Најскапото и најелегантното Ламборгини на светот ќе се појави по одбрани светски салони при крајот на 2011 година. Концептот за новиот модел „Sesto Elemento“, кој беше презентиран во Париз кон крајот на минатата година и успеа да привлече многу внимание, сега е во напредна фаза на развој. Се шпекулира дека моделот ќе се произведе во лимитирана едиција од околу 20 возила, кои ќе чинат по 2 милиони евра.
Сепак, извршниот директор на Ламборгини, Стeфан Винклман вели дека шансите „Sesto Elemento“ да почне да се произведува сe 50-50. Суперколата тежи 1 тон, благодарение на материјалите од карбонски влакна. V10-моторот ќе достигнува до 100 километри на час за само 2,5 секунди.rn
Можеби сумата од 2 милиони евра личи неверојатно, сепак мора да се напомене дека Ламборгини го држи рекордот за продажба на 35 возила од моделот „Reventon“, кои чинат 1 милион секое, за само една недела.

rn
————————————————————————————————————————————————–
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Еве неколку интересни факти, на кои најверојатно не сте наишле.rnrn1. Најбрзиот модел на Ламборгини, со пријавена брзина од 370 км/ч, е Ле Манс верзијата на моделот Мурчелаго R-GT. Најбрзиот модел на Ламборгини направен за улично возење е Мурчелаго LP640 со пријавена брзина од 340 км/ч. Двата модела се со V12 мотор, со повеќе од 6000 кубика.rnrn
2. Ламборгини на почетокот опстојувал како самостоен производител, но во 1978 компанијата банкротирала и била купена од Крајслер. Од 1998 година, па сѐ до денеска, Ламборгини е во сопственост на германската компанија
4. Моделите Каунтач, Диабло и Мурчелаго имаат крилни врати, (можат да се ротираат нагоре и странично) само Гаљардото нема. Диаблото и Каунтачот повеќе не се произведуваат, па така Мурчелагото е единствениот модел кој се произведува со препознатливите крилни врати.rnrn

5. Не постои Ламборгини со мотор послаб од V8, а повеќето од нив се произведени со мотор V12.