Еден од најголемите уметници на сите времиња, Микеланџело Буонароти, уживал во вистински успех и додека бил жив, и по неговата смрт. Заедно со Леонардо да Винчи, Рафаело и Тицијан, тој се смета за пример за италијанската ренесанса.rnrnОд иконската скулптура Давид, па сè до извонредните фрески во Систинската капела, Микеланџело со векови ја создавал историјата. Неговиот прекар Il Divino (Божествениот), покажува колку всушност бил сакан и ценет, а неговиот успех бил значаен во период кога уметниците не уживале во славата и богатството додека биле живи. Всушност, Микеланџело е првиот западен уметник чија биографија е објавена додека тој е жив.rnrnВо поголемиот дел од 16-тиот век, Микеланџело ја дефинирал италијанската култура и уметност и фрлил сенка која ќе влијае врз уметниците со генерации. Во продолжение погледнете неколку факти за Микеланџело кои веројатно не сте ги знаеле.rn
1. Прв пат привлекол внимание со уметнички фалсификат
rn
rnrnКако млад вајар, Микеланџело им го привлекол вниманието на неколку важни патрони така што го претставил негово дело како антиквитет од древна Грција. Кога имал само 19 години, тој ја направил сега изгубената скулптура „Заспаниот Купидон“, а потоа работел со член од моќното семејство Медичи за да ја направи скулптурата како антиквитет. Младиот уметник дури и ја закопал мермерната скулптура за да изгледа старо и истрошено.rnrnИако ова му помогнало да ја продаде скулптурата поскапо, истовремено му го привлекло вниманието на важен колекционер. За време на италијанската ренесанса, копирањето класични уметнички дела не било нешто лошо, туку покажување талент. Па кога кардинал Рафаело Риарио ја купил скулптурата и ја открил измамата, не бил разочаран. Наместо тоа, тој го поканил Микеланџело во Рим да работи за него. Токму оваа покана ја лансирала кариерата на уметникот.rn
2. Микеланџело бил и поет
rn
rnrnМикеланџело не бил само вајар, сликар и архитект, тој бил и признат поет кој напишал стотици сонети и мадригали. Напишани во форма на писмо, неговите поеми често биле адресирани до пријатели и содржеле теми за љубовта, и кон мажите и кон жените. Всушност, поради хомоеротската природа на дел од поезијата, половите биле заменети кога во 17-тиот век неговите дела биле постхумно објавени. Подоцнежните преводи на англиски ги имале оригиналните заменки, а поемите биле навистина популарни во Викторијанската ера.rn
3. Неговата најпозната скулптура е направена со парче отфрлен мермер
rn
rnrnСкулптурата „Давид“, ремек-дело со висина од 5 метри, стана симбол на италијанската ренесанса. Направен за да го краси врвот на главната црква во Фиренца, огромните пропорции на фигурата го привлекуваат сечие внимание од далечина. Но работењето со мермер не била лесна работа бидејќи материјалот бил скап, а истовремено се кршел лесно доколку уметникот не бил искусен. Мермерот искористен за „Давид“ си има своја интересна приказна.rnrnПарчето било крстено „Џинот“ поради неговата големина и оригинално го купил друг уметник кој требало да направи скулптура за црквата. Поради непознати причини, уметникот едвај почнал и никогаш не ја завршил скулптурата, па мермерот останал во дворот на црквата. Цели 40 години, парчето мермер стоело во дворот, кога од црквата одлучиле дека било штета да стои така. Иако многу уметници, вклучувајќи го и да Винчи, го разгледувале мермерот, токму Микеланџело ја имал честа да го добие. Тогаш имал 26 години.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn


rnrnОваа скулптура е направена околу 40-тите години од 15 век од страна на Донатело (1386-1466) и е една од најпознатите скулптури денес. Таа е позната по тоа што е првиот проект во бронзена форма за време на ренесансата. Исто така, претставува првата гола машка скулптура направена после античкиот период. На неа е отсликан младиот Давид со енигматска насмевка, кој ја гази отсечената глава на големиот џин Голијат. Тој е целосно гол, освен капата и чизмите кои се направени од ловоров лист и во својата рака го држи мечот на Голијат.rn
rnrnОва е дело создадено во 1936 година од скулпторката Силвија Шо Џудсон. Оваа скулптура се наоѓа во Лејк Форест, Илиноис и ја достигнала својата популарност кога била објавена на насловната страница на новелата „Ноќ во градината на доброто и злото“. Направена е во местото Радагл, каде што се наоѓа куќата на нејзиното семејство. Девојката со птиците е изработена во бронза и ја отсликува младата девојка која е облечена во едноставно фустанче, со тажен израз на лицето и главата навалена во лево. Таа стои исправено и во своите раце држи два сада кои се сметаат дека се наменети за хранење птици.rn
