КАФЕ ПАУЗА

Tag: лудо

  • Лудо тесто – чудо од тесто!

    Лудо тесто – чудо од тесто!

    Се чува во пластично ќесе, а може толку многу да нарасне, па и да „излезе“ од него. Иако никој со сигурност не може да каже како ова тесто го добило името, логиката вели дека расте како „лудо“. Ако се случи да го преполни ќесето во кое го чувате, преполовете го тестото и чувајте го во уште едно ќесе. Можете да го чувате во фрижидер и до седум дена и да го користите кога и да ви затреба.rnrnЛудо тесто – чудо од тесто!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 500 г обично бело брашно
    • rn 011

    • 500 г остро бело брашно
    • rn 011

    • 4 децилитри млеко
    • rn 011

    • 1 коцка квасец
    • rn 011

    • 1 мала чашка јогурт
    • rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 1 децилитар масло за јадење
    • rn 011

    • 1 прашок за печиво
    • rn 011

    • 2-3 мали лажички сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо млакото млеко додајте го изронетиот квасец и оставете го да се активира. На работната маса направете куп од измешаните два вида брашно и прашокот за печиво, па во средината додадете ги сите останати состојки и замесете тесто. По потреба, додајте уште малку брашно или млеко за тестото да биде меко, зашто секое брашно различно впива течности.rnrnДобро намрсете ја внатрешноста на пластичното ќесе и ставете го тестото внатре истиснувајќи го вишокот воздух. Заврзете го ќесето и ставете го во фрижидер. Чувајте го до 7 дена и користете го по потреба.rnrnСакате тесто без јајца? Пробајте го и ова француско универзално тесто со кое ќе ги подготвите најмеките леб и печива.

  • Овој маж се венчал со својот смартфон за да докаже важна поента

    Овој маж се венчал со својот смартфон за да докаже важна поента

    Она што се случува во Вегас, не останува секогаш во Вегас. Токму затоа и еден маж минатиот месец се венчал со својот смартфон во Градот на гревовите за да ја потенцира опседнатоста на општеството со потребата да се остане поврзан.rnrnОвој маж се венчал за својот смартфон за да ја докаже неговата поента за општествотоrn

    „Да бидеме искрени: Ние се поврзуваме со нашите телефони на толку многу емотивни нивоа. Се потпираме на нив кога сме осамени, потребни ни се за да нè смират, заспијат, да нѐ ослободат од негативните мисли и според мене, токму од овие работи треба да се состои една врска. Така што, до некаде врската со мојот смартфон била најдолгата врска што сум ја имал. Затоа решив да видам како е да се венчаш со телефон“, изјавил Ерон Червенак.

    rnЧервенак официјално „скокнал во тавче“ со неговиот сакан на 20-ти мај, и покрај тоа што бракот не е навистина признаен од страна на Невада, бидејќи не се смета за легален. Без разлика на тоа, тој се надева дека видеото од неговата малку нехристијанска церемонија ќе послужи како симболичен гест кој соодветно ја прикажува љубовта на општеството кон телефоните.rn

    „Се надевам дека мојата венчавка ќе биде прифатена како чин на симболичен гест кој покажува колку бесценето значење добиваат телефоните во нашите секојдневни животи и се надевам дека другите ќе си го постават истото прашање кое се однесува на врската што ја имаат со нивните телефони“, вели Червенак.

    rnПогледнете го следново видео кое ја прикажува оваа необична венчавка и ќе ве замисли дали овој потег е генијален или се граничи со лудост.rnrn

  • Мажите признаваат: Најлудите романтични нешта кои ги направиле за нивните девојки

    Мажите признаваат: Најлудите романтични нешта кои ги направиле за нивните девојки

