Дури и да не сте големи фанови на американската кошарка, сигурно знаете кои се Чикаго Булс, кошаркарскиот тим од Чикаго, Илиноис, најпознати по нивното препознатливо лого со Бик и легендарниот играч Мајкл Џордан.rnrnrnrnКорисникот на Редит Cvoony неодамна забележал дека кога ќе се сврти нивното лого наопаку, се добива нешто малку безобразно.rnrnДали го гледате роботот кој е во некаква непристојна интеракција со ракот пред него?rnrnrnrnОткако корисникот го споделил своето откритие, многумина биле шокирани во неверување, додека некои велат дека едноставно гледаат човек кој чита книга. :)rnrnШто гледате вие? Што мислите, дали е ова намерно или случајно?rnrnМожеби ќе сакате да ја откриете и скриената симболика на овие 50 логоа.
Според статистиката, просечната личност гледа од 4.000 до 10.000 реклами дневно. Поради ова, компаниите ширум светот трошат толку многу пари обидувајќи се да се направат себеси и нивните логоа препознатливи.rnrnВо продолжение можете да го проверите вашето внимание со помош на едноставен тест. Сè што треба да направите е да одредите кое лого на сликата е точно, а кое е лажно. Не заборавајте да ги изброите вашите поени на крајот.rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Во новиот милениум се појавија милион нови логоа, но дефинитивно најпознато е она на марката Луи Витон. Иницијалите „ЛВ“ може да се забележат насекаде, на модните писти, на многубројните креации на познатите дами. Но, сепак, се чини дека многу малку се знае за оваa модна куќа која има долга историја.rnrnrnrn1. Луи Витон Малетије својата кариера ја започнал на 16-годишна возраст и тоа како дизајнер на куфери.rnrn2. Модната куќа Луи Витон е основана во 1854 година.rnrn3. Синот на Витон, Жорж Витон, креирал потполно нов тип заклучување кој подоцна ќе ги одбележи сите куфери од оваа марка.rnrn4. Оригиналното лого на овој бренд е создадено уште во 1896 година со цел неговите сопственици да се заштитат од копии и плагијати.rnrn5.Во 1914 година во Елисејските полиња во Париз е отворена најголемата продавница за куфери во светот, а сопственици биле токму креаторите на овој бренд.rnrnrnrn6.Сите парчиња од овој бренд и ден-денес се изработуваат рачно во Франција.rnrn7. Познатиот монограм на брендот Луи Витон го инспирирал уметникот Салвадор Дали да го креира „Далиграм“.rnrn8. Овој бренд досега има соработувано со модните креатори како што се Такаси Мураками и Стефан Спруз.rnrn9.Серијата „Сексот и градот“ е виновна за преголемата популарност на овој бренд.rnrn10.Овој бренд е дел од познатата заедница LVMH, кои ја сочинуваат 70 брендови меѓу кои Кристијан Диор, Живанши и Дона Каран.rnrn11.Буквите M и H во LVMH се однесуваат на два познати бренда кои произведуваат луксузни пијалаци, Moët и Hennessy.rnrnrnrn12. Многу познати личности меѓу кои Анџелина Џоли и Мадона, биле амбасадори на овој бренд, додека секако најчуден избор за заштитно лице е поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов.rnrn13. Според магазинот „Форбс“, марката Луи Витон го зазема 14-тот место на листата на највредни брендови на светот.rnrn14.Од 2013 година, името на овој бренд е употребено 19 пати во песните на Канје Вест.rnrn15. Марк Џејкобс беше во улога на уметнички директор на овој бренд цели 16 години, од 1997 до 2013.rnrn16. Сегашниот уметнички директор, Николас Гаскјер, го презеде ова место во 2013 година.rnrn
Автор: Ана ПетровиќrnrnКога дизајнирате лого за вашата компанија, од голема важност е во вистинско време да се запрашате каков вид емоции сакате да постигнете со вашиот бренд.rnrnrnrnЗа таа цел, фирмата за дизајн на логоа, „Logo Company“ создаде инфографик кој јасно илустрира како одредени емоции се предизвикани од одредени бои, употребувајќи примери на познати брендови.rnrnПсихолозите, проучувајќи како боите влијаат врз луѓето низ годините, дошле до заклучок дека постои цврста корелација помеѓу боите и чувствата, што дополнително ја потврдува важноста од одбирање на вистинските бои при дизајнирање на логоа.rnrnНа пример, рестораните како „Мекдоналдс“, „Pizza Hut“ и „KFC“ ја употребуваат црвената боја во нивните логоа, бидејќи токму црвената боја стимулира глад. Белата, црната, сивата и златната често се користат во логоа на луксузни брендови како „Шанел“, „Прада“, „Мајкл Корс“ и други, поттикнувајќи чувство на софистицираност и формалност.rnrnКога станува збор за дизајнирање на лого за вашиот бизнис, пробајте да се водите во оваа насока: Кои четири емоции сакате да ги постигнете кога некој ќе помисли на вашиот бренд? Запишете го ова прашање и според одговорите, пронајдете го значењето на вашата компанија и пораката која сакате да ја пренесете. Запомнете, ова е еден од многуте аспекти кои се од голема важност при процесот на дизајнирање на лого.rnrn rnrn
Во денешно време по пазарите и во продавниците можат да се најдат секакви имитации на познати брендови. Без разлика дали станува збор за патики, облека, мобилни телефони, играчки конзоли или познати пијалаци, можете да најдете многу слични имитации, кои покрај изгледот се обидуваат да го копираат и името и логото на брендот.rnrnrnrnОва најчесто резултира со пресмешна имитација, која секој би ја познал, но сепак ова не значи дека овие производи не успеваат да се продадат. Во продолжение погледнете неколку смешни фотографии од лажни брендови.rnrnrnrn
Сите досегашни варијации на логото на Бетмен, собрани на една слика. Погледнете ја неговата еволуција во изминатите 70 години. До денеска се претставени 30 различни дизајни.rnrn
Во далечната 1912 година, точно пред 100 години, беше дизајнирано првото Олимписко лого од страна на баронот Pierre de Coubertin, таткото на модерните Олимписки игри. На добро познатото лого се претставени 5 вкрстени кругови, обоени во сина, жолта, црна, зелена и црвена боја на бела позадина, претставувајќи ги петте делови на светот. Сината е за Европа, црната за Африка, црвената за Америка, жолтата за Азија и зелената за Океанија. Обоените кругови со своите бои ги опфаќаат сите национални знамиња кои постоеле во светот во тоа време. Овој симбол е универзален и ја означува постојаноста и континуитетот на човечкото постоење.rnСекоја Олимпијада покрај универзалниот симбол има и свое посебно лого, што ја прави уникатна и различна од останатите. Од првата Олимпијада во Париз во 1924 година, па сè до денес, дизајнерските трендови се доста сменети. За разлика од порано каде преовладувале црно-бели логоа, последните симболи се со впечатливи бои и имаат многу поедноставни и чисти линии. Погледнете ја листата со вкупно 33 логоа дизајнирани во последните 100 години.rnrn
Она што го прави Гугл интересен и оригинален се неговите логоа. Тие се забавни, спонтани и креативни. Обично, се менуваат и имаат за цел да прослават некој празник или значајна личност која со својата работа оставила белег во општеството.rnrnОд многубројните логоа на Гугл, ви ги издвојуваме најдобрите. Напомена: на некои од нив треба да кликнете за да видите зошто се толку посебни за да се најдат во листава.rnrnАмериканскиот пронаоѓач Томас Едисон (интерактивно)rnrnАмериканскиот куклар Џим Хенсон, творецот на Мапет куклите (интерактивно)rnrnДенот на таткотоrnrnДенот на мајкатаrnrnАмериканската танчерка и кореограф Марта Грахам (подвижно)rnrnОратор и хуморист Семјуел Лангхорн Клемeнс, познат како Марк ТвенrnrnЛусил Бол, актерка од филмската серија „Ја сакам Луси“ (интерактивно)rnrnЏез гитаристот Лес Пол (интерактивно)rnrnУнгарскиот магионичар и актер Хари Худиниrnrn„Кралскиот“ пејач Фреди Меркјури (интерактивно)rnrnНобеловецот за мир во 1964 година, Мартин Лутер КингrnrnДенот на Земјата (подвижно)rnrnМексиканскиот сликар на мурали Диего РивераrnrnЧарли Чаплин (интерактивно)rnrn rnrn
Романскиот дизајнер Стефан Асафти, направил еден интересен проект кој го нарекол „Brandversations“. Имено, станува збор за логоата на моќни компании во светот, но тие се целосно изработени од логото на своите конкуренти. Покрај тоа, на сите постери се наоѓа и познатиот слоган од конкурентите, правејќи ги уште поинтересни.rnrnrnrn rn
„Ова е проект за брендовите, големите брендови на модерниот свет, кои изградиле неверојатна историја како што поминувале годините. Отсекогаш постоеле спорови помеѓу конкурентските табори, а фановите на секој бренд секогаш го бранат својот омилен, сметајќи дека тој е најдобар. Честопати, силните и моќни брендови прават и маркетинг реклами против своите најблиски конкуренти“ – вели тој.
rnrnrn rn
„Проектот најмногу му пристапува на визуелниот „разговор“ помеѓу логоата на компаниите и начинот на кој тие си влијаат едно на друго. Тоа е паралела помеѓу модерното и старото, а некои од слоганите датираат од 40-тите и 50-тите години на овој век.“ – вели Стефан
Кафето им е омилен дневен пијалак на многумина. Тоа е и еден од најстарите пијалаци со долга традиција и интересна историја. Често читаме за многубројните здравствени придобивки од консумирање на кафето, а секојдневно сме и сведоци на отворањето нови кафулиња кои се обидуваат да ни го привлечат вниманието со моќната миризба и условите за уживање во социјалната интеракција со пријателите додека го пиеме.rnrnЗа да се разликуваат од останатите, брендовите мора да бидат креативни во изборот на своето лого, кое треба да го карактеризираат оригиналност и привлечност. Доколку ви треба инспирација за кафе-дизајн, пригответе си едно во омилената шолја и нурнете се во идеите кои се вградени во оваа листа. Изборот на стилови, бои и концепти ќе ви помогне да го направите задоволен вашиот клиент.Кое ви се допаѓа најмногу?rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.