КАФЕ ПАУЗА

Tag: ментол

  • Зимско кафе со вкус на ментол кое ќе ви ја стопли душата

    Зимско кафе со вкус на ментол кое ќе ви ја стопли душата

    Празнично кафе кое ќе ви го освои срцето

    rnЗимско кафе со вкус на ментол кое ќе ви ја стопли душатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 шолји еспресо или друг вид силно кафе
    • rn011

    • 230 милилитри млеко
    • rn011

    • Неколку капки екстракт од нане (или 1 лажица ликер со вкус на ментол)
    • rn011

    • Шлаг пена
    • rn011

    • Бастунче од пеперминт
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПодгответе го кафето. Ставете го млекото во мал сад и стоплете го на пареа доколку имате еспресо машина. Ако немате, тогаш загрејте го на шпорет или во микробранова. Сипете го еспресото во шолја за кафе, потоа додадете го млекото врз него, па екстрактот од нане. Завршете со шлаг пена и поставете едно бастунче од пеперминт за декорација.

  • Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе

    Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе

    Совршен новогодишен десерт

    rnНовогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафеrnrn

    Потребно време за подготовка:

    rnrn30 минути за подготовка на тортичките, а вкупно 50 минути за целосно да ги завршите и декорирате.rnrn

    Потребни состојки:

    rn

    За тортичките:

    rn

      rn011

    • 115 грама несолен путер
    • rn011

    • 55 грама полублаго чоколадо за готвење
    • rn011

    • 1 супена лажица инстант кафе (свежо подготвено)
    • rn011

    • 65 грама незасладено какао
    • rn011

    • 95 грама сенаменско брашно (доколку сакате тортичките да бидат помеки, можете да употребите и брашно за торти)
    • rn011

    • 1/2 лажичка сода бикарбона
    • rn011

    • 3/4 лажичка прашок за печиво
    • rn011

    • 1/4 лажичка сол
    • rn011

    • 2 големи јајца, на собна температура
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 50 грама лесен кафен шеќер
    • rn

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 1/2 лажичка екстракт од ментол
    • rn011

    • 120 милилитри матеница (матеницата игра голема улога во овој рецепт, не прескокнувајте ја)
    • rn

    rn

    За шеќерната глазура:

    rn

      rn011

    • 230 грама несолен путер, омекнат на собна температура
    • rn011

    • 360-480 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 60 милилитри густа шлаг пена
    • rn011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 1/4 лажичка екстракт од ментол
    • rn011

    • Сол, по вкус
    • rn

    rn

    За декорација:

    rn

      rn011

    • 110 грама полублаго чоколадо за готвење, стопено
    • rn011

    • Искршени бомбони во форма на бастунчиња
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

    Тортички

    rnrnЗагрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и подгответе 12 калапи за тортички. Стопете ги заедно путерот и чоколадото на тивко на шпорет. Мешајте сè додека не се спојат, а потоа додадете го и инстант кафето. Тргнете ја мешавината настрана за малку да се олади.rnrnВо среден сад сипете го какаото, брашното, сода бикарбоната, прашокот за печиво и солта. Мешајте сè додека темелно не се спојат. Тргнете ги настрана. Во голем сад, ставете ги јајцата, шеќерот, кафениот шеќер, екстрактот од ванила и екстрактот од ментол. Мешајте сè маталка додека мешавината не стане мазна. Додадете ја изладената смеса од чоколадо и путер и мешајте додека не добиете мазна смеса. Додадете половина од мешавината со брашното, а потоа половина и од матеницата. Повторете со останатата половина од двете мешавини и мешајте сè додека и тие не се спојат, но внимавајте да не претерате. Мешавината треба да биде со густина на пудинг.rnrnПоделете ја мешавината во 12-те места на калапот за тортички/мафини. Печете ги околу 18 минути, а потоа дозволете им целосно да се оладат пред да ја нанесете шеќерната глазура.rnrn

    Шеќерна глазура

    rnrnИзмешајте го со миксер на средна брзина омекнатиот путер. Мешајте околу 3 минути, сè додека не стане мазен и кремаст. Потоа додавајте ги и шеќерот во прав, кремот, екстрактот од ванила и екстрактот од ментол додека сè уште ви работи миксерот. Зголемете на поголема брзина и мешајте 3 минути (колку подолго мешате, толку покремаста ќе биде глазурата). Додадете повеќе шеќер во прав доколку шеќерната глазура е премногу тенка, премногу кремаста или премногу густа. Исто така доколку е премногу блага, можете да додадете малку сол.rnrn

