КАФЕ ПАУЗА

Tag: ладнокрвност

  • 6-те хороскопски знаци со најстудено срце

    6-те хороскопски знаци со најстудено срце

    Постојат луѓе кои се навистина добри, грижливи и дарежливи. Од друга страна, постојат и луѓе кои имаат одлики како нарцизам и садизам и мислат само на себе. Вторите се со студено срце и не се грижат за туѓите потреби.rnrnrnrnКога започнувате врска, најверојатно не сакате да завршите со студена личност која само ќе ви суди. Иако е потребно време за да откриете нечиј карактер, можете да ја искористите помошта од астрологијата за одредени карактеристики.rnrnЛуѓето со студено срце се емоционално недостапни и немаат емпатија. Не можат да мислат подалеку од себе и никогаш не се трогнати од нечија тага или потреби. Па, погледнете ги хороскопските знаци кои слободно можат да се стават во оваа категорија луѓе.rn

    1. Стрелец

    rnСтрелецот е жесток огнен знак. Тој е амбициозен и размислува на големо. Единственото лошо нешто е што може премногу да се фокусира на себе поради неговата амбиција. Премногу е окупиран со неговите планови, цели и успех. Дури и кога комуницира со вас, најверојатно ќе биде заинтересиран да разговара за себеси наместо да слуша за вас. Ретко ќе се случи да ви постави прашање за вас, а дури и ако се случи ова, најчесто е бидејќи сака некаква информација.rn

    2. Рак

    rnРакот е воден знак, а негов владетел е Месечината. Тој е чувствителен, емоционален и има екстремно променливо расположение. Навистина е тешко да се прифати дека еден од најемоционалните знаци всушност има студено срце. Но поради нивната емотивна природа, овие луѓе се соочуваат со многу скршени срца и учат како да го „скаменат“ нивното срце за да се заштитат. Тие забораваат дека ова не е правилен начин за справување со чувствителноста и променливото расположение. Потребно е Ракот да најде рамнотежа помеѓу емотивноста и ладнокрвноста.rn

    3. Водолија

    rnВодолијата е воздушен знак. Таа е бунтовна, дива и вистински логичар. Ги сака интелектуалните идеи и да создава нови нешта. Но, лошо е што на овие луѓе не им е многу удобно со нивните емоции. Не значи дека се нечувствителни или дека немаат никакви емоции, туку едноставно им даваат предност на логиката и интелектот. Навистина им е неудобно кога некој ќе почне да им зборува за нивниот емоционален товар, а тие не сакаат да ги слушаат туѓите проблеми. Можно е сосема бесчувствително да ве замолат да ја промените темата. Се гордеат на нивните интелект и логика и не ја споделуваат нивната ранливост со другите.rn

    4. Скорпија

    rnСкорпијата е воден знак и е позната по нејзините страст и интензитет. Лошото кај овие луѓе е што нивната несигурност може да ги направи непријатни. Кога Скорпијата ќе се почувствува повредено, може да стане навистина ладнокрвна и да бара одмазда по секоја цена. Ќе почне да манипулира и да ги открива сите ваши слабости, за да нападне кога најмалку ќе очекувате. Познато е дека Скорпиите се навистина чувствителни. Тие ги користат нивните шарм и страст за да ги сокријат слабостите и тајните за кои никогаш нема да дознаете ништо.rn

    5. Девица

    rnДевицата е земјен знак и е навистина вредна. Овие луѓе се рационални и практични. Често сакаат да контролираат сè. Нештата ги планираат однапред и до најситните детали. Проблемот е што остануваат премногу во нивната глава и забораваат на нивните емоции. Кога Девицата е повредена или изневерена, веднаш станува тивка и се оддалечува.rn

    6. Бик

    rnБикот е земјен знак и овие луѓе се лојални, вредни и бараат материјална удобност. Проблемот е што понекогаш се премногу тврдоглави и не сакаат да се променат. Ако некогаш се најдете во расправа со Бик, тој никогаш нема да ја погледне вашата перспектива. Ќе се држи до неговата и речиси е невозможно да се најде компромис или какво било решение. Биковите имаат навистина кршливо его и поважно им е да бидат во право, отколку да ја одржат врската. Исто така овие луѓе се амбициозни и материјалисти, па ако некој им застане на патот до успехот, ќе се справат навистина студено и без емоции.rnrnДознајте и кои се најконтрадикторните хороскопски знаци во зодијакот.

