КАФЕ ПАУЗА

Tag: креатор

  • Најнов моден тренд: Неверојатни парчиња облека создадени само со помош на ножици

    Најнов моден тренд: Неверојатни парчиња облека создадени само со помош на ножици

    Талентираниот американски дизајнер Адам Саакс за само неколку минути може да го претвори и најобичното парче облека во нешто навистина неверојатно. Но, неговите вештини не завршуваат тука! Тој може да го направи тоа на самиот модел, додека облеката е сѐ уште на неа или него. Адам не користи ниту машина за шиење за да ги создаде неговите модни креации. Сѐ што му е потребно за неговите ремек-дела се обични ножици.rnrnНајнов моден тренд: Неверојатни парчиња облека создадени само со помош на ножициrnrnПогледнете некои од неговите необични креации кои несомнено сведочат за оригиналноста и талентот на овој инспиративен моден креатор.rnrn

  • Долната облека на Кристијано Роналдо

    Долната облека на Кристијано Роналдо

    Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо, од неодамна стана и моден креатор. Првата колекција која ќе го носи неговиот потпис е направена во соработка со дизајнерот Ричард Чаи кој живее и работи во Њујорк.Долната облека на Кристијано РоналдоСите модели, бои и материјали кои се употребени за изработка на оваа серија долна облека за млади момчиња се одбрани во консултација со познатиот фудбалер. Серијата е наменета за сите момчиња кои се фанови на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, па затоа во рекламата е вклучено и момчето Хектор кое е страстен обожавател на овој клуб.Долната облека на Кристијано Роналдоrn

    rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите бесплатни креатори на веб-сајтови

    Најдобрите бесплатни креатори на веб-сајтови

    Во последно време стана доста популарно да се користат различни креатори на веб-сајтови. Тие нудат готови темплејти (шаблони) од кои корисникот може да одбере еден, кој најмногу му се допаѓа за својот сајт.rnrnОвие креатори им нудат бесплатна или премиум верзија на своите корисници. Обично со бесплатните верзии на корисниците им е понудено бесплатно, но ограничено хостирање. За корисниците да ги добијат сите погодности како што се свој домен, бесплатни имејл адреси, како и некои дополнителни опции, потребно е да доплатат одредена сума. Доколку решите и вие да направите сопствен сајт, погледнете ја следнава листа на десетте најпознати веб-креатори.rn
    rn

    1. Wix.com

    rnНајпознат меѓу овие сајтови е www.wix.com. Со помош на Wix, освен личен веб-сајт можете да креирате и професионална онлајн продавница, мобилен веб-сајт или пак брзо и едноставно да креирате Фејсбук-страница. Бесплатниот сајт од Wix би го добиле заедно со бесплатен домен од второ ниво, ограничен простор за вашите содржини и ограничен веб-сообраќај, поддршка за квалитет и реклами кои ќе бидат поставени на него.Најдобрите бесплатни креатори на веб-сајтовиrnrn

    2. WebStarts.com

    rnОвозможува слични услуги како претходниот, со некои мали разлики. Бесплатната верзија ќе ви овозможи да креирате само 5 страници во склоп на вашиот сајт и ќе ви понуди ограничен мемориски простор и веб-сообраќај. Со бесплатната верзија исто така следат и реклами од самиот сајт. Најчесто webstarts.com се препорачува како опција за креирање сајтови за лично претставување.“Најдобритеrnrn

    3. Wopop.com

    rnWopop.com претставува веб-компанија која нуди дизајн на индивидуални или сајтови за онлајн продажба. Бесплатниот сајт од Wopop би го добиле заедно со домен од второ ниво, ограничен мемориски простор, реклами, како и функционалностите кои ги поседува еден сајт за онлајн продажба. Исто така нуди голем број интересни и квалитетни темплејти и претставува одлично решение за креирање онлајн продавница.“Најдобритеrnrn

