КАФЕ ПАУЗА

Tag: мачо

  • Лажен мачо тип: Како да препознаете дека глуми нечуствителен за да го импресионира неговото друштво?

    Лажен мачо тип: Како да препознаете дека глуми нечуствителен за да го импресионира неговото друштво?

    Машкиот егоизам кој толку ги нервира жените особено доаѓа до израз кога тие се со нивните пријатели, па не би требало да се зачудите ако вашиот сакан глуми нечувствителен и недопирлив мачо мен пред нив.rnrnСекоја жена барем еднаш во животот сретнала некој „фраер“ кој кога е насамо со неа е прекрасен и нежен, но штом некој од неговите пријатели се појави, или кога сте во пошироко друштво, тој се претвора во ужасно момче кое на сите начини се обидува да се покаже дека е кул.rnrn0-lazhen-macho-tip-kako-da-prepoznaete-deka-glumi-nechuvstvitelen-za-da-go-impresionira-negovoto-drushtvo-kafepauza.mkrnrnНајлесниот начин како да го постигне тоа е да глуми како да не му е важно за неговата девојка – затоа што повеќето од нив мислат дека вистинските фраери се нечувствителни и горделиви индивидуалци на кои другарите им се поважни од врската. Еве како можете да го забележите дали е еден од нив.rn

    1. Ја навредува вашата женственост

    rn„Зошто го носиш тоа?“ – еден од најлошите примери.rnrnВистината е дека многу му се допаѓа како изгледате, но затоа што сака да ги импресионира другарите и да испадне кул маж кој не сака дотерани девојки, можно е да ви го рече ова.rn

    2. Глуми дека мрази врски

    rnИако може да му биде најубаво во врската со вас и веројатно е свесен за сите предности во вашиот однос, сепак знае дека фраерите пред друштвото не треба да покажуваат романтика и никако не смеат да откријат дека им е пријатно во друштво на убава девојка која ја сакаат. Затоа ќе глуми дека секаков вид врзување му е напорно.rn

    3. Не сака да покажува емоции

    rnАко се случи да му кажете нешто убаво пред други луѓе, а тој само ви преврти со очите како тоа да му оди на нерви, тогаш имате работа со типичен глумец кој се обидува да се докаже. Секако дека му годат вашите убави зборови, но сака да се покаже како нечувствителен пред неговата машка екипа.rn

    4. Кога е со друштво ве третира многу поинаку отколку кога сте сами

    rnКога е сам ви се јавува на телефон и звучи навистина заљубено, но штом е во близина на некој другар, го менува гласот и се однесува како да му е сеедно, дури и како да сте му напорни. Ваквите мажи се лажни мачо типови кои мислат дека вистинскиот маж не смее да покажува емоции, иако кога сте сами се однесува како мало дете кое е зависно од вас.rn

  • 8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

    8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

    Пастувот знае дека е неодолив за жените и тоа го искористува, на ловецот „пленот“ бргу му досадува, а скршеното срце поради стравот повторно да биде повреден ќе остане сам.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrnrnПовеќето мажи темелно ја разработуваат стратегијата на заведување, но има и такви на кои им е помила стратегијата на бегање, бидејќи не сакаат да се врзуваат. Според психологот Џорџ Вајнберг, причина за ваквото однесување на мажите е стравот дека ќе ја изгубат својата мажественост, доколку се заљубат и врзат за една жена. Тие се воспитувани да не ги покажуваат своите чувства и слабости, па поради тоа целиот свој живот докажуваат дека се олицетворение на моќ.rnrnАко сте во врска со некој кој не сака да се врзе, треба да му дадете на знаење дека и покрај вас може да биде и да остане вистински мачо фраер.rn

    Ловец без граници

    rnЗа него вечерното излегување е само лов, жената е плен, а целта само добра забава и секс, па според тоа врската со само една жена не се вклопува во тоа. Доколку овој тип вечен заводник се врзе за една жена, таа најверојатно нема да може да држи чекор со него и на долг рок да ги задоволи неговите сексуални апетити, па затоа тој ќе излезе од таа врска.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrn

    Пастув – една не е доволна

    rnВо оваа категорија честопати спаѓаат познатите спортисти и ѕвезди. Жените што се во врска со овој тип маж живеат во постојан страв дека ќе го изгубат, бидејќи се свесни дека тој може да биде со скоро секоја жена што ќе ја посака. Овие мажи ретко се врзуваат, но и ако влезат во сериозна врска, таа ќе биде кревка и кршлива, токму каква што е и нивната посветеност кон партнерката.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrn

    Господин скршено срце

    rnТој ги има поминато сите фази, од изјави за вечна љубов до болни прекинувања на врската. Разочарувањето и одбивањето кои ги има доживеано после разделувањето со партнерката оставиле голем траг на него, па затоа тој не сака да се впушти во нови сериозни врски, бидејќи се плаши дека може повторно да биде повреден.rn

    Страв од гушење и етикета на папучар

    rnОвој тип мажи уште на првиот состанок проценуваат дали во врската ќе можат да останат мачо типови или ќе бидат папучари. Најпрвин проценуваат дали покрај партнерката ќе можат слободно да дишат, или пак ќе мораат да ѝ полагаат сметки за секој чекор.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrnrnМажите сакаат да бидат потполно сигурни дека жената го сака искрено, дека со него не е само поради парите или поради намерата да си најде сопруг, бидејќи времето ѝ одминува. И покрај тоа што мажот сака да ја сочува својата слобода, тој уште од самиот почеток на врската од жената бара потполна посветеност. Мажите исто како и жените сакаат блискост, но во исто време стравуваат дека ќе ја изгубат својата слобода, дека жената ќе им ги троши парите и дека во очите на другите мажи ќе изгледаат како папучари.rn

    Расеан, сака врска ама…

    rnТој едноставно не може да се среди. Постојано се обидува да ги среди работите, но му се чини дека мора уште многу работи да направи пред да биде спремен за сериозна врска со жената која ја сака. И покрај тоа што таа врска ја доживува како светло на крајот од тунелот, проблемот е во тоа што тунелот низ кој поминува е многу, многу долг.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrn

    Скржавец, тој мисли дека врската е скапа

    rnМногу мажи не сакаат да се врзуваат пред да обезбедат добра финансиска состојба. Сериозната врска подразбира вечерни излегувања, вечери, подароци и на крајот, се разбира, прстен. Сето тоа чини пари, а кога станува збор за финансиите, скржавците се многу внимателни и практични, па честопати парите им се поважни од љубовта.rn

    Нарцис

    rnТој секогаш предолго и многу опширно зборува за себе. И покрај тоа што изгледа совршено, и понатаму внимателно продолжува да работи на градењето на својот имиџ. Ваквиот маж нема да ви биде посветен, бидејќи тој е премногу посветен на самиот себе.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrn

    Вечно дете

    rnМажите никогаш вистински не одрастуваат. Дури и тогаш кога ви се чини дека пред вас се наоѓа потполно зрел маж, всушност зад таа фасада се крие голем труд, енергија и самодисциплина. Некои мажи пак, и покрај целиот труд не можат да ја скријат својата хронична незрелост и детско однесување, а одреден степен на зрелост секако е предуслов за влегување во сериозна врска.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.