Убавите и инспиративни цитати често се споделувани на социјалните мрежи, печатени на чаши или маички, но и употребувани во пригодни честитки. Единствениот проблем е што оние кои се најпопуларни, многу често се и погрешно користени, затоа што се целосно извадени од контекст. Низ сите популарни литературни дела може да се пронајдат прекрасни реченици кои инспирираат и воодушевуваат, а смислата ја добиваат само кога не се извадени од контекст, во спротивно се погрешно толкувани.rnrn
rnrnОва се неколку од најпопуларните цитати од книги (и филмови снимени според книги) за кои веќе сме заборавиле како се вистински употребени:rn
1. Роберт Фрост – „Патот што не го одбрав“
rnВо слободен превод, популарниот извадок од поемата гласи:rn
„Два пата се разделија во шумата, а јас го одбрав оној по којшто помалку се оди. Тоа направи огромна разлика.“
rnИако многумина го цитираат мислејќи дека го избрал вистинскиот пат, кој бил потежок, но донел поголемо задоволство, вистината е дека Фрост ја посветил поемата на својот пријател Едвард Томас, кој премногу време жалел за изборите што не ги направил. Идејата на Фрост била дека кој пат и да се одбере, животот ќе продолжи понатаму.rn
2. Маргарет Мичел – „Однесени од виорот“
rnПознатата изрека на Скарлет О’Хара во „Однесени од виорот“ звучи вака:rn
„После сè, утре е нов ден.“
rnОвој цитат често се користи како израз за нови, свежи почетоци, но според книгата, се работи за сосема поинаков контекст. Скарлет, во последните реченици од книгата, вели:rn
„Ќе размислам за сето тоа утре, во Тара. Тогаш ќе можам да поднесам. Утре ќе смислам некој начин за да го вратам. После сè, утре е нов ден!“
rnТаа всушност мисли на тоа дека новиот ден ќе ѝ донесе нова можност да се обиде да ја врати изгубената љубов.rn
3. Шекспир – „Ричард Трети“
rn
„Зимата сега на нашиот чемер.“
rnОва е стих со кој започнува драмата и често се цитира во негативен контекст, односно за опис на лоши времиња. А, еве како изгледа со сите стихови кои формираат целина:rn
„Зимата сега на нашиот чемерrnлетото е сјајно од сонцето на Јоркrnи облак муртав над дом што ни езделrnзатонал в темни пазуви морски.“
rnОвој говор ја открива љубомората на Ричард за владеењето на неговиот брат. Ричард како лик е деформиран, грд, предвреме роден и не може да се перчи пред блудничките.rn
4. Јувенал – „Сатира 6“
rnЈувенал е римски поет кој е познат по своите сатири со кои ги критикува пороците и раскошот на жените. Најпознат цитат од шестата сатира е:rn
„А кој може да го чува чуварот?“
rnОваа изрека денеска ја користат алудирајќи дека ништо не може да се скрие од државата. Имајќи предвид дека сатирата во неговите дела е доста површна и сексистичка, тој воопшто не се бунтува против политичките системи, туку ова се однесува на неговата увереност дека жените се неспособни да останат верни и лојални, дури и ако нивните мажи вработат чувар.rn
5. Џефри Чосер – „Кантербериски приказни“
rnОд генералниот пролог на делото потекнува познатата изрека:rn
„Парите се корен на сите зла.“
rnЦитатот е многу познат и многу употребуван, се разбира, сосема погрешно. Вистинскиот цитат гласи:rn
„Љубовта кон парите, таа е корен на сите зла.“
rnЗначењето веднаш е друго, нели?rn
6. Луис Карол – „Алиса во земјата на чудата“
rnКога Војвотката ќе рече:rn
„О, љубовта, љубовта го врти светот.“
rnТаа го мисли тоа саркастично и иронично. Луѓето често забораваат кој всушност го кажува овој цитат и погрешно го користат дури и во љубовни честитки.rn
7. Шекспир – „Веселите жени од Виндзор“
rnКога Пистол му бара на Фалстаф пари, а тој не му дава, му вели:rn
„Тогаш светот за мене е школка и со меч морам да го отворам!“
rnСепак, популарен е само првиот дел од цитатот, односно само:rn
„Светот за мене е школка.“
rnЛуѓето го користат како опис за тоа дека имаат отворен и оптимистички став кон животот, а реалното значење е дека всушност Пистол не би бирал што ќе употреби за да дојде до пари, па макар било тоа и насилство.