КАФЕ ПАУЗА

Tag: метеорски дождови

  • Водич за набљудување на ноќното небо во 2015 година

    Водич за набљудување на ноќното небо во 2015 година

    Оваа година ветете си дека повеќе време ќе излегувате надвор и ќе погледнувате кон ноќното небо. Без разлика дали сте астроном или пак, само љубител на небесните настани, оваа година навистина ќе има што да се види. Сите овие настани можат да се гледаат со голо око, но секако подобро би можеле да ги доживеете со телескоп или добар двоглед. Погледнете што нè очекува оваа година на ноќното небо на Северната хемисфера…rnrnВодич за набљудување на ноќното небо во 2015 годинаrn

    Јануари

    rnДожд од метеори „Quadrantids“ – Овој настан трае од 1-ви до 5-ти (со најголем интензитет од 3-ти до 4-ти) и е првиот видлив метеорски дожд за годината. Тој ќе биде видлив ширум целото небо, со по околу 40 метеори во еден час, но поради полната Месечина ќе можете да ги видите само оние кои се најсјајни.rn

    Февруари

    rnЈупитер во опозиција – 6-ти февруари е најдобриот ден за набљудување на Јупитер, бидејќи тогаш тој е најблиску до Земјата и целосно ќе ја одбива светлината од Сонцето. Со помош на двоглед или телескоп, лесно ќе можете да ги видите неговите најголеми месечини: Ио, Европа, Ганимед и Калисто.rnrnСпојување на Венера и Марс – Веднаш по зајдисонцето, на 22-ри февруари, Венера и Марс ќе изгледаат многу блиску еден до друг на западното небо.rn

    Март

    rnЗатемнување на Сонцето – На 20-ти март ќе има тотална соларна еклипса каде што короната на Сонцето ќе биде видлива околу Месечината. Најдобриот начин да се следи овој настан е од Атлантскиот океан во близина на Гренланд, како и од северните делови на Сибир, но и оние кои живеат во Европа, Северна Африка и Западна Азија ќе можат да проследат делумна еклипса.rn

    Април

    rnДожд од метеори „Lyrids“ – Овој метеорски дожд ќе биде видлив помеѓу 16-ти и 25-ти (во најголем интензитет помеѓу 22-ри и 23-ти), со по 20-тина метеори на час. Најдоброто време за набљудување е веднаш по полноќ, откако ќе зајде Месечината.rn

    Мај

    rnДожд од метеори „Eta Aquarids“ – Овој дожд е составен од остатоците од познатата Халеева комета. Долготрајниот дожд ќе биде видлив од 19-ти април до 28-ми мај, но најмногу ќе се забележува на 5-ти мај, со по 30-тина метеори на час. За жал, полната Месечина ќе ги прикрие сите оние метеори кои не се доволно сјајни.rnrnСатурн во опозиција – 23-ти мај е најдобрата ноќ за набљудување на Сатурн кој ќе биде во својата најблиска точка до Земјата. Со среден телескоп (13-20 сантиметри) ќе можете да уживате во Сатурновите прстени како и во дел од неговите најсветли месечини.rn

    Јули

    rnДожд од метеори „Delta Aquarids“ – И покрај тоа што овој настан трае од 12-ти јули до 23-ти август, сепак најдобро време за набљудување е од 28-ми до 29-ти јули. Обично се забележуваат околу 20-тина метеори на час, но повторно ќе се вмеша полната Месечина која ќе ги „избрише“ сите метеори кои не се доволно сјајни.rn

    Август

    rnДожд од метеори „Perseids“ – Персеидите се едни од најомилените настани за љубителите на ноќното небо. Тие се видливи од 17-ти јули до 24-ти август, но во својот врв, на 12-ти август се забележуваат и до 60 метеори на час. Оваа година се очекува да ни приредат прекрасно шоу бидејќи Месечината нема да го осветлува небото.rn

    Септември

    rnНептун во опозиција – 1-ви септември е најдобриот ден за набљудување на Нептун бидејќи тогаш тој ќе се наоѓа најблизу до Земјата. Искусните астрономи со моќни телескопи ќе имаат можност детално да ја набљудуваат 8-тата планета, додека пак аматерите ќе можат да ја забележат само како сина точка на ноќното небото.rnrnЗатемнување на Сонцето – На 28-ми септември ќе заврши тетрадата од тотални лунарни еклипси во 2014/2015 година. Ова затемнување на Сонцето ќе трае повеќе од половина час и ќе биде видливо за оние кои живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Африка и дел од Азија. Еклипсата нема да биде видлива од Австралија.rn

    Октомври

    rnДожд од метеори „Draconids“ – Со траење од 6-ти до 10-ти октомври, со најголем интензитет на 8-ми, Драконидите ни нудат само 10-тина метеори во текот на еден час. Нивната видливост дополнително се намалува и со влијанието на Месечината, па оваа година нема да бидат многу забележливи.rnrnУран во опозиција – 11-ти октомври е најдобрата ноќ за набљудување на Уран бидејќи тој ќе биде во својата најблиска точка до Земјата. Само оние со моќна опрема ќе можат да ги набљудуваат неговите детали, додека пак останатите ќе го гледаат само како мала тиркизна точка.rnrnДожд од метеори „Orionids“ – И овој дожд е составен од остатоците на Халеевата комета. Тој на ноќното небо ќе се протега од 2-ри октомври до 7-ти ноември, но најмногу ќе се забележува на 22-ри со по 20 метеори на час. Месечината ќе зајде пред полноќ, па небото ќе биде одлично за набљудување дури и на најситните метеори.rnrnСпојување на Венера и Јуптер – Овие две планети се најсјајните планети на нашето небо. Тие на 26-ти октомври ќе се најдат многу блиску еднА до друга, а тоа најдобро можете да го проследите пред изгрејсонцето, гледајќи го источното небо.rnrnСпојување на Венера, Марс и Јупитер – Како дополнување на претходниот настан, на 28-ми на овие две планети ќе им се придружи и Марс, притоа создавајќи планетарен триаголник. Најдоброто време за набљудување е исто така пред изгрејсонцето, гледајќи во источното небо.rn

