Автор: Сара ТурановиќrnrnСигурно многупати сте се запрашале дали вашиот организам функционира како и на другите луѓе. Ви ги откриваме најважните анатомски и функционални параметри на просечното женско тело.rnrn
rn
1. Вашата коса
rnВо просек, на сите жени дневно им опаѓаат по 100 влакна, па затоа после миењето на косата во кадата остануваат куп влакна. Доколку губите поголем број, обратете се кај дерматолог. Поголемото опаѓање на косата може да биде предизвикано од несоодветна исхрана, стрес, нарушување на работата на тироидната жлезда и хормонални промени.rn
2. Големината на градникот
rnПросечната големина за нашето поднебје е 80, што претставува зголемување за еден број во однос на периодот пред една деценија. Ова е последица на честата дебелина и поголемиот број пластични операции.rn
3. Вашата глава
rnЕдна до две главоболки месечно се просечни. Главата ве боли почесто? Обратете се кај вашиот лекар, и немојте да земате лекови сами бидејќи така може да предизвикате почести главоболки.rn
4. Вашите очи
rnНа секоја трета личност ѝ се потребни диоптриски очила. Експертите велат дека проблемите со видот се многу изразени, а причините се поради напрегањето во текот на напорната работа пред компјутер. Најдобар совет? На секои 15 минути, свртете го погледот од компјутерот и гледајте во друго место најмалку 30 секунди.rn
5. Вашите заби
rnСекоја четврта жена има проблем со кариес. Поголемиот дел од нас, доколку не чувствуваме болка мислиме дека нашето орално здравје е ОК и дека не постои проблем со кариесот. Но, тоа не е точно, а проблемите може да се воочат само со преглед кај вашиот стоматолог. Затоа, редовно посетувајте го вашиот стоматолог, што ќе ви помогне да реагирате во раните фази на расипување на забите.rn
6. Вашите колкови
rnПросечниот обем на една млада жена изнесува 103,6 см. Поголем дел од жените добиваат плус 5 см до својата 65 година. Но треба да знаете дека поголемото масно ткиво на вашите колкови е поздраво за вашето срце отколку тоа да е на вашиот стомак.rn
7. Вашиот струк
rnПросечниот обем на една млада жена изнесува 86,3 см – што е за 2,54 см од границата за зголемен ризик од срцеви заболувања. Ефикасен начин да го намалите обемот е со зголемена физичка активност.rn
8. Вашата висина и тежина
rnПросечната висина на денешната жена е 164,5 см, а тежината 65,4 кг. Ова значи дека сме за 5 см повисоки од претходните генерации, но затоа сме и потешки за 3 килограми во однос на претходните 5 децении. Зошто? Одговорот е едноставен. Поголеми порции, нездрава исхрана и намалената физичка активност.rn
9. Вашето срце
rnПулсот на здрава жена изнесува од 60 до 80 отчукувања во минута (во состојба на мирување). Сите вредности под долната граница се нездрави. За да го измерите пулсот ставете го показалецот, средниот и домалиот прст на внатрешниот дел на рачниот зглоб и мерете ги отчукувањата 6 секунди, а потоа помножете го бројот со 10. Шетањето со побрзи чекори, пет дена во неделата може да ја подобри работата на срцето.rn
10. Вашиот целулит
rnОпуштете се! Дури и 80% од жените имаат целулит на одредени делови од телото, вклучувајќи ги и слабите девојки.rn
11. Вашата менструација
rn28 дена – тоа е просечниот периметар кој експертите го користат кога препишуваат контрацепција. Но таков менструален циклус имаат само 10% од жените. Здравиот циклус може да биде од 21 до 35 дена (броејќи од првиот ден на крварење до денот пред наредната менструација). Ако планирате да останете бремени, а вашиот циклус е пократок или подолг од наведениот, побарајте совет од вашиот гинеколог.rn
12. Вашите физиолошки потреби
rnПросечно здравата жена уринира седум пати дневно. Урината треба да биде бледо жолта и бистра. Доколку не е така, би требало да пиете повеќе вода. Во случај ако мокрите повеќе од седум пати, а притоа чувствувате пецкање, тогаш можеби станува збор за инфекција. Пијте се чаша вода пред сексуалниот однос, а уринирајте после него.rnrnНаучниците велат дека жените вршат голема нужда повеќе од мажите, а на неделно ниво тоа би било 8,2 пати. Храната богата со билни влакна и две литри вода дневно би можеле да ја условат редовната дефекација. Доколку почесто вршите нужда во текот на еден ден или пак имате дијареја повеќе од шест недели, задолжително јавете се кај вашиот лекар.rn
13. Вашите депресивни денови
rnВо просек, жената се чувствува депресивно четири дена од месецот. Таквите расположенија се нормални и најчесто се последица од промената на нивото на хормоните. Сепак, ако сте депресивни повеќе од две недели, па и подолго а триковите за подигање на расположението – дружењето со пријателите и физичката активност – не помагаат, обратете се кај психолог.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Следните 4 вида вежби правете ги барем двапати неделно. Правете ги во серија една зад друга, по 15 за секоја нога. Доколку сакате поголемо отпор можете да си купите и тегови за на зглоб.rn


rnrn
Живееме во време кога е многу лесно да бидеш „совршен“ на слика. Постојано сме опкружени со „совршени“ манекенки, актерки, пејачки. Колку и да имаш цврст карактер, ќе доживееш макар еден единствен момент на несигурност поради фотошопираното тело на модел од Викторија Сикрет. Модерното време ни врши и тоа каков притисок да бидеме глупави и плитки. Не сме навикнати на големи бутини, ниски девојки кои рекламираат фустани или крупни жени во костими за капење. Па за да си го храниме сопственото его маваме јаки критики на сè што се појавува на ТВ или шета по улица. Сме се научиле да реагираме на секоја, макар најмала доза на „несовршенство“. А оној кој се дрзнува да критикува каква било маана, слободно нека си прошета пред огледало.rnrnКако што со тек на време се менува и технологија, и мода и сè живо, така се менува и сфаќањето за убаво и привлечно женско тело. Направив едно мало истражување, па ако правиме ретроспектива, тоа би изгледало некако вака:rnrn


На некој начин ми се создава спокој во душава и многу ми паѓа мило, знаејќи дека облините се повторно „ин“. Зборувам за жените кои знаат како да ги „носат“ своите облини и ги вратија во мода. Почнувајќи од 
rnrn
rnrn
rnrn
rn
rnrnСепак, не би можеле строго да ги поделиме женските тела во четири групи. Затоа, не секогаш жените со форма на јаболко имаат слаби нозе, туку колкови потесни од рамената, не секогаш оние со форма на круша имаат мали гради, но пропорционално колковите им се многу пошироки, а „бананите“ не секогаш се високи и атлетски градени, но имаат приближно еднакви пропорции на горниот и долниот дел од телото.rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn
rnrnКога одот ќе почне да ви доаѓа природно додека чекорите, веќе е полесно. Комбинацијата од симетричното усогласување на вашето тело и ритмички движења е дефинитивно добитна бидејќи веднаш испраќа порака до сите оние кои се околу вас. Ваквото чекорење остава впечаток дека сте самоуверена и дека имате контрола во вашиот живот.rn
rn