КАФЕ ПАУЗА

Tag: незгодно

  • 15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

    15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации

    За да се ослободите од непријатноста, само обрнете внимание на тоа што се случува околу вас. Положбата на стапалата дефинитивно ќе ви открие нешто, а можете дури и да избегнете неизбежна расправија со само еден едноставен избор. Подобро кажано, можно е да ја „пробиете“ човечката природа со помош на вистинските потези, а овие корисни трикови ќе ви помогнат да ја процените ситуацијата подобро од кој било друг и да ги избегнете непријатностите на многу интересен начин.rn

    1. Ако луѓето зборуваат премногу

    rn15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуацииrnrnБидејќи не постои љубезен начин да им кажете на луѓето да ја затворат устата, можете да го пробате овој трик за да прекинете некого додека зборува. Испуштете го тоа што го држите во раката (освен можеби вашиот телефон) или бидете несмасни и удрете се во нешто. Тоа ќе ги натера да сфатат дека зборуваат долго време и ќе се почувствуваат непријатно, па најверојатно ќе престанат да зборуваат.rn

    2. Ако сте нервозни

    rn15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуацииrnrnВашиот мозок верува дека ви е пријатно додека јадете. Со помош на гума за џвакање, можете да го доведете мозокот во опуштена состојба. Овој метод можете да го користите додека имате нервозен разговор, пред интервју или за време на стресни моменти.rn

    3. Ако имате лути клиенти

    rn15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуацииrnrnСекогаш е непријатно да се справите со лут клиент без разлика колку сте во право. Ставете огледала зад и околу касата за луѓето да можат да се видат себеси за време на расправијата. Никој не сака да се гледа на тој начин затоа што никој не сака лути луѓе. На овој начин ќе ги смирите клиентите и ќе создадете простор за разумен разговор.rn

    4. Ако ве нервира песната што ви се врти во главата

    rn15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуацииrnrnПонекогаш станува збор за комерцијална реклама, а понекогаш за популарна песна со која се забавувате. Песната го пронаоѓа патот до вашиот мозок и вие ќе почнете да ја потпевнувате без да бидете свесни за тоа. Ќе повторувате еден ист дел од песната и тука ќе заглавите. Но, обидете се да ја испеете песната до крај. Пеењето на последниот дел ќе го натера мозокот да мисли дека песната е завршена и ќе престанете да ја пеете.rn

    5. Ако очекувате конфликт

    rn15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуацииrnrnКога треба да преговарате со некого, особено за деловни цели, овој трик многу ќе ви помогне. Седнете веднаш до личноста со којашто треба да преговарате, наместо да седите наспроти неа. Тоа ќе ја натера личноста да се почувствува како да сте со неа, на иста страна. Исто така, ќе се чувствува непријатно да се лути или да вика на некој кој е физички блиску до неа.rn

    6. Ако мислите дека сите се свесни за непријатноста

    rn15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуацииrnrnПонекогаш е најдобро да се направи очигледната работа и да се признае непријатноста. Ако сте во нова група луѓе, можете да го скршите мразот со тоа што ќе звучите чудно. Користењето хумор исто така ќе ви помогне, па можете да се пошегувате за тоа колку е тивка просторијата или колку е смешна грешката што ја направивте додека зборувавте.rn

    7. Ако не сакате да се занимавате со купување пијалаци

    rn15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуацииrnrnЛуѓето се склони да се сеќаваат на првата и на последната работа во серија ситуации. Искористете го тоа и бидете првиот што ќе го купи првиот круг пијалаци кога сте излезени. Останатиот дел од вашата група ќе го стори истото, не грижејќи се кој што купува. Но, сите ќе се сеќаваат дека вие сте го купиле првиот пијалак и веројатно тоа ќе биде единствениот пат кога ќе мора да платите за пијалаци таа вечер.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Вие не сте вистински пар пред да ги преживеете овие минијатурни кошмари

