrnМора да признаеме дека не познаваме личност која не уживаше во хумористичните, често напнати и прилично емотивни епизоди на „Очајни домаќинки“ – серија што им даде на пријателствата на жените сосема нова и поинаква димензија. Ние веруваме дека друга серија тешко дека ќе ја надмине популарноста на оваа омилена класика, но една нова серија многу лесно може да достигне приближна популарност.rnrnАко барате серија што ќе ве релаксира по напорниот работен ден, тогаш „Sweet Magnolias“ е нешто што дефинитивно треба да го погледнете. Серијата го прикажува пријателството помеѓу три жени кои се познаваат уште од средношколските денови, како и сите болки во животот на возрасните, од оние љубовните како и семејните драми. Се гледаме во фотелјата, со пуканки во рака!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=TEgrH93KLgY&feature=emb_titlernrnМожеби ќе ве интересираат и кои се најдобрите модни ТВ серии на сите времиња.
Tag: Очајни домаќинки
-

Совети за љубовните врски кои ги научивме од серијата „Очајни домаќинки“
Откако на ултрапопуларната серија „Очајни домаќинки“ ѝ дојде крајот, редно е и да се запрашаме какви сè совети за љубовните врски добивме од дамите на улицата Вистерија Лејн. Нивните животи беа полни со романтика, главоболки, непријатни ситуации и среќни моменти. Ова се дел од советите кои ги добивме во текот на серијата, а нам ни останува да одлучиме дали ќе ги применуваме.rnrn
rnЖенските правила не важат за згодните момци
rnПомисливте дека треба да останете настрана од бившиот на вашата пријателка? Размислете повторно дали ова правило важи доколку станува збор за навистина згоден тип. Дамите во текот на серијата си ги менуваа момците, имаа афери со бившите сопрузи на нивните пријателки… па што? Животот продолжува! Нема правила и код за однесување кога станува збор за згодното момче од вашите соништа.rn
Неверството ја зацврстува врската
rnНе изневерувајте, туку ставете им крај на работите доколку сакате да бидете со некој друг… или не баш? Како и да е, според дамите на Вистерија Лејн, неверството не само што е прифатливо, туку ја јакне вашата врска! Само потсетете се на примерот со Габи и младиот градинар.rn
Уценувањето е добро
rnСе сеќавате на кралицата на уцените, Габриела Солис? И не само таа, и многу други ја гледаа уцената како најлесен пат да дојдат до посакуваното. Впрочем, како може љубовта да опстане ако го немате она што го сакате?rn
Бебињата ги спасуваат браковите
rnВо нормалниот свет, луѓето би рекле дека не е во ред да се користат децата со цел да ги заштитите бракот или врската од распаѓање. Но овие дами си имаат свои правила. Новите бебиња секогаш помагаат во зацврстување на односите! Како и да е, сепак е во ред родителите да се трудат да си ги зацврстат односите поради своите деца.rnrn
rnПрогонувањето е во ред кога станува збор за љубов
rnБарате совет како да ја освоите посакуваната личност? Многу е едноставно, прогонувајте го оној кој ви се допаѓа. Дури и морничавиот Зак ја демнеше Габи, и на крај успеа да ја изнесе на состанок. Демнете го пленот со цел да го освоите! Не само што ликовите од серијата често демнеа или прогонуваа некого, туку им успеваше речиси во секоја прилика.rn
Преправајте се дека сте глупава со цел да освоите некого
rnЛикот на Сузан понекогаш знае навистина да иритира. Доколку добро го анализирате овој лик од серијата, ќе сфатите дека станува збор за несигурна жена, која глуми жртва на која ѝ е потребна заштита. Како што поминуваа сезоните, Сузан ги научи младите девојки на една важна лекција: изигрувајте дека сте глупави, „шармантно“ тромави и наивни, за момците да „паѓаат“ на вас.rn
Љубомората е секси
rnСте чуле дека треба да се чувате од љубоморни партнери, бидејќи ништо добро не може да дојде од нив? Напротив, дамите од Вистерија Лејн, имаа едно правило, ако некој те сака, во ред е неговото/нејзиното лудо љубоморно однесување и смешните и луди работи кои ги прави со цел да го привлече твоето внимание. Па така, на некој начин љубомората може да биде секси.rn
Неверството е релативна работа