    Колку и да не признаваат, жените секогаш „паѓаат“ на оние романтични филмски сцени кои изгледа дека мажите се и повеќе од подготвени да им ги приредат кога станува збор за љубов.rnrnМажите признаваат: Најлудите романтични нешта кои ги направилеrnrnЦвеќиња, свеќи, вечера под отворено небо, појадок во кревет… Постојат луѓе кои токму овие нешта ги сметаат за романтични. И кога станува збор за мажите, оние кои се љубители на вакви сценарија воопшто не се помалку „фраери“, баш напротив, тие се и оние кои секогаш се подготвени искрено да ги покажат своите чувства. Па, погледнете кои се најлудите романтични нешта кои мажите ги направиле во име на љубовта…rn

    1. Утринско изненадување

    rn

    „Мојата девојка живееше со две цимерки кои исто така беа во врски. Една вечер, со нивните момчиња се договоривме сите заедно да преспиеме кај нив и потоа следното утро како изненадување да им подготвиме појадок. Ни беше потребен еден месец да ја реализираме оваа идеја. Кога конечно успеавме да се договориме, утрото се пробудивме во 6:30, отидовме до маркет да купиме сè што ќе би биде потребно и потоа го подготвивме појадокот за нив онака како што го замислувавме. Изразот на мојата девојка кога се разбуди вредеше за целата организација“, вели Адријан Д.

    rn

    2. По напорниот ден

    rn

    „Мојата девојка имаше многу стресен настан додека јас бев на пат. Кога се вратив, земав слободен ден од работа и ѝ го исчистив целиот нејзин стан, а кадата ѝ ја наполнив со цвеќиња. Од станот си отидов пред таа да пристигне дома, со цел да се изненади. Се вратив половина час подоцна со пица за вечера“, вели Том Е.

    rn

    3. Стотина црвени чаши

    rn

    „Сакав да ја поканам мојата средношколска љубов на матура, па затоа на оградата од тенискиот терен со помош на стотина црвени чаши испишав „Матура?“ И морам да признаам дека ми успеа“, вели Стивен П.

    rn

    4. Лош план

    rn

    „Сакав да ја импресионирам мојата девојка, па одлучив да ја однесам во кино. Но, не го направив тоа како сите нормални луѓе, па наместо 2 карти, го закупив целото кино со цел да можеме сами да го гледаме филмот. И покрај сè, состанокот не помина добро бидејќи филмот кој го гледавме, ‘Англискиот пациент’, на крајот ни го уби расположението“, вели Хенри В.

    rn

    5. Будење во 4 наутро

    rn

    „Ја разбудив мојата девојка во 4 часот наутро со цел да одиме во природа и заедно да го дочекаме изгрејсонцето“, вели Мајк Б.

  • Највисокиот, најбрзиот и најстрмниот воден тобоган во светот

    Највисокиот, најбрзиот и најстрмниот воден тобоган во светот

    Мислите дека би имале храброст да се спуштите на овој застрашувачки воден тобоган? Тобоганот „Verrückt“ чие име на германски значи „лудо“ се наоѓа во водниот парк Шлитербан во Канзас Сити, Канзас. За да се спуштите по тобоганот, мора да бидете вкупно 4-ца авантуристи сместени на еден гумен чамец. Додека се спуштате, достигнувате брзина од неверојатни 105 километри на час и потоа се искачувате нагоре во висина на зграда од 5 ката и повторно паѓате надолу уште 15 метри. Бидејќи безбедноста е секогаш на прво место, сите гумени чамци се опремени со појаси.rnrnНајвисокиот, најбрзиот и најстрмниот воден тобоган во светотrnrnТобоганот со својата висина од неверојатни 52 метри, неодамна влегол и во Гинисовата книга на рекорди. За споредба, овој тобоган е повисок и од Нијагарините водопади и од Статуата на Слободата!rnrnНајвисокиот, најбрзиот и најстрмниот воден тобоган во светотrnrn rn

