КАФЕ ПАУЗА

Tag: милиони

  • Најтешките кражби на овој век во светот

    Најтешките кражби на овој век во светот

    Досега сме имале можност да погледнеме голем број холивудски филмови, кои ни прикажувале спектакуларни, па дури и невозможни грабежи. Цел биле разни банки, музеи, приватни имоти, државни институции, училишта, возови и што ли уште не. Сепак, од фиктивното до реалното има многу голема разлика. Денешната технологија и сигурносните системи се често нерешлива енигма и за оние највештите, па сè поретко може да се чуе за вакви обиди. Иако според многумина најважно е да имате човек од внатре за да ви помогне, други велат дека генијалноста е клучот за успех при вакви незаконски дејствија. Ова се неколку од најголемите грабежи во светот кои се имаат случено во новиов век.rnrnНајтешките кражби на овој век во светотrn

    Декември, 2002 година, Музејот на наука, Хаг, Холандија

    rnМузејот беше домаќин на изложба на дијаманти, а голем дел од дијамантите беа позајмени од страна на колекционери. Сепак, никој сè уште не е точно сигурен како се случила оваа трагедија. Музејот бил затворен за време на викендот и во понеделникот. Во вторникот наутро вработените нашле 28 празни излози, иако музејот е заштитен со камери, аларм, сензори и неколку чувари. Изложените дијаманти вкупно вределе 12 милиони долари. Сепак, ниту крадците, ниту дијамантите никогаш не биле пронајдени, а криминалното дело е едно од најдобрите нерешливи мистерии на денешницава.rn

    Февруари, 2003 година, Дијамантскиот центар во Антверп, Белгија

    rnНајголемиот број брокери за дијаманти ги чуваат своите камења токму тука кога прават зделки. Четворица крадци, нашле начин како да го пробијат алармниот систем, откако претходно успеале да дојдат до клучевите од трезорот и да направат копија. Тие направиле и снимки за сигурносните камери, на кои се прикажува дека ништо не се случува во центарот и ги пуштиле да течат врз оригиналните снимки. Успеале да испразнат 123 од 160 сигурносни кутии, оставајќи ги останатите, бидејќи не можеле да носат толку товар. Оваа акција била потпомогната од внатрешен човек, а полицијата пронашла примероци од ДНК во сефот, кој им помогнал да ги фатат крадците. Сепак, дијамантите и другите драгоцени камења кои заедно вределе повеќе од 100 милиони американски долари, никогаш не биле пронајдени.rnrn

    Најтешките кражби на овој век во светот
    Слика од сефот после кражбата
    rn

    Февруари, 2005, Аеродромот Схипхол, Амстердам, Холандија

    rnОвој грабеж не е ни одблизу елегантен како оној од Хаг, иако крадците добиле далеку повеќе, успевајќи да украдат необработени дијаманти во вредност од 118 милиони американски долари. Поради природата на грабежот, дефинитивно станува збор за дело потпомогнато од некој вработен на аеродромот. Ограбувачите се облекле во униформи од аеродромот, успеале да стигнат до сигурносното камионче со аеродромски ознаки кое ги носело дијамантите и избегале заедно со него.rn

    Март, 2007 година, АБН Амро банка, Антверп, Белгија

    rnУпотребувајќи го името Карлос Хектор Фломенбаум, еден човек успеал да извлече огромна корист од оваа банка, откако после една година користење на нивните услуги, добил ВИП влез до сефот. Користејќи го неговиот статус, тој непријатно ги изненадил вработените во банката со тоа што слободно влегол во сефот од кој украл дијаманти проценети на 120.000 карати, кои вределе 28 милиони американски долари. Во неговиот лов успеал да собере ретки сини и зелени камења.rnrn