rnrnЗа жал, ова е изгубена грчка бронзена скулптура направена во периодот 450-460 п.н.е. Познати се голем број римски копии кои првично биле најдени како изработки од мермер. Пример за таква скулптура е
rnrnБакнежот е мермерна структура направена во 1889 година од францускиот скулптор Огист Роден. Оваа скулптура има доста интересна приказна. Се работи за италијанската аристократка од 13-от век, Франческа, опеана во „Пеколот“ на Данте. Таа се заљубува во Паоло, помладиот брат на нејзиниот маж Џовани Маластета. Но, како што се вели: секоја голема љубов е трагична, па и нивната приказна не е исклучок. Така заљубени и читајќи ја легендата за Ланцелот, биле пронајдени од мажот на Франческа и убиени. Во скулптурата, дури може да се види книгата во раката на Паоло. Впрочем, на самата скулптура се гледа дека при бакнежот нивните усни не се допираат што иницира на тоа дека биле прекинати.rn
rnrnОваа скулптура е позната уште како Хермес од Праксителес или Хермес од Олимпија, а била откриена во рушевините на храмот на Хера. Денес се наоѓа во олимпискиот археолошки музеј. Скулптурата традиционално му се припишува на Праксителес и датира од 4 век п.н.е, врз основа на забелешките на грчкиот патник Павзаниј, кој направил голем придонес за дефинирање на праксителеанскиот стил. Сепак, неговите прибелешки се тема на жестоки контроверзии меѓу историчарите на уметноста.rn
rnrnДамата-правда е една од најпознатите светски скулптури. Кој е причинител за нејзиното настанување, сè уште не се знае, меѓутоа се претпоставува дека таа потекнува од времето на Грците и римјаните кои ја сметале за божица на правдата и законот. Факт е дека оваа скулптура ги краси сите судници во светот и затоа е толку популарна. За неа се познати и други имиња како Скала на правда и Слепа правда.rn
rnrnКреирана од Микеланџело, оплакувањето ја отсликува Богородица како го држи својот син Исус во прегратка. Пред оваа скулптура, Микеланџело не бил многу познат скулптор. Тој имал само околу 20 години кога во 1498 година му било кажано да направи скулптура на Богородица како го оплакува својот син, во вистинска големина. За две години и тоа од само една плоча мермер, тој ја создаде оваа скулптура која кога ја гледате ви навираат солзи во очите.rn
rnrnМислителот е исто така дело на Огист Роден. Првичното име на оваа скулптура била „Поетот“ и била наменета да стои пред влезот на музејот на уметности во Париз. Роден го засновал своето дело врз Божествената комедија на Данте и сите статуи претставуваат лик од оваа епска поема. Мислителот, бил првично наменет, да го отслика Данте пред портите на пеколот како размислува за својата поема (финалната скулптура е всушност минијатурна статуа која седи на врвот од портите и размислува за оние кои се под него). Скулптурата е гола, како би се продолжила традицијата на Микеланџело каде што Роден преку неговото херојско дело сакал да отслика и поезија и интелект.rn
rnrnОваа скулптура е создадена некаде меѓу 100-130 година п.н.е. и се верува дека е направена да се отслика убавината на Афродита, грчката божица на љубовта и убавината. Таа е мермерна структура, голема 203 см. Нејзините раце и оригиналното цокле се изгубени, меѓутоа на натписот од остатоците од цоклето се смета дека е дело на Александрос од Антиохија, кое претходно погрешно се мислеше дека е дело на Праксителес. Денес Венера де Мило се наоѓа во музејот во Лувр, Париз и интересно за неа е што била случајно пронајдена на полето на еден фармер.rn
rnrnДавид е ремек-дело на ренесансната скулптура, креирано меѓу 1501-1504 година од италијанскиот уметник Микеланџело. Таа е 5,17 метри висока мермерна структура од гол маж. Статуата го претставува библискиот херој Давид, кој е омилена тема во уметноста на Фиренца. Првично била наменета да ја краси катедралата на Фиренца, но потоа била преместена на јавниот плоштад надвор од Palazzo Della Signoria (средиштето на граѓанската влада во Фиренца), каде била пронајдена на 8 септември 1504 година. Поради природата на овој херој, наскоро скулптурата станала симбол за одбрана на граѓанските слободи во Фиренца, која тоа време била град-држава. Во 1873 година, статуата била преместена во академската галерија во Фиренца, а на местото на нејзиното пронаоѓање изработиле иста скулптура на Давид (реплика). Предупредувачиот отсјај во неговиот поглед е свртен накај Рим.rnrn rnrn