    „Дали оваа авантура е за сите?“ – би се запрашале. „Секако дека не. Дали скокањето со падобран е за сите? Доколку се плашите од височини или едноставно не сте ентузијаст за луди железници, тогаш подобро би било да не го пробате овој воден тобоган. Пред да решите што било, прво прочитајте ги безбедносните знаци кои ги пишува на влезот, добро размислете и дури потоа тргнете кон 264-те скали до врвот“ – пишува на официјалниот сајт на водениот парк.

    rn

    rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најсрамните и најлудите работи кои жени ги направиле за најдобрите другарки

    Најсрамните и најлудите работи кои жени ги направиле за најдобрите другарки

    Врската меѓу долгогодишните најдобри пријателки си има своја тежина и претставува однос како ниеден друг. За неа би направиле скоро сѐ, но некои работи подобро да не ги дознае никој освен вас двете. Некои жени сепак се пресрамиле и ги кажале најлудите и најсрамните работи кои ги направиле за своите најдобри другарки.rnrnНајсрамните и најлудите работи кои жени ги направиле за најдобрите другаркиrnrn1. Ѝ помогнав да го најде кондомот што се излизгал при секс и се заглавил длабоко во неа.rnrn2. Погледнав во нејзината кака за да се обидам да проценам дали е болна.rnrn3. Ѝ го држев невестинскиот фустан додека таа си менуваше тампон, за да не го направи со крв.rnrn4. Ѝ стиснав мозолче на газот.rnrn5. Се јавив во ургентен центар и ги опишував симптомите кои ги имаше, преправајќи се дека сум таа, бидејќи нејзе ѝ беше премногу срам да се јави. Мислеше дека ја има скршено „вагиналната коска“ од јавање на механички бик.rnrn6. Ѝ помогнав да извади лук од вагината, кој го пикнала обидувајќи се да лечи габична инфекција на природен начин.rnrn7. Ѝ извадив семче кое ѝ беше заглавено помеѓу забите зашто нејзините нокти не беа доволно долги.rnrn8. Ѝ го помирисав здивот за да провериме дали има „одвратен здив на болен човек“ пред да дојде нејзиното момче, кое ѝ носеше вечера бидејќи беше болна.rnrn9. Пиев од нејзиното мајчино млеко. Само за да осетам какво е. Морав!rnrn10. Ѝ го исчистив дилдото додека бевме цимерки бидејќи сакаше да го стави во машината за садови, а мене ми беше редот за миење.rnrn11. Ѝ помогнав да го извади изметот од птица во нејзината коса во веце во Старбакс.rnrn12. Ѝ ја издепилирав интимата.rnrn13. Се смував со дечко ѝ за да докажеме, како што таа се сомневаше, дека тој би ја изневерил ако добие шанса.rnrn14. Си ја заменивме долната облека во вецето во еден бар бидејќи таа само што почна да се гледа со едно момче и сфати дека го носела истиот комплет претходниот пат кога биле заедно. Не сакаше тој да мисли дека не си ја сменила долната облекаоттогаш. Нема баш смисла, ама не можеш да бараш логика кога најдобрата другарка ти е пијана и сака да добие секс.rnrn15. Ѝ помогнав да избега од сопствената свадба откако сфати дека не сака да се мажи.rnrn16. Се измочав врз нејзе кога ѝ се закачи медуза на плажа.rnrn17. Ѝ го зашив процепот на костумот што го носеше, во делот помеѓу нозете, додека сѐ уште беше на неа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најзабавната и најоткачена лизгалка на базен

    Најзабавната и најоткачена лизгалка на базен

    Оваа стрмна лизгалка се наоѓа на базенот во кампот „Ohio Dreams Action Sports“ во Охајо, САД и претставува најоткаченото место за забава и луди скокови во базен. Може не е најекстремна, но со сигурност е многу забавна што може да се види од ова интересно видео. Најзабавната и најоткачена лизгалка на базенКомпилацијата со нивните најинтересни скокови е поддржана со одлична музика, а во видеото може да се забележи дека младите луѓе одлично се забавуваат покрај убавиот базен.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најлудите тобогани низ светот

    Најлудите тобогани низ светот

    Обожавате водени паркови и сте во потрага по највозбудливите тобогани низ светот? Дојдовте на вистинското место. Погледнете ги најлудите 18 тобогани ширум светот од кои највисоките се протегаат на висина од 40 метри, а најбрзите достигнуваат незамисливи брзини и до 100 км/ч.rnrn

    Најлудите тобогани низ светот
    Во Флорида се наоѓа 36-метарскиот тобоган „Summit Plummet“ кој изгледа како скијачка скокалница.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Во Јужна Кореа тобоганот „AquaLoop“ е еден од најавантуристичките во светот.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „Wildebeest“ во Индијана е најдолгиот тобоган во светот кој трае неверојатни 2 и пол минути.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „Tantrum Alley“ во Дубаи
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Во првиот затворен воден парк во Кина се наоѓа магичниот тобоган „Bulletbowl“.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „Scorpion’s Tail“ во Висконсин е висок колку 10-катна зграда и во него би се движеле со брзина од 15 м/с.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „Leap of Faith“ на Бахамите ве води низ тунел кој поминува во аквариум со ајкули.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „King Cobra“ во Њу Џерси има делови кои се под агол од 50 степени.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Со тобоганот „Città del Mare“ во Италија буквално завршувате во Средоземното Море.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „Insano“ во Бразил моментално го држи рекордот за највисок тобоган во светот со висина од неверојатни 40 метри и во него би се движеле со брзина од 100 км/ч.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „Head-first Racer“ во Кина е одличен за оние кои бараат малку натпреварување.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    100-метарскиот тобоган „Jumeirah Sceirah“ во Дубаи достигнува брзини и до 80 км/ч.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Сè што треба да знаете за тобоганот „Epic Plunge“ е дека се наоѓа на брод за крстарење.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „L2“ во Австрија
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „Giant Slide“ во Кина
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „Big Thunder“ во Флорида ве води до пад од 45 степени и брзини до 30 км/ч.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганите „Master Blaster Water Coasters“ ве водат на авантура низ целиот воден парк во Дубаи.
    rnrn
    Најлудите тобогани низ светот
    Тобоганот „Boeing 747“ во Орегон

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

    Животни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“

    Ако би требало да бираме која ТВ серија нè има научено најмногу животни лекции, тогаш тоа би морало да биде „Како ја запознав мајка ви“. Не само што ликовите се одлично обмислени и со уникатни приказни, туку исто така целото дејство на приказната ни овозможува одличен поглед „од страна“ на нашите секојдневни животи. Доколку поради премногу смеење не успеавте да ги забележите пораките кои ни ги пренесува оваа ТВ серија, погледнете дел од животните лекции кои ние ги научивме од „Како ја запознав мајка ви“…rnrnЖивотни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

    1. Ако е судено, ќе биде

    rnНајдобар пример за оваа лекција е Тед. Тој во текот на ТВ серијата постојано ја бара љубовта на неговиот живот за да може да се ожени со неа. Но, и покрај целиот труд, посветеност и поминати 8 сезони, тој сè уште не е ни блиску до својата свадба. Ова нè тера да веруваме во старата и добро позната лекција дека ако е судено, ќе биде. Никогаш не откажувајте се од потрагата, бидејќи кога ќе дојде време ќе го пронајдете тоа што го барате.rnrnЖивотни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

    2. Врските на далечина ретко кога успеваат

    rnОваа ТВ серија ни покажува дека врските на далечина ретко кога успеваат, посебно ако станува збор за подолг временски период. Во првата сезона, Тед беше во врска со Викторија која добива понуда за работа во странство. На аеродромот, тие одлучуваат да ѝ дадат шанса на врската на далечина, кажувајќи си на себе дека ќе успее. Но, Тед од иднината во тој момент им кажа на своите деца дека нема да успее и дека овие врски навистина многу ретко успеваат.rnrnЖивотни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

    3. Ништо добро никогаш не се случува по 2 часот по полноќ

    rnИ оваа лекција ни доаѓа од искуството со Тед. Неговата мајка имала правило кое постојано го повторувала, а тоа е дека ништо добро никогаш не се случува по 2 часот по полноќ. И покрај тоа што неговите пријатели целосно го поддржуваат ова правило со свои примери, Тед одлучува да ризикува откако Робин ќе го викне на џус после 2 часот. И потоа по сплет на околности таа вечер тој ја губи девојката со која беше во врска, како и Робин со која сакаше да започне нешто ново, што повторно ја потврдува вистинитоста на правилото на неговата мајка.rnrnЖивотни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

    4. Работите кои не сте ги сакале порано, можеби не се толку лоши за вас понатаму во животот

    rnОваа лекција нè учи дека секогаш треба да бидеме отворени за сите нешта, без разлика дали некогаш сме ги сакале или не. Тед во првата сезона открива дека многу му се допаѓа една маица која пред 6 години воопшто не ја сакал, а потоа и дека му се допаѓа вкусот на Бурбон кој тој мислел дека не може да го поднесе. Понекогаш треба да се запрашаме зашто имаме толкав отпор кон одредени нешта и дали можеби дошло време кога тие би можеле да бидат добри за нас.rnrnЖивотни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

    5. Тестот „преден трем“ може да ви помогне да сфатите дали со вашиот избор би биле среќни во иднина

    rnВо четвртата сезона, Лили признава дека била причина за неколку раскинувања на Тед со девојки кои не го поминале Тестот „преден трем“. Станува збор за начин на кој Лили си замислува колку среќни би биле сите заедно кога ќе остарат и кога ќе поминуваат доста време заедно. Оваа животна лекција нè учи дека само најважните луѓе во вашиот живот можете да ги замислите во иднина како среќно седат покрај вас. Овој тест може да се примени и на секојдневни одлуки. На пример, размислете дали би биле среќни во иднина доколку одберете професија како сметководител? Или можеби би биле посреќни ако знаете дека сте се обиделе како писател?rnrnЖивотни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

    6. Клубовите се ужасни

    rnДа бидеме на чисто, оваа лекција дефинитивно се однесува за постарите млади луѓе. Сите ние обожававме да одиме по клубови, дискотеки и забави кога бевме помлади. Но, како што поминува времето полека сфаќаме дека тие не се тоа што биле. На пример, во првата сезона Робин е поканета во нов клуб наречен „Okay“ во кој ќе отидат и Тед и Барни. Но, што се случува внатре? Тед се обидува да разговара со девојка, но не може ништо да ја разбере бидеќи музиката е прегласна, а потоа кога отиде по пиво успеа да го земе дури по еден час чекање во ред. Робин завршува надвор од клубот бидејќи кога ќе излезе да се јави на мобилен, ќе се смени вратарот кој нема да ја пушти повторно да влезе. А за Барни, подобро да не кажеме што се случи со него… Поради тоа заштедете си себе и време и пари и најдете подобар начин на кој ќе ги поминувате викендите.rnrnЖивотни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

    7. Секогаш имајте ја на ум „Лудата-жешка скала“

    rn„Лудата-жешка скала“ е графа создадена од Барни со која го објаснува односот помеѓу жешкото и лудото. Барни објаснува дека на една личност ѝ е дозволено да биде луда, сè додека е подеднакво жешка. Секако, совршено би било доколку вашиот партнер е над дијагоналната линија, што укажува на тоа дека е пожежок отколку што е луд. Но, имајте на ум дека секој од нас е на некој начин луд, и токму тоа е тоа што ја прави врската интересна.rnrnЖивотни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

