Иако е тешко да се замисли, но повеќето компании кои денес „владеат“ со светот се родиле во мали гаражи или во сиромашни соседства. Погледнете како настанале некои од најпознатите и најуспешните корпорации и кои се луѓето кои се заслужни за тоа.rn
1. Јутјуб
rn
rnrnЧед Харли, Стив Чен и Џод Карим станале пријатели во 2005 година додека работеле на ПејПал. Една вечер Чед и Стив организирале забава на која Џод не можел да присуствува, па кога другите сакале да споделат видео со него, сфатиле дека тоа е многу тешко. Ова бил првиот чекор кон Јутјуб. Денес Јутјуб има околу 1 милијарда корисници, а тоа е речиси третина од сите корисници на Интернет.rn
2. Убер
rn
rnrnВо 2008 година, програмерите Тревис Каланик и Гарет Кемп отишле на конференција во Париз. Таму откриле дека е неверојатно тешко да се најде такси. Овој проблем ги натерал да размислуваат, па следната година во Сан Франциско, во употреба бил пуштен УберКаб. Познати личности како Едвард Нортон и Џеј Зи ја користеле услугата и биле премногу задоволни. Денес Убер е најпознатиот и најдобриот такси сервис во светот.rn
3. Најк
rn
rnrnАтлетичарот Фил Најк сфатил дека во Америка нема евтини патики, па решил да ги порачува од Азија и да ги продава во САД. Во 1965 година, тој ја именувал својата компанија Најк и почнал и самиот да произведува патики. Познатиот ѓон прв пат бил направен со тостер за вафли. Наскоро компанијата поседувала 50% од американскиот пазар. Денес Најк е број еден во спортската индустрија.rn
4. Икеа
rn
rnrnИнгвар Кампард продавал печурки, бобинки и божиќни картички. Но, кога наполнил 17 години ја основал Икеа. Тој решил да ја продава покуќнината расклопена, а подоцна добил и нова идеја – ги охрабрувал купувачите да го „сложат“ целиот свој дом со „делчиња“ од продавницата, како сложувалка. Денес во светот постојат речиси 400 продавници на Икеа, кои се вистински забавни паркови.rn
5. Инстаграм
rn
rnrnКевин Систром ја обожувал фотографијата. Кога заминал во Фиренца да ја изучува, му бил доделен Холга, фотоапарат кој прави ретро фотографии. Токму ова го инспирирало Систром да создаде сервис кој ќе прави ремек-дела од лоши фотографии. Апликацијата Инстаграм прв пат се појави на 6-ти октомври, 2010 година, а подоцна, во 2012 беше купена од Фејсбук за 1 милијарда долари.rn
6. Ворнер Брос
rn
rnrnВо 1918 година, 4-ца браќа од Америка решиле да создадат филмско студио. Хари и Алберт биле задолжени за финансиите, а Сем и Џек за правењето филмови. Токму ова студио го направило првиот филм со звук, „Џез пејачот“ (The Jazz Singer) во 1927, првиот хорор филм со звук, „Ужас“ (The Terror) во 1928 и првиот филм во боја, „Напред со снегот!“ (On with the Snow!) во 1929 година.rn
7. Лего
rn
rnrnВо 1932 година Оле Кирк Кристијансен, столар од Данска, банкротирал, станал вдовец и останал сам со 4 деца. Со цел да им го подобри расположението на своите деца, тој почнал да им прави играчки. По некое време почнал и да продава некои од нив. Името Лего го добил како идеја од данската фраза „leg godt“, што значи играј си добро. Подоцна успеал да отвори и продавница. Вистинскиот успех го доживеал во 1954 година, кога смислил нов систем – познатите Лего коцки.rn
8. Зара
rn
rnrnВо 1975 година, шпанскиот кројач Амансио Ортега бил на прошетка со својата девојка. Тие поминале покрај некоја продавница на чиј излог Ортега забележал прекрасен пењоар, кој бил многу скап. Ова го натерало Ортега да почне да прави негова уникатна долна облека, но која нема да биде скапа. Денешниот успех на Зара лежи во „брзата“ мода и користењето на многу информации кои ги предвидуваат трендовите. Денес Амансио Ортега е еден од најбогатите луѓе во светот.rn
9. Киндер јајце
rn
rnrnВо 1940 година, Петро Фереро почнал да прави слатки работи во една мала пекара. Благодарение на неговиот талент и неговите експерименти, многу брзо се прославил низ Италија и низ целиот свет. Во 1965 година пекарата ја презел неговиот брат Џовани, а подоцна неговиот внук Мишел кој ги измислил познатите Киндер јајца. Инспирацијата била од една италијанска велигденска традиција на правење слатки печива кои внатре имаат изненадување. Првата пратка на овие јајца, во 1972 година, била распродадена за само еден час. Денес Фереро е водена од синовите на Мишел – Петро и Џовани. Добро познатите Нутела, Фереро Рошер, Рафаело, Тик Так и многу други се производи на оваа компанија.rn
10. Епл
rn
rnrnПрвиот Епл компјутер се појавил на 1 април 1976 година, по цена од 666 долари. Останатото што им се случило на Стив Џобс и Стив Вознијак е историја. Револуционерна година за Епл беше 2007 кога во продажба беше пуштен првиот Ајфон. Стив Џобс рекол дека ако добијат и 1% од пазарот, ќе бидат задоволни, но секако, нема да застанат таму. Денес Ајфонот окупира 15% од пазарот за мобилни телефони.


rnrnАко барате не толку скап уред кој функционира на Андроид, тогаш би требало да дознаете нешто повеќе за Moto G. Можеби не е најмоќниот телефон на пазарот, но е доволно добар за секој корисник кој бара просечни перформанси.rn
rnrnМожеби на прв поглед изгледа како iPhone, но HTC One A9 има сосема поинаков софтвер. Последниот уред од HTC има премиум хардвер дизајн и минимални промени на Андроид системот. Сѐ на сѐ, телефонот нуди одлично искуство.rn
rnrnHTC One M9 има солиден дизајн, но не претставува нешто повеќе од тоа. При крајот на месец март, HTC ќе го лансира и новиот One M10 за кој се претпоставува дека ќе има многу подобри карактеристики.rn
rnrniPhone 6 Plus е сѐ уште еден од подобрите големи телефони на пазарот. Го нуди скоро истото искуство како новиот iPhone 6S Plus, а со неговото купување заштедувате 100-тина евра.rn
rnrniPhone 6 е можеби лански модел, но сѐ уште претставува добра опција ако сакате да заштедите малку пари, а сепак да купите iPhone.rnrn
rnrnВо 1890-тите, компанијата започнала да ги бои бурињата со сокот црвени за даночните агенти да можат полесно да ги распознаваат оние со Кока-кола од оние со алкохол за време на транспортот. Компанијата дури го именувала нивното прво списание „Црвеното буре“ во 1924 година.rn
rnrnБоите на буквите, како и нивниот распоред, потсетуваат и алудираат на разиграност. Рут Кедар, графичкиот дизајнер кој го изработил логото, вели:rn
rnrnПопуларните гласини велат дека логото би требало да претставува пропелерско сечило кое сече низ синото небо. Но, овие гласини се погрешни. Квадрантите ги претставуваат боите на слободната баварска држава.rn
rnrnЗатоа што основачот на позната социјална мрежа, Марк Закерберг, не може да ги гледа и распознава црвената и зелената боја. Тој објаснува:rn
rnrnКога компанијата за бензин Шел за првпат ја започнала својата дејност во 1915-тата година во Калифорнија, се одлучила за светли бои за да се издвојува од своите конкуренти во индустријата. Биле избрани црвената и жолтата боја, поради силните врски на државата со Шпанија.rn
rnrnБојата, која всушност се нарекува „Тифани сина“, била избрана од основачот на компанијата, Чарлс Луис Тифани, како боја која ќе преовладува на првата насловна страница на „Сината книга“ – годишна колекција на накит која за првпат била издадена во 1845-тата година. Од компанијата велат дека бојата, исто така, била избрана поради популарноста на тиркизниот скапоцен камен од 19-тиот век. Каменот бил омилен помеѓу младите невести од викторијанското доба, кои на гостите им подарувале брошови изработени од овој камен во форма на гулаб.rn
rnrnИзвршниот директор на Старбакс, Хауард Шулц, отворил свое кафуле за еспресо „Il Giornale“, откако за одреден период ја напуштил компанијата бидејќи не успеал да ги убеди вработените и сопствениците да стават еспресо на менито. Во 1987 година, оригиналните сопственици на Старбакс ја продале компанијата на Шулц, кој го вовел и еспресото во новото мени. Новото лого е комбинација на сирената на Старбакс и зелената боја на неговото поранешно кафуле „Il Giornale“.rn
rnrnСпоред компанијата Фаст, соосновачот на Јаху – Дејвид Фило, во 1995-тата година отишол да купи боја за да ги пребои ѕидовите на нивната канцеларија. Има две различни страни на приказната. Првата е дека Фило забележал мала продавница во непосредна близина која имала големи количини евтина виолетова боја. Другата страна на приказната вели дека Фило мислел дека бојата е сива, но поради силното флуоресцентно светло во канцеларијата, бојата изгледала виолетова.rn
rnrnЛегендата вели дека во периодот на првите трки со автомобили во Европа, британските автомобили биле зелени, а италијанските црвени. Но, брендот никогаш не се натпреварувал во ваквите трки. Портпаролката на Ленд Ровер вели дека зелената боја на возилото била избрана бидејќи таков бил оригиналниот план кога се дизајнирало логото. Оригиналното лого, пак, било светло зелено со црвени букви, потоа светло жолто-зелено, а потоа темно жолто-зелено.
rn
rn
rn
rnrn



















