КАФЕ ПАУЗА

Tag: Нијагарини водопади

  • Нијагарините водопади какви што не сте ги виделе досега

    Нијагарините водопади какви што не сте ги виделе досега

    Адам Клекотка е фотограф од Торонто што често ги посетува Нијагарините водопади, но никогаш досега за време на зимските, замрзнати денови. По две недели рекордно ниски температури во Јануари оваа година, тој решил да ги истражи сам, правејќи неверојатни ноќни фотографии. Нијагарините водопади изгледаат како напуштен вонземјански пејзаж, а не како природно чудо на планетата Земја.rnrnНијагрините водопади какви што не сте ги виделе досегаrn

    „Температурата беше околу -20 степени, но поради ладниот ветер и високата влажност на воздухот, имав чувство како да е многу пониска – околу -30 степени“, вели Адам. „По само неколку фотографии моите раце смрзнаа. Копчињата на фотоапаратот се многу мали, па морав да го користам без ракавици. Од друга страна пак, капките вода се замрзнуваа на леќите, па на секои неколку секунди морав да ги чистам.“

    rnНијагрините водопади какви што не сте ги виделе досегаrnrnТој го овековечил светкавиот, замрзнат водопад од неколку агли, правејќи едни од најневеројатните фотографии што некогаш сте ги виделе од ова место. Погледнете и самите…rnrnНијагрините водопади какви што не сте ги виделе досега Нијагрините водопади какви што не сте ги виделе досега Нијагрините водопади какви што не сте ги виделе досегаrnrnКога сме кај незаборавни пејзажи, погледнете ги и овие хотели со незаборавни погледи!

  • Фабриката на кошмарите и стравот

    Фабриката на кошмарите и стравот

    Дали сте свесни какви гримаси правите кога сте преплашени до смрт? „Nightmares Fear Factory“ (Фабриката на кошмарите и стравот) лоцирана крај Нијагарините водопади во Канада, го има одговорот на тоа прашање. Оваа фабрика се верува дека е опседната од дух во последниве 30 години, а вработените во оваа сегашна куќа на стравот, тврдат дека тука ќе го доживеете најстрашното животно искуство. За влегување во неа, секако треба прво да си купите билет.Фабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотДоколку во некој момент ви е премногу страв и сакате да излезете од фабриката, можете да врескате „КОШМАРИ!“ и некој од вработените ќе дојде да ве „спаси“ и ќе ве изнесе надвор. За жал, ако викнете, ќе бидете додадени на листата на кукавици. Но, не грижете се, 100.000 луѓе веќе се наоѓаат на таа листа, така што нема да се чувствувате толку лошо, бидејќи имате со кој да се тешите.Фабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотНа нивниот профил на Фликр, „Фабриката на кошмарите и стравот“ ги има објавено фотографиите од оние храбри души, кои решиле да го прифатат предизвикот. Погледнете го нашиот избор од 15 навистина преплашени лица. Забележувате како возрасните мажи се претвораат во малечки момчиња, кои се кријат зад нивните другарки или девојки кога ќе се преплашат?Фабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотИнаку, постои доста интересна легенда за оваа фабрика.rn.rn

    Во легендата станува збор за Абрахам Мортимер, кој бил сопственик на оваа фабрика за производство на ковчези. Тој секојдневно поминувал неколку часа со голема љубов, надгледувајќи ја својата фабрика. Но, во вечерните часови него честопати го задевала банда силеџии. Тие го малтретирале човекот и потоа бегале смеејќи се.rnrnЕдна судбоносна вечер, додека Абрахам се борел со насилниците, неколку ковчези паднале врз него и го столчиле до смрт. Виновните момци избегале од фабриката и никогаш не одговарале пред законот за стореното злосторство. Но, кратко после погребувањето на Абрахам, неговиот ковчег бил пронајден откопан од земјата и празен. Од тогаш, до ден денешен, легендата вели дека Абрахам чекори низ ходниците на фабриката, за да им се одмазди на сите оние кои се осудуваат да влезат непоканети во неговиот имот.

    rnФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравот За да добиете претстава како отприлика изгледа додека сте внатре, не заборавајте да го посетите официјалниот сајт на „Фабриката на кошмарите и стравот“, а ако планирате да ја посетите, задолжително понесете си екстра пар гаќички. :)rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn