КАФЕ ПАУЗА

Tag: крошна

  • Психолошки тест: Изберете крошна и добијте кратка анализа на вашата личност

    Психолошки тест: Изберете крошна и добијте кратка анализа на вашата личност

    Погледнете подлабоко во вашата душа со помош на овој тест. Внимателно разгледајте ги овие дрвја и изберете го она чијашто крошна најмногу ве привлекува. Откако ќе го направите вашиот избор, во продолжение прочитајте што тој кажува за вас.rnrnПсихолошки тест: Изберете крошна и добијте кратка анализа на вашата личностrn

    Крошна 1

    rnОва дрво најчесто го избираат луѓе кои моментално не се задоволни со својот живот и сакаат да го променат на подобро. Нивното животно мото гласи: „Некаде постои среќа, но мене таму ме нема. Мора да отидам!“ Основните особини на луѓето кои го одбираат ова дрво се храброст, љубопитност и интерес за сѐ ново. Овие личности се желни за промени и со сето срце ги апсорбираат новите знаења и искуства. Луѓето ретко остануваат во оваа фаза. Обично, по изборот на вистинскиот пат, тие избираат друго дрво.rn

    Крошна 2

    rnОвие личности се трпеливи и упорни, тие ќе одат чекор по чекор кон зацртаната цел и нема да тргнат во погрешна насока. Тие се професионалци во својот домен на работење, па може да изгледаат како вистинска машина. Овие луѓе се сигурни дека животот е добар кога сѐ им оди според планираното. Тие сакаат стабилност и верни се на распоредот кој самите ќе го одберат. Сѐ работат според логиката и не ги прифаќаат лесно изненадувањата и иновациите.rn

    Крошна 3

    rnЛичностите што го избираат ова дрво се креативни и оригинални. Тие не чекорат по исти патишта и не обрнуваат внимание на шемите кои веќе постојат. Инспиративни се, сакаат да работат по свое и да изнаоѓаат нови потези. Овие личности обично се полни со харизма и шарм, а и оригинални се кога станува збор за стилот на облекување. Лесно може да се изнервираат и притоа да го сменат своето расположение. Тие зборуваат многу и се спремни да ги споделат своите идеи со оние кои го сакаат тоа, но и со оние кои не се заинтересирани…rn

    Крошна 4

    rnОвие личности се големи лидери и неуморни се кога станува збор за идеи и акции. Тие се амбициозни, прагматични, а способни се и да ги уверат работодавачите дека едноставно се незаменливи. Тие знаат што сакаат и како да го постигнат тоа. Како по правило, овие личности веруваат дека во светот постојат само две точки на гледишта: Оние кои се неисправни и нивните, оние субјективните. Тие се силни личности, искрени пријатели и опасни противници. Очигледно е дека уште од детството во нивната крв постои натпреварување.rn

    Крошна 5

    rnОвие луѓе имаат посебна емпатија и длабоко сочувствуваат. Лесно се ставаат во позиција на други луѓе, уживаат во туѓите емоции и заедно со нив ги делат и радоста и тагата. Добри се, емотивни се и го чувствуваат светот како никој друг. За среќа не им е доволна само личната благосостојба, туку хармонијата во животот на овие луѓе настанува тогаш кога се среќни и сите околу нив. Не сакаат конфликти и одлично ги решаваат недоразбирањата. Во најголем број случаи тие први отстапуваат.

  • Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјата

    Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјата

    Како ви звучи идејата да ручате високо во крошната на некое дрво? Оваа интересна идеја може многу брзо да стане вистински хит за организирање романтични ручеци и вечери, а ваква услуга во вакви услови, сега може да ви овозможи само летувалиштето „Six Senses’ Soneva Kiri“ кое се наоѓа на тајландскиот остров Кокс Куд.Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаОдморалиштето со 6 ѕвезди, нуди триесетина фантастични вили, но ресторанот сместен 5 метри над земјата помеѓу листовите од бујните дрва со романтичен поглед кон прекрасните песочни плажи, дефинитивно ќе биде голем хит во светот. Додека вие седите и уживате во погледот, вашата храна „долетува“, а нејзе ја носи келнер прикачен на метална сајла.Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.