    Ноември

    rnДожд од метеори „Taurids“ – Овој настан трае екстремно долго, започнувајќи од 7-ми септември, па сè до 10-ти декември. Тој не е многу забележлив, па токму затоа за време на својот најголем интензитет на 5-ти ноември, ќе се одликува со само 5-10 метеори на час. Неговата сјајност дополнително ќе биде отежната од Месечината.rnrnДожд од метеори „Leonids“– Леонидите траат од 6-ти до 30-ти ноември, со најголем интензитет на 17-ти кога во утринските часови ќе бидат видливи околу 15-тина метеори во текот на еден час. Најдоброто време за набљудување е веднаш по полноќ, по заоѓањето на Месечината. Во 2001 година Леонидите направија спектакуларно шоу на небото, со илјадници метеори на час, но следниот ваков интензивен настан би требало да се случи повторно во 2034 година.rn

    Декември

    rnСпојување на Месечината и Венера – Нашата Месечина и Венера ќе изгледаат скоро како да се допрени вечерта на 7-ми декември. Набљудувајте го источното небо, пред изгрејсонце…rnrnДожд од метеори „Geminids“ – Геминидите се едни од најомилените дождови од метеори на љубителите на ноќното небо. Тие се видливи од 7-ми до 17-ти декември, но нивниот највисок интензитет ќе биде вечерта на 13-ти и раните утрински часови на 14-ти со околу 120 метеори на час. Метеорите ќе изгледаат во различни бои, па токму тоа ќе биде дополнителен бонус за овој прекрасен небесен спектакл. Најдоброто време за набљудување е по полноќ, веднаш по заоѓањето на Месечината.rnrnДожд од метеори „Ursids“ – Последниот дожд од метеори за оваа година трае од 17-ти до 25-ти декември, со најголем интензитет на 22-ри (10-тина метеори на час). За жал, Месечината ќе ги скрие сите оние метеори кои не се доволно сјајни…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зоната на тишината – мексиканскиот Бермудски триаголник

    Зоната на тишината – мексиканскиот Бермудски триаголник

    Кога часовникот ќе запре, моторот од вашиот автомобил ќе стане безвучен и радиото ќе се изгаси или ќе почне да емитува чудна фреквенција, тогаш мора да сте во „Зоната на тишината“, во Северно Мексико. Таму, небото е светло сино и секогаш ведро, а почвата, на која дури и кактусите едвај виреат, е црвено-жолтеникава. Сончевата светлина е за 30% посилна отколку во останатите делови на земјата, феномен кој досега никој не може да го објасни. Целата оваа егзотична слика е опкружена со ниски виолетови и портокалови планини. Во текот на ноќта пак, на небото треперат разнобојни кругови, кои потоа се спојуваат во огнени топки и исчезнуваат. Зоната на тишината - мексиканскиот Бермудски триаголникОва чудно место со неверојатно широко и силно магнетно поле, се наоѓа на границата на три мексикански држави: Дуранго, Чивава и Коауила. Најблиску до пустината е градот Себалос, односно на растојание од околу 50 километри. Меѓу другото, на иста географска широчина се наоѓаат Бермудскиот триаголник, египетските пирамиди, будистичките храмови во Тибет, а според некои научници, длабоко под водата спие и таинствената Атлантида.rnrnМетеорските дождови се секојдневие, а поради ултравиолетовото зрачење може да наидете на двоглави гуштери, малформирани пустински желки и отровни змии, кои ги има во изобилие. Можат да се видат дури и пурпурни кактуси. Очевидци тврдат дека во зоната на тишината од небото паѓаат метеорити, кои содржат древни кристали, постари и од самиот сончев систем. Пронајден е метеорит со кристална структура, кој е седум милијарди години постар од сончевиот систем.Зоната на тишината - мексиканскиот Бермудски триаголник Изненадувачки е тоа што луѓето ја населувале долината уште од праисторијата, градејќи мали населени места околу малкуте оази. Уште во древните текстови се опишани бројни случаи на паѓање жешки камења и ѕвезди од небото, но внимание на сето тоа се обрнува дури во 30-тите години на 20-от век, кога пилотот Франциско Сарабиjа прелетувал над областа. Во тој момент, радиото престанало да свири, а инструментите во авионот почнале неконтролирано да работат… Областа станува извор и на други проблеми, кога во 70-тите години Американците ги истрелуваат првите ракети „Атина“, кои драстично го менуваат курсот, се упатуваат кон мексиканската пустина и се забиваат во песокот.rnrnЖителите тврдат и дека чести посетители на ова место се НЛО. Д-р Сантјаго Гарсија кој го посветил својот живот на проучувањето на „Зоната на тишината“, претпоставува дека светлечките чинии се всушност роботи-разузнавачи кои тука ги тестира американската војска. Постои мислење дека во оваа област има огромни резерви на железна руда и дека таа е причина за потиснување на електромагнетните бранови. Докажано е и дека планинските карпи околу пустината, содржат значително количество ураниум. За да го проучуваат мистериозното место, неговите необични форми на живот и паранормални феномени, Мексиканците изградиле цело научно гратче со лабораторија…rnrnПогледнете го и овој кус документарец за мистериозната област и за чудните случки во неа.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.