КАФЕ ПАУЗА

Tag: обратна психологија

  • 10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите употребата на обратната психологија

    10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите употребата на обратната психологија

    Обратната психологија е многу ефективна техника со чија помош можете да ги натерате луѓето да прават што сакате. Сѐ што треба да им кажете е спротивното од она што го посакувате. Звучи примамливо, нели? Прочитајте ги следниве 10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите оваа корисна психолошка техника…rnrn10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите употребата на обратната психологијаrnrn1. Методот има поголем ефект кај луѓе кои даваат отпор и мразат кога некој им кажува што да прават.rnrn2. Емотивните, претерано самоуверените и нервозните луѓе исто така полесно подлегнуваат на обратна психологија.rnrn3. Предизвикајте ја другата личност и инсистирајте на аргумент спротивен од она што сакате да постигнете. Обидете се да ја наведете личноста да помисли дека одлуката зависи само од неа.rnrn4. Останете смирени додека употребувате обратна психологија, особено кога се работи за деца.rnrn5. Секогаш имајте ја на ум крајната цел.rnrn6. Кажете го спротивното од она што го сакате со рамен и смирен тон на гласот.rnrn7. Кога се обидувате да освоите некој кој сака да бидете само пријатели, кажете им дека се согласувате и дека не сакате ништо друго освен нивното пријателство.rnrn8. Можете дури и да поставите предизвик: „Ај дека не можеш да стигнеш на време!“.rnrn9. Морате да звучите уверливо. Кажете си го тоа неколку пати во себе, пред да го кажете на глас.rnrn10. Внимавајте на кого ја употребувате оваа техника и никогаш не ја употребувајте во сериозни ситуации. Обратната психологија може да постигне спротивен ефект ако не ја користите како што треба, така што никогаш немојте да претерате или да ја користите премногу често. Во спротивно може да бидете етикетирани како манипулатор.rnrnЗа крај, потсетете се на оваа постаро видео кое прикажува точно како функционира обратната психологија…rnrn

  • Мудри техники на убедување: Како да всадувате идеи во главите на луѓето?

    Мудри техники на убедување: Како да всадувате идеи во главите на луѓето?

    Ако некогаш сте купиле производ кој навистина не ви бил потребен, но некако продавачот ве убедил дека ви е неопходен па подоцна сте се каеле, тоа значи дека некој успеал да всади идеја во вашата глава. Многумина го прават тоа секојдневно. Од продавачи, претпоставени, колеги, маркетинг генијалци, политичари и сл.rnrnАко сте го гледале „Inception“ тогаш сигурно си мислите дека всадувањето идеи во нечија глава е тешко. Но, вистината е дека и не е така тешко, напротив многу е тешко да го одбегнете тоа. Имајте на ум дека овој текст не е со цел да ве направи манипулатори, туку да ве научи како оперираат „всадувачите“ на идеи и како да избегнете да бидете жртви.rnrnЕве како некои луѓе успеваат да всадат идеја во нечија глава.rnrnКако да всадите идеи во главите на луѓето?rn

    1. Обратна психологија

    rnТерминот обратна психологија (reverse psychology) според многумина веќе е клише. Вистината е дека обратната психологија дејствува, само што многумина не знаат како да ја применат на вистинскиот начин.rnrnКако да всадите идеи во главите на луѓето?rnrnДа земеме за пример дека имате проблем со вашиот цимер кој никако не ги мие садовите. Она што вие би му го рекле е следново:rn
    rn

    „Измиј ги чиниите, сега е твој ред.“

    rnВо овој случај сигурно не би ве послушал, бидејќи веќе сте утврдиле дека со убаво не бидува. Наместо тоа, употребувате обратна психологија:rn
    rn

    „Знаеш што, навистина е глупаво нон стоп да се мијат садови, па од сега ќе купувам пластични чинии за една употреба. Ако сакаш можеш да ми дадеш пари па ќе купам и за тебе.“

    rnВака, вашиот мрзлив цимер има само една опција – да ви даде пари и да се храни од пластични и хартиени садови, што не би му одговарало па ќе почне почесто да ги мие садовите.rnrnСè додека сте доволно убедливи во она што го зборувате, обратната психологија успева.rn

