КАФЕ ПАУЗА

Tag: матарка

  • Креативни производи инспирирани од Ајфон

    Креативни производи инспирирани од Ајфон

    Колку си со сакате вашиот мобилен телефон? Дали го имате токму оној што го сакате или можеби трагате по нешто подобро и трпеливо собирате пари за да си го купите во блиска иднина?! Во двата случаи, дали би сакале да ве опкружуваат и други предмети кои се инспирирани од дизајнот на вашиот омилен гаџет? Еве некои за кои инспирација бил токму овој Еплов гаџет.rn

    1. Предизвикувачка Ајфон-маица

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОваа маица не ја користи истата технологија како самиот Ајфон, но ефектот што го предизвикува веројатно е многу сличен. Дефинитивно предизвикува да поминете со прстите преку неа :).rn

    2. Подметачи за чаши во вид на Ајфон-икони

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnНавистина уникатен начин да ја заштитите масичката во вашиот дом… Овие подметачи за чаши претставуваат икони кои симболизираат одредени апликации за Ајфон. Штом ја ставите чашата на некоја од нив, нема ништо посебно да се случи, но дефинитивно ќе изгледа интересно за гостите. Овие подлоги за чаши доаѓаат во пакет од 16, а чинат скоро 60 долари.rn

    3. Кафе-масичка во вид на џиновски Ајфон

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОва е одличен спој за љубителите на уникатни масички за кафе, кои се воедно корисници на Ајфон. Оваа масичка е целосно изработена од картон, а најдобрата работа е што иконите можат да се отстрануваат и по потреба да се враќаат на нејзината површина за да се користат како подметачи. Изработена е од страна на неколку читатели на веб-сајтот iLounge.rn

    4. Ајфон-перница

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrniCushion е кул перница во вид на џиновски Ајфон, која дури има и скриено џепче за чување на вистински Ајфон.rn

    5. Ајфон-обетки

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОвие обетки може да бидат интересни или за преголемите обожавателки на овој гаџет или пак за оние кои не можат да си дозволат да го купат, но можат да се помират со ваква евтина замена за него.rn

    6. Ајфон-бележници

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnNotepod претставува бележник за кратки пораки и телефонски броеви кој од едната страна е дизајниран како Ајфон. За 18 долари, се добива пакет од 3 бележници, секој од нив по 100 страни. За жал, изгледа дека производителот повеќе не ги произведува.rn

    7. Ајфон колачиња

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОвие иконки изгледаат многу вкусно, но зарем не би ви било жал да ги јадете? Ако не ви е, ете една интересна идеја за следниот пат кога ќе појдете во слаткарница за да направите нарачка за колачи.rn

    8. Чаршав за кревет

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnАко веќе ги имате останатите предмети кои се инспирирани од Ајфон, добро е да ја зачините колекцијата и со еден чаршав инспириран од неговиот брат Ајпод тач.rn

    9. Ајфон матарка

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnИако личи како Ајфон на кој му навлегла течност во внатрешноста, всушност се работи за добро дизајнирана матарка, на која копчето за вклучување претставува отвор од каде се излева алкохолот кон устата. Дизајнер на овој концепт е Dhanai Holtzclaw.rn

    10. Огромна Ајфон хај тек маса

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnАко не можете да се стрпите додека да излезе Ајфон 5, зошто да не набавите една огромна верзија од Ајфон 4, со 40-инчен екран и функции кои можете да ги користите и на оригиналниот Ајфон. Дизајниран од германски инженер, т.н. iTableous е воедно и маса, која може да се сврти вертикално за да се користи полесно. Сепак, пред да се залетате по овој „гаџет“, знајте дека сепак ги нема сите функции како оригиналниот производ на Епл. Неговиот екран не е осетлив на допир и со него не можете да им се јавувате на пријателите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.