КАФЕ ПАУЗА

Tag: комичар

  • 5 знаци дека сте роден комичар

    5 знаци дека сте роден комичар

    Комичарите имаат навистина неверојатна харизма. Тие успеваат да ги насмеат сите и доволно е да сте само во нивно присуство за да се чувствувате добро. Но, комедијата е навистина сериозна работа. За да бидете добри, потребно е да бидете спонтани, саркастични и шармантни. Сè во исто време.rnrn5 знаци дека сте роден комичарrnrnПокрај тоа, не постои формула со која можете да станете успешен комичар. Додека повеќето вежбаат за своите настапи, мал е бројот на луѓето кои се природно добри во тоа. Тие имаат дарба да ги набљудуваат нештата и ситуациите и ѝ ги презентираат на публиката. Ако имате некоја од овие особини, можеби и вие сте роден комичар.rn

    1. Игри со зборови

    rnАко можете да ги менувате и користите зборовите и речениците во совршен контекст, а притоа да ја насмеете публиката, вие сте навистина добар комичар. Луѓето го сакаат вашиот сарказам и вашите игри со зборови.rn

    2. Изрази на лицето

    rnНе е важно само што ќе кажете. Уште поважно е како ќе го кажете тоа. Дури и најглупавата шега може да биде неверојатно смешна ако ги доловите изразите на лицето и говорот на телото. Танцувањето, глумењето и пеењето ќе ви помогнат да го задржите вниманието на другите на комичен начин.rn

    3. Раскажување приказни

    rnИмате ли забележано дека постојат 2 вида комичари? Едните едноставно кажуваат шеги, а другите раскажуваат приказни и разни ситуации и ги претставуваат на навистина смешен начин. Вторите се секогаш поинтересни за слушање бидејќи знаат како да ја освојат публиката. Ако знаете да раскажувате приказни на забавен и смешен начин, можеби комедијата е совршена професија за вас.rn

    4. Забележување детали од животот

    rnМалите работи во животот се навистина важни, а истото важи и за комичарите. Смешните и чудни моменти се појавуваат во вашиот живот кога најмалку очекувате. Добрите комичари знаат да ги искористат овие ситуации. Често ги вметнуваат во нивните шеги и приказни.rn

    5. Шегување на своја сметка

    rnОва не значи дека треба постојано да се понижувате за да ги насмеете другите. Но, во оваа „смешна“ професија, понекогаш е потребно вие да бидете шегата. На овој начин навистина ќе го покажете вашиот карактер и вашата умешност да се справите со ситуација во која вие сте метата.rnrnДали знаевте дека мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција?

  • Науката открива: Луѓето со добра смисла за хумор умираат порано од останатите

    Науката открива: Луѓето со добра смисла за хумор умираат порано од останатите

    Имате ли некој во друштво кој постојано ве забавува, кажува шеги и се однесува како комичар? Според неодамнешното истражување објавено во Меѓународното списание за кардиологија, колку сте посмешни и позабавни, толку поголема е веројатноста дека ќе го изгубите животот порано.rnrnНауката открива: Луѓето со добра смисла за хумор умираат порано од останатитеrnrnИстражувачите ја споредиле возраста на која починале три групи на луѓе: Актери кои глумеле во драми, актери кои глумеле во комедии и стендап комичари. Резултатите покажале дека стендап комичарите се изложени на два пати поголем ризик да починат помлади од останатите групи актери. Имено, стендап комичарите умираат во просек 2,5 до 3 години порано од актерите кои глумат во драми и 2 години порано од актерите кои глумат во комедии.rnrnШокантно е тоа што колку подобар комичар сте толку поголеми се шансите дека ќе го изгубите животот порано. Кај подобрите комичари шансите дека ќе починат на помлади години се 70% поголеми од оние кај полошите комичари.rnrnВреди да се спомене дека повеќето стендап комичари настапуваат и патуваат сами, така што депресијата не е ретка појава кај овие луѓе, а тоа доведува до сериозни здравствени последици.rnrnСекако дека резултатите од ова истражување не треба да се земаат здраво за готово, но ако го земеме примерот на Робин Вилијамс и други комичари кои завршиле трагично, ќе дојдеме до заклучок дека можеби има некоја вистина во сето ова…rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема , прочитајте зошто мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција.