    2. Никогаш не зборувајте директно – заобиколувајте

    rnДа натерате некого да направи нешто може да биде навистина тешко. Целта на овој пристап е да направите да изгледа дека нештото било негова/нејзина идеја а не ваша. Гледајте на ова како разрешување на мистерија. Пополека, чекор по чекор му давате по една трага на вашиот соговорник сè додека самиот/ата не ја реши мистеријата, и на крај изгледа како вие да не сте предложиле ништо. Клучно е да бидете трпеливи, бидејќи ако избрзате другата страна ќе знае што правите.rnrnКако да всадите идеи во главите на луѓето?rnrnДа речеме дека вашиот пријател е зависен од брза храна. Вие ќе му речете да почне поздраво да се храни, тој или ќе рече дека ќе се обиде па ќе се врати на старо, или отворено ќе ви рече да не му додевате. Значи, вие имате добра цел – да го натерате вашиот пријател да живее поздрав начин на живот, па што правите? Го терате самиот да го сфати тоа, го доведувате до момент на ненадејно сознание кое ќе му ги отвори очите.rnrnНајпрво, не смеете да бидете очигледни. Ако му речете „Прочитав негде дека пржената храна убила не-знам-колку-луѓе во текот на минатата година“, вашиот пријател ќе знае што правите.rnrnОна што можете да го направите е на пример да кажете шега за птичјиот грип или нареден пат кога ќе седнете во ресторан да одбиете да нарачате пржено пилешко објаснувајќи му дека пилешкото се преработува на нездрав начин и дека кокошките се ранат со хормони за да се произведе повеќе месо. Секако, ова го правите со големи паузи, не можете да му го речете ова истиот ден кога сте го предупредиле да се храни поздраво. Направете тоа да биде за вас, вие сте загрижени за вашето здравје и во никој случај не зборувате отворено и директно за проблемот, во овој случај за тоа како да го натерате вашиот пријател да се храни поздраво. По некое време може во опуштен муабет да спомнете како сте презеле нов чекор за подобрување на вашиот животен стил и колку тоа ви годи. Дури и ако после сето ова вашиот пријател не почне да се храни здраво, сигурно ќе биде поотворен да дискутира со вас на таа тема.rn

    3. Потценете го тоа што сакате да го продадете

    rnДа речеме дека сте продавач/ка. Сакате купувачот да потроши што е можно повеќе пари но знаете дека тој/таа би сакал да помине што е можно поевтино. Потценувањето е на некој начин слично со обратната психологија само што не е толку нападно. На пример, продавате компјутерска опрема. Имате три вида хард дискови со различен капацитет, и нормално, оној со најголем капацитет чини најмногу и сакате да го продадете.rnrnКако да всадите идеи во главите на луѓето?rnrnНаместо тоа вашиот купувач ве прашува за најевтиниот. Она што вие му го велите е следново:rn
    rn

    „Каков компјутер користите?“

    rnКупувачот ви одговара и плус ви кажува колку зафаќаат сликите кои сака да ги чува на дискот. Вие му велите:rn
    rn

    „Секако, 250 GB е сосем доволно сè додека сте сигурни дека не би чувале повеќе слики и дека нема да имате потреба од чување на други фајлови.“

    rnОна што го правите е индиректно посочување дека со доплаќање на мала сума пари купувачот ќе има поголем простор за во иднина. Вие го потценувате она што не сакате да го продадете, само што не го правите тоа на очигледен начин. Ова е само прост пример, но потценувањето буквално може да ви успее секогаш и за секоја цел.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 едноставни начини никогаш да не бидете среќни

    7 едноставни начини никогаш да не бидете среќни

    Сите постојано ви велат како да бидете среќни, како да ги постигнете вашите соништа и како да направите вашиот живот да биде подобар. Сигурно не ви претставува голем проблем брзо да поминувате низ тие текстови, читајќи ги истите совети постојано. Но, ние решивме да направиме малку поинаков пристап на оваа тема, нешто сосема спротивно од тоа што досега сте го читале.rnrn7 едноставни начини никогаш да не бидете среќниrnrnПрочитајте ги наредниве неколку начини кои ќе направат никогаш да не бидете среќни во вашиот живот. Во колку од овие размислувања навистина се пронајдовте? Има ли некои други „несреќни“ навики кои вие ги практикувате?rn

