КАФЕ ПАУЗА

Tag: монотонија

  • Хумористични манипулации со фотографии од вообичаеното секојдневие

    Хумористични манипулации со фотографии од вообичаеното секојдневие

    Вообичаеното секојдневие често знае да станува монотоно. За среќа, тука се уметниците со креативна смисла за хумор и иронија кои успешно внесуваат доза позитивна разлика во него. Токму Џејмс Попсис е еден од нив.rnrn(23)-humoristichni-manipulacii-so-fotografii-od-voobichaenoto-sekojdnevie-kafepauza.mkrnrnКако талентиран фотограф кој живее во Лондон, тој е познат по неговите хумористични дела во областа на композитната фотографија. Фотографирајќи различни места и ситуации од секојдневниот живот, а потоа креативно спојувајќи повеќе кадри во една, тој успева на едноставно јасен начин да претстави една сосема нова слика на секојдневието која е необична и забавна. Погледнете…rnrn

  • 5 совети за освежување на врската која е заглавена во рутина

    5 совети за освежување на врската која е заглавена во рутина

    Врската бара постојано работење на неа. Секој ден е ден плус кој треба да го исполните со среќни спомени и во ниту еден случај не треба да престанете да се обидувате да го освојувате партнерот одново секој ден. Многу луѓе сметаат дека откако веќе се во врска, партнерот е тука за да остане и без разлика на сѐ ќе остане покрај нив. Но факт е дека за врската да опстане, потребно е да го освојувате партнерот одново и одново секој ден.rnrn(5)-5-soveti-za-osvezhuvanje-na-vrskata-koja-e-zaglavena-vo-rutina-kafepauza.mkrnrnСепак, бидејќи е сосема нормално врската да западне во некоја рутина, следниве 5 совети можат навистина да помогнат кога е потребно одново да ѝ ги наполните батериите.rn

    1. Повеќе нежност

    rnСо време, забораваме дека основата на убав однос меѓу партнерите е нежноста која секојдневно тие си ја подаруваат. Убавиот збор железни врати отвора е поговорка која не за џабе е толку позната меѓу народот. Обидете се да бидете малку пофини со личноста која ја сакате, направете да се чувствува сакана и почитувана, а најважно од сѐ – дека е важен дел од вашиот живот.rnrn(1)-5-soveti-za-osvezhuvanje-na-vrskata-koja-e-zaglavena-vo-rutina-kafepauza.mkrn

    2. Подобра комуникација

    rnАко во основата на секоја врска лежи нежноста, тогаш клучот за секоја врска е комуникацијата. Неопходно е партнерите да можат да зборуваат еден со друг и да си кажуваат работи слободно и без затајувања. Затоа зборувајте повеќе. Дури и кога ви се чини дека нема што да си кажете или немате волја, ако сакате врската да ви успее, обидете се да зборувате повеќе еден со друг. Започнете со основното – вашето секојдневие. Понатаму зборовите сами ќе течат.rnrn(2)-5-soveti-za-osvezhuvanje-na-vrskata-koja-e-zaglavena-vo-rutina-kafepauza.mkrn

    3. Заблагодарете се

    rnФала е, односно треба да е еден од најважните зборови во речникот на паровите. Со тек на време, забораваме да го кажуваме овој збор, а самиот по себе е од огромно значење. Му покажува на партнерот дека не само што сте забележале што направил, туку и дека тоа ви значи многу. И не само тоа. Покажете му дека навистина го мислите тоа што го кажувате така што и вие ќе направите нешто убаво за него.rn

    4. Напуштете ја вашата удобна зона

    rnАко не ризикувате, тогаш никогаш нема да добиете. Играњето на сигурно е паметно, но некогаш потребно е да ги преминете тие граници за навистина да се почувствувате живи. Направете нешто со саканата личност што е тотално нетипично за вас. Пробајте нова храна, отпатувајте на некое егзотично место, имајте секс во секоја соба од станот. Што и да правите, знајте дека тоа само ќе ѝ помогне на вашата врска која веќе станала здодевна бидејќи не се случува ништо ново. Зачинете ја врската со спонтаност и многу љубов. И најмногу од сѐ – забавувајте се.rnrn(3)-5-soveti-za-osvezhuvanje-na-vrskata-koja-e-zaglavena-vo-rutina-kafepauza.mkrn