    Декорација

    rnrnНанесете ја шеќерната глазура на 12-те изладени колачиња, а потоа декорирајте со стопено чоколадо и кршени бастунчиња. rnrnНовогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Shamrock Shake“ – Смарагден милкшејк од ментол

    „Shamrock Shake“ – Смарагден милкшејк од ментол

    Вкусен милкшејк инспириран од Денот на Свети Патрик

    rnrn„Shamrock Shake“ - Смарагден милкшејк од ментолrnrn

    Потребни состојки за 3 чаши:

    rn

      rn011

    • 500 мл сладолед од ванила
    • rn011

    • 250 мл млеко
    • rn011

    • 1/2 лажичка екстракт од ментол
    • rn011

    • 1/4 лажичка зелена боја за храна
    • rn011

    • Шлаг пена и зелени чоколадни трошки (по избор)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДодадете ги сладоледот, млекото, екстрактот од ментол и бојата за храна во блендер. Вклучете го блендерот на голема брзина и оставете го да работи сè додека мешавината не стане хомогена. Сипете го готовиот милкшејк во чаши и по ваш избор декорирајте со шлаг пена и чоколадни трошки. За најдобар вкус сервирајте го веднаш по подготовката.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Жешки трендови на бои за пролет 2012

    Жешки трендови на бои за пролет 2012

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnПролетта е веднаш зад аголот, температурите ќе почнат да се зголемуваат, а со промената доаѓаат и новите модни трендови. Одберете каква било комбинација од следниве бои и ќе имате одличен нов и свеж изглед за оваа пролет.rn
    rn

    Боја на мандарина

    rnОваа боја е прогласена како боја за 2012 година, затоа подгответе се за нејзино присуство во сите бутици. Бојата на мандарина е многу јака портокалова боја, со црвен сјај. Кога ќе дојде топлото време, облечете краток фустан, топ или бикини во оваа боја. Ако се чувствувате малку срамежливо, пробајте прво да го скршите мразот со модни додатоци во оваа боја.Жешки трендови на бои за пролет 2012Жешки трендови на бои за пролет 2012rn

    Ментол

    rnПастелните бои ќе бидат многу застапени оваа сезона, но од оваа група бојата на ментол ќе биде најмногу во тренд. Ледената нијанса е прекрасен микс помеѓу сината и зелената. Оваа боја одговара скоро со сите бои, но најдобро изгледа во комбинација со жолта, розова или тиркизна.Жешки трендови на бои за пролет 2012Жешки трендови на бои за пролет 2012rn

    Интензивна жолта

    rnСо оваа боја на најлесен начин ќе ја победите депресијата која ја носи зимата. Интензивната жолта боја која е на работ да биде флуоресцентна, оваа пролет ќе биде една од најсмелите комбинации. Со додавање на какво било парче облека во оваа боја, вие ќе го освежите вашиот изглед и како бонус ќе направите вашата кожа да изгледа сончано.Жешки трендови на бои за пролет 2012Жешки трендови на бои за пролет 2012rn

    Зелена

    rnЗелената боја стана центар на внимание пред неколку недели на модните настани и се очекува да биде ултрапопуларна оваа пролет. Оваа светло зелена нијанса дефинитивно примамува многу погледи и одлично стои на кратки панталони, летни фустани и сандали.Жешки трендови на бои за пролет 2012Жешки трендови на бои за пролет 2012rn

    Корално розова

    rnЛистата за пролетни бои никогаш не е целосна доколку во неа нема некоја нијанса на розова. Оваа сезона најпопуларна ќе биде светлата нијанса со мал сјај на портокалово. Коралната розова одлично се поклопува со облеката која сите девојки веќе ја имаат во својот плакар.Жешки трендови на бои за пролет 2012Жешки трендови на бои за пролет 2012
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

    Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

    Повеќето луѓе сакаат да консумираат алкохол и го прават тоа секогаш кога имаат прилика или кога се во добро друштво. После некоја чашка сите се весели, среќни и безгрижни, а животот изгледа совршен. Но наредното утро, на оние чиј метаболизам им трпи помалку отколку што испиле, не им е баш сè така „розово“. Во нашата Македонија се пие често и се пие многу, особено на слави, родендени и празници, а кога станува збор за младите – на секое излегување во дискотека или кафуле. Бидејќи не можеме да го намалиме количеството на алкохол кој го внесувате, можеме да ве посоветуваме како да се спасите од утринскиот мамурлак.rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnПрочитајте ги советите на д-р Оз, за спасувањето од утринскиот мамурлак. Тој моментално го води неговото мега популарно шоу „Шоуто на д-р Оз“, а има гостувано во 5 сезони во „Шоуто на Опра Винфри“.rnrn

