КАФЕ ПАУЗА

Tag: костим

  • 10 модни совети од Коко Шанел

    10 модни совети од Коко Шанел

    „Модата избледува, само стилот останува ист.“

    rnОва се зборови на легендарната дизајнерка Коко Шанел. Таа почина во 1971, но правилата кои ги воведе во модата и во животот воопшто, се безвремени. Таа веруваше дека убавината е во едноставноста. Тоа значи дека маиците, фармерките и хеланките кои обожаваме да ги носиме денес не може да се споредуваат со беспрекорната елеганција на стилот на Шанел кој никогаш нема да избледи.rnrn10 модни совети од Коко ШанелrnrnЕве 10 модни совети кои Коко Шанел им ги даваше на жените во текот на својот живот:rn
    rn

    „Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно.“

    rnИ дневната и вечерната облека од Шанел беше направена да биде удобна за да не ги попречува движењата. Ниски потпетици, блузи без ракави под јакните, чанти со долги рачки – сите овие беа создадени за да им овозможат на жените комфор во својата облека. Комфорот на нејзините клиентки и бил најважен.rn
    rn

    „Пантолоните ги ослободуваат жените.“

    rnКоко Шанел беше првата која дизајнираше и носеше панталони во време кога жените преферираа да се мачат во корсети и долги здолништа. Нејзината храброст во прво време беше критикувана, но за кратко, една по една, жените почнаа да облекуваат пантолони на себе. Иако од денешна перспектива изгледа чудно, но Коко Шанел е онаа на која и ја должиме комоцијата при седењето и лесното движење.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.“

    rnКоко Шанел ги сметаше колената на жените за грди, па затоа и одлучи да ги сокрива со облеката што ја дизајнираше. Таа направи неколку основни модели на здолништа за деловните жени кои претежно беа прави, тесни и многу елегантни.rn
    rn

    „Обожавајте ги кратките црни фустани.“

    rnТаа ги претстави кратките црни фустани во 1926. Сакаше да креира фустан кој ќе биде идеален и за преку ден и за навечер, ќе биде секси и прилагодлив и ќе изгледа различно со разни додатоци. Ако пред Шанел, црната беше бојата на тагувањето, по неа стана боја на класичното и стилското. Таа им понуди на дамите модел на елеганција кој тие со благодарност го прифатија.rn
    rn

    „Совршениот костим треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи.“

    rnВо раните ’20, многу популарен стана изгледот на машкуданка со кратка фризура, машка силуета и сјај во очите. Коко Шанел ја земаше облеката од нејзините момчиња и лесно ја адаптираше на нејзината фигура. Таа експериментираше со сè, од џемпери до волнени капути. Таа исто така имаше слабост на пругасти елечиња во морнарски стил кои ги комбинираше со многу бисери.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Јакните треба да се меки.“

    rnВо 1925 Коко ја дизајнираше првата мека јакна која целосно се припиваше на фигурата на жената, додека истовремено не ги попречуваше движењата. Ова беше сосема нов пристап во правењето јакни бидејќи дотогаш тие беа крути и неудобни. Коко им ја понуди на жените деликатна свила, високо поставените отвори за рацете и тесните ракави. Ова ја правеше фигурата извонредна.rn
    rn

    „Колку повеќе додатоци, толку подобро.“

    rnКоко Шанел обожаваше додатоци. И носеше многу. Таа можеше да искомбинира бижутерија со скап накит. Никој не можеше да ја види Коко без низа бисери, рубини или смарагди и полускапоцени камења  и брошови, беретки или капи кои сакаше да ги носи многу блиску до нејзините веѓи.rn
    rn

    „Стилските чевли може да се во две бои.“

    rnШанел ја обожаваше црно-белата комбинација, па нејзините познати црно-бели сандали не беа изненадување. Таа веруваше дека ваквите чевли ги прават жените посекси, а нивните стапала помали.rn
    rn

    „Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.“

    rnЦрното полно чантиче со рачка од синџирче кое беше креирано од Шанел за да го надополни нејзиниот изглед на деловна жена, сега се смета за едно од најкласичните и најмодерни модели на чанти.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Парфемот е исто толку важен колку и облеката.“

    rnЖена која не носи парфем нема иднина, вели Шанел. Исто така, според неа, жената мора да носи парфем секогаш кога сака да биде бакната. Во 1922 Шанел извади парфем кој полуди милиони мажи и жени. Коко остана верна на своите принципи и за мирисот употреби квадратно „машко“ шишенце.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се облекувате како Chuck Bass?

