КАФЕ ПАУЗА

Tag: накит

  • 30 работи кои се забранети во Иран

    30 работи кои се забранети во Иран

    Замислете Македонија да забрани носење тесни фармерки, пристап до Јутјуб, врзување на косата во опавче или да донесе забрана за пристап до Фејсбук? Сигурно не можете ни да замислите. Сите овие работи и уште многу други им се забранети на жителите во Иран. Сакате да дознаете што друго не смеат да прават? Прочитајте подолу.rn

    Mullet фризура (коса кратка од напред и од страните, а долга од позади)30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Џимејл30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Секс помеѓу хомосексуалци30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Денот на вљубените – Св. Валентин30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Коса со „боцки“30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    „Кодот на Да Винчи“30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Накит за заби30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Тесни фармерки30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Тетоважи30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Јутјуб30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Мачка како домашно милениче30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Куклите „Барби“30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Хари Потер30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Џорџ Мајкл30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Кени Џи30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Бетмен30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Жешки фармерчиња30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Фејсбук30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Деколте30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Вратоврски30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    30030 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Студирање политички науки30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Коса во опавче30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Рап музика30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Алкохол30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Свинско месо30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Протеински додатоци30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Облеки во светли бои30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Куче како домашно милениче30 работи кои се забранети во Иран

    rn

    Пластични кукли30 работи кои се забранети во Иран

    rnШто би забраниле вие во Македонија? 🙂

  • 10 модни совети од Коко Шанел

    10 модни совети од Коко Шанел

    „Модата избледува, само стилот останува ист.“

    rnОва се зборови на легендарната дизајнерка Коко Шанел. Таа почина во 1971, но правилата кои ги воведе во модата и во животот воопшто, се безвремени. Таа веруваше дека убавината е во едноставноста. Тоа значи дека маиците, фармерките и хеланките кои обожаваме да ги носиме денес не може да се споредуваат со беспрекорната елеганција на стилот на Шанел кој никогаш нема да избледи.rnrn10 модни совети од Коко ШанелrnrnЕве 10 модни совети кои Коко Шанел им ги даваше на жените во текот на својот живот:rn
    rn

    „Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно.“

    rnИ дневната и вечерната облека од Шанел беше направена да биде удобна за да не ги попречува движењата. Ниски потпетици, блузи без ракави под јакните, чанти со долги рачки – сите овие беа создадени за да им овозможат на жените комфор во својата облека. Комфорот на нејзините клиентки и бил најважен.rn
    rn

    „Пантолоните ги ослободуваат жените.“

    rnКоко Шанел беше првата која дизајнираше и носеше панталони во време кога жените преферираа да се мачат во корсети и долги здолништа. Нејзината храброст во прво време беше критикувана, но за кратко, една по една, жените почнаа да облекуваат пантолони на себе. Иако од денешна перспектива изгледа чудно, но Коко Шанел е онаа на која и ја должиме комоцијата при седењето и лесното движење.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.“

    rnКоко Шанел ги сметаше колената на жените за грди, па затоа и одлучи да ги сокрива со облеката што ја дизајнираше. Таа направи неколку основни модели на здолништа за деловните жени кои претежно беа прави, тесни и многу елегантни.rn
    rn

    „Обожавајте ги кратките црни фустани.“

    rnТаа ги претстави кратките црни фустани во 1926. Сакаше да креира фустан кој ќе биде идеален и за преку ден и за навечер, ќе биде секси и прилагодлив и ќе изгледа различно со разни додатоци. Ако пред Шанел, црната беше бојата на тагувањето, по неа стана боја на класичното и стилското. Таа им понуди на дамите модел на елеганција кој тие со благодарност го прифатија.rn
    rn

