КАФЕ ПАУЗА

Tag: кули

  • Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

    Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

    Автор: Цветанка АрнаудоваrnrnrnБогородичната црква или Нотрдам е катедралата на Париз и седиште на архиепископот во градот. Нејзиното име значи „Нашата Госпоѓа“ (Дева Марија) и се смета за најубав пример на француската готска архитектура. Архиепископот Морис де Сити го посветил својот живот и богатство на изградбата на катедралата. Се градела во периодот од 1163 до 1345 година. На нејзината изградба работеле многу архитекти, што е видливо по различните стилови и висини на западниот дел и кулите.rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивrnrnНајмногу воодушевува изгледот на предната фасада со тројниот портал над кој е поставена галерија од 28 статуи, елегантната розета како фасаден централен елемент и издигнатите кули по кои катедралата е особено препознатлива. Нејзината внатрешност освојува со разнобојните розети низ кои поминува светлина и како шарен цвет се пресликува на дел од подот. Специфичен елемент на Богородичната црква е едното од петте ѕвона наречено Емануел, сместено во јужната кула.rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивrnrnКатедралата во Келн е неизбежна за споменување, па и повеќе кога станува збор за чудата на архитектурата. Посветена е на Св. Петар и на Св. Богородица. Келнската катедрала, која е седиште на надбискупот на Келн, се градела во периодот од 1248 до 1880 год., кога е целосно завршена. Поради нејзините високи  куполи по кои е особено впечатлива, ја има најголемата фасада на една црква во светот. Фасада со украсени портали, запчести триаголни ниши распоредени во четири зони и елементи како четирилисни детелини и цветови кои се совршено вклопени…rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивrnrnНесомнено, едно од најчудесните архитектонски дела е црквата Саграда Фамилија во Барселона, Шпанија. Нејзиното име значи „Црква на Светото Семејство“. Се смета за дело на големиот архитект Антонио Гауди кој во 1882 год. добил задача да ја заврши. Таа веќе била во изградба како структура на готска преродба од архитектот Франциско де Вилар.rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивrnrnУникатна е поради декорацијата која изобилува со биолошки орнаменти и апстрактни форми. Нејзината внатрешност не е ништо помалку необична. Се карактеризира со најразлични цветни форми, дел од нив исполнети со разнобоен витраж.rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивrnrnФирентиската катедрала или Санта Марија дел Фиоре е украс на Фиренца, како особено значаен дел од италијанската архитектура. Изградбата е започната во 1296 год. по проектот на Арнофло ди Камбио и комплетно завршена во 1436 со куполата конструирана од Филипо Брунелески. Катедралниот комплекс ги вклучува и крстилницата и камбанаријата. Има навистина богато декорирана фасада карактеризирана со трите портали со насликани тимпанони, три розети, од кои две помали и една поголема централно поставена, како и галерија на скулптури.rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

  • Меморијалниот центар на кулите близначки во Њујорк

    Меморијалниот центар на кулите близначки во Њујорк

    Ова анимирано филмче ги претставува двете феноменални фонтани кои ќе бидат пуштени за безмалку 3 недели на десетгодишнината од нападот на кулите близначки во Њујорк. Двете „потонати“ фонтани се дело на архитектите Мајкл Арад и Питер Вокер, а ќе се наоѓаат на истите локации каде што беа темелите на кулите близначки, кои беа урнати на 11 септември 2001 година.Меморијалниот центар на кулите близначки во Њујорк Водопадите ќе имаат слив долг 9,2 метри и уште еден слив со истата должина во помала квадратна дупка на средината од фонтаните. Околу фонтаните на бронзени плочки ќе бидат испишани имињата на жртвите од нападите. Околу фонтаните ќе има поплочен плоштад, на кој ќе се наоѓаат 415 идентични дрвја, под кој ќе се гради меморијален музеј.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стаклените автомобилски кули на „Фолксваген“

    Стаклените автомобилски кули на „Фолксваген“

    Посетителите на „Autostadt“, атракција во склоп на фабриката на „Фолксваген“ во Волфсбург, Германија, можат да доживеат едно интересно искуство. Во склопот на овој парк постојат две стаклени кули, наречени „CarTowers“ кои се високи по 60 метри и во нив се сместуваат по 800 нови возила од фабриката.rnСтаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Кулите и фабриката се поврзани со подземен тунел долг 700 метри, па така готовите нови автомобили, механички се превезуваат до кулите, а оттаму роботска платформа ги распоредува по различни катови. Посетителите на оваа атракција, која е преплавена со преку 2 милиони туристи годишно, имаат можност, во група од 6 души да се најдат во стаклена кутија и да го доживеат неверојатното искуство, кое секојдневно го поминуваат новите возила.Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Петте највисоки облакодери во светот

    Петте највисоки облакодери во светот

    Облакодери кои се издигнуваат над нивото на градот…rn
    rn

    1. Бурџ Халифа

    rn

      rn011

    • Локација: Дубаи, Обединети Арапски Емирати
    • rn011

    • Архитект: Адриан Смит
    • rn011

    • Година на отворање: 2010
    • rn011

    • Височина: 828 метри
    • rn011

    • Катови: 169
    • rn

    rnПетте највисоки облакодери во светотБурџ Халифа“ што во превод би значело „Кулата на калифот“ со своите 828 метри височина неприкосновено се наоѓа на врвот на оваа листа. Започна да се гради во 2004 година, а нејзиното официјално отворање се одржа на 4 јануари 2010 година. Објектот  има 169 ката (1044 стана) а може да се пофали и со два огромни  базени кои се наоѓаат  под отворено небо, џамија која се наоѓа на врвот на зградата и хотел кој го носи името на светски познатиот бренд „Армани“. За изградбата на овој објект беа потрошени 1,6 милијарди американски долари, а во неговата изградба учествуваа повеќе од 7.500 работника.rn
    rn

    2. Тајпеј 101

    rn

      rn011

    • Локација: Тајпеј, Тајван
    • rn011

    • Архитект: Чанг Јонг Ли
    • rn011

    • Година на отворање: 2004
    • rn011

    • Височина: 509 метри
    • rn011

    • Катови: 101
    • rn

    rnПетте највисоки облакодери во светот„Тајпеј 101“ своето име го добива според бројот на катови и местото каде што се наоѓа. Конструирана е да издржи земјотрес посилен од 7 степени според Рихтеровата скала а архитектите велат дека би издржала и терористички напад сличен на оној од 2001 година во Њујорк над кулите „Близначки“. Започна да се гради во 1999 година а за нејзината изградба беа потрошени 1,8 милијарди американски долари. Зградата е предвидена како огромен деловен простор кој собира околу 13.000 луѓе и голем трговски центар. Интересно е тоа што во објектот се инсталирани 34 лифтови кои се движат со неверојатна брзина од 60 километри на час, што претставува апсолутен рекорд.rn
    rn

    3. Шангајскиот светски финансиски центар

    rn

      rn011

    • Локација: Шангај, Кина
    • rn011

    • Архитект: Минору Мори
    • rn011

    • Година на отворање: 2008
    • rn011

    • Височина: 492 метри
    • rn011

    • Катови: 101
    • rn

    rnПетте највисоки облакодери во светотШангајскиот светски финансиски центар започна да се гради во 1997 година, но поради финансиската криза која го зафати Азискиот континент кон крајот на минатиот век проектот беше неколку години во застој, при што претрпе и неколку измени на дизајнот на зградата. Првично било замислено на врвот да има голем кружен отвор кој би го намалувал притисокот од ветерот врз зградата а истовремено би асоцирал на кинескиот симбол за месечината. На ова голем број од населението протестирало, бидејќи симболиката била многу слична со сонцето на знамето на Јапонија, па кружниот отвор бил заменет со отвор во трапезоидна форма. Деловниот простор е доминантен дел од оваа зграда во која исто така има шопинг центар и хотел кој се наоѓа на последните 18 ката. За изградбата биле вложени 1,2 милијарди американски долари.rn
    rn

    4. Меѓународниот комерцијален центар

    rn

      rn011

    • Локација: Западен Коулун, Хонг Конг
    • rn011

    • Архитект: Коан Педерсен Фох
    • rn011

    • Година на отворање: 2010
    • rn011

    • Височина: 484 метри
    • rn011

    • Катови: 118
    • rn

    rnПетте највисоки облакодери во светотМеѓународниот комерцијален центар започна со изградба во 2002 година. Првичната замисла била зградата да биде 102 ката и да биде висока 574 метри, со што би била втората највисока зграда во светот, но градењето било забрането поради кршење на законот според кој зградите не смеат да бидат повисоки од планините кои ја опкружуваат. На последните 17 ката отворен е луксузен хотел дел од синџирот „Риц-Карлто“ кој воедно е и највисокиот хотел во светот.  За изградбата на овој облакодер биле потрошени 1,4 милијарди американски долари.rn
    rn

    5. Кулите Петронас

    rn

      rn011

    • Локација: Куала Лумпур, Малезија
    • rn011

    • Архитект: Цезар Пели
    • rn011

    • Година на отворање: 1998
    • rn011

    • Кула 1rn
        rn011

      • Височина: 452 метри
      • rn011

      • Катови: 88
      • rn

      rn

    • rn011

    • Кула 2rn
        rn011

      • Височина: 452 метри
      • rn011

      • Катови: 88
      • rn

      rn

    • rn

    rnПетте највисоки облакодери во светотКулите Петронас иако се наоѓаат на 5-тото место на оваа листа, сепак мора да се напомене дека претставуваат највисоките кули близначки во светот. Двете кули започнале да се градат во 1992 година и според замислениот план тие се поврзани со мост, а целите згради се определени да претставуваат само деловен и канцелариски простор. Интересен факт за овие кули е тоа што се составени од 32.000 прозори, а на вработените им е потребен еден месец за да ги избришат сите барем еднаш. За изградбата на овие прекрасни кули близначки биле употребени 1,6 милијарди американски долари.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.