Скандинавците без сомнение ги обожаваат своите природни и зелени кровови. Тие толку многу ги сакаат што дури и секоја година имаат натпревар со цел да се одбере најубавиот проект со зелен кров во Скандинавија. Но, постои причина зошто тие го преферираат овој тренд толку многу… Не само што станува збор за прекрасна декорација за куќата, туку има и голем број социјални, еколошки и финансиски придобивки од зелените кровови. Тие го впиваат дождот, ги намалуваат цените за греење во зимата и ладење во летото, овозможуваат изолација и се долготрајни… Имајќи го сè ова на ум, зарем не посакувате и вие еден ваков дизајн за вашиот дом?rnrnИсландrnrn
Овој фантастичен базен е во сопственост на една зграда со 42 ката во Бангкок, Тајланд. Издигнат е на кровот на помалиот дел од зградата и претставува совршена оаза за опуштање и релаксација. Целосно е опкружен со бујна вегетација, дрвена палуба и удобни лежалки, а за неговата изградба и дизајнирање било задолжено дизајнерското студио T.R.O.P., кои се специјалисти за вакви проекти.rnrn
Вадим Макхоров дефинитивно е авантуристички дух! Рускиот фотограф освојува интересни, необични и тешко достапни места со цел да направи убави фотографии од креативна перспектива. Качувајќи се по високите згради без никаков страв, тој ни овозможува да уживаме во овие прекрасни глетки.rnrnrnrnЗа време на своите патувања, тој решил да го фотографира и Дубаи. Овие фантастични фотографии сведочат за тие патувања кои ги документирал заедно со неговите пријатели.rnrnrnrnОваа пролет, тој и двајца негови пријатели предизвикаа вистински хоас, кога успеаја да се качат на врвот од пирамидите во Египет, одбегнувајќи ги вооружените стражари, притоа прекршувајќи го законот.rnrnТалентираниот фотограф за оваа постапка изјави:rnrn
„Не сакавме да навредиме никого. Само го следевме сонот.“
Во текот на последниве неколку години, шпанската архитектонска фирма A-cero изгради добра репутација со нејзините впечатливи, смели и модерни дизајни. Оваа куќа, изградена во Кадис, Шпанија, исто така, претставува еден блескав пример од оваа компанија.Распослана на површина од 400 метри квадратни, во оваа бетонска куќа, доминира белата боја, што ѝ дава една свежина и чистота, поради што најверојатно ќе им биде омилена на педантните луѓе.Двокатната куќа во Шпанија има елегантен базен во дворот, кој е изработен така да изгледа како да се губи во просторот и фантастична тераса на кров, која е совршено место за организирање домашни забави или за удобно безделничење во мрзливите топли денови.Во внатрешниот дел, гостите можат да се релаксираат во огромниот простор за живеење, во засебната телевизиска соба, дневната соба или во комплетно опремената кујна. Нагоре по скалите, се наоѓаат огромни и раскошни спални соби, кои имаат сопствен тоалет.rnrnrnrn
Овој дуплекс се наоѓа во Њујорк и не е ништо друго освен спектакуларен. Апартманот опфаќа два спрата од зградата, има голема тераса, пет спални соби, пет бањи, 50 прозорци и еден неверојатен голем базен. Освен базенот, кој е хит во самиот дуплекс, во овој апратман голем дел зафаќа огромната библиотеката која е неверојатно импресивна. Апартманот има два дрвени камини, поглед кон река, винска визба и уште многу други нешта. Целиот дуплекс чини близу 22 милиони долари.rn–——————————————————————————————————————————————————————-rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.