    8. Говорот на телото може да ви каже дали е личноста слободна или во врска

    rnВо втората сезона, братот на Барни, Џејмс доаѓа во посета и им кажува на сите од групата дека се млади луѓе кои живеат во Њујорк и затоа треба да излегуваат и да се забавуваат дури и кога се во врска. Барни претходно ги научи дека оние личности кои ги одбиваат понудите од згодни девојки/момци, повеќе сакаат да седат на сепаре отколку да танцуваат и постојано праќаат пораки на мобилниот, дефинитивно се во врска. Поради оваа лекција, тие забележаа дека има нешто чудно во однесувањето на Џејмс и сфатија дека тој мора да е во врска. Секако, секој може да се потпре на оваа лекција пред да ѝ пристапи на онаа личност која веќе некое време му „паѓа“ во поглед.rnrnЖивотни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

    9. Секогаш има еден очигледен победник и еден очигледен губитник

    rnВо третата сезона, Робин треба да се сретне со нејзиното поранешно момче Симон. Групата едногласно се согласува дека секојпат кога по долго време ќе се сретнат стари познаници, постои очигледен победник и очигледен губитник. Со други зборови, некој поминал одлично во својот живот, а другиот и не толку. Оваа лекција нè учи дека постојат луѓе кои се поамбициозни и помалку амбициозни од нас, па поради тоа некогаш вие сте „победникот“, а некогаш вашиот пријател од минатото. Но во секој случај, секогаш е интересно да дознавате како се снашле личностите од вашето минато во нивниот живот.rnrnЖивотни лекции кои ги научивме од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rnrnКои се лекциите кои вие ги имате научено од оваа ТВ серија?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)

    Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)

    Филм за препреките кои мора да се совладуваат во една врска на далечинаrnrnФилм: Лудо вљубени (Like Crazy)Режија: Дрејк ДоремусrnrnУлоги: Антон Елчин, Фелисити Џонс, Џенифер Лоренс, Чарли БјулиrnrnВреметраење: 90 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 27 јануари 2012rnrnЖанр: романса, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]
    rn


    rnrnОва е романтичен филм, но не е исполнет со патетика. Многу е поразличен од стандардните холивудски романси поради неговиот неконвенционален пристап во прикажувањето на љубовните проблеми и одбивањето компромис со публиката која е жедна за среќни краеви кои недостасуваат во реалниот живот. „Лудо вљубени“ е филм кој што детално се занимава со проблемите кои стојат пред секоја врска, а особено оние кои се одржуваат на далечина.rnrnОвој филм раскажува извонредна топла приказна за првата голема љубов на двајца студенти која поради бирократски проблем ќе биде ставена на сериозен тест. Лудо вљубените Ана и Џејкоб ќе бидат принудени да ја одржуваат својата врска на далечина додека се трудат да најдат начин повторно да бидат заедно.rnrnФилмот собра еден куп награди, меѓу кои најзначајна е онаа за најдобар филм на филмскиот фестивал Санденс, каде што и Фелисити Џонс беше наградена за најдобра актерка. Интересно е тоа што приказната е инпсирирана од вистински настани кои му се случиле на режисерот Дрејк Доремус. И тој морал да бара начин како да ја одржува романсата со неговата девојка – Австријка (денес негова сопруга) додека траела нејзината борба за дозвола за престој.rn