    Како да се облекувате како Chuck Bass?

    Автор: Д. Џ.rnrnЧак Бес (Chuck Bass). Доволно е кажано. Една од поголемите причини зашто „Озборувачка“ (Gossip Girl) е омилена серија на голем број девојки ширум светот. Настрана неговата природна убавина и шарм, Чак Бес го поседува оној стил кој го прави уште попрекрасен.Како да се облекувате како Chuck Bass?Стилот и облеката се нешта кои секој од нас може да ги модифицира и менува со времето. Но, доколку сакате вашиот стил да го приближите до оној на Чак Бес, склопивме неколку совети со кои ќе ви помогнеме да го направите тоа.Како да се облекувате како Chuck Bass?Кога сте Чак Бес, секојдневното никогаш не значи безгрижно. Без разлика дали го поминувате времето во некој ресторан, кафуле или низ дома, секогаш треба да изгледате беспрекорно средено и сѐ да ви биде „под конец“.rn.rn

    1. Костимот на Чак Бес

    rnЕдна од неговите три омилени работи, покрај девојките и префинетите алкохолни пијалаци, е класичниот костим. Тоа е првото нешто што секој од нас го забележува кај Чак. Додека тој своите костими ги носи на најкласичниот начин, вие можете со малку имагинација вашето класично палто да го искомбинирате со фармерки, штосна маичка и интересни чевли.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    2. Слоеви, слоеви, слоеви

    rnЗа постигнување на поинтересен изглед и подобро изразување на вашиот стил и вкус, облекувајте се во слоеви.  Тоа го прави Бес. Погледнете на сликата подолу како интересно ги има искомбинирано темно црвените пантолони со темната боја на неговите сини превиткани ракави од палтото. Оваа интересна игра на јаки бои не делува нападно затоа што ја има искомбинирано со бледите бои на неговата кошула, џемпер и палто. Сѐ е толку добро склопено што во ниеден момент не делува како „премногу“.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    3. Во линии

    rn

    Чак можеби е класичен, но тоа е секогаш со интересни детали кои класичното го прават да биде сé само не здодевно. Бес ги обожува своите палта, кошули и пантолони во линии. Пробајте и вие.Како да се облекувате како Chuck Bass?

    rnrn

    4. Стара Школа (Old School)

    rnМногу пати за изгледот на Чак да биде тоа што е, тој е интересно комплетиран со модните додатоци без кои не би било тоа-тоа. Погледнете како на оваа слика изгледот е воден од неговиот  интересен шешир, чевли во стилот на 40-тите години од минатиот век и палто во истиот тон.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    5. Играјте си со боите

    rnСекогаш е полесно и поздодевно да се придржувате до црната, белата и другите „обични“ бои кога станува збор за дефинирање на вашиот изглед. Бидете креативни и не бидете ограничени при изборот на бои.Како да се облекувате како Chuck Bass? rn

    6. Препознатливата марама на Чак

    rnСекој кој е познат по неговиот интересен, добар стил на облекување има препознатливо парче. Кај Чак тоа е неговата марама. Кај вас тоа може да биде некоја интересна шапка, вратоврски и ред други работи од кои можете да избирате.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    7. РакавициКако да се облекувате како Chuck Bass?8. Фризура во стилот на 60-титеКако да се облекувате како Chuck Bass?9. За да го комплетираме изгледот на Бес…

    rn rnrnНајбитното што го прави стилот на Чак толку препознатлив и единствен е начинот на кој тој ги носи своите парчиња. Изреката „не е важно што носиш, важно е како го носиш“ можеби станува клише, но ќе остане прво правило во светот на модата. Бидете сигурни во себе, движете се гордо и исполнети со самодоверба.Како да се облекувате како Chuck Bass?rnrn