    Најтешките кражби на овој век во светот
    Влезот на банката
    rn

    Февруари, 2008, Изложбен салон за накит „Damiani“, Италија

    rnВо овој случај крадците решиле да го заобиколат сигурносниот систем и вооружените чувари, преку дупчење на ѕидот кој ги поврзувал подрумот на соседниот дуќан и сефот на салонот. Невооружени и облечени во полициски униформи, крадците ги заврзале вработените и украле дијаманти, рубини и злато кои вределе повеќе од 20 милиони американски долари. Буката која ја предизвикале преку бушењето, не била сомнителна бидејќи во близина на салонот имало градилиште, па никој не забележал разлика во звуците.rn

    Август, 2009, Продавница за накит „Graff“, Лондон, Англија

    rnДвајца вооружени мажи во костуми влегле во продавницата, во која собрале 43 предмети во вреќа и ги заплашиле вработените со неколку истрели во воздух. Избегале со 1.437 дијаманти, кои се наоѓале кај накитот. Тие достигнувале вредност од 40 милиони фунти, а ова претставува најголемиот грабеж во Британската историја. Еден од највредните предмети, бил синџирот направен од злато и платина, кој содржел 272 различни розови и жолти дијаманти.rnrn

    Најтешките кражби на овој век во светот
    Слика од сигурносната камера при влегувањето на крадците
    rnrnЕдниот од крадците, Аман Касаје, се обидувал неколкупати со различни коли, носејќи на себе шминка, да избега од градот, но не успеал. Тој бил фатен и осуден на затворска казна од 23 години во 2010 година. Другите тројца соучесници биле исто така фатени и затворени, но дијамантите никогаш не биле пронајдени. Оваа акција не била потпомогната од никого, бидејќи двајцата крадци кои влегле, биле добро вооружени, а другите ги чекале надвор за брзо бегство, правејќи ја оваа кражба една од најхрабрите во историјата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најплатените музички ѕвезди за минатата година

    Најплатените музички ѕвезди за минатата година

    Музиката инспирира, опушта, охрабрува, расположува, но и им носи еден куп пари на тие што ја создаваат. Албуми, тури, пишување текстови, авторските права и слично, ги полнат џебовите на пејачите и бендовите, зависно од тоа кој колку се потрудил. Доколку сакате да знаете кои музичари заработија најмногу пари претходната година, погледнете ја следнава листа.Најплатените музички ѕвезди за минатата година1. Ју-ту – 195 милиони американски долариrn2. Бон Џови – 125 милиони американски долариrn3. Елтон Џон – 100 милиони американски долариrn4. Лејди Гага – 90 милиони американски долариrn5. Мајкл Бабл – 70 милиони американски долариrn6. Пол Макартни – 67 милиони американски долариrn7. Блек ајд пис – 61 милион американски долариrn8. Иглс – 60 милиони американски долариrn9. Џастин Бибер – 53 милиони американски долари.rn10. Дејв Метјус бенд – 51 милион американски долариrn11. Тоби Кит – 50 милиони американски долариrn12. Ашер – 46 милиони американски долариrn13. Тејлор Свифт – 45 милиони американски долариrn14. Кети Пери – 44 милиони американски долариrn15. Бред Пејсли – 40 милиони американски долариrn16. Том Пети и „Хартбрејкерс“– 40 милиони американски долариrn17. Џеј Зи – 37 милиони американски долариrn18. Бијонси – 35 милиони американски долариrn19. Ејси/Диси – 35 милиони американски долариrn20. Шон Диди Комбс (Пи Диди) – 35 милиони американски долариrn21. Тим Мекгро – 35 милиони американски долариrn22. Мјуз – 35 милиони американски долариrn23. Раскал Флетс – 34 милиони американски долариrn24. Кени Чесни – 30 милиони американски долариrn25. Ријана – 29 милиони американски долариrn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
  • 10 факти за милијардерот Доналд Трамп

