Според Мајк Демпси, фотографот зад оваа серија, никој не бил повреден при реализацијата на овие луди фотографии. Можеби неколку модринки и гребнатинки, но според учесниците, тие не се бројат.rnrn
rn
„Кога почнав да се занимавам со фотографија не знаев како да користам Фотошоп, а имав голема страст за фотографии со левитирање и други форми на анти-гравитациски трикови. Моите пријатели секогаш беа подготвени практично да излезат од баланс и да се доведат во опасност само за да ми излезат во пресрет. Тоа ми помогна да усовршам концепти кои и ден денес практично ги користам“, вели Демпси.
rnЗа да се задржи автентичноста, но и безбедноста, за овие фотографии се користи каскадерски душек и скали. Практичноста кога субјектот е физички присутен во рамката придонесува кон автентични реакции и правилна поставеност на светлата. Покрај тоа скокањето на каскадерски душек е забавно.rn
„Каскадерскиот душек и скалите се најкористените алатки од мојата опрема и практично без нив не излегувам од дома“, дополнува тој.
rnПонатаму процесот на обработка на фотографиите се состои од додавање и одземање елементи од фотографијата. Крајниот резултат се невообичаени и забавни фотографии. Погледнете дел од нив.rnrn













Левитацијата, практично е невозможна, но сепак постои начин како да го напуштите тлото и да се вивнете во воздухот. Сè што ви е потребно е фотоапарат и малку магија користејќи Фотошоп.
За сите оние кои веќе се заинтересираа да се најдат во таква положба следат неколку фотографии кои ќе ве инспирираат и видеа кои ќе ви помогнат во реализацијата.










rn