Расипани пиксели често се појавуваат и на сосема нови екрани. Штом еднаш забележите макар еден расипан пиксел на вашиот монитор, тој ќе биде постојан извор на иритација секогаш кога ќе го користите. Доколку имате гаранција, проверете дали таа важи за бројот на расипани пиксели со кои вие се соочувате, но и не мора да трчате веднаш во продажниот салон бидејќи тие може или да ве вратат назад или да ви го задржат лаптопот или мониторот со недели. Расипан пиксел може да се поправи прилично едноставно и во домашни услови, а за ова не треба да бидете експерти.
rn

rnrn
Што е пиксел?
rnНаједноставно кажано, тоа е една точка од сликата, која може поединечно да се контролира. Сите точки ја формираат целата слика. Екранот се состои од мрежа од стотици пиксели, кои се подвижни, за која цел ги менуваат боите. Секој пиксел се состои од 3 под-пиксели, црвен, зелен и син. Секој од нив пак, е напојуван од транзистор кој ја контролира активната состојба на пикселот.rnrnРасипан пиксел е оној кој не ја прикажува очекуваната боја на екранот. Тоа значи дека тој се има или заглавено на некоја боја, моментално се има исклучено или пак сосема исклучено, што веќе претставува мртов пиксел.rnrnВсушност течниот кристал во под-пикселот понекогаш не се распоредува еднакво и тоа е причина пикселот воопшто да не се вклучи. Ако сите три под-пиксели се зафатени со проблемот, тогаш се случува состојба на моментално исклучување. Во друг случај, транзисторот може да е расипан и тогаш пикселот е нон стоп вклучен (гори) или исклучен (црн) и тогаш се работи за мртов пиксел. Ако видите пиксел во друга боја или бел, шансите да го поправите се големи, но и за црн пиксел има уште малку надеж.rn
Како да ги откриете расипаните пиксели?
rnИма неколку онлајн алатки кои ќе ви помогнат во тоа…rn
rnВклучете го тестот за сите 5 бои (зелена, сина, црвена, бела и црна) едно по друго и видете дали ќе се јават некакви проблеми.rnrn
rnrnВо последната верзија од оваа алатка можете да направите „масажа на пиксели“ што може да поправи заглавен пиксел со честа стимулација. Па, ако забележите некоја неправилна точка или цел регион на вашиот LCD екран, вклучете ја опцијата „Fix My Screen“ и оставете го софтверот да работи околу еден час.rnrn
rn
rnIsMyLcdOK пак е портабл-апликација за Виндоус со која можете да правите различни тестови за проверка на пикселите, а корисниците на Мекинтош, може да го пробаат Pixel Fix.rnrn
rn
rnСо оваа алатка можете да тестирате расипани пиксели, но и квалитетот на вашиот монитор воопшто. Можете да ја користите онлајн верзијата или пак да ја инсталирате на компјутерот.rnrnЗа да тестирате, изберете ја опцијата HTML window. На цел екран ќе се префрлите со F11.rn
Како да поправите расипан пиксел?
rnРасипан пиксел единствено може да се поправи со често стимулирање и со надеж дека притоа ќе успеете да го вратите во живот. Постојат два начини, едниот е софтверски, другиот е мануелен.rn
rnДоколку немате цел час за да се обидете да го поправите расипаниот пиксел со опцијата „Fix My Screen“ на LCD2, можете да го користите UDPixel за локално да работи на расипаниот пиксел со помош на опцијата „undead pixel“.rnrn
rn
rnИ ова е една онлајн апликација која користи Јава-аплет за да ги поправи заглавените пиксели.rnrn
rnrnСепак, најуспешно се покажува методот на рачно одглавување.rn
Рачна поправка
rnАко ниедна од овие алатки не ви го реши проблемот, сепак има уште малку надеж. Ова е една брза техника, но убави поопширни упатства можете да најдете и на wikiHow и на instructables.rn
rn011
- Исклучете го мониторот
rn011
- Земете влажна крпа за да не го изгребете екранот.
rn011
- Притиснете со крпата (веројатно ќе ви треба и некој остар предмет под крпата) врз местото на екранот каде го пронајдовте заглавениот пиксел. Внимателно, немојте да притискате отприлика, па да зафаќате со притисок и околни пиксели бидејќи вака може и нив да ги расипете.
rn011
- Додека притискате, вклучете го компјутерот и екранот.
rn011
- Престанете со нанесување притисок. Заглавениот пиксел би требало да се одглави.
rn
rnАко и оваа метода не помогне, веројатно ќе мора да се вратите кај вашиот продавач.rnrnАко сте имале некое непријатно искуство или пак успешно сте решиле проблем на некој од овие начини или на друг, пишете ни коментар.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.