Цветанка Арнаудоваrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rn
Исламската архитектура е најраспространета во Египет, Мала Азија, Палестина, Сирија, Месопотамија, Персија, Туркистан, Индија, Северна Африка, Шпанија. Временски го опфаќа периодот од 7 до 18 век. Џамиите (масџидите) се сакрални објекти на исламската архитектура за собирање верници и за вршење религиозни обреди.
Потеклото води од Мухамедовата куќа што тој ја подигнал во Медина во 622 година. Џамиите ги карактеризира централен внатрешен простор во кој се врши службата. Михраб, мимбар, курсу и махвил се елементите кои се наоѓаат во внатрешниот простор на џамијата.
rn
Михработ претставува полукружна ниша во средината на јужниот ѕид, каде што стои имамот и ги предводи верниците во заедничка молитва. Тие можат да бидат најразлично декорирани. Дел од нив по својот изглед се навистина впечатливи.

Мимбарот, пак, е местото за проповед кое се наоѓа десно од михработ. Курсу е катедрата која се наоѓа лево од михработ, од каде се врши проповед и на мајчин јазик, а махвил е галеријата на спротивната страна, каде стои муезинот за време на молитвата. Муезинот е особата која ги повикува верниците на молитва.
rnrnrn
Чешмата за ритуално миење пак, ја именуваме како шадраван.
Како значаен дел од овие сакрални објекти, тука е и високото минаре од каде муезинот повикува на молитва. Џамијата може да има едно или повеќе минариња.
Во внатрешноста минарето има спирални басамаци по кои се стигнува до неговиот издаден дел. Балконот на минарето се нарекува шерефе.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
rn
rn
rn
rn
rnrnrn
rn
Поврзани содржини:
rn
rnПромениrn
rn



