КАФЕ ПАУЗА

Tag: марка

  • Најдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чуле

    Најдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чуле

    Во денешното современо општество кога сите се преокупирани со изгледот и материјалните работи, тешко е да се научи детето да ги цени вистинските вредности и внатрешната убавина. Писателката Ингрид Дивковиќ на нејзиниот блог го споделила со читателите непријатното искуство од тинејџерските денови и советот на мајка ѝ кој го следи и ден денес, а со чија помош сфатила каде лежи вистинската вредност на нештата. Во продолжение прочитајте ја нејзината исповед која ќе ве замисли и ќе ви го промени погледот на работите…rnrnНајдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чулеrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКој би рекол дека ќе дојде време кога на жените ќе им биде поважно што носат на себе отколку во себе. Не сум исклучок. Има денови кога се ценам себеси според тоа колку ме ценат другите.rnrnНе можам и не сакам да им судам на оние кои живеат за потврден одраз во огледалото. Такви се земските судии и бегам од нив. Не се мешам во телата и душите на луѓето. Не е моја работа да ѝ аплаудирам на едноставноста, а да го осудувам кичот и лажните фасади. Но, полека нештата ќе се сменат. Доаѓаат некои нови огледала. Оние во очите.rnrnСѐ треба да се проба. Нека се потроши сѐ. И тоа сѐ за некого е ништо. Евтино или скапо. Со или без етикета. И црната кеса за ќубре на некои жени им стои добро. А на некои жени не им стои ниту најскапата бунда на светот. Но, бундата е бунда, а вреќата за ѓубре е вреќа за ѓубре. Кога ќе здогледате скапа бунда, не гледате уморна и загрижена жена со престилка околу половината додека со едната рака лупи компир, а со другата го брише носот на расплаканото дете. Гледате жена. Најдобрата верзија од неа. Огледало, чисто без дамки.rnrnНејзе ѝ е добро само кога туѓите усни се смеат кога ќе ја погледнат. Тоа е улогот, алибито за убавината. Сѐ што е добро, кога-тогаш се враќа, останатото испарува.rnrnУбавината не ја бараат сите во нас, туку на нас. Сѐ додека станува збор за убавина, не е важно дали ја бараат однадвор или одвнатре.rnrnРазмислував со денови за девојките кои седеа до мене пред некое време. Две девојки на возраст од околу 19 години. Од црните лакирани Луј Витон чанти ѕиркаа скриптите за факултето. Идентични чанти. Идентични девојки. Мобилните телефони вибрираа, доволно големи, доволно сјајни. На футролите пишуваше Chanel. Ги набљудував. На едната од нив ѝ беше размачкана маскарата. На другата не ѝ беше гајле. Да ѝ беше, девојката сигурно не би имала на лицето црна дамка под носот. Но, таа имаше. И дамка и долги вештачки нокти со црвен лак кои сигурно не беа во состојба да ја опфатат шолјата макијато, без да делуваат смешно. И на двете усните им беа обоени покрај со никотин и со црвена боја. Ги набљудував доволно долго за да разберам дека бараа внимание. Потврда за нивното постоење. Цена која не беше закачена на нивните синџирчиња. Но, исто како да беше. Тоа се гледа, се чувствува. Жените тоа го покажуваат без да бидат свесни. Сѐ што оди има цена. Сѐ што дише има вредност. Предметите не дишат, во случај да сте заборавиле…rnrnСе сетив на мене и моите деветнаесет. Прва година на факултет. Имав многу малку облека, односно само она што ми го позјамуваше постарата сестра. И тоа што можев да си го дозволам сама. Да барам пари од родителите за крпчиња? Не ми ни паѓаше на памет. Што поради воспитувањето, што поради животната ситуација. Владееше изреката: „Снаоѓај се сам, пријателе“.rnrnНеретко ги гледав сите тие прекрасно облечени девојки. Се гледав и себе додека ги гледав нив. Дали им завидував? Можеби. Не е дека немав ништо, но не е ниту дека имав сѐ. Не се сеќавам на деталите, но се сеќавам дека едната иста маица ја носев на сто и еден начин. И на тоа дека некои, слични на мене веројатно, ми велеа дека имам стил и дека сум многу креативна.rnrnНо, иако не би сакала, добро се сеќавам и на една ситуација која ме порази и ми покажа дека има богати луѓе посиромашни и од најјадниот питач. Се сеќавам на нејзините очи и поглед вперен мене. Ми се обрати нансеувајќи го сјајот на усните и рече: „Доаѓаш со нас во тоа? Немаш ништо ново? Некој оригинал? Нешто со потпис…?“rnrn„Немам… Па, што му недостасува на ова, ново е…“rnrn„Му недостасува цена, драга. Цена на потписот. Тоа е знак колку вредиш.“rnrnАко некогаш сум се чувствувала толку јадно и евтино, тоа беше тогаш. Сепак, тоа чувство траеше кратко. Нешто ме извлече од бедата која излезе од нејзините усни. Нешто ме разбуди. Или некој? Таа ме разбуди? Да, доволно добро за да ѝ бидам благодарна за лекцијата која ја сфатив неколку години подоцна. Исто како и луѓето и лекциите доаѓаат тогаш кога мораат, не тогаш кога ние сакаме…rnrn„Ќерко моја, не носи марки. Биди марката“, ми рече и ме прегрна како никогаш дотогаш. Ти благодарам мајко. Твоите зборови ми одѕвонуваат секогаш кога ќе ги погледнам лицата на тие робови кои се туѓинци и за самите себе, и никогаш не се свои.rnrnА денес? Не, не носим познати марки. Не затоа што не можам да си ги дозволам, туку затоа што воопшто не ми е гајле за модните марки и имиња од познати брендови. Ако имам некое парче облека со потпис, најверојатно сум го добила како подарок.rnrnПремногу сум себична за себе. За мене е грев да дадам 650 евра за чанта или чевли. Тоа е така затоа што во животот ми се поважни некои други работи како книгите, патувањата, сликите, малите ситници… Се сеќавам на зборовите на мојата мајка како вчера да се изговорени.rnrnВчера. Денес. И утре ќе биде исто. Да погледнеме околу себе. Во светот во кој живееме сѐ се сведува на изглед, имиџ. Во најмала рака она што го носиме на нас. Да ги погледнеме жените кои нѐ опкружуваат. Пријателките, познајниците. Поголемиот дел од нив се облечено во скапа облека, по последна мода. Иако живееме во многу тешко време. А во меѓувреме сите зборуваме за внатрешната убавина која е некако незамислива без оние нови чанти и чевли.rnrnКолку лицемерно! Многу често некои познајници знаат да ме прашаат: „Што е ова што го носиш? Многу е убаво. Чие е ?“. Јас им велам: „Мое“. А тие ми велат: „Не, мислам која марка е?“. Јас им одговарам: „Нема марка. Ако е на мене, мое е“.rnrnМислам дека за некои луѓе би вредела повеќе ако речам дека носам Шанел или Луј Витон. Но, за тие луѓе не ни сакам да вредам.rnrnИ не, не мислам дека е грев да се има пари, човек да има можност да си дозволи убави работи, да се грижи за себе, да се негува, дотерува, да се облекува по последна мода и да ужива… Навистина не мислам така. Но, мислам дека е грев да се живее само за тоа. Да им се наметнува тоа на луѓето, и што е уште полошо да се вреднуваат луѓето исклучиво врз основа на тоа што имаат на себе. Меѓу другото, дури и жената која живеела за модата и поради модата, во една прилика рекла:rn

