КАФЕ ПАУЗА

Tag: неформално

  • 10 причини да учествувате во образовната програма Еразмус+

    10 причини да учествувате во образовната програма Еразмус+

    Еразмус+ е образовна програма на ЕУ со која мора да бидете запознаени ако сте студент, наскоро планирате да станете студент или ако сакате да се надградувате преку неформалните форми на образование. Таа дава можност за студирање во друга држава во текот на еден или два семестри, волонтирање во Европскиот волонтерски сервис, пракса заради стекнување работно искуство, учество во младински размени, конференции, семинари, курсеви и сл. И сето тоа, целосно или делумно, финансиски е покриено од европски фондови. Вам не треба да ви е грижа дали родителите имаат пари да ве пратат во странство да се дообразувате преку оваа програма, освен во случаите кога финансиската помош која ја добивате е делумна.rnrnЕразмус+ не е многу популарна кај нас, пред сè затоа што не им беше достапна на студентите од Македонија сè до 1 јануари 2014 и сè уште не се добро информирани за неа. Пред тоа можевме да учествуваме во ЕВС, младинските размени итн., но не и да студираме надвор еден или два семестри. Во меѓувреме, европските студенти масовно ја користат привилегијата да учествуваат во неа и со суперлативи да говорат за своите искуства. Затоа, прочитајте за овие десет причини да учествувате во Еразмус+, потрудете се подобро да се информирате за можностите кои таа ги нуди и почнете да правите планови.rnrn(1) 10 причини да учествувате во образовната програма Еразмус+rn

    1. Студирање или неформално учење во странство, и тоа со финансиска помош

    rnЕразмус+ овозможува студирање на факултет надвор од државата во која живеете во текот на еден или два семестри. Еден дел од програмата дозволува и целосно комплетирање на мастер или докторски студии, но најголемиот дел од грантовите одат на студентска мобилност. При тоа, со самото примање на студентот како учесник во програмата, тој добива и стипендија која придонесува полесно да се покријат трошоците од студирањето во странство. Затоа кога аплицирате треба да внимавате на тоа во која земја сакате да заминете и колкави се трошоците за живот таму во споредба со износот на грантот кој го добивате.rnrnСтудирањето надвор од Македонија носи повеќе предности:rn

      rn011

    • ќе видите како е да се студира на факултет каде што многу веројатно наставата се изведува многу поквалитетно отколку кај нас
    • rn011

    • ќе видите како изгледаат наставни програми кои го подготвуваат студентот за специфичните барања на пазарот на трудот
    • rn011

    • можете да престојувате во студентски дом кој, каков и да е, ќе биде многу подобар отколку нашите
    • rn011

    • ќе видите сосема поинакво студентско организирање и однос кон студентите
    • rn011

    • кредитите стекнати од положените испити на странскиот факултет ќе си ги пренесете во Македонија
    • rn

    rnМожете да се решите за учество во делот на неформалното образование. За бенефитите од учеството во Европскиот волонтерски сервис може опширно да прочитате на овој линк. Покрај тоа, на дофат ви се и разни конференции, курсеви и семинари на најразлични теми, а кај сите нив организаторот добива грант со кој ви ги покрива трошоците.rn

    2. Додаток во CV

    rnПокрај огромните лични придобивки за кои опширно ќе говориме во следните неколку точки, има и една многу важна професионална придобивка: престојот во странство е одличен додаток за вашето CV. Интернационалното искуство, познавањето на повеќе странски јазици и учеството на меѓународни семинари и конференции ќе направи да се истакнувате во однос на другите кандидати.rnrn10 причини да учествувате во образовната програма Еразмус+rn

    3. Голема авантура

    rnЕразмус+ е предизвик за храбрите. Прво треба да соберете храброст да заминете од дома, а потоа и за да се одвоите од вашиот нов дом во странство. Во друга држава сè е ново: нов јазик, нова култура, нови обичаи, нови пријатели, нови соседи, нови колеги, професори, нови јадења, нови сфаќања за животот, нови хоризонти… Затоа ова искуство е толку многу интензивно. Многу нови нешта се случуваат во многу краток период и прават да сте целосно присутни во секој нов момент. Еразмус е голема авантура и вистинска шанса за излегување од зоната на комфорот и за личен растеж. Ќе запознаете нова култура и истовремено подобро ќе ја осозанете сопствената.rn

    4. Нови пријатели

    rnДури и да се сметате за тип на човек кој е тивок и не комуницира многу, за време на Еразмус ќе стекнете многу пријатели. Навистина многу пријатели. И помеѓу студентската или волонтерската заедница, и помеѓу локалните жители. Иако кај нас луѓето од западните земји генерално се сметаат за ладни, негостопримливи и непријателски расположени, ќе се изненадите колку се всушност тие дружељубиви, топли и пријателски настроени. Навикнати се на странци и затоа не им е најбитно од каде потекнувате вие или вашите родители, туку важно е тоа каква личност сте, колку можат да се потпрат на вас и дали можете да се забавувате заедно. И тогаш, вашата куќа станува нивна куќа и нивната куќа е ваша. Не само за време на престојот таму, туку и откако сето тоа ќе заврши. Практично, ќе имате голема мрежа на пријатели низ целиот континент и засолниште каде и да отпатувате во иднина.rnrn10 причини да учествувате во образовната програма Еразмус+rn

    5. Забави

    rnЗабавите се важен дел од Еразмус или ЕВС. Тие се луди. Не се гламурозни, туку луди. Сигурно сте слушнале дека во западните култури младите не се грижат премногу дали се убаво облечени и нашминкани кога излегуваат, туку важно е да се помине убаво. Замислете да влезете во некој бар или дискотека и внатре сите танцуваат! Реално, тоа е ново искуство за млад човек од Македонија. Иако понекогаш ќе имате за учење, или ќе треба да станете рано за да работите, сето тоа лесно ќе премине во втор план. Тоа не е тешко со пријателите од претходната точка.rn

    6. Европската култура

    rnЕвропската култура е доста поинаква од Балканската и затоа самото присуство таму овозможува доживување на нештата на поинаков начин. Западната култура не е конзервативна како нашата, луѓето имаат послободен дух и го стимулираат тој слободен дух, индивидуалноста и критичкото размислување. На располагање ќе ви бидат и бројни културни настани кои ги организира Еразмус заедницата или студентските организации и клубови на факултетот.rnrnЕвропската култура не е изразено консумеристичка. Не дека никој не се грижи за материјалните работи, но за време на Еразмус тоа се става на стенд бај. Се знае дека студентите и волонтерите се сиромашни, а тие ја прифаќаат својата сиромаштија и заеднички наоѓаат начини како да направат ништо да не им фали. Одеднаш не е битно да се носи скапа облека или часовник, никој не јаде по ресторани и не излегува на места каде што се плаќаат скапи пијачки. И никогаш не фали забава, дружење и љубов.rnrn10 причини да учествувате во образовната програма Еразмус+rn

    7. Патувања

    rnОдењето до земјата во која ќе студирате, волонтирате или ќе посетувате семинар не е единственото патување на кое ќе отидете. Слободните викенди можете да ги користите за истражување на околината и на местата кои не се далеку од вас, или пак на целата земја во која престојувате.rn

    8. Учење нов јазик

    rnНаставата за Еразмус студентите е на англиски, па тоа е добра можност да го подобрите вашето ниво. Доколку одите на ЕВС, добивате и курс по јазикот на земјата во која волонтирате. Покрај тоа, ќе научите да делите разни комплименти, да велите „здраво“, „благодарам“, „на здравје“ и „пиво“ на десетици јазици.rnrn10 причини да учествувате во образовната програма Еразмус+rn

