КАФЕ ПАУЗА

Tag: Марлон Брандо

  • Цитати од Марлон Брандо – актер над актерите

    Цитати од Марлон Брандо – актер над актерите

    „Ако не знаеш да живееш, тогаш не ни живееш“ – вака гласело животното мото на филмската легенда, Марлон Брандо (3 април 1924 – 1 јули 2004), испишано на еден од ѕидовите во неговата соба. Познат е како холивудската икона која се бореше за правдата и еднаквоста на „обоените“. Човековите права му беа пред парите и славата, а тоа го потврди и со одбивањето да се појави на Оскарите и да го подигне признанието за најдобар актер за улогата во култниот „Кум“.rnrnБрандо бил дрзок и одбивал послушност, особено кога станувало збор за неговото образование. На оваа тема велел: „Ми пречеше дисциплината. Морав да им изразувам почит на оние кои не ги почитував. Го мразев ѕвончето. Сакам живот во кој времето не значи ништо.“rnrnМарлон Брандо - актер над актеритеrnrnСе обидел и да режира, откако Стенли Кјубрик се откажал од таа задача во „Едноокиот Џек“ (One-Eyed Jacks, 1961), заради несогласувања со него и со продуцентот. За да не пропадне филмот, на сцена стапил темпераментниот Брандо. По шест месеци импровизација создал 5-часовно дело, но бидејќи никој не сакал да го прикаже, бил принуден да го скрати на 2 часа и 20 минути. Никогаш повеќе не се обидел да режира, но затоа пак, е прогласен за четврта најголема филмска ѕвезда во историјата, од страна на Американскиот филмски институт.rnrnПокрај во „Кум“ и во „Едноокиот Џек“, познат е и по улогите во: „Трамвајот наречен желба“, „Јулиј Цезар“, „Млади лавови“, „Буната на бродот Баунти“, „Грофицата од Хонг Конг“, „Последно танго во Париз“. Повеќе за ставовите на филмската легенда, дознајте преку следните цитати:rn
    rn

    „Телевизијата е измислена за и неписмените да имаат причина да носат очила.“

    rn

    „Единствената причина што сум во Холивуд е тоа што немам морална храброст да одбијам пари.“

    rn

    „Актер е човек кој ако не зборувате за него, нема да ве слуша.“

    rn

    „Јас само сакам да сум нормално луд.“

    rn

    „Човекот се раѓа, живее и умира сам. Љубовта и пријателите само создаваат илузија дека тоа не е така.“

    rn

    „Постарите веруваат во сè, средовечните се сомневаат во сè, а младите знаат сè.“

    rn

    „Само затоа што велат ‘акција!’ не значи дека треба да правите нешто.“

    rn

    „Каењето му припаѓа на минатото.“

    rn

    „Би ми аплаудирале ли луѓето и ако сум добар водоводџија?“

    rnМарлон Брандо - актер над актеритеrnrn rn

    „Единствената работа која актерот ѝ ја должи на публиката е да не ѝ здодее.“

    rn

    „Актерството е израз на невротичен импулс. Скитнички живот. Неговото напуштање е знак на зрелост.“

    rn

    „Никогаш не мешајте ја големината на вашата плата, со големината на вашиот талент.“

    rn

    „Актерството е празна и бескорисна професија.“

    rn

    „Јас сум од оние луѓе кои веруваат дека ако се доволно добри во овој живот, кога ќе умрат, ќе одат во Франција.“

    rn

    „Да ја разбере суштината на животот е должност на еден актер, да ја протолкува е негов проблем, а да ја изрази мора да е посветен.“

    rn

    „Доаѓам од семејство на ирски пијаници.“

    rn

    „Сите што глумат во еден филм заслужуваат награда, а не само една личност.“

    rn

    „Имам очи како на мртва свиња.“

    rn

    „Не ми пречи што сум дебел. Сè уште ги добивам истите пари.“

    rn

    „Ако веќе не сме чувари на нашите браќа, да не бидеме барем нивни егзекутори.“

    rnПогледнете и дел од најпознатите филмски сцени и реплики на легендарниот актер:rnrnrnrnrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни филмски реплики

    Незаборавни филмски реплики

    За да ни стане некој филм омилен, понекогаш е доволна само една реплика…rnrnНезаборавни филмски репликиrn

    „Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено како тетовско јаболко, на снага-вита ела пиринска. Грло бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче…“ – Петре Прличко како Манданата во легендарниот „Мис Стон“

    rn

    „Куфер ко куфер, празан.“ – Мето Јовановски (Илко) во „Тетовирање“

    rn

    „Постојат три начини да се направи нешто: вистинскиот, погрешниот и начинот на кој јас го правам тоа.“ – Роберт де Ниро во улога на Сем во филмот „Казино“

    rn

    „Мајка ми секогаш велеше дека животот е како кутија со чоколатца. Никогаш не знаеш што ќе добиеш.“ – Том Хенкс (Форест Гамп) во филмот „Форест Гамп“

    rn

    „Чувај ги пријателите блиску до себе, а непријателите уште поблиску.“ – Ал Пачино (Мајкл Корлеоне) во „Кум 2“

    rn

    „Ќе му направам понуда, која нема да може да ја одбие.“ – Марлон Брандо (Дон Вито Корлеоне) во „Кум“