  • Урнебесни цитати од комичарот Азиз Ансари кои веднаш ќе ви го подобрат расположението

    Урнебесни цитати од комичарот Азиз Ансари кои веднаш ќе ви го подобрат расположението

    Азиз Ансари е еден од ретките стенд-ап комичари кој може да ги насмее луѓето и без да кажува навредливи и саркастични шеги. Неговиот талент е неоспорлив, а самата негова појава извлекува насмевка од сечие лице. Доколку денес се чувствувате како сите бродови да ви потонале, прочитајте ги следниве негови урнебесни цитати кои несомнено ќе ви го подобрат расположението…rnrnУрнебесни цитати од комичарот Азиз Ансари кои веднаш ќе ви го подобрат расположениетоrn

    „Ако сте маж, никогаш немојте да викате ’Извади го!’. Освен ако жената не ви ставила тарантула или скорпија на рамо, нема причина да викате ’Извади го!’“

    rn

    „Оној што го измислил бракот бил многу изопачен. Тоа е исто како да кажете некому ’Те сакам толку многу што ќе ја вмешам владата за да не можеш да ме оставиш.’“

    rn

    „Не смеете веќе да им се јавувате на луѓето. Ако се јавите некому, неговата реакција ќе биде ’Што е работата? Да не гори некаде? Тогаш не ми го губи времето. Прати ми порака.’“

    rn

    „Не знаев дали сакам италијански или пилешки сендвич, па нарачав по една половина од двете. Успех за мене е ако го добијам тоа што го сакам.“

    rn

    „Поздрав до сипаниците. Единствената болест која вели ’Знаеш што? Си ја завршивме работата еднаш и сега си одиме засекогаш.’“

    rn

    „Никогаш не сум видел дух со свои очи, ама би било интересно да видам. Живеам во понова зграда, така што мислам дека духот би бил модерен. Би се разбудил и би го видел духот како лебди врз мене и ме прашува ’Кој ти е пасвордот за вифито?’“

    rn

    „Опијанете се и остварете си ги вашите соништа.“

    rn

    „Ги гледам моите врсници како се венчаат со луѓе кои ги познаваат година и пол. Дали е тоа доволно време за да дознаете дали сакате да го поминете животот со некоја личност? Јас сум имал џемпери година и пол и потоа сум се прашувал ’Што ли сум правел со овој џемпер?’“

    rn

    „Ако сте биле во прегратките на саканата личност и сте гледале претстава која траела од 3 до 10 часа, тогаш сте го доживеале врвот на човечката среќа.“

    rn

    „Феминисти сте ако одите на концерт на Џеј-Зи и Бијонсе и не си помислите: ’Хмм, мислам дека Бијонсе треба да земе 23% помалку пари од Џеј-Зи.’“

    rn

    „Најтешкиот тел од возењето ролерки е моментот кога ќе им соопштите на родителите дека сте геј.“

    rn

    „Поминувам толку многу време на Интернет што чувствувам како да сум прочитал милион страници од најлошата книга некогаш напишана која никогаш нема да престанам да ја читам.“

    rnДоколку сѐ уште се чувствувате лошо, прочитајте ги овие урнебесно смешни цитати.

  • Моќни цитати од Расел Бренд што ќе ве потсетат дека треба да живеете со полни гради

    Моќни цитати од Расел Бренд што ќе ве потсетат дека треба да живеете со полни гради

    Веројатно го препознавате овој британски комичар од неговите најпознати филмови „Заборавајќи ја Сара Маршал“ (Forgetting Sarah Marshall) и „Бегство од Вегас“ (Get Him to The Greek). Можеби и го знаете како безмилосниот срцкршач кој се разведе од Кејти Пери. На прв поглед тој делува како типичен глумец: Згоден, по малку ексцентричен, па дури и арогантен. Но, ако погледнете под површината, ќе дознаете дека Расел Бренд е всушност многу инспиративен човек.rnrnМоќни цитати од Расел Бренд што ќе ве потсетат дека треба да живеете со полни градиrnrnИ покрај тоа што Расел не важи за совршен пример поради неговиот промискуитет, употреба на дрога и чудно однесување, тој е голем активист кој се бори за подобар живот и ги поттикнува и другите луѓе да го направат истото. Прочитајте ги неговите мудри и инспиративни цитати за животот, љубовта и среќата кои ќе ви го подигнат духот и ќе ве мотивираат да го живеете животот со полни гради…rn

    „Не постои правило што вели дека мора да го живеам животот како сите останати.“

    rn

    „Ако не си ги одберете вашите херои сами, некој друг ќе ги одбере за вас и тие повеќе нема да ги претставуваат вредностите што ви даваат сила, туку ќе ја претставуваат моќта што ќе ве претвори во робови.“

    rn

    „Сѐ додека на прво место ги ставаме материјалните вистини наместо духовните, ќе живееме во тиранија, бидејќи живееме во илузија.“

    rn

    „Ако сакате да бидете среќни, престанете да мислите само на себе и погрижете се и за другите луѓе.“

    rn

    „Стравот се шири брзо. Љубовта се шири малку побавно. За разумноста потребно е повеќе време.“

    rn

    „Луѓето кои велат дека системот функционира, работат за него.“

    rn

    „Начинот на кој се однесуваме со ранливите луѓе е тоа што нѐ дефинира како битија.“

    rn

    „Понекогаш кога сме разбеснети од жестоката појава на неправдата, првиот импулс ни вели да нападнеме. Мора да го одбегнуваме ова. Досега научивме дека насилството како средство е секогаш неуспешно.“

    rn

    „Секој момент е нов почеток, прекрасно свечено крунисување на големото космичко патување низ универзумот. Можеме да правиме што сакаме. Можеме да ја промениме реалноста во секој момент.“

    rnМоќни цитати од Расел Бренд што ќе ве потсетат дека треба да живеете со полни градиrn

    „Силата не мора да биде агресивна и гласна.“

    rn

    „Некои луѓе велат дека сте ја преминале линијата, но јас сметам дека не постои линија. Мислам дека луѓето ја повлекуваат линијата во моментот кога ќе ја преминете.“

    rn

    „Јасно ми е дека знам да бидам себичен, но и свесен сум дека не можете да бидете среќни доколку се грижите само за себе на сметка на другите луѓе.“

    rn

    „Ослободете се од идејата дека луѓето ве набљудуваат.“

    rn

    „Според мене, среќата се појавува случајно. Доволен е еден поглед во автобус и одеднаш вие сте вљубени. Доволна е една секунда помината во паркот за да забележите дека има дрвја во светот.“

    rn

    „Понекогаш блиските пријателства се како плима што ве носи на различни брегови иако океанот што ве поврзува останува ист.“

    rn

    „Животот никогаш не е како честитка за живот, нели? Никогаш не делува така како што вие би сакале да изгледа.“

    rn

    „Создадени сме од истата основна материја: Имаме 30% иста ДНК како онаа на бананите, 60% иста ДНК како онаа на црвите и 98% иста ДНК како онаа на шимпанзата, така што не сме толку поразлични од останатите.“

    rn

    „Нема да се срамам од она што сум. Нема да го поминам животот во извинување поради тоа што сум малку необичен. Не морам да се плашам повеќе. Можам да бидам тоа што сум.“