    9. Незаборавно искуство

    rnИмајќи го предвид претходно набореното, јасно е дека вакво искуство никогаш не се заборава. Затоа меѓу оние кои учествувале во програмата важи девизата „Еднаш Еразмус, засекогаш Еразмус“. Постојат многу мрежи на поранешни Еразмус студенти или ЕВС волонтери кои организираат средби меѓу нив. Покрај тоа ќе ви останат спомените и новостекнатите пријателства.rn

    10. Општествена важност на програмата

    rnПокрај деветте лични придобивки набројани во претходните точки, учеството во образовната програма Еразмус+ неизбежно ќе ве направи дел од еден многу важен општествен процес кој во моментов се случува во Европа. Политологот Штефан Волф има кажано дека „за 15, 20 или 25 години Европа ќе биде раководена од лидери кои се социјализирале на сосема поинаков начин во споредба со денешните“. За да ви биде појасно на што мислел, имајте го предвид податокот дека во 2014 година веќе се роди милионитото бебе од родители кои се сретнале на Еразмус. Младите сè повеќе се мешаат меѓу себе, а националноста и културните разлики ја губат својата важност. Доживејте го Еразмус+, стекнете ги искуствата кои ги нуди и донесете ги вашите нови сфаќања во нашата култура!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Облекувајте се тренди оваа есен

    Облекувајте се тренди оваа есен

    За една седмица есента ќе ни чукне на врата. Постепено температурите ќе почнат да опаѓаат, а тоа значи дека ви е потребна есенска обнова на вашиот гардеробер, доколку сакате да бидете во чекор со модните новости кои ги носи ова годишно време. За да бидете тренди и шик, не морате да купувате облека од скапи, луксузни бутици. Сè што треба да знаете е кои бои се модерни оваа есен, какви дизајни се носат и најважно од сè, како сето тоа добро да го искомбинирате за да изгледате современо. Тука ќе ги пронајдете сите тие одговори и притоа ветуваме дека нема да ви создадеме вртоглавица. 🙂Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    Парчиња облека кои ви се неопходни оваа есен:rn.

    rn

    1. Џемперче во кое ќе се чувствувате удобно

    rn

    Бидејќи полека но сигурно се доближува есента и набрзо ќе почне да заладува, треба да почнете да размислувате за надополнување на вашиот гардеробер со потопла облека. Кога станува збор за подебела облека, нема подобар избор од комфорно тренди џемперче, за оваа есен. За кул и кежуал изглед искомбинирајте го со пар фармерки, а за да изгледате стилски, можете да го искомбинирате со убава суќњичка. Пронајдете ги моделите кои вам најдобро ви прилегаат.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    2. Фармерки со благ „ѕвон“

    rn

    rn

    Овој тип фармерки се многу популарни оваа сезона. Тие имаат некој шмек од 70-тите и плус се многу удобни за носење и можат да се искомбинираат со разни модели есенски блузички и мантилчиња.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    3. Ѓерданче со есенска нота

    rn

    Дури и да сте најобично облечени, ако го накитите вратот со смело ѓерданче со есенски шмек, ќе изгледате волшебно. Ваквите модели ѓерданчиња ги има во разнообразни дизајни и ќе бидат ултрапопуларни оваа сезона. Набавете си неколку.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    4. Чорапчиња над колена

    rn

    Ваквите чорапи ќе ви овозможат да ги носите вашите летни фустанчиња, здолништа и комбилизонки во есенска варијанта. Нозете ќе ви бидат покриени и заштитени од студ, а големиот избор на дезени, ќе ви овозможи да изгледате женствено и со тинејџерски дух. Ваквите чорапи убаво изгледаат и со балетанки, со ниски чевличиња и со потпетици, но особено добро изгледаат со чизмички.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    5. Точкеста облека

    rn

    Точките очигледно се постојано во мода, а не се исклучени ниту оваа есен. Овој убав принт е истовремено по малку ексцентричен и многу женствен. Ако не сте подготвени да се облечете во точкеста облека, тогаш ставате на себе некој додаток во точки (шал, чанта, хулахопки) и дефинитивно ќе оставите впечаток на весело и позитивно девојче.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    6. Здолниште до под колена