    rn

    rnПриказна: Ана е Англичанка која студира во Лос Анџелес. На тамошниот универзитет ќе го запознае Џејкоб, американски студент. Веднаш ќе се вљубат еден во друг и ќе започнат страсна врска исполнета со многу романтика и нежност. За жал, се ближи нивното дипломирање, по што истекува визата за престој на Ана во САД. Таа ќе мора да се врати во Лондон за да извади нова виза, правејќи ја евентуалната привремена разделба непријатна тема за разговор меѓу нив двајцата. Тоа Ана ќе го реши на неконвенционален и наивен начин – ќе реши да остане и покрај тоа што визата ѝ е истечена. Џејкоб ќе биде воодушевен. Тие двајцата заедно ќе го поминат летото од соништата, по што Ана на кратко ќе се врати во Лондон. Ќе се обиде да се врати во Лос Анџелес како турист, но граничната служба ќе забележи дека еднаш веќе ја пречекорила визата, па ќе ја врати во Лондон и ќе ѝ изрече забрана за влегување во Америка.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Со тоа започнуваат и големите проблеми за големата љубов меѓу нив двајца. Единствен начин да се гледаат се повремените летови на Џејкоб до Лондон, но тој мора постојано да се враќа во Лос Анџелес каде што во меѓувреме започнал успешен бизнис како дизајнер на мебел. Семејството на Ана веќе има ангажирано адвокат за да се симне забраната за влез во Америка, но и покрај тоа романтичните мигови за време на неговите кратки посети ќе бидат оптоварени со потребата од решение за нивниот проблем и одржувањето на врската на далечина. Додека копнежот кон другиот станува сè поголем, во нивните одвоени животи ќе почнат да се појавуваат и други луѓе (Чарли Бјули е преубавата Џенифер Лоренс). Тогаш се поставува прашањето дали нивната страсна врска е доволно силна да ги издржи сите препреки кои им ги наметнува далечината.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Глума: Глумата, едноставно, е брилијантна. Фасцинира фактот дека режисерот им дал само насоки на своите двајца главни актери, а тие целосно ги импровизираат своите дијалози. Со тоа филмот добива еден посебен шарм кој го немаат дури ни најпопуларните холивудски романтични филмови. Тоа им дава поголема доза реалност на случувањата: вие самите ќе ја почувствувате нивната љубов и болката заради разделеноста, исто како да сте таму покрај нив и ги набљудувате.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Кога и како да го гледате: Би било убаво никој да не ве вознемирува додека го гледате филмот за да можете целосно да го доживеете силниот емоционален набој кој го создава приказната. Добра опција е и гледањето во друштво на најблиските пријатели, затоа што откако ќе заврши филмот ќе ви отвори љубовни теми за разговор.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

    Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

    Веќе некое време сте заедно и сметате дека не може да биде посовршено од што веќе е. Но, дали сте навистина заљубени во него/неа? Научниците откриле дека кога мозокот е заљубен изгледа многу поразлично од тогаш кога чувствува само страст, или пак кога личноста веќе подолго време е во сериозна врска. Студиите кои биле водени од Хелен Фишер, антрополог од Универзитетот Рутгерс и една од водечките експерти на биолошката основа на љубовта, откриле дека „заљубениот“ мозок поминува низ уникатна фаза која трае одреден период. Таа исто така забележала дека постојат 13 знаци кои укажуваат на неа.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnОвој пат е посебно – Кога сте заљубени, почнувате да размислувате дека вашиот/вашата љубен/а е посебен/посебна. Ова верување се појавува во исто време со неможноста да чувствувате романтична страст кон никој друг. Фишер и колегите веруваат дека овие резултати се појавуваат поради покаченото ниво на централен допамин – хемикалија поврзана со вниманието и фокусот во вашиот мозок.rnrnТој/таа е совршен/а – Оние кои се навистина „лудо“ заљубени имаат тенденција да се концентрираат само на позитивните квалитети на својот партнер и притоа ги занемаруваат негативните. Тие исто така се фокусираат на тривијални настани и предмети кои ги потсетуваат на нивниот/нивната љубен/а и постојано мечтаат за нивните посебни моменти и спомени. И за ова фокусирано внимание се смета дека е „крив“ централниот допамин, како и покачувањето на централниот норепинефрин, хемикалија која е поврзана со зголемување на меморијата во близина на нов стимул.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnЈас сум хаос – Како што е добро познато, заљубувањето води кон емоционална и физиолошка нестабилност. Возбудата, еуфоријата, зголемената енергија, несоницата, губитокот на апетитот, треперењето, забрзаниот пулс и забрзаното дишење брзо предизвикуваат појава на анксиозност, паника и чувство на очај кога вашата врска ќе наиде дури и на најмал проблем. Овие промени во расположението се многу слични како оние кај зависниците од дрога. Истражувањата покажале дека кога на заљубена личност ќе ѝ се покаже фотографија од својот партнер, се активира истиот дел од мозокот што се активира и кај зависниците во моментот кога земаат „доза“. Почетокот на љубовта, според научниците е еден вид зависност.rnrnНадминувањето на пречката нè направи поблиски – Поминувањето низ нешто ново со друга личност најчесто ја зголемува романтичната привлечност помеѓу нив. Централниот допамин може да е виновен и за оваа реакција, бидејќи научниците покажале дека кога наградата доаѓа со задоцнување, невроните кои продуцираат допамин во мозокот стануваат многу попродуктивни.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnПостојано мислам на него/неа – Луѓето кои се заљубени изјавиле дека во просек поминуваат повеќе од 85% од времето додека се будни мислејќи на нивниот „љубовен објект“. Овие наметливи мисли, како еден вид опсесивно однесување, можат да резултираат од намаленото ниво на централен серотонин во мозокот, предизвикувајќи ситуација која и порано била поврзувана со опсесивното однесување.rnrnПосакувам да можевме да бидеме заедно цело време – Заљубените луѓе постојано покажуваат знаци на емоционална зависност од нивната врска, вклучувајќи ги и состојбите како посесивност, љубомора, страв од одбивање и анксиозност при разделување.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnСе надевам дека ќе останеме засекогаш заедно – Тие исто така тежнеат за емоционална поврзаност со нивниот партнер, барајќи начини да се приближат до него/неа повеќе и постојано мечтаат за нивната заедничка иднина.rnrnДали ќе му/ѝ се допадне оваа облека? – Заљубувањето се одликува со тенденцијата да ги реорганизирате вашите дневни приоритети и/или да ги промените својот стил на облекување, манири, навики или вредности само за да станете подобри за вашиот партнер.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnЌе направам сè за него/неа – Луѓето кои се заљубени чувствуваат силно чувство на емпатија кон нивниот партнер, сметајќи дека неговата/нејзината болка е и нивна. Тие исто така се подготвени да жртвуваат сè за личноста која ја сакаат.rnrnНе се работи само за секс – И покрај тоа што желбата за сексуална поврзаност е многу важна за оние кои се заљубени, потребата за емоционална поврзаност им е многу поважна. Студиите покажале дека 64% од заљубените (од двата пола) не се сложувале со изреката, „Сексот е најважниот дел од врската со мојот партнер“.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnМоже ли нашата врска да биде сериозна? – Оние кои се лудо заљубени често чувствуваат и сексуална желба кон својот партнер, но им се појавуваат и други силни емоции поради кои не сакаат да го „делат“ со други личности. Посесивноста и љубомората скоро инстантно се појавува доколку партнерот не се согласува со нивното мислење на оваа тема.rnrnСе чувствувам како да сум надвор од контрола – Фишер и нејзините колеги откриле дека луѓето кои велеле дека се заљубени често признавале дека нивната страст е автоматска и неконтролирана.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrn„Искрата исчезна“ – На жалост, заљубеноста не трае засекогаш. Тоа е привремена состојба која или се претвора во долгогодишна, взаемна врска која психолозите ја нарекуваат посветеност, или исчезнува и „заљубените“ продолжуваат со својот живот на различни страни. Доколку има физички или социјални препреки кои ги спречуваат партнерите да се гледаат редовно – како на пример, врска на далечина – тогаш оваа „љубовна фаза“ трае подолго отколку во нормалните ситуации.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.