  • Астрологија: Кој маж е најдобар љубовник?

    Астрологија: Кој маж е најдобар љубовник?

    Доколку сте ексцентрични и сакате невообичаени работи, водолијата е идеален избор за вас, меѓутоа доколку сте во потрага по некој кој ќе ужива во сексот исто колку и вие, тогаш треба да се одлучите за скорпијата. Прочитајте како астролозите ги оценуваат сексуалните вештини на мажите, според нивниот хороскопски знак.rnrnАстрологија: кој маж е најдобар љубовник?rn

    Овен – Маж од акција

    rnКако да го препознаете: Тој е вистински мачо кој го третира секое машко како маж и секоја жена како дама. Тоа само по себе е доволно за да го препознаете. Воедно, има и специфично високо чело и брз од, со оглед на тоа што секогаш некаде брза.rnrnНегов пример: Расел Кроу во „Гладијатор“rnrnДобри страни: Постои голема веројатност да ве избезуми со неговата енергичност, отвореност и упорност и да предизвика затресување на вашите колена од возбуда.rnrnНедостатоци: Поради неговиот експлозивен карактер, честопати губи живци и очекува од вас тоа да го прифатите како нормална работа.rnrnКако да постапувате со него: Високите потпетици и краткото здолниште, за жал нема да бидат доволни доколку не сте секогаш еден чекор пред него, во секоја смисла на зборот.rnrnКолку можете да му верувате: Оцена 4. Сака да ја истакне неговата доверливост и лојалност, но не е баш таков.rnrnКолку е романтичен: Оцена 4. Неговата романтика е од многу едноставна природа. Тој е вистински витешки заштитник.rnrnКаков е во кревет: Оцена 5. Управуван од страсниот Марс, овенот е брз и див во кревет и сака често да биде интимен.rn

    Бик – Карпа човек

    rnКако да го препознаете: Згодниот Бик најлесно можете да го препознаете по надворешниот изглед. Имено, за облекувањето, како и за сè друго што го прави, има стил. Делува силно и доверливо.rnrnНегов пример: Пирс Броснан – јак, згоден, но и чувствителен како Џејмс Бонд. Зарем ова не звучи совршено?rnrnДобри страни: одличен е во сексот, страстен и упорен, но без емоции. Сепак, женската проблематика не му е одбивна, така што во кревет е во состојба да го стори токму она што го посакувате.rnrnНедостатоци: Биковите сакаат да се хранат добро и обилно, а тоа го очекуваат и од своите партнерки. Според тоа, заборавете на диети додека сте со него, ако сакате да го задржите.rnrnКако да постапувате со него: на вашите хистерични испади, тој ќе се повлекува.rnrnКолку можете да му верувате: Оцена 5. Познат е по својата лојалност и никогаш нема да ја изневери вашата доверба.rnrnКолку е романтичен: Оцена 3. Верува во љубовта и сака да дарува. Но, за жал, сето тоа завршува откако ќе ве придобие.rnrnКаков е во кревет: Оцена 5. Страстен е и сензуален. Но, проблемот е тоа што мисли дека сѐ може да се реши со секс.rn

    Близнаци – Непоправлив заводник

    rnКако да го препознаете: од сите хороскопски знаци, тој е најголемо дете и можете да го препознаете по детската гестикулација. Обрнете внимание на истакнатите движења на неговите раце, додека зборува.rnrnНегов пример: англискиот актер Руперт Еверет во филмот „My Best Friend’s Wedding“ (Свадбата на мојот најдобар пријател) – паметен, духовит и урбан маж.rnrnДобри страни: доволен е еден Близнак во друштвото, за да биде забавата загарантирана.rnrnНедостатоци: Машките Близнаци секогаш делуваат како да не се во врска, дури и кога нивната партнерка седи покрај нив. Животот ќе ви биде поедноставен ако научите да го делите со остатокот од светот.rnrnКако да постапувате со него: Оставете го да погодува како се чувствувате. Не го оптоварувајте со длабоки и јаки чувства, туку бидете кул и потрудете се да бидете интересни и духовити во негова близина.rnrnКолку можете да му верувате: Оцена 2. Заборавете на сигурноста, туку сакајте го токму поради неговата непредвидливост.rnrnКолку е романтичен: оцена 3. Добар е со реплики и комплименти како актерот Кери Грант.rnrnКаков е во кревет: Оцена 3. Темпераментен е и склон кон експериментирање и е идеален доколку сакате опуштен, а не страстен и исцпрувачки секс.rnrn

  • Одмазда (Revenge)

    Одмазда (Revenge)

    ТВ серија за барањето правда и душевен мир по пат на ладнокрвна одмаздаrnrnОдмазда (Revenge)rnrnГлавни улоги: Емили Ван Кемп, Меделин Стоув, Гејбриел Мен, Џошуа Боуман, Хенри ЧерниrnrnЖанр: драма, трилер, мистеријаrnrnПремиера: 21 септември 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 43 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnПростувањето е можеби исправна верска постапка, но „Одмазда“ нема за цел да ве научи на морал и етика. Ова не е приказна за простувањето, ова е приказна за одмаздата на луѓето кои згаснале еден живот и загорчиле друг. rnrnОва ТВ шоу го наметнува прашањето: Како вие би постапиле, доколку сте живееле хармоничен живот со вашиот татко додека сте биле дете и одеднаш некои моќници, себични луѓе, го сместуваат вашиот единствен родител в затвор за криминал кој не го сторил, со цел да се спасат себеси од извршување на казната? Дали ќе им простите и ќе продолжите да го живеете вашиот живот како ништо да не се случило? Можеби тоа е исправен чекор, но дали е лесно остварлив? rnrnНеправдата боли, осаменоста и тагата го прават човекот ладнокрвен, а ваквите „темни“ чувства одлично ги пресликува главниот лик во серијата.rn———————————————————————————————————————————————————————— rn

    rnПриказна: Емили Торн е убава, богата млада девојка со мистериозно минато. Кога била мало девојче, татко ù бил неправедно изманипулиран од моќни луѓе и невин завршил в затвор, каде и згаснал неговиот живот. Емили, која тогаш се викала Аманда завршила во Центар за згрижување на деца, каде што поминала тежок период во своите тинејџерски години, бидејќи таму вработените ја третирале како да се наоѓа во Дом за малолетни престапници, поради „криминалот“ на нејзиниот татко.rnrnВо сета несреќа, светлиот зрак е тоа што татко ù и оставил големо богатство кое ù овозможило да го смени името и да се пресели повторно во нејзиното родно место Хамптонс и еден по еден, да им се одмазди на сите луѓе, кои биле вмешани во уништувањето на неговиот живот. Одмазда (Revenge)Одмазда (Revenge)Нејзините чекори се интелигентни, промислени и лукави. Преку ден таа се однесува како ангелче, културна девојка која сите ја почитуваат и сакаат, а навечер го смислува следниот одмазнички чекор, служејќи се со можностите на најновите технологии. За целиот нејзин план знае само едно момче – „компјутерџија“ кој работел со нејзиниот татко, благодарение на кој сега тој има милиони и мотив да ù помогне.Одмазда (Revenge)Кинематографија: Хамптонс е мало луксузно место во кое живеат најголемите богаташи и моќници. Животот на луѓето од високата класа е прикажан во своето реално светло: неуспешни бракови, нестабилни семејни односи, неискрени пријателства, огромни, луксузни куќи полни со „студенило“ наместо со љубов и наспроти ова, глумење дека го живеат „животот од соништата“.Одмазда (Revenge)Одмазда (Revenge)Одмазда (Revenge)Глума: Емили Ван Кемп со својата глума, навистина успева да го „продаде“ ова ТВ шоу. Ако таа се однесуваше премногу ладно, немаше да успее да допре до срцето на публиката. Ако беше премногу мила и слатка, ќе ни делуваше цинична и лицемерна. Таа е идеалната комбинација од невиност и зло, што ја прави вистинскиот избор за ваков тип серија. Одличен противник пред камерите ù е Меделин Стоув која ја глуми богаташката Викторија Грејсон – најголемиот виновник за нанесеното зло на таткото на Аманда.Одмазда (Revenge)Кога и како да ја гледате: Ова е серија која поради својата мистичност, непредвидливост и необична приказна е подобро да ја гледате навечер, за да ја доживеете во својот целосен облик. Самото дејствие не е вознемирувачко, ниту страшно, туку само интересно за гледање и анализирање на комплексната карактерна природа на главниот лик, поради што не би ви било лошо доколку изгледате една епизода, кога ќе се стуткате навечер под ќебенце.Одмазда (Revenge)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.