    „Совршениот костим треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи.“

    rnВо раните ’20, многу популарен стана изгледот на машкуданка со кратка фризура, машка силуета и сјај во очите. Коко Шанел ја земаше облеката од нејзините момчиња и лесно ја адаптираше на нејзината фигура. Таа експериментираше со сè, од џемпери до волнени капути. Таа исто така имаше слабост на пругасти елечиња во морнарски стил кои ги комбинираше со многу бисери.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Јакните треба да се меки.“

    rnВо 1925 Коко ја дизајнираше првата мека јакна која целосно се припиваше на фигурата на жената, додека истовремено не ги попречуваше движењата. Ова беше сосема нов пристап во правењето јакни бидејќи дотогаш тие беа крути и неудобни. Коко им ја понуди на жените деликатна свила, високо поставените отвори за рацете и тесните ракави. Ова ја правеше фигурата извонредна.rn
    rn

    „Колку повеќе додатоци, толку подобро.“

    rnКоко Шанел обожаваше додатоци. И носеше многу. Таа можеше да искомбинира бижутерија со скап накит. Никој не можеше да ја види Коко без низа бисери, рубини или смарагди и полускапоцени камења  и брошови, беретки или капи кои сакаше да ги носи многу блиску до нејзините веѓи.rn
    rn

    „Стилските чевли може да се во две бои.“

    rnШанел ја обожаваше црно-белата комбинација, па нејзините познати црно-бели сандали не беа изненадување. Таа веруваше дека ваквите чевли ги прават жените посекси, а нивните стапала помали.rn
    rn

    „Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.“

    rnЦрното полно чантиче со рачка од синџирче кое беше креирано од Шанел за да го надополни нејзиниот изглед на деловна жена, сега се смета за едно од најкласичните и најмодерни модели на чанти.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Парфемот е исто толку важен колку и облеката.“

    rnЖена која не носи парфем нема иднина, вели Шанел. Исто така, според неа, жената мора да носи парфем секогаш кога сака да биде бакната. Во 1922 Шанел извади парфем кој полуди милиони мажи и жени. Коко остана верна на своите принципи и за мирисот употреби квадратно „машко“ шишенце.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Продавница за загубен багаж

    Продавница за загубен багаж

    Дали некогаш сте се запрашале што се случува со загубените авионски багажи кои никогаш не се побарани од нивните сопственици? Епа во САД тие завршуваат во продавницата за загубен багаж во Скотсборо, Алабама.rnПродавница за загубен багажВо оваа продавница би можеле да си купите фустан од Версаче чија вредност е 1.000 долари, за само 55 долари, Адидас јакна за 15 долари, нараквица со сафири и дијаманти за 7.500 долари (чија вредност е 15.000 долари). Секоја година центарот е посетуван од преку милион луѓе кои ја имаат шансата да одберат некој од многуте ствари, на кои секојдневно се додаваат по 7.000 нови. 60% од продадената стока е облека. Пред да се стави во продажба, таа поминува на хемиско чистење и на пеглање. На полиците можат да се најдат и книги, техника, накит, чевли и што ли уште не.rnПродавница за загубен багажПродавница за загубен багажСе започнало во 1970 година, кога агентот за осигурување Дојл Овенс позајмил 300 долари и пикап камионче и од автобуската станица „Greyhound“ донел стотина загубени торби. Бидејќи Скотсборо имал популација од 15.000 жители, торбите ги донел со намера да ги продаде во неколку недели. Сепак, останал вчудоневиден кога сите предмети ги продал за само еден ден. За него ова бил втор бизнис се до 1978 година. Денеска центарот е распослан на површина од 4.650 квадратни метри и во него работат 110 луѓе.rnПродавница за загубен багаж.rn

    „Овде е Божиќ секој ден. Луѓето доаѓаат повторно и повторно. Овде можете да најдете навистина многу практични работи. Мислам дека луѓето овде уживаат да пребаруваат низ работите и да бараат нови богатства. Секој ден имаме толку многу нови ствари, така што купувачите никогаш не знаат на што можат да наидат“ – Брајан Овенс, синот на Дојл кој го преземал бизнисот во 1995 година.

    rnПродавница за загубен багажПродавница за загубен багажrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Накит инспириран од храна

