КАФЕ ПАУЗА

Tag: колажи

  • Прекрасни колажи од фотографии го илустрираат минувањето на времето во светските метрополи

    Прекрасни колажи од фотографии го илустрираат минувањето на времето во светските метрополи

    Од 2013-та година па сè до денес, фотографот и графички дизајнер Ден Маркер Мур го проследил минувањето на времето во градовите низ светот преку неверојатни „временски ленти“ – колажи изработени од дигитално споени индивидуални фотографии направени со повеќечасовна разлика. Како што секоја лента претставува различен период, така прекрасните фотографии во целост ја илустрираат трансформацијата на денот во ноќта преку градиенти, степени, суптилни движења и трепкањето на градските светла.rnrn

    Шангај: 65 фотографии, 1 час и 53 минути
    rn

    „Направив доста фотографии стоејќи на едно место и визуализирајќи како би изгледала една временска лента во одредена локација. Единствената пречка е временската прогноза која понекогаш тешко може да се предвиди“, објаснува Ден, дополнувајќи дека обично прави до 1.000 фотографии за една лента.

    rn

    Хонгконг: 150 фотографии, 56 минути
    Хонгконг: 150 фотографии, 56 минути
    rn

    „Обично се потребни повеќе обиди пред да направам една лента. Експериментирам со тоа колку ленти ќе монтирам и која ќе биде нивната насока, како и на кој временски сегмент ќе се наоѓа фокусот. Ќе завршам со неколку фотографии и ќе ја уредам најдобрата. Понекогаш тоа може да биде брз процес, но често се потребни неколку дена за да се добие посакуваниот резултат“, продолжува тој.

    rn

    Лондон: 48 фотографии, 1 час и 36 минути
    Лондон: 48 фотографии, 1 час и 36 минути
    rnrnВо овие 3 години, Ден направил временски ленти од Лос Анџелес, Њујорк, Шангај, Хонгконг, Лондон, Амстердам, Токио, Чикаго, Торонто и други метрополи. За секој град кој ќе го посети, Ден сака да направи една временска лента како начин да ја зачува меморијата од новите места во кои патувал.rn

    „Ги сакам градските пејзажи. Тие се одличен мотив за правењето временските ленти, како што сонцето заоѓа и се палат градските светла“, вели Ден.

    rn

  • Уметноста на прозорците

    Уметноста на прозорците

    Уметноста може да се пронајде на секое место, а фотографoт Андре Гонсалвес, кој потекнува од Португалија, ја пронашол во убавината на прозорците, детаљ на кој неговите колеги не обрнуваат многу внимание.rnrn7.prekrasni-prozori-od-celiot-svet-kafepauza.mkrnrnТој патувал низ светот и фотографирал прекрасни и впечатливи прозорци од куќи и згради, кои потоа ги поврзал во соодветно групирани колажи. Преку нив тој ни открива огромна разновидност од бои, форми и стилови, зашеметувачка колоритност, како и ред, организираност и симетрија, давајќи ни можност да ги видиме прозорците како никогаш досега.rnrn

  • Колажите никогаш не изгледале поубаво: Апликации кои ќе ги разубават вашите Инстаграм фотки

    Колажите никогаш не изгледале поубаво: Апликации кои ќе ги разубават вашите Инстаграм фотки

    Скоро сите Инстаграм корисници делат една заедничка дилема – од една страна, секој ден имаат толку многу фотографии за споделување, а од друга страна не сакаат претерано да им досаѓаат на своите следачи. Решението е во фотоколажите.rnrnkolazhite-nikogash-ne-izgledale-poubavo-aplikacii-koi-kje-gi-razubavat-vashite-instagram-fotki-kafepauza.mkrnrnИако постојат многу апликации за оваа намена, некои од нив не се бесплатни, а други пак не нудат доволно напредни можности. Но, овие 5 интересни апликации се бесплатни и нудат одлични опции. Се надеваме дека меѓу нив ќе ја пронајдете вашата омилена.rn

    1. Moldiv

    rnОваа апликација (ајфон, андроид) ви овозможува на своите слики да им додадете текст, разни позадини и „балончиња за дијалози и размислувања“, а посебно е погодна за оние кои сакаат јасни и прецизни колажи наменети за објавување на веб-сајтови и блогови.rn

    2. Photo Grid

    rnЗа корисниците кои сакаат повеќе можности од едноставното креирање колажи, оваа апликација (ајфон, андроид) нуди алатки како што се видео слајдови, колажи-потсетници и сл.rn

    3. Fuzel

    rnОваа апликација (ајфон, андроид) ги нуди едноставните, но и некои посебни алатки за уредување на фотографиите. Тука можете да додавате налепници и специјални ефекти на вашите слики.rn

    4. Pic Stitch

    rnВо оваа апликација (ајфон, андроид) имате можност да одберете повеќе од 245 различни изгледи за вашите фотографии. Тука од едно место имате пристап до разни специјални ефекти, рамки и мемиња за содржината која сакате да ја споделите со вашите следачи.