    10 факти за милијардерот Доналд Трамп

    Доналд Трамп е роден на 14 јуни 1946 година во Њујорк, САД. Тој е еден од најпознатите бизнис магнати во светот, директор на корпорацијата „Трамп“ која се занимава со недвижнини, а покрај тоа, тој е и автор и телевизиски шоумен. Ова се 10 уникатни факти поврзани со него и неговиот живот.rn10 факти за билионерот Доналд Трамп1. Ова дефинитивно е најуникатниот факт за Доналд кој многумина не го знаат. Во 1990 година, тој беше на работ на персонален и бизнис банкрот. Сепак, до 1994 година, тој успева да го отплати личниот долг од 900 милиони американски долари, а бизнис долгот да го намали на 3,5 милијарди долари. Се откажал од својот личен авион, но ги задржал зградата „Трамп“ и трите казина во Атлантик Сити. Денеска неговата организација поседува повеќе од 100 фирми и е проценета на повеќе од 2,6 милијарди американски долари.rnrn2. Тој има дипломирано економија на бизнис школата Вортон на Универзиететот во Пенсилванија.rnrn3. Неговата зграда или кулата Трамп, како што често е нарекувана, е најголемата станбена зграда во светот. Таа има 90 ката.rn10 факти за билионерот Доналд Трамп4. Тој исто така поседува и палата во Палм Бич, Флорида со 18 спални соби, наречена палатата Трамп. Тоа е еден од најскапите имоти во државата.rnrn5. Трамп кратко беше замешан и во американскиот фудбал (рагбито). Овој факт е исто така помалку познат, но сепак интересен. Доналд Трамп извесен период беше сопственик на рагби тимот „New Jersey Generals“ кој се натпреваруваше во фудбалската лига на САД.rnrn6. Трамп еднаш се има обложено со Винс Макмехон, сопственикот на Светската боречка федерација (WWE) при што и двајцата одбрале свој борач, а борбата била наречена „Битката на милијардерите“. Губитникот морал да си ја избричи главата. Во борбата победил натпреварувачот на Трамп, по што тој помогнал при бричењето на главата на Винс.rn10 факти за билионерот Доналд Трамп7. Во 2002 година, Доналд Трамп и телевизијата „NBC“ направиле ексклузивен договор со кој Трамп станал еднаков партнер во франшизата за Мис Универзум.rnrn8. Во 1999 година, Доналд Трамп покажал интерес за кандидирање за позицијата претседател на САД како претставник на реформската партија, на изборите во 2000 година. Сепак, на крајот не се кандидираше. Годинава пак и се врати на таа идеја.rnrn9. Во 2004 година, Доналд стана извршен директор и ѕвезда на реалното шоу на телевизијата „NBC“, „The Apprentice“ (Ученикот). Она што ретко кој го знае е фактот дека добивал плата од 375.000 американски долари по епизода.rnrn10. Доналд Трамп е тотален трезвеник и никогаш се нема напиено алкохол.

  • Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    Почнале со скромен буџет, а заработиле милиони. Погледнете ја листата на најпрофитабилните филмови до сега.rn.rn

    10. Ghost (1990)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 22.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 507.600.000 долари
    • rn

    rn

    .rn9. Home alone (1990)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 15.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 533.800.000 долари
    • rn

    rn

    .rn8. The Passion of the Christ (2004)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 30.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 370.782.930 долари (САД, 31 март 2005)
    • rn

    rn

    .rn7. American Beauty (1999)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 15.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 356.296.601 долари
    • rn

    rn

    .rn6. Star Wars (1977)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 13.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 775.398.807 долари (1997)
    • rn

    rn

    .rn5. Grease (1978)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 6.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 394.589.888 долари
    • rn

    rn

    .rn4. Pretty Woman (1990)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 14 милиони долари
    • rn011

    • Заработка: 463.406.268 долари
    • rn

    rn

    .rn3. Slumdog Millionaire (2008)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 15.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 141.319.195 долари (САД, 24 мај 2009)
    • rn

    rn

    .rn2. E.T. the Extra-Terrestrial (1982)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 10.500.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 792.910.554 долари (31 декември 2002)
    • rn

    rn

    .rn1. My Big Fat Greek Wedding (2002)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 5.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 368.744.044 долари
    • rn

    rnЗабелешка: при креирање на редоследот на филмовите во листата, земени се предвид и промените во стапката на инфлација.rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn