КАФЕ ПАУЗА

Tag: Меркур

  • Ретроградниот Меркур носи големи предизвици: Откријте со што ќе се соочи вашиот хороскопски знак

    Ретроградниот Меркур носи големи предизвици: Откријте со што ќе се соочи вашиот хороскопски знак

    Ретроградниот Меркур во Близнаци нè очекува на 30 мај, а влегува во својата предретроградна зона на 14 мај и ќе остане во таа фаза до 23 јуни. Ни носи многу пречки во комуникацијата и предизвици на повеќе полиња. Еве што го очекува секој хороскопски знак:rnrnРетроградниот Меркур носи големи предизвици: Откријте со што ќе се соочи вашиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnСо текот на времето, ретроградниот Меркур ќе ја открие вашата мудра страна. Ги гледате работите околу вас такви какви што се.rnrnПочнувате да се занимавате со нешто големо и важно, но ќе имате проблеми во комуникацијата. Размислете добро пред да кажете нешто.rn

    Бик

    rnЗа време на ретроградниот Меркур, вашиот непоколеблив став може да ве одведе во заблуди и предизвикувачки ситуации.rnrnЌе бидете склони на донесување импулсивни одлуки што не се согласуваат со вашиот рационален начин на размислување.rn

    Близнаци

    rnВраќањето во минатото и отворањето на старите емоционални рани ви носат тешкотии во љубовните врски. Ќе бидете склони кон емоционална нестабилност и вашето срце ќе го надвладее вашиот ум. Ќе живеете повеќе во минатото, соочувајќи се со носталгија.rnrnНо, важно е да запомните дека не е сè толку лошо! Конечно ќе ги прифатите вашите мисли и чувства и откако ќе станете свесни за нив, полесно ќе се ослободите од нив.rn

    Рак

    rnКако што се развива оваа ретроградна фаза, така ќе се чувствувате сè повеќе и повеќе емотивно. Ќе се соочите со раскрсница и патот што ќе го изберете може драстично да ги промени работите.rnrnЗбунети сте, но имајте ја предвид сопствената благосостојба и бидете благодарни за работите што ви помагаат да одите напред.rn

    Лав

    rnРетроградниот Меркур ќе направи да чувствувате потреба да бидете сами и да размислувате за својата иднина. Одморете се и дозволете си да се опуштите.rnrnСекому му треба малку време за себе, а сега е вистинскиот момент да се посветите на своето битие.rn

    Девица

    rnМеркур ќе влијае интензивно на вашиот хороскопски знак. Ве чека неповолна ситуација, а грешките и неволјите ќе бидат маскирани на почетокот, но подоцна ќе излезат на површина.rnrnСпособни сте за многу повеќе отколку што мислите. Бидете внимателни со одлуките.rn

    Вага

    rnРетроградната фаза може да ви донесе храброст да прекинете некои врски што веќе не ви одговараат. Начините на коишто вообичаено комуницирате може да станат несоодветни сега.rnrnПронајдете алтернативни начини за одржување контакт. Внимавајте на договорите.rn

    Скорпија

    rnВие всушност не уживате во подемите и падовите што ви ги носи животот. Ретроградниот Меркур ќе има негативно влијание врз вас, но немате друг избор.rnrnСепак, вие сте доволно снаодливи за лесно да ги прифатите промените што доаѓаат. Доволно сте мудри за да сфатите дека неповолните околности се минливи.rn

    Стрелец

    rnВо моментов сте заглавени во проблеми од кои не гледате излез, но не брзајте со заклучоци. Дури и кога се чувствувате најмногу заглавени, секогаш постои излез.rnrnЌе бидете малку збунети и под стрес, но верувајте во себе.rn

    Јарец

    rnОваа ретроградна фаза нема да биде позитивна за вас. Иако ќе имате корист од тоа, ќе се чувствувате малку скршени однатре поради некои работи.rnrnНешто се крие од вас, но ќе излезе на виделина. Само запомнете дека треба правилно да реагирате и да не се вознемирувате пред да ги утврдите фактите.rn

    Водолија

    rnРетроградниот Меркур ви носи големи предизвици. Наскоро ќе сфатите каде треба да одите и ќе се помирите со работите што се обидувавте да ги игнорирате.rnrnОдвојте време, справувајте се со предизвиците еден по еден.rn

    Риби

    rnОвој ретрограден Меркур носи падови и разочарувања. Многу работи на кои сте работеле ќе бидат поништени пред вашите очи.rnrnИако имате за што да бидете благодарни, можеби нема да можете да го видите тоа додека трае оваа ретроградна фаза. Обидете се да имате пооптимистички став.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци ги очекува турбулентен период.

  • Ретроградниот Меркур ќе има најголемо влијание врз овие 4 хороскопски знаци на Денот на вљубените

    Ретроградниот Меркур ќе има најголемо влијание врз овие 4 хороскопски знаци на Денот на вљубените

    Ретроградниот Меркур може да ви направи проблеми на Денот на вљубените, но тоа не значи дека не можете да имате незаборавни моменти со вашиот партнер. Меѓутоа, ако сте еден од хороскопските знаци што ќе бидат најмногу погодени од ретроградниот Меркур, ќе треба да бидете дополнително претпазливи.rnrnРетроградниот Меркур ќе има најголемо влијание врз овие 4 хороскопски знаци на Денот на вљубенитеrn

    Рак

    rnЌе се соочите лице в лице со вашите граници во љубовта и веројатно ќе откриете некои проблеми со довербата што сте се обиделе да ги потиснете. Отворањето кон вашиот партнер може да ви помогне да ја зајакнете врската. Дајте им приоритет на длабоките и чувствителни разговори каде што ќе можете да се претставите во вистинското светло. Ова е идеално време за зајакнување на вашата сексуална врска со поголема комуникација и отвореност. Планирајте секси ноќ на Денот на вљубените каде што ќе можете да разговарате, да се поврзете и да ги истражувате вашите тела.rn

    Лав

    rnВие најмногу ќе го почувствувате влијанието на ретроградниот Меркур во вашиот љубовен живот на Денот на вљубените. Ако сте слободни, можеби ќе се соочите со некоја драма од минатите врски. Ако сте во посветена врска, можни се некои несогласувања, но можете да ги решите со посветеност и фокус. Исчистете го распоредот за Денот на вљубените за да ослободите време за разговор со партнерот насамо. Слушнете го мислењето на партнерот ако сакате да ги решите сите конфликти со леснотија.rn

    Вага

    rnНа Денот на вљубените, на површина ќе исплива некоја љубовна драма. Ако сте слободни, очекувајте недоразбирања во комуникацијата, несогласувања и појава на некои поранешни партнери насекаде каде што ќе се свртите. Обидете се да останете смирени за Денот на вљубените и да прифатите дека нема сè да оди според предвидениот план. Ако сте во врска, можеби ќе чувствувате дека ви е тешко да се изразите јасно или дека емоциите згаснуваат. Спротивставете им се на тие чувства со славење на Денот на вљубените и правете нешто креативно заедно.rn

    Водолија

    rnОвој период, акцентот е ставен на вашите желби и потреби. Но, поради влијанието на ретроградниот Меркур, нема да знаете што точно сакате, особено во врската. Најдобар начин да се справите со можната конфузија на Денот на вљубените е да бидете отворени во врска со вашите чувства. Не кажувајте работи што не ги мислите. Слушајте го вашето срце и бидете автентични во однесувањето кон партнерот ако сакате да го поминете Денот на вљубените без проблеми.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе бидат исполнети со многу љубов на крајот на февруари.

  • Ретроградниот Меркур ќе влијае најмногу врз овие 4 хороскопски знаци

    Ретроградниот Меркур ќе влијае најмногу врз овие 4 хороскопски знаци

    Ретроградното движење на Меркур започнува на 30 јануари и сите ќе ги почувствуваат ефектите од овој вознемирувачки транзит, но овие 4 хороскопски знаци ќе бидат погодени најмногу.rnrnРетроградниот Меркур ќе влијае најмногу врз овие 4 хороскопски знациrn

    1. Бик

    rnОвој ретрограден Меркур ќе влијае на вашиот сектор за кариера, а тоа може да донесе недоразбирања на работното место. Ќе почувствувате тензија помеѓу желбата да ги туркате напред проектите и пречките што ве спречуваат да го направите тоа. Не избрзувајте и избегнувајте да започнувате нови активности на работа или да водите сериозни разговори за вашата професионална иднина. Наместо тоа, останете зафатени со прегледување на старите проекти и проверувајте ги документите уште еднаш пред да испратите.rn

    2. Лав

    rnОвој ретрограден Меркур ќе влијае на вашиот љубовен живот. Може да откриете дека старите рани помеѓу вас и вашиот (поранешен) партнер би можеле повторно да излезат на површина. Исто така, може да настанат недоразбирања, па затоа обидете се да не ги сфаќате зборовите премногу лично и бидете внимателни кога се изразувате преку пораки бидејќи може да бидете разбрани погрешно. Колку и да е стресен, овој пресврт е всушност добар бидејќи може да ви помогне да пронајдете рамнотежа и да ги решите проблемите што беа потиснати под површината.rn

    3. Скорпија

    rnОва ретроградно движење на Меркур веројатно ќе биде емотивно за вас бидејќи ќе влијае на вашиот дом и на вашето семејство и носи секакви спомени од минатото. Превирањата со членовите на семејството или несигурноста од вашето детство може да излезат на површина сега, па затоа бидете подготвени да се соочите со чувствата што можат да се појават заедно со тоа. Исто така, можеби ќе треба да се справите со некои несогласувања со вашите најблиски, па обидете се да останете смирени ако се појават расправии. Она што е најважно за време на овој ретрограден Меркур е да имате простор да се повлечете и да се справите со вашите емоции. Побарајте ги доверливите пријатели за морална поддршка.rn

    4. Водолија

    rnСтавате голем акцент и фокусирајте се на вашата слика за себе, така што ретроградниот Меркур нема да може да предизвика голема криза поврзана со вашиот идентитет. Ќе ви биде тешко да се искажете и да му покажете на светот кои сте додека се борите со внатрешните превирања и кризи. Најдоброто нешто што можете да го направите е да забавите. Користете ја својата моќ да излезете надвор од вашата лична бура и запомнете дека и сите други понекогаш се занимаваат со драма во својот живот. Искористете го овој период за да погледнете наназад на вашите неодамнешни избори за да бидете сигурни дека ги покажувате своите таленти на вистински начин додека се движите напред.rnrnПрочитајте кои хороскопски знаци најверојатно ќе ја прекинат врската на почетокот на 2021 година.

  • Бидете внимателни: Првото ретроградно движење на Меркур започнува на 30 јануари

    Бидете внимателни: Првото ретроградно движење на Меркур започнува на 30 јануари

    Ретроградното движење на планетите значи нивно движење наназад, а овој аспект најчесто носи проблеми, пречки, предизвици, враќање на сенките од минатото и несакани вибрации.rnrnБидете внимателни: Првото ретроградно движење на Меркур започнува на 30 јануариrnrnЗа време на ретроградниот период е важно да забавите и повторно да го процените патот по кој се движите.rnРетроградната фаза на планетите се одвива во циклуси – за секоја планета движењето е различно, а Меркур има најсилно влијание во ретроградна фаза.rnrnНемојте да се изненадите ако станете почувствителни, срамежливи и несигурни за време на ретроградниот период. Тоа е период во кој ќе бидете ставени на тест, но истовремено ќе научите важни животни лекции на потежок начин.rnrnПрвата ретроградна планета во 2021 година е ретроградниот Меркур во знакот на Водолија од 30 јануари до 21 февруари. На почетокот на своето владеење, овој ретрограден Меркур најпрво ќе ве инспирира, а потоа ќе ве однесе во поле на несигурност и неизвесност.rnrnВе очекуваат тешкотии во изразувањето чувства и може да се најдете во улога на жртва, а животните ситуации ќе стануваат сè потешки за контрола.rnrnМожеби сакате да бидете сами и да се повлечете во светот на вашите сопствени мисли. Ве очекуваат тешкотии и стравови кога станува збор за работата и парите, но не откажувајте се од своите цели.rnrnАстролозите препорачуваат да не купувате телефони, компјутери, телевизори или домашни апарати во овој период бидејќи се можни компликации и дефекти во областа на технологијата.rnrnИсто така, одложете ги важните одлуки до крајот на февруари кога Меркур ќе почне да се движи директно. Бидете внимателни – тајните можете да ги турнете под тепих, но тие наскоро ќе се појават на површината. Затоа, бидете искрени и отворени бидејќи колку и да е болна вистината, таа ќе ви донесе повеќе благодат отколку лагата.rnrnПрочитајте кои хороскопски знаци ќе се соочат со најмногу пречки во 2021 година.

  • Дали сте меѓу оние хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур нема да им донесе проблеми?

    Дали сте меѓу оние хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур нема да им донесе проблеми?

    Овие денови, често може да слушнете дека ретроградниот Меркур е причината за тоа што на повеќето луѓе ништо не им оди како што треба. Астролозите наведуваат дека за време на ретроградниот Меркур се појавуваат поранешните партнери, комуникацијата е отежната и сè оди надолу во овој период.rnrnДали сте меѓу оние хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур нема да им донесе проблеми?rnrnОваа година има три периоди на ретроградно движење на Меркур, а последниот завршува на 3 ноември, кога сè конечно треба да се подобри.rn

    Што е ретрограден Меркур?

    rnРетроградниот Меркур претставува привидно движење на Меркур во спротивна насока. Иако станува збор само за оптичка илузија, астрологијата вели дека таквото привидно движење на првата планета до Сонцето им го отежнува животот на сите.rnrnРечиси на сите.rnrnПостои група луѓе за кои овој период ќе биде најдобриот во годината. Тоа се луѓето кои се родени во ретрограден Меркур. Ако сте меѓу оние 25 проценти од среќниците, ретроградниот Меркур не може да ви направи ништо.rnrnПребарајте го на Интернет движењето на Меркур во годината на вашето раѓање и ако вашиот датум е обележан со „RX“, тоа значи дека сте родени во ретрограден Меркур и дека вие се чувствувате најдобро кога животот на сите други им е хаос.rnrnПрочитајте на кои хороскопски знаци ќе им донесе невидена среќа втората половина на октомври.

  • Ретроградниот Меркур носи нови проблеми: 3 хороскопски знаци што ќе имаат многу тешкотии до 3 ноември

    Ретроградниот Меркур носи нови проблеми: 3 хороскопски знаци што ќе имаат многу тешкотии до 3 ноември

    Ретроградното движење на Меркур започнува на 13 октомври, а неговата огнена енергија ќе биде уште посилна затоа што е во знакот на Скорпија. Меркур е планета што владее со комуникацијата, а кога е во ретроградно движење, најчесто доаѓа до конфузија и негативни емоции. Овие 3 хороскопски знаци најмногу ќе ја почувствуваат мрачната енергија на ретроградниот Меркур во Скорпија:rnrnРетроградниот Меркур носи нови проблеми: 3 хороскопски знаци ќе имаат многу тешкотии до 3 ноемвриrn

    Близнаци

    rnМеркур е вашата владејачка планета и ќе има најголемо влијание врз вашиот хороскопски знак. Вашите организациски вештини нема да дојдат до израз и ќе ви биде многу тешко да се фокусирате на што било. Не обидувајте се да ѝ се спротивставите на оваа енергија.rnrnБидете флексибилни и работете на протокот на енергија. Зошто да не одвоите малку време да се опуштите и да му се посветите на вашето здравје? Фокусирајте се на неколку важни проекти и оставете сè друго на чекање. Кога ќе им се посветите на вашите потреби, ќе се преродите и ќе ви биде полесно да ги завршите сите задачи.rn

    Девица

    rnРетроградниот Меркур секогаш го тестира вашиот организиран ум, па сигурно ќе пропуштите некои детали, а тоа ќе доведе до погрешнa комуникација, како што е вообичаено при секое ретроградно движење на Меркур.rnrnУште еднаш проверете ја целата пошта и бидете јасни кога сакате да пренесете нешто. Ако имате тајни што мора да ги чувате, потрудете се да остане сè во тајност. Познато е дека ретроградниот Меркур ги открива сите ваши тајни.rn

    Скорпија

    rnРетроградниот Меркур е во вашиот знак и затоа мора да се подготвите за неговото влијание. Средете ги вашите мисли и обидете се да останете приземни. Не продлабочувајте ги стресот и негативните емоции уште повеќе и имајте на ум дека оваа ретроградна енергија влијае на вашите мисли.rnrnАко сакате да излезете од оваа негативна енергија, мора да запомните дека сте многу повеќе од вашите маани. Вие сте комплексно човечко суштество и не дозволувајте да ве ограничуваат вашите недостатоци. Не сомневајте се во себе. Работите ќе се подобрат наскоро.rnrnПрочитајте што ќе ни донесе владеењето на Вагата до 23 октомври.

  • Ретроградниот Меркур и ретроградниот Марс истовремено: Што ги очекува хороскопските знаци до 22 октомври?

    Ретроградниот Меркур и ретроградниот Марс истовремено: Што ги очекува хороскопските знаци до 22 октомври?

    Ретроградниот Меркур не е секогаш ист, некогаш минува безболно, а некогош, како овој, ги уништува вашето трпение и вашиот распоред. Овој ретрограден Меркур со себе ќе донесе непредвидливи настани за кои не можете да бидете подготвени. Сезоната на Вагата ќе трае од 22 септември до 22 октомври, а оваа сезона има многу посериозен тон и неколку сурови реалности. Сето тоа е благодарение на моменталниот транзит на ретроградниот Марс и на претстојниот ретрограден Меркур. Во продолжение прочитајте како ќе влијае тоа на вашиот хороскопски знак.rnrnРетрограден Меркур и ретрограден Марс истовремено: Што ги очекува хороскопските знаци до 22 октомври?rn

    Овен

    rnГлавните моменти во вашата кариера ви помагаат да ги сфатите вашето влијание, вашата моќ и вашата цел. Крајот на септември јасно покажува дека вреди да вложите напори за искачување на секоја професионална планина. Ретроградниот Меркур ќе ве натера да ги преиспитате вашите заеднички договори, да ги подмирите сметките што можете и да оставите простор за некои неочекувани работи.rn

    Бик

    rnКрајот на септември ви помага да разјасните колку труд вложивте за да ги постигнете вашите долгорочни цели и со колку внатрешни критичари треба да се борите на тој пат. Работата што сте ја направиле на себе можеби не е толку видлива однадвор, но тоа е поентата. Во средината на октомври, обидете се да не ве занесува туѓ хаос, бидејќи нема да можете да им помогнете на другите. Ако вашите партнери имаат нешто важно да ви кажат, можеби ќе ви треба повеќе напор од вообичаеното за да ја разберете нивната порака.rn

    Близнаци

    rnКрајот на септември ќе ја тестира вашата креативност. Несогласувањата може да бидат почести, но нема да ви помогнат да ги завршите своите задачи. Со оглед на тоа што ве чека напорен распоред на работа до средината на октомври, мора да се потрудите да бидете флексибилни. Ретроградниот Меркур јасно покажува дека треба да се грижите помалку за тоа колку традиционално ги правите работите и да се фокусирате повеќе на тоа што можете да го направите со ресурсите што го имате.rn

    Рак

    rnПоследните денови од септември ќе ги поминете задоволувајќи ги вашите потреби. Вие не сте машина и ако се однесувате така кон вашето тело, тоа ќе се побуни. Ретроградниот Меркур сака да ви помогне да усовршите некои работи што ви носат неочекувани задоволства. Стресот секогаш можете да го прекинете со одмор. Колку повеќе вложувате во она што е лесно за уживање, толку повеќе се обновува вашата креативна енергија.rn

    Лав

    rnКрајот на септември ќе ви помогне да донесете важна одлука на долгорочен план. Сигурно малку ќе се загреете додека се обидувате да разјасните сè, затоа бидете повеќе фокусирани на почитување на вистината отколку на победа во битката. Во текот на октомври, може да почувствувате необјаснива желба да го редизајнирате вашиот животен простор или да преговарате за семејните одговорности. Сакате малку повеќе слобода од вообичаеното од улогите што традиционално ги исполнувате за другите. Запомнете дека секогаш можете да си дадете тајм-аут.rn

    Девица

    rnНа крајот на септември, проблемите ќе бараат да им посветите време и внимание. Ако финансиските проблеми ви претставуваат предизвик да бидете отворени, ова ќе биде вашата шанса да ги надминете тие стравови. Во текот на октомври, ретроградниот Меркур ќе се фокусира на промените што се случуваат во вашиот секојдневен живот.rn

    Вага

    rnКрајот на септември ви помага да разјасните некои граници со најблиските. Потребите на оние за кои се грижите не може да станат поважни од вашите. Во текот на октомври, ќе ги истражувате ситниците и ќе ја анализирате финансиската состојба. Ќе настанат некои неочекувани измени во буџетот, па внимавајте да не ја потрошите заштедата на нешто што не ви треба или не го сакате навистина.rn

    Скорпија

    rnАко сте биле зафатени со согледување на вашите деловни успеси и неуспеси, кон крајот на септември ќе успеете да разјасните многу работи. Во текот на октомври ќе оставате силно влијание што не може лесно да се заборави. Бидете трпеливи и искрени со себе за време на владеењето на ретроградниот Меркур.rn

    Стрелец

    rnОвој период треба да им бидете повеќе од посредник на оние на кои тоа им е потребно, да ја разберете иднината што се обидувате да ја изградите со другите и да откриете како треба да изгледаат личните интеракции за да се случи тоа. Во некои случаи, треба да го одложите искажувањето на своите ставови, но на крајот, ќе успеете да изградите доверба. Како што се приближува октомври, од вас се бара да имате отворен ум кога ќе се соочите со вашите внатрешни критичари. Време е за нови тактики и преиспитување на старите однесувања и навики.rn

    Јарец

    rnСуштината на проблемот е домот. Не земајте никакви информации здраво за готово, дури и ако се кажани со поинаков тон. Ретроградниот Меркур ќе ве натера да го прегледате социјалниот живот и ви носи неколку неочекувани собири.rn

    Водолија

    rnДо крајот на септември, пречките на вашиот пат стануваат јасни. Иако неколку разговори ја тестираат вашата способност да останете смирени, во оваа фаза е посоодветно да не се трошите премногу за нешто што е изгубено однапред. Како што се приближува ретроградниот Меркур во средината на октомври, вашите професионални улоги ќе претрпат неколку неочекувани промени. Малку дополнително трпение ќе ви помогне внимателно да го избегнете хаосот со кој инаку би се соочиле.rn

    Риби

    rnВо текот на октомври, фокусот ќе биде насочен кон вашите долгорочни планови и кон сите непредвидливи промени што ќе влијаат на нив. Во овој период од годината, најдобро е да не бидете премногу врзани за времето и да бидете повеќе фокусирани на квалитетот на она што го создавате.rnrnПрочитајте кои 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени од ретроградниот Марс.

  • 5 хороскопски знаци што треба да бидат особено внимателни за време на ретроградниот Меркур од 18 јуни

    5 хороскопски знаци што треба да бидат особено внимателни за време на ретроградниот Меркур од 18 јуни

    Јунскиот ретрограден Меркур нема многу да се разликува од претходните ретроградни фази. Можни се одложувања, погрешни информации, губење предмети, соочување со лаги и тешки вистини. Многу хороскопски знаци ќе се чувствуваат збунето и напнато, но ретроградниот Меркур ќе има најголемо влијание врз следните 5 хороскопски знаци.rnrn5 хороскопски знаци што треба да бидат особено внимателни за време на ретроградниот Меркур од 18 јуниrn

    1. Овен

    rnНаскоро ќе ги почувствувате необичните вибрации на ретроградниот Меркур врз вашата кожа. Минатите неколку месеци остварувавте сè што ќе посакате. Носевте брзи одлуки, но тие брзо ќе се покажат како погрешни. Сега е време да забавите. Ве очекува период на справување со последиците и наплата на старите долгови. Соочете се со промените, а потоа ќе најдете мир.rn

    2. Рак

    rnРетроградниот Меркур како едвај да чека да му пристапи на вашиот нежен хороскопски знак. Може да се чувствувате вознемирени и нервозни и ве очекува наплив на емоции што нема да биде лесно да ги искажете. Се соочувате со разни тајни и учите нови лекции. Наместо да ја насочите енергијата на негативното, фокусирајте се на оптимизмот и на духовниот раст.rn

    3. Девица

    rnРетроградниот Меркур ви носи голем товар и чувство како да ја губите контролата. Можно е личноста во која верувате да почне да го покажува своето вистинско лице. Не разочарувајте се ако некоја врска заврши засекогаш. Ретроградниот Меркур ве спасува од нова тага и од неволји.rn

    4. Скорпија

    rnИсполнети сте со негативни мисли и со бран на измешани емоции што не можете да ги скриете. Скорпиите се секогаш мистериозни, но сега нема да можат да ги сокријат своите чувства. Дозволете им да излезат на површина, не притискајте ги. Наскоро ќе се чувствувате ослободено.rn

    5. Јарец

    rnРеалноста не ги исполнува вашите очекувања и затоа не сакате да ги видите вашите проблеми, недоразбирања и грешки. Се наоѓате во заблуда и обвиткани сте со лаги. Ретроградниот Меркур ќе ве охрабри да ја видите вистината и да се соочите со сите непријатни искушенија што животот ги има за вас во овој момент. Не грижете се, ќе излезете како победници од оваа битка.rnrnПрочитајте кои 4 хороскопски знаци ќе бидат многу среќни ова лето.

  • 4 хороскопски знаци што ќе се вљубат за време на ретроградниот Меркур

    4 хороскопски знаци што ќе се вљубат за време на ретроградниот Меркур

    Ретроградниот Меркур речиси секогаш влијае на љубовните состаноци поради отежнатата комуникација и промените во распоредот. Но, иако овој транзит може да биде многу вознемирувачки, тоа не мора да значи катастрофа за вашиот љубовен живот. Всушност, неколку хороскопски знаци веројатно ќе запознаат некого за време на ретроградниот Меркур, така што ако сте сингл, не откажувајте ги состаноците затоа што можеби ќе се запознаете со некоја посебна личност.rnrn4 хороскопски знаци што ќе се вљубат за време на ретроградниот Меркур rn

    1. Лав

    rnВие ќе се занимавате со многу длабоки и интимни лични трансформации за време на ретроградното движење на Меркур, а тоа може да ве доведе до нешто сосема неочекувано ако сте подготвени да се отворите. Вашиот практичен пристап кон љубовта може да ве доведе лице в лице со некој потенцијален романтичен партнер. Не бегајте, туку искористете ја вашата можност. Вашата мисија е да го трансформирате начинот на кој размислувате и никогаш не знаете какви лекции и искуства можеби ќе ви понуди новата личност што ќе ја запознаете.rn

    2. Девица

    rnРомантичните партнерства ви се постојано на ум бидејќи ретроградниот Меркур го погодува центарот за љубов и посветеност на вашиот хороскопски знак. Ако сте сингл, вашите романтични инстинкти ќе бидат многу силни и веројатно ќе бидете дополнително свесни за можностите за среќни средби. Вие сте расположени за љубов и затоа имате можност да ѝ го отворите срцето на личност во којашто ќе се вљубите на чуден и романтичен начин. Искористете го моментот!rn