rnКолку и да има доза на иронија во овие „љубовни совети“, сепак во серијата, постоеа ликови кои искрено се сакаа – љубовни примери кои се за восхит. Како и да е, одредени ситуации се косат со секаква логика, како на пример тоа дека неверството е релативна работа. Не е страшно во случај да сте премногу пијани или работата останала само на бакнеж и ништо повеќе. Па не сте направиле ништо лошо! Можеби само треба да почекате неколку недели, и работите само ќе си дојдат на свое место, особено ако се држите до ставот дека не било ваша вина и смешно е некој да ви биде лут поради тоа.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Интересни факти за серијата „Очајни домаќинки“
Серијата „Oчајни домаќинки“ започна да се емитува на 3 октомври 2004 година, а пред некој ден започна да се прикажува и последната сезона, осма по ред, од ова шоу кое постигна неверојатен успех. Креатор на шоуто е Марк Шери, кој искористил сегменти од својот живот за да ги креира ликовите кои се појавуваат во серијата.rnrnОчајните домаќинки: Бри ван де Камп (Марша Крос), Габриел Солис (Ева Лонгорија), Сузан Маер (Тери Хачер), Линет Скаво (Фелисити Хафман), придружувани од Иди Брит (Николет Шеридан) и Кетрин Мејфеир (Дејна Делани), се прекрасно сплотена екипа, а нивната приказна нараторски ја раскажува нивната пријателка Мери Алис (Бренда Стронг).rnrnСеријата постојано беше во врвот на најгледаните, особено во текот на прикажувањето на првите 3 сезони. Ова се само дел од најинтересните факти поврзани со самата серија и нејзините глумци и ликови.
1. На почетокот, шоуто им било понудено на телевизиите како женска комедија, но сите ја одбиле. Откако сценариото било малку нашминкано, а шоуто претставено како вечерна сапуница, веднаш било продадено.rnrn2. Марша Крос првично се пријавила за улогата на Мери Алис, но потоа ù била дадена улогата на Бри.rnrn3. Репликата на Бри кога нејзиниот син ù соопштува дека е геј, „Би те сакала дури и да беше убиец“, е истата реченица која му ја кажала мајката на креаторот на шоуто Марк Шери, кога тој ù го соопштил истото.rnrn4. Продуцентите мислеле дека глумецот Рикардо Чавира, е премногу млад и недоволно изграден за да ја долови улогата на Карлос Солис, па така за малку немало да го ангажираат.rnrn5. На една обожавателка на шоуто толку многу ù се допаднал фустанот кој го носеше Ева Лонгорија (Габи) во пилот-епизодата од шоуто, што им пишала на продуцентите писмо во кое ги замолила да ù го кажат името на дизајнерот, за да може тој да ù го направи истиот фустанот за матура. Наместо тоа, продуцентите решиле да ù го испратат вистинскиот фустан, кој таа потоа го носела на матурската забава.rnrn6. Секоја епизода се снима 8 дена. Најчесто три дена се снима на отворено, а пет во студио.rnrn7. Ликот на Бри е базиран на мајката на креаторот Марк Шери. Најпрво улогата ù била понудена на Дејна Делани (Кетрин), но таа ја одбила три пати.rnrn8. Ева Лонгорија (Габи) е само три години постара од Џеси Меткалф (градинарот Џон). Сепак, во првата сезона е претставено како таа да има афера со малолетник.rnrn9. Николет Шеридан, која во серијата ја игра улогата на Иди, првично се пријавила за улогата на Бри, но продуцентите ù кажале дека подобро се вклопува токму во ликот кој го играше таа.rnrn10. Улогата на Сузан Маер првично ù била понудена на Кортни Кокс (Моника од серијата „Пријатели“), но таа не ја прифатила бидејќи во тој момент била бремена.rnrn11. Покрај името „Очајни Домаќинки“, во игра биле и уште две имиња „Тајните на Вистерија Лејн“ и „Тајните животи на домаќинките“.rnrn12. Пред да го пишува сценариото за „Очајни домаќинки“, Марк Шери разговарал со својата мајка за неговото детство. Таа му раскажала дека растејќи ги него и неговите браќа, во поголемиот дел од времето сама, без нивниот татко, често ù предизвикувало чувство на „очај“. Токму од тука тој ја добил идејата да ја напише пилот-епизодата за оваа драматична серија.rnrn13. Животот на Линет Скаво е базиран на детството на нејзиниот креатор Марк Шери.rn——————————————————————————————————————————————————————— Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
