КАФЕ ПАУЗА

Tag: Лана Дел Реј

  • Мајли Сајрус со убава акустична изведба на „Summertime Sadness“

    Мајли Сајрус со убава акустична изведба на „Summertime Sadness“

    Провокативната 20-годишна поп пејачка Мајли Сајрус ја препеа песната Summertime Sadness од Лана Дел Реј во акустична варијанта во Live Lounge на БиБиСи Радио 1. Со својот настап таа докажа дека има импресивни гласовни способности, кои честопати се занемарувани од страна на светската публика, поради нејзиниот контроверзен стил на облекување и однесување на сцената.rnrnМајли Сајрус со убава акустична изведба на „Summertime Sadness“rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј…

    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј…

    People with Lana Del Rey Lips“ е блог кој го водат бриселскиот уметнички режисер Николас Хикорне и веб-дизајнерот Свен Гроте, на кој можат да се видат ултрасмешни „фотошопирани“ фотографии од познатите личности, на кои им се додадени популарните, истакнати усни на сексапилната пејачка Лана дел Реј. Името на блогот воопшто не разочарува, бидејќи го опишува точно она што очекувате да го видите – холивудските миленичиња и најпосакувани мажи како Рајан Гослинг и Џорџ Клуни, претворени во помалку привлечни мажи со набабрени усни и траен изглед на патка. :)rnrn

    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Рајан Гослинг
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Џорџ Клуни
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Даниел Крег
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Шакира
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Анџелина Џоли
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Џастин Бибер
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Чак Норис
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Стив Џобс
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Ким Џонг Ил
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познатите во ретро изданија

    Познатите во ретро изданија

    Навикнати сме да ги гледаме познатите како ја следат модата и на себе ги имаат најновите брендирани парчиња облека. Но некогаш знаат да се вратат назад во времето и да ја донесат модата од минатото. Некои од нив имаат препознатлив ретро стил, останатите одвреме-навреме се појавуваат во некакво ретро издание. Ова се дел од ретро изданијата на познатите жени.rn

    Бијонсе

    rnПознатите во ретро изданијаПознатите во ретро изданијаrn

    Скарлет Јохансон

    rnПознатите во ретро изданијаПознатите во ретро изданијаrn

    Лана Дел Реј

    rnПознатите во ретро изданијаПознатите во ретро изданијаrn

    Гвен Стефани

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Џеси Џеј

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Ванеса Хаџенс

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Пенелопе Круз

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Соланж Ноулс

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Шерил Коул

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Рита Ора

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Кристина Агилера

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Елен Помпео и Дита Вон

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Ким Кардашијан и Кети Пери

    rnПознатите во ретро изданија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лана Дел Реј – ѕвезда во подем

    Лана Дел Реј – ѕвезда во подем

    Автор: Ели РадескаrnrnЛана Дел Реј (Lana Del Rey) е уметничкото име на американската пејачка и текстописец Елизабет Грант, која сама си го стави прекарот Ненси Синатра.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејРодена е на 21 јуни 1986 во Лејк Плејсид, Њујорк и потекнува од богато семејство. Токму поради оваа причина често е мета на критичарите и на злите усти, кои велат дека е позната само поради луѓето кои се платени да стојат зад неа, како продуценти, стилисти, текстописци и слично. Сепак, добрата музика и добриот глас се очигледни и впечатливи, а тоа се нештата кои се најмногу важни и се ценат во светот на музиката. Таа изјавува дека најголеми влијанија врз нејзината музика имаат Бритни Спирс, Елвис Присли и Курт Кобејн.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејКакви и да се вашите претпоставки за неа, таа сепак не изгледа како сите оние размазени и богати ѕвезди, барем не на сцената. Во нејзините спотови, таа не се расфрла со гламур и сјај, туку нуди несекојдневни, интригантни сцени кои ќе ве натераат да размислите подобро. Нејзината музика навистина отскокнува од денешните стандарди, и се разликува од сè друго што е моментално актуелно во светот на музиката.rnrnЛана, пред сè, негува имиџ на женствена, но и трагична дива од ’60-те, што честопати е збунувачко бидејќи тоа е несекојдневно и невообичаено за денешната музичка сцена.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејНејзината кариера започна најпрво во 2008, кога Лана Дел Реј издаде мини-албум (ЕР) со три синглови, насловен како Лизи Грант, што е всушност кратенка од нејзиното вистинско име. Во јануари, 2010 конечно ја реализираше целосната верзија од албумот, наречен „Lana Del Rey A.K.A. Lizzy Grant“, кој подоцна го повлече од Ајтјунс, поради несигурни причини, но веројатно со стратешка цел. Ова беше проследено и со бришење на нејзиниот официјален веб-сајт, како и профилите на социјалните мрежи, за подоцна целосно да си го ребрендира своето име на интернет.rnrnОна што ù донесе најголем успех е синглот „Video Games“ од 2011.rn


    rn

    „Ја ставив оваа песна на интернет пред неколку месеци зашто ми беше омилена. Да бидам искрена, не очекував да стане хит, но луѓето навистина ја засакаа. Јас сум тажна кога ја пеам таа песна. Понекогаш плачам кога ја пеам“ – изјави таа.

    rnВо декември истата година излезе видео записот за „Born to die“ кој е нејзина идеја и замисла.rn

    rnДо крајот на 2011 следуваат настапи во „MTV Push“, „Bowery Ballroom“ и на други шоуа. Во 2011 се закити со две мошне важни награди, една на „Q Awards“, наградата „Q’s Next Big Thing“ и наградата за интернационален изведувач во подем на Британските музички награди.rnrnВо јануари оваа година официјално беше објавен албумот кој го носи името на втората водечка песна „Born to die“.rnrnНа 14-ти јануари настапи во „Saturday Night Live“, што ù донесе навистина измешани позитивни и негативни критики.rn

    rnОна што со сигурност го знаеме како нејзин следен проект е повторното откупување на правата од првиот албум и негова преработка и реализација ова лето.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејИ покрај критиките за нејзините настапи во живо, што најверојатно се последица на недоволното искуство, оваа девојка има нешто во себе што ќе ве натера макар за момент да уживате во нејзината музика. На моменти ќе ја сакате, а на моменти може и да ви биде здодевна, зависно од тоа колку сте подготвени да поднесете нешто несекојдневно. Она што таа сака да го остави како впечаток е природниот изглед, намерно не ставајќи акцент на нејзините усни и трепки, иако всушност нејзината вистинската цел е да ги истакне, оставајќи впечаток на дама од минатиот век.rn

    rnНа некои им се допаѓа тоа што нејзината музика е различна, други, пак, ја гледаат како морничава и несекојдневна, но едно е факт, девојката има талент кој вреди да се чуе. Целиот тој по малку морничав и трагичен имиџ од ’60-те е всушност нејзиниот уметнички стил кој е доволно интригантен да го привлече вашето внимание.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.