    3. Скорпија

    rnВо последно време, нештата се одвиваа на пријатен, сладок и креативен начин во вашиот љубовен живот и можеби сте забележале дека се раѓа некое ново чувство помеѓу вас и некоја личност што сте ја запознале во скоро време. Но, не избрзувајте во врската и дозволете да се развива полека. Запомнете, ретроградите бараат работите да се одвиваат побавно од вообичаеното, па затоа продолжете да бидете претпазливи додека сè уште уживате во потенцијалот што може да ви го понуди оваа врска.rn

    4. Риби

    rnАко сакате да се запознаете со некоја посебна личност, оставете ги настрана триковите и советите од пријателите и направете го она што чувствувате дека треба да го направите. Ќе најдете нов партнер на многу интересен начин, што можеби дури и ќе ве изненади. Бидете подготвени да ја прифатите можноста за волшебна средба. Секоја личност, барем еднаш во животот, заслужува да се чувствува како да е во филм, па затоа не затворајте ја книгата на љубовта за време на ретроградниот Меркур.rnrnПрочитајте кои хороскопски знаци се заинтересирани само за сериозна врска.

  • 4 хороскопски знаци што ќе бидат поштедени од ретроградниот Меркур на Денот на вљубените

    4 хороскопски знаци што ќе бидат поштедени од ретроградниот Меркур на Денот на вљубените

    Ретроградното движење на Меркур започнува на 17 февруари, а ретроградниот Меркур е познат по предизвикувањето неред и незгоди кога станува збор за распоредот, за размислувањето и за јасната комуникација, па затоа дефинитивно треба да преземете некои мерки на претпазливост доколку сакате да ги реализирате вашите планови.rnrn4 хороскопски знаци што ќе бидат поштедени од ретроградниот Меркур на Денот на вљубенитеrnrnОвој транзит ќе биде најинтензивен и најкорисен за водените знаци, а најпредизвикувачки за огнените знаци. Припадниците на хороскопските знаци Рак, Скорпија и Риби треба да се подготват за некои тешки трансформации што ќе започнат токму на Денот на вљубените. Од друга страна, пак, личностите родени во хороскопските знаци Овен, Лав и Стрелец треба да бидат сигурни дека сè е испланирано како што треба за Денот на вљубените и да внимаваат на начинот на којшто комуницираат со своите партнери. Но, некои хороскопски знаци ќе бидат најмалку погодени од ретроградниот Меркур, па во продолжение прочитајте за кои знаци станува збор.rn

    1. Бик

    rnЌе чувствувате дека срцето ви чука забрзано на овој Ден на вљубените, па не дозволувајте стравот од ретроградниот Меркур да ве спречи да имате забавна вечер. Барате личност со која ќе се поврзете длабоко, а денес е одличен ден за таков почеток. Ако сте во врска, можеби ве очекуваат некои мали тензии, но ќе ги надминете многу лесно ако го сослушате вашиот партнер пред да донесете заклучок.rn

    2. Вага

    rnРомантиката скриена во вас излегува на виделина и ќе сакате да го затрупате вашиот партнер со подароци и со нежности. Но, имајте на ум дека вашите планови може неочекувано да се променат во последната минута. Најдобро е да останете смирени и да ја прифатите ситуацијата.rn

    3. Јарец

    rnДодека некои хороскопски знаци ќе се дават во драма, вие ќе бидете поштедени од негативните ефекти на ретроградниот Меркур. Додека луѓето околу вас ќе бидат загрижени и вознемирени, вие ќе бидете премногу рамнодушни за да бидете погодени од каква било драма. Правењето големи планови е многу храбар потег, а денес е совршен ден да ризикувате и да го следите вашето срце.rn

    4. Водолија

    rnРетроградното движење на Меркур може да предизвика некои емотивни проблеми да испливаат на површина токму на Денот на вљубените, но тоа не е нешто со коешто не можете лесно да се справите само со помош на малку повеќе трпеливост. Можно е да се појават некои тензии во врската и можеби ќе треба да вложите малку повеќе напор за да се справите со тоа. Ако ситуацијата почне да ескалира, подобро е да го оставите решавањето на проблемот за подоцна кога ќе бидете одморени, а денес фокусирајте се на прославувањето на празникот.rnrnПрочитајте што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак.