КАФЕ ПАУЗА

Tag: модли

  • Домашни гумени бонбони

    Домашни гумени бонбони

    Дали обожавате гумени бонбони? Оние растегливи слатки задоволства во форма на црвчиња, мечиња и други животинчиња…rnrnЕве како да си направите во домашни услови, играјќи си со клучната состојка – желатин.rnrnДомашни гумени бонбониrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 240 мл бистар овошен сок (100%)
    • rn011

    • 1 лажица цеден сок од лимета
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 3 лажици незасладен желатин
    • rn

    rnВо сад измешајте 60 мл од овошниот сок со сокот од лимета. Пропрскајте го одозгора желатинот и оставете го така неколку минути. Не се чудете, ќе почне да „оживува“.rnrnДомашни гумени бонбониrnrnВо тенџерче измешајте ги остатокот од сокот со шеќерот и варете на средна температура додека не се растопи шеќерот. Штом зовре смесата, тргнете го тенџерчето од огин. Оваа смеса префрлете ја во садот со другата смеса со желатин и измешајте. Оставете малку да се излади и потоа распоредете ја смесата во тавче за печење, во калапи за мраз или во модли за колачиња. Ставете ги во фрижидер да стојат 3 часа.rnrnПотоа извадете го садот од фрижидер и одлепете ги гумените бонбони. Не грижете се, нема да се скинат доколку внимавате на количината на состојките. На крајот фрлете ги во сад со шеќер за да не се лепат едни од други.rnrnЗа да си направите црвчиња, желатинската смеса од тавчето пренесете ја на даска за сечкање и со остар нож исечете ја на ленти. Други интересни форми можете да добиете ако користите модли за колачиња, а за различни вкусови едноставно експериментирајте со овошните сокови.rnrnДомашни гумени бонбони Домашни гумени бонбони Домашни гумени бонбониrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадни срца

    Чоколадни срца

    Десерт со кој ќе ги изненадите вашите пријатели се токму овие вкусни колачиња во форма на срце. Задоволството да биде уште поголемо, тие се прелиени со чоколадо и наполнети со џем од вишни. А кој може да му одолее на вкусното чоколадо и слатките вишни?rnrnЧоколадни срцаrn

    Потребни состојки за тестото:

    rn

      rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 4 големи лажици шеќер
    • rn011

    • 6 големи лажици млеко
    • rn011

    • 6 големи лажици масло за јадење
    • rn011

    • 1 пакетче ванилин шеќер
    • rn011

    • ½ пакетче прашок за печиво
    • rn011

    • 10 големи лажици брашно
    • rn011

    • џем од вишни
    • rn

    rn

    Потребни состојки за глазурата:

    rn

      rn011

    • 100 грама чоколадо
    • rn011

    • 2 големи лажици масло за јадење
    • rn011

    • 1 голема лажица млеко
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо длабок сад изматете ги со миксер јајцата и шеќерот. Потоа додадете ги сите состојки кои се потребни за тестото, освен џемот од вишни. Смесата добро измешајте ја и ставете ја во модли во форма на срце. Потребно е да ги печете неколку минути. Кога ќе се оладат, исечете ги срцата на 2 дела, премачкајте ги со џем и повторно залепете ги.rnrnВреме е да ја направите глазурата. Стопете го чоколадото, потоа додадете го маслото за јадење и млекото. Со направената глазура прелијте ги срцата.rnrnПри сервирањето можете да бидете креативни и да ги украсите срцата со шлаг и неколку вишни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.