    Накит инспириран од храна

    Дизајнерката Lucky Folk од Австралија ја спојува храната со златото и среброто во нејзината колекција од накит. Морската храна е нежно ланче, тестенините се обетки, солените переци – прстени и елегантни брошеви. Вели дека мексиканската кујна за неа била главна инспирација. Љубителите на храната дефинитивно ќе уживаат во оваа колекција, достапна во Австралија.Накит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од храна

  • 10 модни правила кои смеете да ги прекршите

    10 модни правила кои смеете да ги прекршите

    Автор: Д.Џ.rnrnСекој од нас има слушнато барем неколку стари модни правила, најголемиот број од нив кажани од нашите мајки или баби кога носиме нешто необично или нешто што нив не им се допаѓа. Многу често, колку и да ви се допаѓала вашата комбинација од парчиња, овие модни правила успевале да ве премислат. Со времето и развивањето на модата на светско ниво, многу од овие модни-закони полека паѓаат во вода. Време е овие стари модни закони да ги оставиме зад нас и да експериментираме надвор од некои поставени граници.rnrnОвие се неколку модни правила кои ви е „дозволено“ (и ве охрабруваме) да ги прекршите:rn.rn

    1. Никогаш не носете бело во зима

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеrnrnДефинитивно едно од модните правила кое секој од нас го слушнал мал милион пати, а некои и сѐ уште се држат до него.  Белата боја е прекрасна, не само за летните фустанчиња и маички! Без разлика дали станува збор за бело капутче, џемпер или чизми, белите парчиња ќе го освежат вашиот изглед во сивите есенски и зимски денови.rn.rn

    2. Чевлите треба секогаш да одговараат со чантата

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеСе разбира дека вашите чевли и чанта треба да одговараат со останатите парчиња од вашата комбинација, но никој не вели дека тие треба да одговараат едно со друго! Во последно време се почесто среќаваме комбинации во кои чевлите се искомбинирани со накитот, лакот на ноктите или друго парче од изгледот. Ако се ограничиме, нашите чевли секогаш да одговараат со чантата која ја носиме, тоа ќе не остави со многу помалку  можни комбинации кои може да ги направиме, а и скоро е невозможно чантата и чевлите толку многу да се погодат едно со друго!rn.rn

    3. Никогаш не носете црна боја со тегет или кафено

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеСигурно веќе сте забележале дека последниве 2-3 години луѓето околу вас сѐ почесто ги комбинираат овие бои меѓусебно. Нашите мајки (и не само тие) уште не можат да поверуваат дека најголемото модно правило секојдневно се прекршува. И јас на почетокот бев скептична во врска со ваквите комбинации, но кога самите ќе испробате ќе заклучите дека светлите нијанси на кафена боја (светло кафени чизми и каиш многу интересно одговараат со црни пантолони или здолништа) и некои нијанси на тегет (на пример – индиго) многу интересно одговараат со црната боја.rn.rn

    4. Никогаш не носете црвено ако сте црвенокоси

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеСосема неточно! Можеби треба црвенокосите да посветат повеќе време во изборот на вистинската нијанса, но не е точно дека воопшто не треба да носат црвено!rn.rn

    5. Не комбинирајте накит од различни метали

    rnЗашто да се ограничиме само на златен или на сребрен накит, кога може интересно да се искомбинираат различните метали, па и разни други материјали? Доколку се внимава и убаво се замисли, комбинирањето на накитот од различни материјали (дрвен, метален…) може да изгледа необично и да и даде дополнителен, необичен шмек на секоја комбинација!rn.rn

    6. Никогаш не носете хулахопки со чевли со отворени прсти

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеПрекршувањето на ова правило бара многу внимание за да изгледа убаво. Комбинирањето на чевлите со отворени прсти и хулахопките треба да се направи внимателно. Особено треба да се внимава на изборот на хулахопки/чорапи.rn.rn

    7. Не носете превртена кожа или кожа во лето

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеШтета е да не можеме нашите омилени кожни чанти да ги носиме и во летните месеци. Но, не само чантите – тука спаѓаат и кожните јакни кои се одлични во комбинација со летните фустанчиња (во оние постудените летни вечери)!rn.rn

