КАФЕ ПАУЗА

Tag: Невада

  • Најпознатите фонтани во светот

    Најпознатите фонтани во светот

    Фонтаните се места кои ги поврзуваат луѓето. Тука можете да седнете и да јадете, да напишете разгледница или едноставно да ги гледате другите луѓе. Ако се наоѓате покрај некоја фонтана, не заборавајте да си замислите желба и да фрлите паричка.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтана ди Треви во Рим, Италија

    rnСо своите 26 метри во височина и 20 метри во широчина, Фонтана ди Треви е најголемата барокна фонтана во Рим. На фасадата на фонтана прикажана е сцената на пронаоѓањето на чиста вода, а тука се и скулптурите на Нептун, Агрип и римската девица Тривиа. Се верува дека оној кој ќе фрли паричка во Фонтана ди Треви, сигурно ќе се врати во Рим. Според статистиките, секој ден во Фонтана ди Треви завршуваат 3000 евра во монети.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните Петерхов во Санкт Петербург, Русија

    rnФонтаните Петерхов се наоѓаат во дворот на палатата Петерхов која Петар Велики ја изградил во Санкт Петербург во 1709 година. Восхитен од Версајските фонтани на Луј 14, Петар Велики изградил исти такви фонтани во дворот на својата палата. Централно место кај фонтаните зазема каскадниот пад на водата покрај кој се поставени статуи во ренесансен стил.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните Белаџио во Лас Вегас, Невада

    rnФонтаните Белаџио се ноаѓаат на предната страна од истоимениот хотел. Овие фонтани секојдневно приредуваат претстава од бои и музика која се одржува на секој половина час во попладневните часови и на секои 15 минути во вечерните часови. Фонтаните се поставени на површината на големо вештачко езеро, чија вода постојано се прочистува од хотелскиот отпад.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Магичната фонтана на Монжуик во Барселона, Шпанија

    rnМагичната фонтана во Барселона се наоѓа под Националната палата на ридот Монжуик. Изградена е во 1929 година за потребите на Меѓународната изложба на Барселона. За време на шпанската граѓанска војна, фонтаната била оштетена и не била во употреба сè до 1955 година, кога била реставрирана. Во текот на 1980-тите години, музиката и боите стануваат дел од величествените претстави на Магичната фонтана.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Бакингемската фонтана во Чикаго

    rnБакингемската фонтана во Чикаго е обележје кое се наоѓа во центарот на паркот Грант и се смета за една од најголемите фонтани во светот. Инспирирана е од фонтаната Латона во Версајскиот дворец и е изградена во рококо стил. На 26 август 1927 година Кејт Бакингем ја донирала фонтаната на Чикаго во спомен на нејзиниот брат Кларенс Бакингем.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на богатството во Сингапур

    rnВо 1998 година Фонтаната на богатството се запиша во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот. Изградена во 1995 година, фонтаната е препознатлива по бронзениот прстен кој според хинду принципите го означува универзумот и претставува единство на духот. Фонтаната на богатството симболично ја означува хармонијата на сите раси и религии во Сингапур.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните во паркот на Версајскиот дворец во Франција

    rnФонтаните во градината на Версајскиот дворец имаат централна улога и се користеле за да се демонстрира моќта на човекот над природата. Најпозната од сите е фонтаната „Латона“ на која симболично е прикажано како измачуваната Латона е прогонета со своите две деца, Дијана и Аполон, кои биле казнети така што биле претворени во жаби.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на кралот Фад во Саудиска Арабија

    rnФонтаната на кралот Фад се наоѓа на брегот на Џеда, во западниот дел на Саудиска Арабија. Името го добила според самиот крал Фад кој ја донирал фонтаната на градот Џеда. Оваа фонтана фрла вода во висина од 312 метри над површината на Црвеното Море и затоа е видлива од секоја точка на градот. Брзината на исфрлањето вода достигнува до 375 километри на час со што се трошат 18 тони вода.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Меморијалната фонтана „Ел Аламејн“ во Сиднеј, Австралија

    rnМеморијалната фонтана „Ел Аламејн“ претставува спомен – обележје на војниците кои загинале во 1942 година, за време на Втората светска војна, во две битки или две во Ел Аламејн во Египет. Фонтаната во форма на глуварче е изградена од армискиот ветеран Роберт Вудворд во 1959 година.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на четири реки во Рим, Италија

    rnФонтанатата на четири реки се наоѓа во урбаниот дел на Пјаца Навона во Рим. Изградена е во 1651 година од Џан Лоренцо Бернини. Од центарот на фонтаната се издигнува древен египетски обелиск, додека самата фонтана симболично ја сочинуваат четирите најголеми реки на четири различни континенти: реката Нил во Африка, Дунав во Европа, Ганг во Азија и Рио де ла Плата во Америка.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната во Дубаи

    rnФонтаната во Дубаи се наоѓа на вештачкото езеро Бурџ Калифа во центарот на градот. Компанијата која ги дизајнираше фонтаните Белаџио во Лас Вегас, беше одговорна и за изградбата на фонтаната во Дубаи. Во хармонија со арапските звуци и светските музички хитови, фонтаната долга 275 метри исфрла вода во висина од над 73 метри. Фонтаната во Дубаи беше пуштена во употреба на 8 мај 2009 година.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на желките во Рим, Италија

    rnФонтаната на желките, изградена во стилот на доцната ренесанса, се наоѓа на плоштадот „Свети Матеј“ во Рим. Фонтаната била изградена во периодот помеѓу 1580 и 1588 година, од страна на архитектот Џакомо дела Порта и скулпторот Тадео Ландини. Бронзените желки на горниот дел од фонтаната на почетокот не постоеле. Тие биле додадени подоцна, во 1658 година, кога фонтаната била обновена.rnrnНајпознатите фонтани во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фамозниот колоритен гејзир во Невада, САД

    Фамозниот колоритен гејзир во Невада, САД

    Овие фотографии изгледаат како да се направени на некоја друга планета или пак како дел од некој скап научно-фантастичен филм. Сепак, фотографиите се направени во Невада, САД, а на нив можете да го видите гејзирот „Fly“. Гејзирот може да биде најден во долината Хуалапаи, но овој ретко видлив феномен се наоѓа на приватно земјиште. Па така, освен во случај да добиете дозвола за посета, ќе морате да го гледате од далеку. Изненадувачки факт за него е тоа што тој е направен по „вина“ на човекот.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДВо далечната 1916 година, сопствениците на овој имот копале со надеж дека ќе најдат вода за да создадат богато обработливо земјиште во овој пустински дел на САД. Тие нашле вода и бунарот функционирал одлично неколку декади, но дупчалката со која го правеле бунарот, погодила геотермален џеб полн со вода од кој се создал гејзир. Сепак, гејзирот кој го гледате на сликите не е истиот тој гејзир. Во 60-тите години на минатиот век, водата пронашла уште едно слабо место во земјата и самата избила, создавајќи нов природен гејзир веднаш до него. Оттогаш стариот воопшто не исфрла вода. Се верува дека новиот гејзир му ја превзема водата.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДОд 60-тите до денеска, гејзирот значително е развиен и сега изгледа како огромна шарена скулптура. Водата од гејзирот постојано прска кон небото, а млазот достигнува висина и до два метра, притоа надополнувајќи повеќе од 30 околни езерца со нова свежа топла вода. Миксот од многу различни минерали во водата, меѓу кои и сулфур, реагираат со кислородот во воздухот, давајќи му ги на гејзирот овие величествени бои.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДОколу неговите езерца со жешка вода има растителен свет, кој му дава уште потаинствен, вонземски изглед на местото. Тие се и порибени, а малите риби ги привлекуваат лебедите и дивите патки, создавајќи еден посебен екосистем.rnФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот насип претставува нешто навистина невообичаено и прекрасно, особено поради големиот број бои. Уште еден фактор за колоритноста на насипот е фактот што целиот е прекриен со термофилични алги, кои како микроорганизми кои толерираат топлина, без проблем растат во оваа жешка околина. Сепак, иако неколку организации се имаат обидено да го откупат земјиштето за да го отворат за јавноста, сопствениците решително одбиваат. Па така, земјиштето и понатаму останува приватно и оградено.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САД
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn