Секоја зима, артисти од целиот свет се собираат во Јукасјарви, северна Шведска за да учествуваат во уметнички проект кој станал познат како ЛЕДЕНХОТЕЛ. Станува збор за првиот и најголем хотел изграден од снег и лед. Јукасјарви е мало село во северна Шведска со популација од околу 900 жители и 1.000 кучиња. rnrn
rnrnСекоја зима, околу 50.000 посетители од целиот свет доаѓаат да го видат овој леден хотел и да ги искусат смиреноста, аурорите и различни активности во дивината, на околу 200 километри од Арктичкиот Круг. Градбата опфаќа 5.500 метри квадратни и е изградена од околу 2.000 тони лед од реката Торн и околу 30.000 тони мешавина од снег и лед кои ја зацврстуваат структурата. Околу 100 луѓе годишно учествуваат во конструкцијата на овој неверојатен леден хотел, од кои дури половина се артисти специјално поканети за дизајнирање на одредени делови на хотелот.rnrn
rnrnГрадењето на ледениот хотел е процес кој трае во текот на цела година. Во март и април, 4.000 тони лед се вади од реката Торн, кој потоа за време на летото се чува во ладни складишта. Изградбата се повторува секој ноември и декември, бидејќи некаде околу месецот април структурата полека се топи и се враќа во реката Торн. Доколку сакате да го посетите, хотелот е целосно отворен од декември до средината на април.rnrn
rnrnПогледнете ги и останатите фотографии кои покажуваат дел од дизајните и креациите на артисти од целиот свет за оваа сезона на овој леден хотел…rnrn












rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.