    Вие не сте вистински пар пред да ги преживеете овие минијатурни кошмари

    Кога поминувате повеќе време со партнерот или партнерката, ќе се соочите со многу ситуации. Некои од нив се вообичаени и нормални, додека пак некои може да бидат незгодни и да ви предизвикаат непријатност. Еве дел од тие мали кошмари кои се искусуваат во секоја врска, но и кои истовремено покажуваат дека вие сте станале вистински љубовен пар.rnrnНезгодни ситуации кои ги доживува секоја љубовна врскаrnrn1. Кога гледате во телефонот на вашиот дечко или вашата девојка, па во тој момент тој/таа ќе прими нотификација или порака од бившата/бившиот или пак од некоја личност што не ви се допаѓа, па веднаш се разлутувате, дури и пораката да била безначајна.rnrn2. Кога ќе почнете да се карате, па по одредено време ќе сфатите дека сето тоа било целосно недоразбирање, а вие сте си ја потрошиле енергијата на неважни работи.rnrn3. Кога здивот на едниот од вас не му мириса пријатно, а во близина немате четка за заби, па морате да се привикнете при бакнувањето.rnrn4. Кога и двајцата сте во различно расположение и никој не може да му се придружи на другиот, па престојувате во различни светови сѐ додека едниот не попушти.rnrn5. Кога едниот го убедува другиот да гледате некој филм, кој пак има ужасен крај.rnrn6. Кога сте го убедиле партнерот да посетите нов ресторан, а потоа ќе сфатите дека храната воопшто не е добра, па тој или таа ќе ве обвинува зошто не си отидовте на вообичаените места.rnrn7. Кога и двајцата сте премногу уморни за да имате секс, но сепак ќе го направите тоа и на крај ќе сфатите дека не било баш добра идеја.rnrnНезгодни ситуации кои ги доживува секоја љубовна врскаrnrn8. Кога едниот партнер заборава дека нешто требало да биде чувано во тајност, па го открива тоа пред целото семејство.rnrn9. Кога некој ‘рчи премногу гласно при што на средина на ноќта го буди својот партнер.rnrn10. Кога едниот од вас се чувствува секси и полно со самодоверба, а другиот не е толку задоволен со својот изглед, ниту пак е расположен да направи нешто за да го смени тоа.rnrn11. Кога имате различни сеќавања за тоа како се случил некој настан, па се прашувате кој од вас е полуд.rnrn12. Кога едниот од вас се согласува да оди на настан само како придружник на другиот, а притоа воопшто не е заинтересиран за случувањата.rnrn13. Кога едниот кажува шега, а другиот не е во такво расположение, но мора да слуша во секој случај.rnrn14. Кога едниот од вас толку многу ќе го засмрди тоалетот по употреба, што другиот нема да може да дише внатре.rnrn15. Кога еден од вас ќе вети дека ќе купи нешто по пат кон дома, особено кога станува збор за нешто важно, како на пример вино, но сосема заборава да го стори тоа. rnrn16. Кога едниот ќе го засрами другиот без притоа да биде свесен за тоа, па подоцна ќе настане расправија што ќе направи да се чувствувате многу непријатно.rnrn17. Кога тој или таа е расположен/а за авантуристички секс, а другиот сака односот да заврши набрзина.

  • Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

    Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

    Со сите ситуации во животот мора да се соочиме. Дури и со оние во кои ни доаѓа да пропаднеме во земја. Затоа треба да се знаат правилата за реагирање во незгодни ситуации – така полесно ќе ги „преживеете“.rn

    1. Исто облечени

    rnОдите на забава среќни со изборот на новиот летен аутфит од Зара и кога – одникаде се појавува некој/а што го носи токму истото.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Се наоѓате на пола пат, правите Ком-па-ни-ја и кој губи си оди дома или се пресоблекува.rn

    2. Неизбежен муабет

    rnСе качувате во автобус и забележувате личност која ја знаете, ама немате „ни тронка“ заеднички муабет. Се фаќате за телефонот, демек нешто да проверите, планирате да се заиграте игрица, арно ама веќе сте забележани и осудени да се возите заедно до последната станица.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Вториот што се качил во автобусот мора да измисли причина да се симне на следната станица, па да фати друг автобус од таму.rn

    3. Прегратка, бацка или ракување?

    rnНа работа се знае како треба – се ракуваш за поздравување, кимнуваш со глава и се смешкаш. Во други ситуации е потешко. Треба да се процени дали ракувањето би било преформално, гушката преслободна, а бакнежот во образ пак е проблем за себе (еден, по еден на двете страни или трипати по нашки?) Ако вие тргнете по еден бакнеж помалку, го оставате другиот да виси во воздух, па од незгодно можеби ќе сакате да се поправите баш во моментот кога тој веќе се откажал. Ау, боли од незгодно!rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Секогаш поздравувајте се со десна рака, гушкајте се тапкајќи го грбот на другиот со левата и бацувајте образ само по еднаш и тоа од левата страна (ова правило може да биде прекршено насилно од вашите тетки).rn

    4. Прерано збогување

    rnСте се виделе со вашиот тазе партнер или партнерка, соработник или сте присуствувале на групна бизнис средба. На крајот стоите пред ресторанот, се збогувате, си посакувате добра ноќ или пријатен лет назад кон дома и тогаш сфаќате дека двајцата тргнувате во ист правец. Која е веројатноста да живее или престојува во истата насока како вас?rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Првите 10 метри се одлучувачки. Кој ќе стигне подалеку, тој има право да продолжи, а другиот го забавува темпото за да му даде 5-минутна предност на другиот.rn

    5. Долго „здраво“

    rnЗабележувате некој познат од далеку и му мавтате. Мавта и тој, но вие сте сè уште многу оддалечени. Па што да правите додека се доближите еден до друг? Да гледате смешкајќи се – ќе ви се здрви фацата. Да гледате настрана? Во земја?rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Рацете долу по првото мавтање и благо кимнување со главата на секои 10 метри.rn

    6. Твитер средба

    rnИзлегувате во град и забележувате некој кој ви изгледа благо познато. Гледа право во вас, знаете дека сте зборувале за глупостите од детството, сте дебатирале на сериозни теми и сте се смееле фаќајќи некому сеир. И покрај сè, ова е личност која никогаш не сте ја запознале. Тоа е некој што го знаете од Твитер.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: За да остане ситуацијата нормална, си вртите грб еден на друг и кажувате некоја мудрост во 140 карактери.rn

    7. Непосакувано барање за пријателство на Фејсбук

    rnНекој што едвај го познавате ве додава на Фејсбук. Имате две опции: да го додадете и да му дозволите пристап до сите ваши слики од последниве 5 години или да го одбиете и да се надевате дека тоа ќе помине без да се спомне следниот пат кога ќе се сретнете во живо.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација:  За да додадете некого на Фејсбук, претходно треба да имате направено барем 3 битни муабети во живо. Од ова правило се отстапува во случајот кога се работи за луѓето кои ве одгледале од раѓање. Нив не ги додавате во никој случај!rn

    8. Повеќекратно „здраво“

    rnИзлегувате некаде во гужва и забележувате некој пријател. Си викате здраво. Потоа се сретнувате пак, тогаш му се насмевнувате. За несреќа го среќавате и трет пат. Тогаш подигате веѓа во знак на прифаќање на незгодниот момент. Арно ама, кога мислите дека незгодните средби завршиле, го среќавате и четврт пат. Веќе не знаете која би била соодветната реакција.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Од третиот пат натака, дигнете рака и направете си „да пукне“ без да размените ни збор.rn

    9. Запознавате некого, но на другиот не му го знаете името

    rnСе случува да заборавиме име на некого што не сме го сретнале одамна, но која е веројатноста да го заборавите името на оној што само што сме го запознале? Да, и тоа се случува. Нема проблем. Затоа постојат зборчиња кои можат да ве извадат од оваа ситуација како „пријателче“, „брат“, „другарче“… (за женски е малку покомплицирано). Проблемот настанува кога друг ваш пријател ќе наиде, па по протокол вие треба да ги претставите двајцата еден на друг.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација:  Од оваа ситуација нема бегање. Незгодна е „до даска“. Па, ако сакате да го избегнете срамот, подобро ич не излегувајте од дома. :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Непријатни работи кои се случуваат за време на секс

    Непријатни работи кои се случуваат за време на секс

    Сексот е неверојатно добра работа, но понекогаш се случуваат незгодни, па и смешни ситуации кои прават партнерите да се чувствуваат непријатно. Еве неколку:rnrnНепријатни работи кои се случуваат за време на сексrnrn1. Креветот почнува да цвичи и знаете дека соседите можат да ве слушаат.rnrn2. Градите на двата партнери се тријат еден од друг, создавајќи звук на прдење.rnrn3. Нечиј телефон почнува да ѕвони (понезгодно е ако неговиот сопственик се јави).rnrn4. Женски прдеж од вагината за време или по сексот.rnrn5. Обидот за „валкан“ муабет за време на сексот.rnrn6. Тој сака да ја бакнува, а нејзе упорно ѝ се заплеткува косата во устата и околу вратот.rnrn7. Еден од партнерите е заинтересиран за секс „на брзака“, а на другиот баш тогаш му треба цела вечност за оргазам.rnrn8. Грчеви (во задникот, во листовите, бутовите, стапалата…)rnrn9. Животински звуци (покарактеристични се за претставниците на машкиот пол).rnrn10. Кога момчето ќе доживее оргазам пред девојката… и тогаш завршува сексот.rnrn11. Тој преупорно се обидува да ја задоволи, а таа знае дека тоа едноставно нема да се случи.rnrn12. Потреба да се посети тоалетот (за време на чинот).rnrn13. Обидот едниот од партнерите да го изненади другиот со потег кој го научил од филм, но на првиот не му оди баш најдобро.

  • Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

    Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

    Стоите во крукче од 5-6 луѓе. Случајно се најдовте таму, но се впуштивте во дискусијата и сè е добро до тука. Наеднаш заминуваат сите по нова порција јадење, а вие останувате во присуство на само една личност, која не ја познавате од претходно, на која дури ни името не ѝ го знаете. Незгодно… Како да го продолжите муабетот? Што да зборувате со некој за кого немате никакви сознанија? Дали и вие да појдете по нова порција јадење?rnrnКако разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?rnrnСигурно многупати сте се нашле во ваква ситуација, без разлика дали сте на конференција од работа, на роденден кај другар/ка или на свадбата на вашиот втор братучед. Победете ги непријатните тишини и благото учтиво подигнување на врвовите на устата со сила. Еве неколку совети..rnrn1. Разговарајте за вас, за луѓето кои ги познавате од настанот на кој присуствувате, за да утврдите кој ви е заеднички познаник, дали некој колега, пријател или роднина.rnrn2. Поставувајте му прашања на соговорникот. Прашајте го нешто општо за животот, од каде е, со што се занимава, дали има некое хоби. Актуелните настани се секогаш добар двигател на разговори со непознати, па и со подобро познати луѓе. Нова градба, културна манифестација, актуелност од големо значење… Почнувајте ги речениците со: „Што мислиш за…“; „Имаш слушнато…“ и сл. Но, избегнувајте контроверзни теми и воздржувајте се од долги здодевни приказни.rnrn3. Ако забележите дека ви станува здодевно од она што го зборувате, веднаш престанете и преминете на друга тема.rnrn4. Слушајте повеќе одошто зборувате.rnrn5. Кога се среќавате со луѓе кои не ги знаете од порано, ограничете ги приказните што имате да им ги раскажете, зборувајте за скорешни случувања од вашиот живот. Од време на време, спомнувајте нешто во врска со она што моментално ве опкружува, интересната музика во позадина, вкусната храна што е сервирана итн.rnrn6. Имајте во ракав неколку интересни историски факти, на пример:rn

    Како дете, Алберт Ајнштајн ретко зборувал. Кога зборувал, тоа го правел многу бавно, дури ја вежбал секоја реченица во главата пред да ја каже како што треба на глас. Ова му се случувало до деветгодишна возраст. Неговите родители биле загрижени. Но, на крајот, една вечер додека јаделе, ја прекинал тишината велејќи: Супава е премногу жешка. На родителите многу им олеснило, па веднаш го прашале зошто дотогаш не проговорил ни збор, а тој одговорил: Бидејќи досега, сè беше како што треба.

    rn7. Сепак, не претерувајте. Никој не сака човек кој мисли дека знае сè.rnrn8. Долгите паузи се најдобар момент за „уфрлување“ некој историски факт. Повеќето луѓе би ве слушале со задоволство што и да имате да кажете, отколку да ја слушаат непријатната тишина.rnrn9. Следете си го сопствениот говор на телото. Луѓето кои изгледаат како да паднале од небо им предизвикуваат непријатно чувство на другите. Делувајте самоуверено и удобно во сопствената кожа, дури и кога не се чувствувате така.rnrn10. Дозволете им на непознатите луѓе да ве прекинат. Тие не се непристојни, туку ви помагаат во меѓусебното запознавање. Дозволете им да зборуваат и почекајте сигурен знак од нив за да ја продолжите вашата приказна.  Добро е ако тие ве поттикнат на ова, значи дека сакаат да ве слушаат.rnrn11. Ако сè друго не успее, зборувајте за времето бидејќи луѓето секогаш со леснина се поврзуваат на оваа тема. Секако, имајте предвид од какво место доаѓа соговорникот. Не сакате да му дадете несоодветен коментар за заладувањето на некој кој живее на север и во моментот седи спроти вас со кратки ракави.rnrn12. Имајте резервни изговори за културно да се тргнете настрана. Ова може да е нешто од типот: „Извини, ќе појдам да земам уште една пијачка“; „Ќе одам да земам нешто за јадење“ или „Би требало да одам да се поздравам со…“rnrnСè додека избегнувате лични, политички или контроверзни теми, барем додека се запознавате со луѓето, и имате идеја за прашањата кои сакате да ги поставите, вие можете да разговарате како вистински социјална личност.rnrnДополнително, може да ви бидат од помош и 12-те златни правила за пријатен разговор и 5-те чекори до поздрав социјален живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.