  • Факти за фантастичниот Чарли Чаплин

    Факти за фантастичниот Чарли Чаплин

    Дознајте нешто повеќе за легендарниот комичар Чарли Чаплин, за кого досега имавте прилика да прочитате што ја советувал ќерката Жералдин, како се почувствувал на својот 70-ти роденден или по кои зборови останал запаметен. Следуваат интересни факти за Чарли и неговиот бурен живот.rnrnФакти за фантастичниот Чарли Чаплинrnrn1. Чарли Чаплин е роден на 16 април, 1889 година, во Валворт, Лондон, само 4 дена пред германскиот диктатор, Адолф Хитлер. Фирерот му завидувал на огромната популарност која тогаш ја уживал Чарли, па решил да израсне мустаќи како неговите, за да биде подобро прифатен од луѓето.rnrn2. Во 1925 година, тој станал првиот актер кој се појавил на насловната страница на списанието „Time“.rnrn3. Чарли се пријавил на натпревар за човек кој најмногу личи на него и замислете освоил трето место.rnrn4. Отпечатоците од неговите стапала и дланки биле отстранети од Булеварот на славните во Холивуд, поради сомнежите дека е комунист. Подоцна истите биле изгубени.rnrn5. Украински астроном именувал астероид во чест на големиот актер. Го нарекол „3623 Чаплин“. Се наоѓа меѓу планетите Јупитер и Марс.rnrn6. Во 1985 година, неговиот лик за прв пат се појавил на поштенска марка во Англија. Девет години подоцна и американската пошта започнала да печати поштенски марки со неговата карикатура. Во Вотервил, Ирска пак е поставена бронзена статуетка со неговиот лик, а во музејот Мадам Тисо, Чаплин доби восочна фигура.rnrn7. Британските медиуми често го критикувале, бидејќи не се пријавил во војска за време на Првата светска војна. Вистината е дека Чарли се обидел да стане војник, но го одбиле со облазложение дека е премногу слаб и ситен.rnrnФакти за фантастичниот Чарли Чаплинrnrn8. Заслужен е за едни од најпрофитабилните филмови во ерата на немиот филм. Класикот „Златната треска“ (The Gold Rush, 1925) е на петтото место, со заработка од 4,25 милиони долари, а „Циркус“ (The Circus, 1928) на седмото, со 3,8 милиони.rnrn9. Компонирал преку 500 мелодии за своите филмови, а последниот филм што го гледал е „Роки“, во 1976 година.rnrn10. Неговиот ривал на професионално поле, американскиот комичар и режисер, Бастер Китон, во своите мемоари напишал дека Чаплин е најголемиот комичар кој некогаш се родил и најдобриот режисер на комедии.rnrn11. Тој се женел 4 пати во својот живот, а од браковите има вкупно 11 деца. Неговата ќерка Жералдин се појави на филмското платно во биографијата „Чаплин“ (Chaplin, 1992), во улога на мајката на легендарниот комичар, односно нејзината баба, Хана. По стапките на Чарли тргнале и ќерката Џозефин и синовите Ерл и Мајкл. И тие, исто така се актери. Ќерката Викторија пак, е циркузант.rnrn12. Во 1975 година, кралицата Елизабета Втора го одликувала со титулата витез.rnrn13. Чарли бил протеран од САД во 1953 година, откако одбил да земе американско државјанство. Живеел во Швајцарија сè до смртта. Починал во сон, на 88-годишна возраст, на 25 декември, 1977 година.rnrn14. Посмртните останки на Чарли Чаплин биле украдени во 1978 година, од страна на швајцарски механичари. Тие два месеци го уценувале неговото семејство. Барале откуп од 600 илјади долари. Но, набрзо биле уапсени, а неговите посмртни останки биле пројандени на 20 километри од гробиштата, закопани во ливада. Ги пронашол селанец, единаесет недели по кражбата. После овој инцидент, тие биле забетонирани два метри под земјата, со цел да се спречат нови обиди за кражба.rnrn15. Еден од неговите бастуни е продаден за 150 илјади долари, на аукција во 1987 година.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мултиталентираниот Азиз Ансари

    Мултиталентираниот Азиз Ансари

    Азиз Ансари е американски актер, писател, продуцент и неверојатно забавен стенд-ап комичар. Роден е на 23 февруари, 1983 година во Колумбија, Јужна Каролина. Меѓу неговите најпознати појавувања на филмското платно се оние во „Смешни луѓе“ (Funny People), „Те сакам, човеку“ (I Love You, Man), „За помалку од 30 минути“ (30 Minutes or Less)…rnrnСвојата кариера пак, како стенд-ап комичар ја започнал во 2001-та година, во Њујорк, каде и го продолжил своето образование. На ова поле денеска може да се каже дека е најдобар и најдокажан.Мултиталентираниот Азиз АнсариМеѓу неговите најнови точки се „Губење време на интернет“ и „СМС комуникација со девојките“, како дел од последно лансираниот стенд-ап материјал „Опасно вкусни“, достапен по цена од 5 американски долари на неговиот официјален веб-сајт.rn

    rn

    rn

    rnrnНеговото најпопуларно Јутјуб видео пак, е кога зборува за неговиот млад роднина Харис.rn

    rnАнсари не ги штеди ниту пријателите од јавниот живот. Покрај со актуелните случувања, настапите често ги зачинува и со шеги на нивна сметка. Како јавно деклариран фан на рап музиката, инспирацијата за неговите стенд-ап точки најмногу ја црпи од неговите пријатели-рапери.rn

    rn

    rn

    rn

    rnrnВо последните неколку години тој стана особено интересен за медиумите. Чест гостин е и во познатите полноќни шоуа. Како највпечатливо и најзабавно го издвојуваме неговото појавување кај Џими Кимел, каде отворено зборува дека се плаши од бебињата.rn

    rn

    Ансари важи и за еден од 10-те најзабавни твитерџии. Прочитајте мал дел од неговите твитови, меѓу кои е и преписката со претседателот Обама.

