КАФЕ ПАУЗА

Tag: мапирање

  • Алхемија на светлината

    Алхемија на светлината

    „Алхемија на светлината“ е комбинација на танц, уметност, музика и 3Д мапирање, сето тоа спакувано во фантастично две и пол минутно видео. Изработено е од страна на „Dandypunk“, кој преку перформансот на танчерот Роџер Фојас (Roger Fojas) прави неверојатен спој меѓу дигиталниот и реалниот свет…Алхемија на светлинатаНакусо, Dandypunk нè води во уметничка прошетка низ различни имагинарни светови, мапирајќи врз обична улична клупа и ламба. Уживајте!rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3Д трансформација на човечко лице

    3Д трансформација на човечко лице

    Менувањето на изгледот на лицето изгледа како наједноставната работа на светот кога тоа се прави со проектор за 3Д мапирање. Оваа техника најчесто се користи за спектакуларни проекции на автомобили, згради или простории, а Самсунг ја употребиле за да ги воодушеват потенцијанлните купувачи на нивниот смартфон Galaxy Y Duos.3Д трансформација на човечко лицеОва е прво проектирање на 3Д графички ефекти на човечко лице. Тие се нанесени директно на актерот, како на уметничко платно, од страна на португалскиот мапер Оскар е Гаспар.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Една соба во безброј варијанти

    Една соба во безброј варијанти

    Нели би било кул да имате различен изглед на вашата дневна или детска соба секој ден, која ќе ја менувате во согласност со вашето моментално расположение и стил? Момците кои себеси се нарекуваат Mr. Beam, целосно ја искористуваат технологијата на проектирано мапирање, комбинирајќи подвижни графики и физички простор. Со помош на 3Д мапирање, тие претвораат една обична бела соба во многу различни варијанти. Собата е всушност целосно искористена како основа врз која се проектираат фантастични детали, кои делуваат реално.rnrnЕдна соба во безброј варијантиrnrnТехниката им овозможила да ги контролираат боите, шарите и текстурите на сиот мебел во собата, вклучително и на тепихот и на ѕидовите. Сета работа е завршена само со помош на 2 проектори.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.