КАФЕ ПАУЗА

Tag: легално

  • 6 легални видови храна кои можат да предизвикаат халуцинации

    6 легални видови храна кои можат да предизвикаат халуцинации

    Не ве охрабруваме да консумирате од набројаните намирници со цел да си предизвикате халуцинации. Целта на овој текст е исклучиво информативна. Сепак постојат некои видови храна кои можат да се купат или да се најдат во природата, кои се легални а можат да направат да гледате работи кои најверојатно не се случуваат.rnrn6 легални видови храна кои можат да предизвикаат халуцинацииrn

    1. Кафе

    rnЗа злоупотреба на кофеин се смета кога ќе консумирате 250 милиграми од него, а толку отприлика има во 350 мл кафе. Тогаш уште е рано за халуцинации, но ако испиете 7 шолји веќе е можно да слушнете некои звуци кои другите не ги слушаат или да видите духови.rn

    2. Афион

    rnПознато е дека афионот содржи морфиум и кодеин. Треба премногу да се изеде од него за да се почувствува нешто, но може да придонесе да извадите позитивен тест на дроги.rn

    3. Црници

    rnДоста ги има кај нас и речиси нема некој што не ги јадел, но сепак нема никој кој имал халуцинации од нив. За тоа теоретски треба да се изедат огромни количини од кои веројатно ќе добиете дијареја пред да стигнете до „интересните слики“.rn

    4. Стилтон сирење

    rnСамо 20 грама од стилтон сирењето е доволно за да почнете да гледате слики кои обично не ги гледате. Тоа е потврдено и преку една британска студија.rn

    5. Главата на рибата сарпа салпа

    rnДоколку оваа риба изела доволно од вистинските алги и планктони, нејзината глава може да предизвика халуцинации. Ако не јадела од нив, тогаш е безопасна. Инаку таа може да се најде само на источниот дел на Атлантикот и Медитеранот.rn

    6. Морско оревче

    rnШест до осум лажици од него предизвикуваат слаби халуцинации, а покрај тоа и вртоглавица, мачнина, тешкотии со мокрењето и параноја.

  • Каде цртањето графити е легално?

    Каде цртањето графити е легално?

    Без разлика дали го сметате за вандализам или за неопходност на урбаното живеење, цртањето графити е забрането. Тоа е општествено најмалку прифатената форма на уметност, па можеби поради тоа предизвика толку голем отпор и опстана како супкултура. Сепак, со афирмацијата на хип хоп културата во последните години, односот кон неа почна да се менува, па веќе некои градови одвојуваат простор каде што цртањето графити е легално.rn

    Мелбурн

    rnrnВластите на Мелбурн ја одредиле улицата Хосиер Лејн како место каде што графити-уметниците можат да се изразат. И не само што овде тоа е легално, туку и се поттикнува, така што улицата е вметната во сите туристички водичи како атракција која мора да се посети. Дури и мистериозниот и контроверзен британски цртач на графити Бенкси оставил свој „отпечаток“ овде, а сопствениците на зградата веднаш поставиле стакло за да го заштитат неговото дело.rnrnКаде цртањето графити е легално?rnrn

    Венис Бич, Калифорнија

    rnНа Венис Бич во Калифорнија има ѕид којшто никогаш не е сив и каде никогаш не е здодевно, затоа што минувачите постојано имаат можност да ги следат уметниците на дело. Ѕидот е многу популарен меѓу уметниците, па нивните цртежи ретко се задржуваат подолг период, поради тоа што секогаш доаѓа некој друг што црта нешто ново врз нив.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Париз

    rnПариз е град на уметноста и има повеќе места каде што е овозможено изразување преку графити. Оние што имаат намера да цртаат овде нема зошто да се плашат од полицијата, но проблем може да им претставува територијалноста на одредени групи на графити-уметници. Постојат случаи каде што тие дури применуваат и насилство со цел да го одбранат просторот каде што тие цртаат.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Квинс, Њујорк

    rnВо блокот 5Поинтз во Квинс, Њујорк, секој уметник на графити може слободно да се изрази без да биде задеван од полицијата, но само по претходно одобрување од Мерес Уан – кураторот и основач на „5Поинтз“, арт-центар за уметници кои работат со аеросол.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Цирих

    rnЦирих важи за еден од најчистите градови во светот, а неговите жители отсекогаш се труделе и ѕидовите да ги одржат чисти. Но, со менувањето на односот кон графити-уметноста, градот издвои еден мал простор каде што тоа може да се практикува. Роте Фабрик порано било местото каде што цртачите се прикрадувале за нелегално да ја реализираат својата страст, а денес не само што тоа е едно од ретките места во светот каде што тоа е дозволено, туку е и поддржано од властите.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Копенхаген

    rnКопенхаген е познат како еден од најлибералните градови во светот, меѓу другото и заради тоа што на одредени локации дозволува цртање графити. На ѕидот кај Сидхавнен секој ден има артисти кои работат, а нивните дела траат по неколку дена додека не дојде некој друг да црта врз нив.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Тајпеј

    rnИако тајванската престолнина сè уште не ги легализирала графитите, сепак тоа не се смета за вандализам и полицијата не им прави проблеми на цртачите, сè додека сопствениците на ѕидовите не се пожалат.rnrnКаде цртањето графити е легално?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.