    rn

    rn

     „Потребна е голема храброст за да им се спротивставиш на непријателите, но уште поголема за да им се спротивставиш на пријателите.“ – Ричард Харис како Дамблдор во „Хари Потер“rnrn„Љубовта не може да се пронајде таму каде што не постои, ниту пак може да се сoкрие онаму каде што навистина ја има.“ – Дејвид Швимер (Макс Абит) во филмот „Бакнувајќи ја будалата“

    rn

    „Стравот те држи во заробеништво, надежта може да те ослободи.“ – од филмот „Бегство од Шошенк“

    rn

    „Ако си добар во нешто, никогаш не го прави тоа за џабе.“ – Хит Леџер како Џокерот во филмот „Бетмен: Црниот витез“

    rn

    „Животот е прекраток за да живееме два пати ист ден.“ – Џенифер Лопез (Шарлот) во „Свекрва-монструм“

    rn

    „Мене ми зборуваш?“ – Роберт де Ниро (Тревис) во „Таксист“rn

    rn

    rn

    „Животот се движи многу брзо. Ако повремено не застанете и погледнете наоколу, може да го пропуштите.“ – Метју Бродерик како Ферис во филмот „Слободниот ден на Ферис Буелер“rnrn„За седум дена Господ го создал светот, јас за седум секунди го срушив својот.“ – Вил Смит (Бен Томас) во „Седум фунти“

    rn

    „И после сè, утре е нов ден“ – Вивиен Ли (Скарлет О`Хара) во филмот „Однесено од виорот“

    rn

    „Претпоставувам дека на крајот, почнуваме да размислуваме за почетокот.“ – Бред Пит (Mr. Smith) во филмот „Г-дин и Г-ѓа Смит“

    rn

    „Животот не е секогаш изгрејсонца и виножита. Тој е исто така и злобно и валкано место. Ќе ве победи и фрли на колена и таму ќе ве држи перманентно, ако тоа му го дозволите.“ – Силвестер Сталоне (Роки Балбоа) во филмот „Роки“

    rn

    „Моето име е Бонд. Џејмс Бонд.“ – најпознатата реплика од сите досегашни Џејмс Бонд филмовиrn

    rn

    rn

    „Во животот нема ништо поголемо од малите нешта.“ – Том Круз (Дејвид) во „Небо од ванила“rnrn„Полесно е да го повлечете чкрапалото отколку да свирите гитара. Полесно е да уништите, отколку да креирате.“ – Антонио Бандерас (Ел Мариачи) во филмот „Десперадо“

    rn

    „Запомнете, она што се случува во Вегас, останува во Вегас. Освен херпесот. Тој се враќа со вас.“ – Џефри Тамбор (Сид Гарнер) во „Мамурлак“

    rn

    „Се обидуваш, не успеваш, се обидуваш, не успеваш… Но, единствениот вистински неуспех е тогаш кога ќе престанеш да се обидуваш.“ – Џенифер Тили (Лиота) во „Опседнатиот замок“

    rn

    „Хјустон, имаме проблем.“ – Том Хенкс како Џим Ловел во „Аполо 13“

    rn

    „Јас не сум лоша. Јас сум само така нацртана.“ – Џесика Ребит во полуанимираниот филм „Кој го намести зајакот Роџер“

    rn

    rn

    „Кога легендата станува факт, испечати ја легендата.“ – Карлтон Јанг како Максвел Скот во филмот „Човекот кој го застрела Либерти Валанс“rnrn„Сите ние понекогаш по малку полудуваме.“ – Ентони Перкинс во улога на Норман Бејтс во филмот „Психо“

    rn

    „Кога првпат ве видов, мислев дека сте згоден. Потоа, се разбира, прозборевте.“ – Хелен Хант како Керол Конели во „Колку е добар, толку и ќе добие“

    rn

    „Најголемиот трик на ѓаволот е неговото убедување дека тој не постои.“ – Кевин Спејси како Роџер во филмот „Вообичаено осомничени“

    rn

    „Повеќето луѓе животот го гледаат само во црно-бело. Тие не сфаќаат дека постои сива област некаде на средината. Таму би требало да живееме ние.“ – Дејмон Вејнс како Китс во филмот „Отпорен на куршуми“

    rn

    „Гледам мртви луѓе.“ – шепотот на Хели Џоел Осмент, во улога на Кол во „Шесто сетило“

    rn

    rn

    „Суетата е дефинитивно мојот омилен грев.“ – Ал Пачино (Џон Милтон) во „Адвокатот на ѓаволот“rnrn„Доверба е кога со некого се чувствуваш безбедно.“ – Мет Дејмон (Едвард Вилсон) во „Добриот Пастир“

    rn

    „Господа, не можете да се борите тука. Ова е воена соба.“ – Питер Селерс како претседателот Меркин Мафли во комедијата „Д-р Стрејнџлов“

    rn

    „Не постои место како дома.“ – Џуди Гарланд (Дороти) во „Волшебникот од Оз“

    rn

    „Искрено, драга, баш ми е гајле“ – Кларк Гејбл како Рет Батлер во „Однесено од виорот“

    rn

    „Скапоцено мое“ – Енди Серкис како Голам во филмот „Господарот на прстените: Двете кули“

    rn

    „Аста ла виста, бејби.“ – Арнолд Шварценегер во „Терминатор“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.