    5. Имајте повеќе секс

    rnНиту една врска не може да живее без секс. Секој изговор кој ќе го најдете кога сте во долга врска и не чувствувате желба е излишен. Сексот зближува на многу начини, започнувајќи од интимноста, па сè до повеќе комуникација и чувство на исполнетост. Со други зборови, повеќе секс – поздрава врска. Ако причината поради која многу ретко имате секс со вашиот партнер е монотоноста, тогаш обидете се со нови нешта, на различни места и поинакви пози. Постојат мал милион начини како да го подобрите вашиот сексуален однос, а доколку сте во врска која е убаво заглавена во некоја рутина, сексот е можеби најбрзата работа која ќе ве извади од неа.rnrn(4)-5-soveti-za-osvezhuvanje-na-vrskata-koja-e-zaglavena-vo-rutina-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 знаци дека сексуалниот живот ви за’рѓал

    10 знаци дека сексуалниот живот ви за’рѓал

    Сексуалната монотонија може да настапи во секој момент, а често доаѓа уште пред да станеме свесни дека тоа може да се случи. Тогаш доаѓа до незадоволство, депресија и нерасположение, кои се одразуваат на сите полиња во животот. Не за џабе се вели дека здравиот сексуален живот е темел за убав живот. Ако во последно време не сте задоволни од она што се случува под чаршафите, проверете дали вие сте придонеле за тоа и согласно преземете ги потребните чекори за промена.rnrn10 знаци дека сексуалниот живот ви за’рѓалrnrnОва се 10 јасни знаци дека е време да го оживеете вашиот за’рѓан сексуален живот и конечно да добиете насмевка на вашето лице.rnrn1. Не памтите кога последен пат сте воделе љубов вон креветот.rnrn2. Бојата на косата ја менувате почесто од секс-позите.rnrn3. Секс-играчките за вас се само идеален роденденски или веренички подарок за пријателките.rnrn4. Шлагот, овошјето и течното чоколадо се резервирани само за во фрижидер.rnrn5. Вашата најзаводлива техника е соблекување на градникот.rnrn6. Предиграта трае колку и барањето кондом.rnrn7. Сексот на брзинка ви стана практика.rnrn8. Пред некоја вечер таман тргнавте во акција, но ви беше многу ладно за да се соблекувате, па останавте да гледате филм на телевизија.rnrn9. Нема шанси да го наместите алармот половина час порано за да имате утрински секс.rnrn10. Не се сеќавате кога последен пат сте се самозадоволувале.

  • Разбијте ја монотонијата на секојдневието

    Разбијте ја монотонијата на секојдневието

    Има толку многу лесни начини да ја избегнете монотонијата на секојдневието, кои ќе ве направат посреќни и полека ќе ви го сменат животот. Еве некои од нив.rnrnРазбијте ја монотонијата на секојдневиетоrn

    Патувајте

    rnДоколку имате можност, одете на некое патување. Не мора да биде ништо специјално. За почеток, посетете го најблискиот град до вашето место на живеење. Одењето на места кои не сте ги виделе, ви го менува светогледот. Правите нешто различно и забавно.rn

    Сменете ги секојдневните навики

    rnДури и промената на појадокот може да биде мала, но значајна промена во секојдневните навики. Почнете со мали промени и продолжете со поголеми. Така нема ни да осетите кога животот ви се сменил на подобро.rn

    Кажете „да“

    rnКажете „да“ на новите искуства во животот. Ова ќе ве направи поотворени, поодлучни, а постепено ќе ви ја зголеми храброста.rn

    Остварете си желба

    rnИмате желби за кои постојано размислувате и никако да ги остварите? Па, време е да работите на нивното остварување. Доколку сакате да посетите некоја дестинација од соништата, направете сѐ за да се случи тоа. Ова ќе ви даде чувство дека нешто сте постигнале и ќе ве мотивира за други такви успеси во иднина.rn

    Поставете си долгорочни цели

    rnОстварувањето на долгорочните цели што сте си ги поставиле е преубаво чувство. Тоа ќе ве охрабри да се движите напред и да пробувате уште нови нешта.rn

    Избегнувајте негативни луѓе

    rnИзбегнувајте ги сите негативни луѓе, мисли или што и да е негативно. Опкружете се со позитивни личности и веднаш ќе почувствувате промена. Иако вака звучи лесно, има вистина во ова и вреди да направите таква промена.rn

    Направете нешто за себе

    rnБез разлика дали станува збор за топла бања по долг напорен ден на работа или слатко парче торта, направете нешто за себе и развеселете се за своја душа. Ова сигурно ќе направи да се чувствувате подобро и барем малку ќе го смени монотоното секојдневие.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 5 начини на кои можете да го вратите и одржувате огнот во врската

    5 начини на кои можете да го вратите и одржувате огнот во врската

    Кога врската ќе стане премногу удобна, тоа може да доведе до појава на предвидливост, а во најлош случај може да ве убеди дека не вреди повеќе да вложувате во односот со вашиот партнер. Од друга страна пак, оваа предвидливост можеби ќе предизвика да се чувствувате и како да сте невидливи бидејќи сте толку многу навикнати еден на друг што веќе не ни обрнувате внимание на романтичните или сексуалните страни на вашата врска. rnrnВо овие ситуации има големи шанси состојбата да остане незабележана сè додека не се соберат премногу проблеми меѓу вас кои подоцна можат да бидат причина за прекин на врската. За да не дозволите ова да се случи, погледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да ги вратите и одржувате огнот и страста помеѓу вас…rn

    1. Направете заедничка пауза

    rn5 начини на кои можете да го одржувате огнот во врскатаrnrnБегството од секојдневниот монотон живот е одличен начин на кој можете да почнете повторно да си го давате вниманието кое и двајцата го заслужувате, бидејќи ќе бидете во сосема нова и непозната средина каде што ќе погледнете на одредени нешта со „свежи“ очи. Патувањето на некое далечно место каде што постојат само малку нешта кои би можеле да го одвлечат вашето внимание може да ви биде од голема помош бидејќи на тој начин ќе бидете принудени да се фокусирате повеќе еден на друг.rn

    2. Почнете да разговарате за вашите фантазии

    rnРазговорот со партнерот за вашите скриени сексуални фантазии може да биде малку чуден и несекојдневен. Има голем број причини поради кои можете да се чувствувате незгодно додека разговарате за која било сексуална тема со вашиот партнер. На пример, можеби се плашите да откриете нови нешта за личноста за која сте мислеле дека знаете сè, или пак можеби ви е страв од помислата дека вашиот партнер ќе дознае за вас нешто што ќе го натера да почне да ве гледа во малку поинакво светло.rnrnНавистина е потребна голема самодоверба за да се отворите пред вашиот партнер на оваа тема, но истовремено тоа ќе предизвика да се чувствувате секси и моќно. Плус, придобивките не завршуваат тука. И двајцата ќе дознаете нешто клучно еден за друг, нешто што понатаму ќе може многу да ви помогне во одржувањето на вашиот однос.rn