    rn

    Здолништата долги до стапала беа модерни во летната сезона, а девојките ги обожаваат бидејќи оддаваат чувство на женственост и невиност. Оваа есен во тренд ќе бидат здолништа до колена. Доколку сакате да изгледате грациозно, а сепак не премногу дотерано, искомбинирајте го со некоја убава блузичка. Ако сакате да создадете ефект на контраст, здолништето искомбинирајте го со широка блуза која паѓа на рамена и ниски чизмички со исполнета штикла.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    Комбинации за на работа/факултет

    rn

    .rnСекогаш кога излегувате од дома треба да изгледате пристојно и средено. Колегите/колешките на работа или факултет и тоа како забележуваат што носите и колку се грижите за вашиот изглед, па доколку сакате да се чувствувате пријатно во вашата кожа, практикувајте некој совет од модерните комбинации кои ќе ги видите во продолжение.

    rn

    Ако ви се допаѓаат земјените бои, тогаш имате среќа: тие се во мода оваа есен. Сиво-кафената боја ќе биде ултрапопуларна, па затоа обезбедете си некое парче облека во оваа боја.Облекувајте се тренди оваа есенИнтензивната виолетова боја изобилува со луксуз. Одберете си тесно плетено фустанче, здолниште, чевлички или чанта во виолетова боја за да внесете гламур дури и во најобичните комбинации.Облекувајте се тренди оваа есенСивите тонови се популарни секоја есен, но оваа, помодерни ќе бидат светлите, сребреникави тонови. Оваа софистицирана боја оди со секоја друга, што ја прави совршена за комбинирање во разни варијанти. Без разлика дали ќе се одлучите за сребреникаво сако или меко џемперче, секако ќе делувате искусни и стилски оваа есен ако сте облечени во во оваа боја.Облекувајте се тренди оваа есенЕден пар пантолони во „жива“ боја ќе ви даде одличен акцент и плус конечно ќе ги соблечете досадните сини или црни фармерки. Интензивно розови пантолони искомбинирани со класична бела блуза и накит во неутрални тонови, е совршена комбинација за на факултет или работа. Ѓерданчето носете го врз блузата за да изгледате кул и современо.Облекувајте се тренди оваа есен

    rn

    Веќе ја спомнавме моќта на точкестата облека. Овој пат ќе ви покажеме како да искомбинирате тренди фустанче со точки, со ниски „ретро“ чевлички и нежно синџирче за на врат, за да бидете вистинска „фешниста“.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    Комбинации за неформално излегување

    rn

    Карираните принтови оддаваат еден хипи стил, кога се комбинираат со есенските бои и дизајни на облека. Облечете темен џемпер и тесни фармерки „цевки“ и како додаток облечете карирано шалче – тоа е  многу кул детаљ. Овој изглед одлично оди во комбинација со „поштенска чанта“ и високи чизми завртени нанадвор, при што повторно се наѕирнува карираниот принт.

    rn

    Облекувајте се тренди оваа есенМаслинестата боја е совршена за потенцирање на вашата појава во есен. Оваа мистериозна боја, можете да ја искомбинирате со неутрални бои за да ја разбиете монотонијата.Облекувајте се тренди оваа есенТемно жолтата боја ќе биде огромен хит во текот на овие есен и зима. Оваа весела боја потсетува на паднатите есенски лисја, што ја прави совршена модна боја за овој период од годината. Таа одлично изгледа во комбинација со останатите модерни бои за оваа есен (виолетова, сребрена, маслинеста, сиво-кафена). Искомбинирајте жолто со темно виолетово или маслинесто за да изгледате есенски и тренди, или искомбинирајте ја со сребрена или сиво-кафена за да добиете шик, модерен и естетски изглед.Облекувајте се тренди оваа есенrn———————————————————————————————————————————————————————

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.