КАФЕ ПАУЗА

Tag: обреди

  • Стари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празник

    Стари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празник

    Најзначајниот и најбогатиот со обичаи празник е токму Бадник. Иако тој се смета за христијански празник, народот низ минатото, па и денес го прославува на начин кој тешко може да се карактеризира како христијански.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празникrnrnПовеќето бадникови и божиќни обичаи се темелат на сознанието дека во овие денови почнува новата година и на верувањето дека токму тогаш се одлучува судбината на домот и оние кои живеат во него за наредниот едногодишен период. Скоро сите магиски и култни обреди за овие празници се инспирирани од желбата за посреќна година и напредок во неа. Еве неколку од тие стари, народни обичаи кои сè уште се почитуваат во некои подрачја:rnrn1. Не е убаво на Бадник да се заспие додека не прегори бадниковото гранче, бидејќи некој од станарите ќе умре без предзнак.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празникrnrn2. Кога станарите си легнуваат, бабата или некоја друга постара жена од фамилијата забодува нож во внатрешната страна на вратата или става колач од глог зад вратата и на него закачува малку лук, за станарите да бидат заштитени од уроци, вештерки и нечисти сили.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празникrnrn3. На Бадник ништо не се позајмува од куќата, а ако нешто е позајмено порано, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што припаѓа во домот да биде надвор од него на Божиќ.rnrn4. Жените на овој ден не треба да работат, т.е. треба да ги „затворат вретената“, бидејќи така ќе им ги затворат устите на ѕверовите.rnrn5. На Бадник не е убаво огнот да се разгорува со дување, за ветрот да не ја одвее пченицата. Наместо со дување во огнот, тој се распалува со лиснати гранки.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празникrnrn6. На Бадник, вечерата на стоката се посипува со соја, жито и проја, за животните да се заштитат од болести.rnrn7. После вечерата се редат сите лажици по старост, па чија што лажица ќе падне, тој ќе умре во текот на годината.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празникrnrn8. На Бадник, кога ќе се завршат сите работи, во една чинија се растопува маст и во неа се огледуваат сите станари. Кој што нема да ја види својата глава, тој ќе умре во текот на годината.rnrn9. Во некои овчарски краеви, овчарот на Бадник носел камче под јазикот, бидејќи се верувало дека така на волците ќе им се скаменат вилиците и нема да можат да ги колат овците.rnrn10. Ако е облачно на Бадник, годината ќе биде плодна.rnrn11. Ако на Бадник во огништето има многу пепел, се верува дека зимата ќе има многу снег.rnrn12. Ако на Бадник искрите од огнот излегуваат сами, иако никој не го чепка огништето, се верува дека ќе има многу мед и богатство.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празник

  • Колку знаете за исламската сакрална архитектура?

    Колку знаете за исламската сакрална архитектура?

    Цветанка Арнаудоваrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rn

    Исламската архитектура е најраспространета во Египет, Мала Азија, Палестина, Сирија, Месопотамија, Персија, Туркистан, Индија, Северна Африка, Шпанија. Временски го опфаќа периодот од 7 до 18 век. Џамиите (масџидите) се сакрални објекти на исламската архитектура за собирање верници и за вршење религиозни обреди. Колку знаете за исламската сакрална архитектура?Потеклото води од Мухамедовата куќа што тој ја подигнал во Медина во 622 година. Џамиите ги карактеризира централен внатрешен простор во кој се врши службата. Михраб, мимбар, курсу и махвил се елементите кои се наоѓаат во внатрешниот простор на џамијата.

    rn

    Михработ претставува полукружна ниша во средината на јужниот ѕид, каде што стои имамот и ги предводи верниците во заедничка молитва. Тие можат да бидат најразлично декорирани. Дел од нив по својот изглед се навистина впечатливи.Колку знаете за исламската сакрална архитектура?Колку знаете за исламската сакрална архитектура?Колку знаете за исламската сакрална архитектура?Мимбарот, пак, е местото за проповед кое се наоѓа десно од михработ. Курсу е катедрата која се наоѓа лево од михработ, од каде се врши проповед и на мајчин јазик, а махвил е галеријата на спротивната страна, каде стои муезинот за време на молитвата. Муезинот е особата која ги повикува верниците на молитва.

    rnrnrn

    Колку знаете за исламската сакрална архитектура?
    Михраб и мимбар (лево), махвил (десно)
    rnrnОд надворешна страна пак, џамиите се карактеризираат со софа, шадраван и минаре. Софата (ревак) претставува малку издигнат трем кој служи како заклон, а и за молитва кога џамијата е полна.Колку знаете за исламската сакрална архитектура? Чешмата за ритуално миење пак, ја именуваме како шадраван.Колку знаете за исламската сакрална архитектура? Како значаен дел од овие сакрални објекти, тука е и високото минаре од каде муезинот повикува на молитва. Џамијата може да има едно или повеќе минариња.Колку знаете за исламската сакрална архитектура?Колку знаете за исламската сакрална архитектура? Во внатрешноста минарето има спирални басамаци по кои се стигнува до неговиот издаден дел. Балконот на минарето се нарекува шерефе.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    rnrn ———————————————————————————————————————————————————————Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    Liked this article? Read another similar article.

    rn

    rn

    Поврзани содржини:

    rn

    rnПромениrn

    Арт и дизајн

    rn