    rn
    rn

    „Имам повеќе твитер следебеници од тебе, човеку“ – порака на Обама до Ансари

    rnrn

    „Обама ме предизвикува, тврдејќи дека имам недостаток на твитер следбеници. Нереално“ – реакцијата на Ансари за претседателскиот коментар.

    rnrn

    „Не сум белец, но блиску сум до Мексиканец.“

    rn

    „Мала помош за вашата ‘полноќна акција’: Извинете, но дали некој некогаш ви кажал дека личите на афроамериканска верзија од Џенифер Анистон?“

    rn

    „Му оставив говорна порака со доооолга пцовка на оној што ми го украде ајфонот, за да подоцна сфатам дека всушност јас сум единствениот што ќе ја слуша таа порака.“

    rn

    „Ве прогласувам за маж и ноже (I now pronounce you man and KNIFE…).“

    rn

    „Не ги сакам атрактивните жени. Тие никогаш не ја држат вратата од лифтот отворена за мене и мислат дека секогаш можат да влезат преку ред во заедничките купатила.“

    rn

    „Њујоршки гангстер во Норвешка? Како е тоа можно?“

    rnrnВо продолжение, погледнете уште неколку од настапите на фантастичниот Ансари:rn

    rn

    rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Генијалноста на легендарниот комичар Џорџ Карлин

    Генијалноста на легендарниот комичар Џорџ Карлин

    Џорџ Карлин – човекот кој за религијата и политиката зборуваше без влакна на јазикот. Своите ставови по овие прашања му обезбедија посебно место во светот на стенд-ап комедијата. Со неговиот вознемирувачки црн хумор и критика, Карлин стана особено омилен кај публиката. На тапет кај Ирецот беше американското општество.rnrnНа 22 јуни, 2008 година, светот остана без легендарниот комичар, но очигледно не и без неговото влијание. Тој е меѓу најцитираните личности, а неговите видеа се меѓу најгледаните на интернет…Генијалноста на легендарниот комичар Џорџ Карлинrn

    „Атеизмот е непрофитна организација.“

    rn

    „Пливањето не е спорт. Пливањето е начин да се спасите од давење. Тоа е само здрав разум!“

    rn

    „Ако е точно дека нашиот вид е единствен во универзумот, тогаш морам да кажам дека универзумот имал прилично ниска цел и се задоволил со многу малку.“

    rn

    „Само што ја открив суштината на животот… и тие ја сменија.“

    rn

    „Повеќето луѓе работат доволно напорно за да не бидат отпуштени од работа и доволно се платени за да не дадат отказ.“

    rn

    „Немам страв од височина. Страв ми е да не паднам од височина“.

    rn

    rn
    rn

    „Имам исто толку авторитет колку и Папата. Само немам толку луѓе кои веруваат во него.“

    rn

    „Искреноста може да биде најдобрата политика, но важно е да се запамети дека очигледно, по пат на елиминација, нечесноста станува втората најдобра политика.“

    rn

    „Никој не знае што е следно, но сите го прават тоа.“

    rn

    „Причината за тоа што разговарам самиот со себе е тоа што јас сум единствениот чии одговори ги прифаќам.“

    rn

    „Временска прогноза за вечерва: Темница. Таа ќе продолжи во текот на целата ноќ и ќе заврши со широко распрскана утринска светлина.“

    rn

    „Јас не сакам да мислам на законите како на правила што мора да се следат, туку повеќе како на предлози.“

    rn

    rn
    rn

    „Должноста на еден комичар е да дознае до каде е границата и намерно да ја премине.“

    rn

    „Дали сте забележале дека оној што вози побавно од вас е идиот, а оној што вози побрзо манијак?“

    rn

    „И ‘немам коментар’ е коментар.“

    rn

    „Кога се раѓате добивате карта за шоуто на фрикови, а кога се раѓате во Америка добивате седиште во првиот ред.“

    rn

    „Планетата е во ред. Луѓето се за никаде.“

    rn

    „Единствената добра работа која произлезе од религијата е музиката.“

    rn

    rn
    rn

    „Дали сте забележале дека адвокатот е секогаш со поширока насмевка од клиентот?“

    rn

    „Го нарекуваат ‘Американски сон’, бидејќи за да поверувате во него, вие мора да сте поспани.“

    rn

    „Религијата е како пар чевли… Најдете пар што ви одговара, но не терајте ме да ги носам вашите чевли.“

    rn

    „Смејте се често, долго и гласно. Смејте се сè додека не останете без здив.“

    rn

    „Некои ја гледаат чашата полупразна, некои полуполна. Јас ја гледам два пати поголема отколку што треба да биде.“

    rn

    „Никогаш не потценувајте ја моќта на глупавите луѓе во големи групи.“

    rn

    rn
    rn

    „Издвојувањето на посебен дел за пушачи во рестораните е исто како да издвоите посебен дел за мочање во базените.“

    rn

    „Ако 4 од 5 луѓе страдаат од дијареа, дали тоа значи дека еден ужива во неа?“

    rn

    „Што ако немаше хипотетички прашања?“

    rn

    „Во секоја ситуација има по една смешна страна. Предизвикот е да ја пронајдете.“

    rn

    „Не давајте ù ги парите на црквата. Таа треба вам да ви ги дава нејзините пари.“

    rn

    „Постојат ноќи кога волците се тивки, а месечината завива.“

    rn

    „Во секој циничен човек, живее разочаран идеалист.“

    rn

    „Помислете колку е глупав просечниот човек и ќе сфатите дека половината од луѓето се поглупави и од тоа.“

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џеф Данам и неговиот хумор без граници

    Џеф Данам и неговиот хумор без граници

    Џеф Данам е американски вентрилоквист (зборување од стомак) и стенд-ап комичар. Неговата популарност постојано расте, а неговиот хумор се шири како зараза. Запознајте ги најпопуларните ликови на Данам…Џеф Данам и неговиот хумор без границиНа врвот е Ахмед – мртвиот терорист. Тој е бомбаш-самоубиец, кој често вели дека не е ниту Арап, ниту муслиман, бидејќи на задникот му пишува дека е произведен во Кина. 🙂 Неговата најпозната реченица е: „Тишина, ќе ве убијам“. Минатата година Данам нè запозна и со синот на Ахмет, Еј Џеј.rn

    rnНиту Мелвин нема да ве остави рамнодушни. Ќе ве насмее до солзи, со неговите шеги на сметка на суперхероите. Облечен е во син костум на суперхерој и тврди дека поседува две натчовечки особини, рендгенски вид и способност за летање. Кога Данам го прашува колку далеку може да лета, тој му одговара со: „Колку далеку можеш да ме фрлиш?“rn

    rnВолтер пак, е оженет и мрзлив пензионер, со негативен поглед на денешницата. Тој е виетнамски ветеран и поранешен заварувач, кој не може да ја поднесе сопругата.rn

    rn

    rnrnДанам, преку своите кукли, често се шегува и на своја сметка. Тоа најдобро го прави преку хиперактивниот Пинат. Овој лик е особено интересен. Тој е виолетов, има зелен прамен коса и носи само една патика на левата нога. За разлика од останатите ликови, неговите веѓи не се мрдаат. Опишан е како „лошото дете“.rn

    rn

    rn

    Овој неверојатно талентиран комичар има и своја кукла-менаџер. Тоа е Афроамериканецот Свит Деди Ди, кој се претставува како макро на Данам. Погледнете зошто:

    rnrn

    rn

    Меѓу најпопуларните ликови е и Хозе Халапињо. Тој е кукла на стапче, која зборува американски со шпански акцент. Носи малечко сомбреро и мустаќи. Обично настапува во комбинација со Пинат. Тука е и пивопиецот Баба Џеј. Тој може да мрда само со едното око и тоа кон лево…


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.