rnrn rnrn
Режија:
Стив Батлер (Мет Дејмон) воопшто не се сомнева во хидрауличното разбивање. Тој потекнува од мало гратче во рурална Америка многу слично на она во кое треба да ја изврши задачата со колешката Сју Томасон (Френсис МекДорманд), каде што се пратени од големата компанија Глобал за да ги убедат локалните жители да го продадат своето земјиште на компанијата која сака тука да експлоатира природен гас.
Гратчето полека пропаѓа во неможност економски да се издигне, луѓето стануваат сè посиромашни, а тој е убеден дека оди таму за да им донесе милиони кои ќе им го сменат животот. Кога оди од врата на врата кажувајќи им ги примамливите бројки на локалните жители се чини дека ја има најлесната задача на светот. Така ќе биде сè додека на еден граѓански собир професор од средното училиште не го покрене прашањето за еколошките последици од процесот на ископувањето, по што ќе решат прашањето да го стават на гласање после три недели.
Тоа делува само како мала сопка за Стив и Сју, но станува сериозен проблем кога ќе се појави Дастин (Џон Красински), млад еко-активист кој израснал на фарма која денес не постои затоа што ископувањата на Глобал довеле до еколошка катастрофа која убила сè наоколу. Тогаш следуваат тешкотиите за нив, а таа драма ја следиме низ призма на Стив, кој поради своето потекло сочувствува со локалното население и прави сè за да го убеди дека продажба на нивните имоти е оној економски пресврт кој беспомошно го очекуваат од животот, но во исто време мора да се бори со агилниот еко-активист, чии докази делуваат несоборливо.
Тоа што дејството е дадено низ перспективата на главниот лик веројатно го скратува задоволството да се доживее поголема драма низ самото дејство. Сепак, и такво какво што е, сигурно ќе биде доволно за да ве држи заинтересирани пред екранот, и самите прашувајќи се која од двете опции е подобра: отстранувањето на секаков еколошки и здравствен ризик или парите кои ги носат толку посакуваните промени на подобро. Поради тоа „Ветена земја“ е филм кој заслужува внимание и кој со голема веројатност по завршувањето ќе ве остави да размислувате за прашањата кои ги третира.
rnrn rnrn
rn
rnrn rn
rnrn rn






rnrn rnrn



















rnrnrn
















rn