    „Во модата не се работи за облеката. Модата е во воздухот, родена од ветрот. Мора да имате интуиција за неа. Таа е на небото и на патот.“ – Коко Шанел

    rnТи благодарам, Коко. Ако немаш ништо против јас би се задржала на небото, на патот ми е претесно. Треба да знаете да живеете. Повеќе во своја кожа, а помалку во туѓи очи.rnrn[/message_box]

  • Факти кои сигурно не ги знаевте за брендот „ШАНЕЛ“

    Факти кои сигурно не ги знаевте за брендот „ШАНЕЛ“

    Непотребно е да се каже дека „Шанел“ е еден од најпознатите и најпрестижните светски брендови кога е модата во прашање. Компанијата е основана од страна на Коко Шанел, а почетоците на овој бренд се врзани за дизајнирање и произведување на шешири. Најзначајното парче за кое многумина ќе се сложат дека е број еден на модните листи е „малиот црн фустан“ кој Коко го претстави во 1926 година. Жаклина Кенеди го прослави овој бренд, а после смртта на Коко Шанел, сопствениците на компанијата го ангажираа Карл Лагерфилд, кој до ден-денес стои на чело на оваа компанија. Сепак, постојат и оние помалку познати информации кои секого ќе го заинтересираат. Погледнете ги овие необични факти за овој луксузен моден бренд.rnrn1-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-brendot-shanel-www.kafepauza.mk_rnrn1. Chanel No. 5 е најпродаваниот парфем на сите времиња.rnrn2. Шанел е првиот бренд кој имал листа на чекање за купување лак за нокти.rnrn3. Коко Шанел е творец на првите женски одела.rnrn4. Првиот бутик на Шанел во Париз воопшто не бил модна работилница, туку само продавница на шешири. Првиот бутик на овој бренд е отворен дури во 1915 година.rnrn2-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-brendot-shanel-www.kafepauza.mk_rnrn5. Коко Шанел, пред да ја стекне светската популарност, ја изградила својата репутација креирајќи и произведувајќи шешири, а не облека.rnrn6. Четири од пет бутици на Шанел се затворени во 1945 година поради Втората светска војна.rnrn7. Чантата 2.55 го добила името по датумот кога е за првпат произведена.rnrn8. Всушност, Коко Шанел никогаш не била апсолутен сопственик на модната куќа „Шанел“.rnrn3-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-brendot-shanel-www.kafepauza.mk_

  • Читај меѓу редови

    Читај меѓу редови

    Дизајнерот Виктор Херц им ги менува имињата на добро познатите светски брендови, на тој начин откривајќи ја вистината за нив. Погледнете како според него би требало да се викаат познатите компании:rnrnЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редови Читај меѓу редови Читај меѓу редови Читај меѓу редови Читај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редови
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.