Облекувањето во слоеви е во мода, не само заради интересниот изглед, туку и заради практичноста – овозможува брзо и лесно прилагодување на разликите во температурите надвор и во загреаните простории. Доколку сакате да избегнете изглед на торба, а истовремено да не смрзнувате, прочитајте ги следните неколку совети за облекување во слоеви, конкретно во зимскиот период кој следува.rnrn
За жени:
rnrn
1. Шал за дополнителен слој топлина
rnБојата на шалот треба да е свежа и да не создава ефект на ширење. Дополнете со долг светкав фустан, плетено дезенирано капче и долга надуена јакна.rnrn
rnrn
2. Комбинација од тексас јакна и зимска јакна од шушкавец
rnДолниот слој нека биде од тексас или некој друг сличен материјал, а изгледот ќе го докомплетирате со памучна блуза во пруги и долги плетени ракавици со украсни токи.rnrn
rnrn
3. Елече со крзно под класичен мантил
rnНа овој начин може да создадете ефект на крзнена јака. Ваквиот изглед ќе биде комплетен со класична кошула и еднобојно капче од кашмир.rnrn
rnrn
4. Не занемарувајте го она што можете да го направите со вашиот изглед од половината надолу
rnЗимските грејачи за нозе, дебелите чорапи и обувките исполнети со крзно кои можат да се носат превртени, ќе ви овозможат да носите мини здолништа и во овој период од годината, додека истовремено ќе прават да се чувствувате удобно и топличко. Нозете ќе ги загреете со хеланки, а за нагоре можете да искомбинирате тантелено фустанче со широк краток џемпер.rnrn
rnrn
5. Долг џемпер под куса есенска јакна
rnНекои луѓе се премногу приврзани за своите есенски парчиња, па не сакаат да се откажат од нив во студените зимски денови. За да не смрзнете, облечете долг плетен џемпер под кратката есенска јакна која ќе ја закопчате сосема до горе. Направете баланс со шал во различна боја, препорачливо во пругаста варијанта, кој може да го искомбинирате со фармерки или пантолони во некоја од тие бои. Класична цилиндрична шапка и ракавици од комбинација од волна и кожа одлично ќе се вклопат во ваквиот изглед.rnrn
rnrn
За мажи:
rnrn
1. Најпрво облечете ја најлесната облека
rnТоа се маици и кошули кои треба да претставуваат основа за она што ќе го облечете одозгора. На овој начин, секогаш ќе бидете во можност да се расоблечете во топли простории и притоа да изгледате пристојно и дотерано. Освен ако не живеете на Антарктикот, треба да бидете во можност да ја соблечете широката спортска јакна или дебелиот волнен џемпер. Секако, не треба да смрзнувате, но прекумерната облека може да доведе до потење, а тоа не е добро ни за вас, ни за тие околу вас.rnrn
rn
2. Ставете нешто одозгора
rnВториот слој може да биде што било. Дајте му шанса на џемперот со V отвор за кој бевте скептични и комбинирајте го со бела кошула одоздола. Додадете спортско палто врз џемперот за да постигнете класичен изглед.rnrnЏемперче со копчиња врз бела маица е посоодветна опција за поопуштен изглед, додека за вечерно излегување, изберете кошула со некаков шаблонизиран дезен.rnrn
rnrn
3. Додатоци
rnКога веќе се опуштивте со овој начин на облекување во слоеви, размислувајте за додатоци. Ставете вратоврска на кошулата која ја комбиниравте со џемперот на закопчување или замотајте шал околу вратот доколку ја избравте комбинацијата од маица и џемпер со V отвор. Ремените, капите и чевлите можат исто така да бидат важни додатоци на вашиот изглед.rnrn
rn
4. Треба да ви биде удобно
rnrnОва чувство лесно ќе го постигнете ако се облекувате во слоеви. Но, запомнете, лесните материјали се за летните денови, за зимскиот период носете кашмир, волна и тешки плетени облеки.rnrn
rnrn
5. Додадете боја
rnНе плашете се да додадете некоја впечатлива боја на вашиот комплетен изглед. Не посегнувајте веднаш по црното. Додадете убава сина боја на комбинацијата со бела кошула, изберете дезенирана кошула под сивиот џемпер на закопчување или ставете вратоврска во жива боја на облеките со затворени бои. Имате голема палета на располагање. Ваше е да го направите вистинскиот избор со вистинската комбинација. Секако, не треба ни да се претера.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