    На забавата…

    rn

    Наполнете го стомакот пред пиење

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnПред да отидете на забавата каде што планирате да пиете алкохол, убаво најадете се. Лош избор на храна се супите, манџите и секаков вид течна храна. Пригответе си чикен бургер со кашкавал или нешто слично и утринската мачнина е до пола намалена. „За да ја свари храната, вашето тело го затвора вентилот на тенкото црево, каде што најмногу се апсорбира алкохолот, поради што е помалку веројатно брзо да се опијаните“ – вели д-р Оз.rnrn

    Белиот алкохол е побезбеден

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?Изберете некој од белите алкохолни пијалаци: вотка, џин, бело вино, наместо црвено вино, виски или коњак. Темниот алкохол содржи повеќе хемиски состојки, кои побрзо го загреваат организмот и го интензивираат опивањето.rnrn

    Кофеин + алкохол = лоша комбинација

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлакrnrnАко мешате алкохол со кока-кола ќе огладнете многу побрзо од вообичаено, што значи и дека побрзо ќе се почувствувате зашеметено. Исто така избегнувајте да мешате алкохол со енергетски пијалаци. Кофеинот кој го има во кока-колата и енергетските пијалаци прави да се чувствувате помалку пијани отколку што навистина сте, така што може да не забележите дека сте ја надминале вашата граница за пиење.rnrn

    Кога ќе се вратите дома…

    rn

    Измијте го лицето

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnКога ќе ги миете забите, измијте ги убаво и рацете и лицето. Алкохолот го спречува производството на Т-клетки, кои му се потребни на телото за заштита од бактерии и микроби, а недостатокот од нив ги засилува симптомите на мамурлак.rnrn

    Напијте се H2O

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnДехидратацијата е неизбежна кога консумирате алкохол, особено жестокиот и таа ги намалува течностите околу крвните зрнца, што од своја страна предизвикува главоболка, вртоглавица и мачнина. За да ги намалите негативните ефекти од  вчерашната „луда“ забава, испијте 1-2 чаши вода пред да си легнете.rnrn

    Исклучете го алармот

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnАко сте претерале со алкохол минатата вечер, наредното утро најверојатно ќе се чувствувате скршено, а сонот ќе ви биде нестабилен и прекинуван со повеќекратно будење. „Алкохолот ги нарушува мозочните хемикалии кои го регулираат спиењето, така што наместо кога ќе се разбудите да се чувствувате закрепнато од вчерашната забава, ќе имате многу лесен сон.“ – вели д-р Оз. Спијте повеќе часови, па можеби ќе ги избегнете главоболките и мачнината во стомакот.rnrn

    Наредното утро…

    rn

    Испржете си јајца

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrn„Јајцата се мојот лек за мамурлак“ – вели д-р Оз. „Тие содржат цистеин, супстанца која го неутрализира ацеталдехидот – токсин кој се содржи во алкохолот и создава мамурлак.“ Добар избор на храна против мамурлак се и чорбите и бананите, кои го обновуваат натриумот и калиумот, кои пак се губат во текот на честото ноќно мокрење.rnrnrn

    Сварете си чај од ментол

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnПосле утринскиот оброк сварете си чај од нане мента и во шолјата ставете една лажица мед или исцедете си една чаша 100% овошен сок. Ментата го смирува стомакот, а медот и фруктозата (овошниот шеќер) помагаат побрзо да се отстрани алкохолот од организмот. Дефинитивно немојте мамурлакот да се обидувате да го отстраните водејќи се по изреката „Клин со клин се избива“, во случајов,  мачнината да ја неутрализирате со нова чашка алкохол. Тоа само ќе ја продолжи и зголеми вашата мака.rnrn

    „Убијте“ ја главоболката

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnСигурно ви било убаво додека сте се забавувале и „налевале“ со алкохол, но наредното утро толку многу ве боли главата што мислите дека ќе ви пукне во секој момент. За да ја неутрализирате болката напијте се едно апче ибупрофен. Овој медикамент го инхибира простагландинот кој ја зголемува болката и мачнината предизвикана од мамурлакот. Избегнувајте аспирин бидејќи тој го надразнува стомакот и ацетаминофен, кој се метаболизира преку црниот дроб, кој веќе работи прекувремено поради алкохолот.rnrn

    Спортувајте

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrn„Не можете да го измиете алкохолот со вежбање“ – вели д-р Оз. „Но некои луѓе сметаат дека спортувањето им помага да се чувствуваат подобро, веројатно поради хемикалиите кои се ослободуваат преку физичката активност, а прават да се чувствуваме убаво.“ Вежбајте јога умерено и ослободете го духот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.