    4. Moonfruit.com

    rnMoonfruit.com е едноставен за користење и поседува голем избор на креативни темплејти. Бесплатниот пакет кој го нуди, вклучува еден веб-сајт со 15 страници на домен од второ ниво, ограничен веб-сообраќај и меморија за складирање на содржините. Moonfruit не обезбедува корисничка поддршка, но затоа пак овозможува автоматско креирање на мобилна верзија, како и брзо и лесно креирање на Фејсбук-страница со само неколку кликнувања.“Најдобритеrnrn

    5. DoodleKit.com

    rnDoodleKit.com ги нуди речиси истите можности како и претходните креатори. Дополнителна карактеристика кај овој креатор е вградениот RSS читач.“Најдобритеrnrn

    6. Yola.com

    rnПонудите од yola.com изгледаат доста интересно. Ако се одлучите за бесплатен пакет од Yola тогаш тој би вклучувал веб-сајт со вклучени 5 страници, подршка за квалитет, домен од второ ниво, вграден механизам за следење на статистики и ограничен простор и веб-сообраќај. Најважно е дека со Yola ќе се ослободите од досадните и иритирачки реклами и pop-up прозорчиња кои се неизоставен дел од останатите креатори.“Најдобритеrnrn

    7. Webs.com

    rnБесплатен веб-сајт можете да креирате и преку webs.com. Пакетот кој го нуди овој сервис вклучува една веб-сајт, како и мобилна верзија на истата, и двете со реклами. Просторот за складирање на податоците и веб-сообраќајот и во овој случај се ограничени. Доколку сакате да креирате онлајн продавница преку овој сајт треба да бидете внимателни бидејќи постои ограничување на само 5 продукти.“Најдобритеrnrn

    8. ezweb123.com

    rnЕден веб-сајт со 15 страници, ограничен мемориски простор и веб-сообраќај, домен од второ ниво и реклами од ezweb123.com е тоа што го нуди овој креатор, слично како и останатите.“Најдобритеrnrn

    9.Doomby

    rnDoomby.com е малку поразличен од другите бидејќи нуди одредени поволности. Со Doomby ќе добиете веб-сајт со неограничен број страници и неограничен веб-сообраќај. Во однос на другите карактеристики, не е ништо поразличен од другите, освен тоа што не обезбедува бесплатни темплејти за креирање онлајн продавници.“Најдобритеrnrn

    10. Jimbo.com

    rnJimbo.com е уште една опција за креирање на бесплатен веб-сајт. Овозможува креирање на личен сајт или сајт за електронска продажба. Исто како и претходните, и овој креатор има ограничена понуда. Нуди ограничен хостинг простор, бара мал надоместок за остварената онлајн продажбата и уште неколку дополнителни карактеристики.“Најдобрите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Уникатно дизајнирани хотели

    Уникатно дизајнирани хотели

    Во изминатите неколку години, врвни модни дизајнери открија нов пазар за развој на нивната дејност – дизајнирање хотели. Тие дизајнираа уникатни и раскошни соби ширум светот за да ги задоволат вкусовите на патниците.rn
    rn

    Хотелот „Г“ во Исланд, дизајниран од Филип Трејси

    rnВнатрешниот дизајн на хотелот „Г“ одразува јасно дефиниран вкус, со храбро расфрлани бои и дезени. Розевиот салон, наречен така во вистинска смисла на зборот, е целиот обоен во жешко розева боја, а во иста боја е и дезенот на столовите. За овој салон карактеристичен е и црно – белиот тепих што потсетува на хипноза. Уникатно дизајнирани хотели rn

    Хотелот „Москино“ во Италија, дизајниран од Франко Москино

    rnХотелот „Москино“ во Милано, Италија, е дизајниран во неокласицистички стил. Секоја соба е поинаква и именувана. Можете да спиете во собата со четири дрвја наречена „Шума“ или пак на креветот покриен со рози во собата позната како „Животот е кревет од рози“. Уникатно дизајнирани хотелиrn

    Хотелот „Le Bellechasse“ во Франција, дизајниран од Кристијан Лакроа

    rnОвој мал хотел има богато дизајнирани соби, каде што елеганцијата и сензибилноста се комбинираат со различни дезени, бои и стилови од периодот на ренесансата. Исто како и облеката, така и собите дизајнирани од Лакроа имаат за цел да ја поттикнат имагинацијата. Уникатно дизајнирани хотелиrn

    „Uxua Casa“ во Бразил, дизајнирана од Вилберт Дас

    rn„Uxua Casa“ се наоѓа сред преубав тропски пејзаж во Баија, во Бразил. Голем дел од ентериерот е изработен од природни материјали, својствени за таа област. На тој начин Дас се обидел да го долови ентериерот на луѓето кои живееле во оваа област во изминатите 500 години. Тушевите се изработени од дрво од еукалиптус, а за осветлувањето се погрижиле членовите на едно локално племе. Уникатно дизајнирани хотелиrn

    „Палатата Версаче“ во Австралија, дизајнирана од Џани Версаче

    rn„Палатата Версаче“ на Златниот брег во Австралија, дизајнирана е според куќата на Џани Версаче. Оваа палата има раскошен ентериер: мермерни подови, кристални лустери, огромни столбови и прекрасен базен во задниот дел. Во собите преовладува луксузот на свилата, уникатниот мебел и разновидноста на бои и дезени. Уникатно дизајнирани хотелиrn

    Хотелот „Мисони“ во Кувајт, дизајниран од Мисони

    rnХотелот „Мисиони“ во Кувајт во 2011 година, е вториот од овој синџир хотели. Секоја од 165-те соби има поглед кон Персискиот залив. Линиите во собите се јасни и се во контраст со топлите бои и дезените на ѕидовите, прекривките и завесите. Уникатно дизајнирани хотелиrn

    Хотелот „Раундхил“ во Јамајка, дизајниран од Ралф Лорен

    rnХотелот „Раундхил“ во Јамајка е изграден во 1952 година и бил долгогодишно засолниште на Ралф Лорен и неговото семејство. Гостинската соба, позната како Ананас соба, Лорен ја дизајнирал во класичен стил. Ентериерот во собите наликува на самиот остров, бидејќи подот е изработен од бел камен, во собите се забележуваат интензивни бои и многу светлина. Сето тоа е надополнето со прекрасниот поглед кон заливот Монтего. Уникатно дизајнирани хотелиrn

    Хотелот „Армани“ во Дубаи, дизајниран од Џорџо Армани

    rnЛоциран некаде во средината на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, хотелот „Армани“ нуди најразлични соби, од мали и компактни до пространи апартмани за бизнисмените. Сите соби го имаат потписот на Армани – симбол за елеганцијата. Собите се дизајнирани за оние кои го обожаваат дискретниот луксуз. Уникатно дизајнирани хотелиrn

    Хотелот „Саут Бич“ во Флорида, дизајниран од Тод Олдман

    rnАрт – деко ентериерот во Хотелот „Саут Бич“ во Флорида изобилува со бои инспирирани од плажите во Мајами. Во голем дел од собите може да се забележат тапети. Неодамна, Тод Олдман беше поканет да дизајнира уште 20 соби во еден новоотворен хотел, а тој собите ги обои во нијанси на портокалова, розева и црвена боја, како симбол на зајдисонцето во кое посетителите уживаат. Уникатно дизајнирани хотелиrn

    Хотелот „Schlosshotel“ во Германија, дизајниран од Карл Лагерфилд

    rnДизајнот на хотелот „Schlosshotel“ во Берлин, Германија, претставува дизајн во еден тежок, класичен стил, од слики во дебели позлатени рамки, до тапацирани кревети во бисерно розеви нијанси. Овие соби изобилуваат со луксуз и традиционална удобност. Уникатно дизајнирани хотели
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Игра на неделата: Креатор на луди железници

    Игра на неделата: Креатор на луди железници

    Лудите железници низ светот се составен дел од секој модерен забавен парк. Оваа интересна игра ќе ви овозможи барем виртуелно да создавате луди железници или поинаку познати како ролеркостери, со цел да ја поминете мисијата. Играта е едноставна и се игра само со помош на маусот. Нивоата стануваат се потешки, како што напредувате во играта, а за сите нејаснотии погледнете ги туторијал-видеата кои се достапни во менито „How to play“. Игра на неделата: Креатор на луди железнициУживајте во играта на неделата…

    rnrn