    8. Никогаш не комбинирајте различни шари

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеКолку досадно правило! Токму затоа и се почесто се прекршува! Комбинирањето на различни дезени (се разбира, не секакви, и треба да се внимава) е многу интересен начин вашата комбинација да биде малку необична и интересна. Тука спаѓаат сите комбинации на карирани шари, линии и други.rn.rn

    9. Никогаш не комбинирајте тексас со тексас

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеОваа сезона многу се модерни тексас кошулите, кои во поголемиот дел од случаите се комбинирани со тексас фармерки! Внимавајте само на боите, не секој тексас одговара со некој друг! Обично тоа се комбинации на светли тексас кошули/јакни со фармерки од потемен тексас (и обратно).rn.rn

    10. Секоја боја во вашата комбинација треба да одговара една со друга

    rnНаједноставен начин обичната комбинација на облека (бои кои меѓусебно се претопуваат) да стане необична, е да додадете едно парче кое ќе се издвојува. Без разлика дали е тоа накит во интересна, упадлива форма или боја, или пак чевли, чанта, венче…rnrn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модни факти кои не сте ги знаеле

    Модни факти кои не сте ги знаеле

    Модната индустрија е машинерија која отсекогаш работела со полна пареа. Она што го носиме денес, сигурно не е измислено во 21-от век. Погледнете неколку модни факти кои се интересни и забавни.rn

    Сите сме виделе копчиња на ракавите од јакните, но малку од нас знаат дека тоа е идеја на Наполен Бонапарта. Во времето кога тој владеел, на своите кројачи им нарачал да сошијат копчиња на ракавите, со цел да не им се одвлече вниманието на војниците ако нивните ракави „летаат“ на сите страни.Модни факти кои не сте ги знаелеДенес, модата за децата е еднакво важна како и модата за мажите и жените. Но, дали знаевте дека трендот децата да бидат убаво и модерно облечени се развил пред 200 години? Пред тоа децата морале да носат помали примероци од машките и женските дизајни.Модни факти кои не сте ги знаелеСѐ до 19-от век немало манекенки, па дизајнерите своите креации ги изложувале на мали кукли. Тоа всушност било добра идеја, бидејќи така тие не трошеле пари на манекенки, модни шоуа, а за да се презентира еден модел било потребно малку материјал.Модни факти кои не сте ги знаелеВо времето на рускиот цар Петар во Русија, се плаќало данок за израсната брада. За разлика од тогаш, денес брадата се смета за дел од личниот стил и начин на живот.Модни факти кои не сте ги знаелеМодерната танга за прв пат била дизајнирана во Њујорк, по нарачка на градоначалникот Fiorello Henry La Guardia. Градоначалникот се изненадил кога видел дека танчерките танцуваат без долна облека, па така нарачал да се сошијат мали гаќички со кои ќе се покрие голотијата.Модни факти кои не сте ги знаелеВо 1850 година, 70% од луѓето шиеле облека која самите ја носеле. Модата не била важна, но удобноста била клучна. Денес, модата е исклучително важна, а рачно изработените материјали се најценети на пазарот и  нивната сума е висока заради ексклузивитетот кој го имаат.Модни факти кои не сте ги знаелеМодерната жена не може да живее без накит. Но, треба да се знае дека мажите се тие кои први почнале да носат накит, со цел да го истакнат нивниот социјален статус во општеството.Модни факти кои не сте ги знаелеДенес, природните веѓи се во мода, но за време на ренесансата жените ги бричеле веѓите. Пример за тоа е Мона Лиза.Модни факти кои не сте ги знаеле

  • Стилски и уникатни прстени

    Стилски и уникатни прстени

    Ова е прекрасна колекција на единствени и несекојдневни парчиња накит, кои секого би воодушевиле. Создадени се од повеќе креатори кои искористиле максимум од својата енергија и имагинација, за да создадат нешто вредно и поинакво.rnОдличен склоп на модерно, луксузно и екстравагантно. Па момци, размислете! Може е време да ја изненадите вашата сакана и тоа на уникатен начин.rn