    Игнорирајте ги вашите страсти

    rn„Во средно училиште свирев на виолина. Прекинав бидејќи станав многу зафатен/а, но постојано посакувам повторно да почнам со свирење.“rnrnОтприлика вака изгледа реченицата која треба постојано да си ја кажувате на себеси, бидејќи без размислување мора да го игнорирате она нешто кое навистина ви значи. Секогаш кога ќе помислите на нешто кое го допира вашето срце, тргнете го од вашите мисли со едноставната мисла дека посакувате да започнете со истото. Неостварените желби се најважните работи ако се обидувате да живеете несреќен и неисполнет живот.rn

    Прекинете да учите нови работи

    rnКога последен пат сте научиле нешто ново? Ако добро ви оди во оваа област, сигурно не сте научиле ништо во последниве 5 години. Да бидете несреќни и да го затворите вашиот ум за нови нешта бара многу напорна работа и труд. Учењето е прогресивно и задоволувачко, а вие не можете да си дозволите вакви глупости околу вас ако сакате да продолжите со вашиот несреќен начин на живеење.rn

    Прекинете да бидете тоа што сте

    rnАко мислите дека сте уникатни, сигурно правите некаква грешка. Ако навистина сте уникатни, значи дека имате некому да му понудите нешто вредно. А да имате вредност како индивидуа е уште една од оние тактики за „добро-чувствување“. Време е да прекинете да се трудите да бидете тоа што сте и да се вклопите целосно во остатокот од општеството така што никогаш нема да експериментирате во ниедна област од вашиот живот. Тоа е сигурен пат до живот исполнет со несреќни чувства.rn

    Верувајте дека вашите идеи се лоши

    rnХм, навистина мислите дека вашиот нов проект е добар? Сè што може да биде измислено, веќе е измислено. Па дури и да не е така, вие сигурно не сте доволно добри за да измислите што било. Нема никакви шанси да ги остварите вашите идеи. Барем не ако сакате да продолжите да бидете несреќни.rn

    Опкружете се со луѓе кои не се грижат за вас

    rnЕдна од најлошите начини кои можете да ги направите ако сакате да бидете несреќни е да се опкружите себеси со позитивни луѓе кои ве охрабруваат да направите сè за да ги решите вашите проблеми. Несреќните луѓе со неостварени соништа имаат потреба од нивните проблеми. Погрижете се сите ваши пријатели да не веруваат во вас, во вашите способности и потенцијали, а ако налетате на некои кои сакаат да ви помогнат да остварите нешто… Па, ќе мора да ги пуштите да си одат од вашиот живот.rn

    Никогаш не гледајте подалеку од себе

    rnЕдно од клучните правила е да мислите дека вие сте центарот на универзумот и дека сè се врти околу вашата несреќа. Не е можно вие како индивидуа да започнете нешто што би го променило светот на подобро. Не е можно ни да го живеете вашиот живот онака како што отсекогаш сте замислувале. И дефинитивно не е можно да се борите за она во што верувате, бидејќи на крајот од денот вашите проблеми се оние кои ве дефинираат. Големи нешта им се случуваат на луѓе кои размислуваат на голем начин. Тоа значи дека вие никогаш не смеете да размислувате на тој начин, секако ако вашата цел е да останете несреќни.rn

    Направете листа од причини зошто нема да успеете

    rnОва е можеби најефикасниот начин да се сопрете себеси од успех во животот, среќа или какво било остварување на соништата. Погрижете се да имате листа на причини зошто нема да успеете во ништо. Кога и да започнете со нешто ново, употребете ја листата за да се потсетите на сите оние нешта кои кога тогаш ќе направат да не успеете. Тоа би требало да ве натера веднаш да прекинете. Би било смешно ако ја игнорирате листата, бидејќи ако вие сметате дека е точна – тогаш навистина е точна! Таа е најдобриот начин да останете несреќни и да го живеете животот така што нема да остварите ниеден ваш сон.

  • Татко употребува обратна психологија врз синчето

    Татко употребува обратна психологија врз синчето

    Вербалната интеракција помеѓу родителите и малите деца секогаш е многу интересна. Ова смешно видео дефинитивно го прикажува тоа на дело. Видеото е на шпански со превод на англиски, а во него таткото употребува обратна психологија за да го разубеди своето дете. На крајот таткото си го постигнува своето, а кутрото ќе заборави што сакало…rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.