    3. Излезете од вашите „удобни зони“

    rn5 начини на кои можете да го одржувате огнот во врскатаrnrnЕдна од многуте причини поради кои паровите почнуваат да ги запоставуваат романтичната и сексуалната страна во нивната врска е бидејќи се заглавуваат во монотоноста која ја предизвикува секојдневната рутина. Но, за среќа можете многу лесно да го спречите појавувањето на овој проблем. rnrnСè што треба да направите е да станете од каучот и да внесете барем еден непознат фактор во вашата врска. На овој начин ќе направите доволна промена која ќе предизвика еден вид исчекување кое и на двајцата ќе ви се допадне. rnrnДоколку имате навика секојдневно да готвите и да јадете дома, направете договор барем еден ден во неделата да излегувате сами на вечера во ресторан во кој не сте биле порано. Кога излегувате од вашата удобна зона вие имате можност да доживеете возбуда која веднаш ќе се одрази позитивно врз вас и вашата врска.rn

    4. Не одбегнувајте ги најразличните социјални настани

    rnПонекогаш доволно е само да го видите вашиот партнер како комуницира со други луѓе за да сфатите колку тој ве привлекува. Многу често паровите кои се изолираат од социјалниот свет брзо се навикнуваат сами да ги поминуваат сите слободни моменти од денот. Во почетокот на врската ова може да биде и позитивно, но како што поминува времето ќе сфатите дека преминува во еден вид мрзливост. rnrnНо, доколку излегувате со вашите пријатели и сте дел од повеќе социјални настани каде што ќе бидете во интеракција со други личности и парови вие ќе се предизвикате себеси како индивидуи, но и како пар. На овој начин веќе никогаш повеќе нема да се земате здраво за готово и ќе повикате дел од емоциите кои веќе одамна не сте ги почувствувале еден за друг.rn

    5. Не бидете премногу отворени за вашиот живот

    rn5 начини на кои можете да го одржувате огнот во врскатаrnrnСамо затоа што сте во долга и сериозна врска, тоа не значи дека вашиот партнер мора да знае буквално сè за вас. Малку мистерија може да направи чуда кај оние кои се чувствуваат недоволно почитувани. Одвреме-навреме задржете дел од информациите само за вас. Откако вашиот партнер ќе ја забележи промената, тој веднаш ќе почне да ви обрнува повеќе внимание со цел повторно да ја врати својата позиција во вашиот секојдневен живот. Но, имајте на ум дека важните и клучни настани или размислувања не смеат да се кријат од партнерот бидејќи токму нивното споделување е причината за успехот на една љубовна врска.rnrnДали вие имате поинакви начини на кои ја одржувате вашата врска свежа?rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чадори кои ја разбиваат монотонијата

    Чадори кои ја разбиваат монотонијата

    Автор: Петар Џајковскиrnrn„Choke–urban creation“ е млада германска организација чија цел е да ги спојува секојдневните предмети со артистички идеи и дизајни од целиот свет. Нивната замисла е да имплементираат што повеќе живи бои во секојдневната урбана сцена, прикажувајќи креативност таму каде што таа најмалку се очекува.Чадори кои ја разбиваат монотонијатаЧадори кои ја разбиваат монотонијатаИнспирацијата за овој нивни прв проект (Choke umbrellas) ја добиле шетајќи низ улиците во Глазгов, Шкотска. Набљудувајќи ја монотонијата на модерната метропола во врнежлив ден, на артистите им недостигало чувството на силните, топли бои на летото. Така се решиле да им дадат можност на луѓето да ја покажат својата љубов кон живите бои и уметноста дури и во најлошите временски услови.Чадори кои ја разбиваат монотонијатаЧадори кои ја разбиваат монотонијатаЧадори кои ја разбиваат монотонијатаОвие чадори се навистина несекојдневни и сигурно ќе ве натераат да се чувствувате весело додека чекорите под дождот, но и неизбежно ќе подарат насмевка на секој случаен минувач.Чадори кои ја разбиваат монотонијатаЧадори кои ја разбиваат монотонијатаЧадори кои ја разбиваат монотонијатаЗа подетални информации посетете го официјалниот сајт на „Choke-urban creation“ каде што можете и да купите некој од овие три единствени чадори за 25 евра.Чадори кои ја разбиваат монотонијатаЧадори кои ја разбиваат монотонијатаЧадори кои ја разбиваат монотонијата
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.