  • Колажи од стари фотографии претворени во разгледници од најубавите градови ширум светот

    Колажи од стари фотографии претворени во разгледници од најубавите градови ширум светот

    Артистот Вик Мјунез опсесивно собира винтиџ фотографии и разгледници кои потоа ги сече и претвора во прекрасни колажи кои ни ги покажуваат најубавите градови ширум светот во едно малку поинакво светло. Тој исто така работи и на колажи кои ни покажуваат еден идиличен момент на одмор во животот на различни луѓе. Погледнете колку детално се изработени овие колажи и обидете се да ги откриете сите делови од кои се сочинети.rnrn

    Колажи од стари фотографии претворени во разгледници од најубавите градови ширум светот
    Венеција
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни колажи го покажуваат движењето на времето

    Неверојатни колажи го покажуваат движењето на времето

    Фотографот Ден Маркер-Мур фаќа долги периоди од времето користејќи ја креативната техника во фотографијата т.н. „Time Slicephotography“. Тој со помош на триногарката и многу трпение документира неверојатни пејзажи и прекрасните бои на секојдневието кои се менуваат во текот на денот и ноќта. Откако ќе заврши со фотографирањето, тој дигитално отсекува делови од секоја фотографија и потоа ги спојува во еден колаж. Резултатите се магична репрезентација на движењето на времето во една мирна фотографија. Погледнете…rnrnНеверојатни колажи го покажуваат движењето на времетоrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неконвенционален приказ на спомените од детството

    Неконвенционален приказ на спомените од детството

    Екатерина Паниканова е уметница родена во Санкт Петербург, која во моментов живее и работи во Рим. Овој проект е дел од нејзината втора самостојна изложба, каде таа користи стари книги, списанија и постери од различни временски периоди за да создаде оригинален уметнички израз.rn
    rn

    „Екатерина Паниканова си игра со контролираните и неконтролираните импулси, при што гради богата мрежа на симболи и културни архетипови кои стануваат едно со позадината, сѐ додека не ги проголта апсолутното црно.“

    rn(0) nekonvencionalen-prikaz-na-spomenite-od-detstvoto-kafepauza.mkrnrnДизајнот го одразува светот и спомените од детството, со намера да допре до најскриените и најдлабоките чувства на секое човечко битие. Може да се забележи дека црната боја е во совршен контраст сo пожолтеноста на старите книги, што пак создава едно богато визуелно искуство. Уживајте во виртуелната изложба и се надеваме дека ќе ви се допаднат овие неконвенционални уметнички инсталации!rnrn(1) nekonvencionalen-prikaz-na-spomenite-od-detstvoto-kafepauza.mk (2) nekonvencionalen-prikaz-na-spomenite-od-detstvoto-kafepauza.mk (3) nekonvencionalen-prikaz-na-spomenite-od-detstvoto-kafepauza.mk (4) nekonvencionalen-prikaz-na-spomenite-od-detstvoto-kafepauza.mk (5) nekonvencionalen-prikaz-na-spomenite-od-detstvoto-kafepauza.mk (6) nekonvencionalen-prikaz-na-spomenite-od-detstvoto-kafepauza.mk (7) nekonvencionalen-prikaz-na-spomenite-od-detstvoto-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Несекојдневни „форензички колажи“

    Несекојдневни „форензички колажи“

    Мајкл Мејпс е артист кој моментално живее во Кротон Фолс, Њујорк. Во серијата наречена The Dutch Master collection, тој на необичен начин успеал да ги рекреира портретите од познатите Холандски артисти. Она што е несекојдневно е фактот што тој употребувал голем број форензички материјали, започнувајќи од примероци од коса и отпечатоци од прсти, па сѐ до неодамнешни фотографии и накит или накратко „биографска ДНК“. Погледнете ја неговата морбидна, но истовремено и фасцинантна уметност…rnrn1-nesekojdnevni-forenzichki-kolazhi-www.kafepauza.mk_rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 типови луѓе што ги среќаваме на Инстаграм

    10 типови луѓе што ги среќаваме на Инстаграм

    Секогаш кога ни е досадно, прегледуваме што има ново на Инстаграм. Но, дали некогаш сте размислувале што говорат за вас сликите што таму ги објавувате? Во продолжение погледнете кои се најчестите типови луѓе што таму ги среќаваме.rn

    1. „Селфи“ зависник

    rnОвие типови луѓе постојано објавуваат „селфи“ фотографии, каде лицето им е доловено од секој можен агол. Разбираме, изгледате прекрасно и очигледно сте многу самоуверени, но барем потрудете се да не го правите тоа и со други делови од телото.rnrn(1) nekolku-tipovi-lugje-shto-gi-srekjavame-na-instagram-kafepauza.mkrn

    2. Светски патник

    rnТука се и типовите на Инстаграм, кои кога и да објават некоја слика, прават да си го замразите животот. Или студираат во странство или пак постојано некаде патуваат – како и да е, во себе потајно ги мразите. Ако станувате премногу љубоморни, подобро е да ги отследите.rnrn(2) nekolku-tipovi-lugje-shto-gi-srekjavame-na-instagram-kafepauza.mkrn

    3. Ресторанска ѕвезда

    rnКаде и да одат да јадат, редовно објавуваат фотографии од нивните специјалитети во омилените ресторани. Ако сакате да ослабете, тогаш не е баш најпожелно да ги имате во листата на луѓе кои ги следите.rnrn(3) nekolku-tipovi-lugje-shto-gi-srekjavame-na-instagram-kafepauza.mkrn

    4. Цитати насекаде

    rnОвие типови инстаграмџии почнуваат со објавување на омилениот цитат и потоа не престануваат да ставаат најразлични инспиративни мисли за љубовта и животот. Понекогаш досадни, но сепак корисни.rnrn(4) nekolku-tipovi-lugje-shto-gi-srekjavame-na-instagram-kafepauza.mkrn

    5. Љубител на колажи

    rnОва се оние кои обожаваат да прават колажи од неколку фотографии, каде тие самите едвај се гледаат. Не се ни свесни дека другите и немаат баш време да го анализираат секој добро испланиран детаљ од нивната убава композиција.rnrn(5) nekolku-tipovi-lugje-shto-gi-srekjavame-na-instagram-kafepauza.mkrn

    6. Фалбаџија

    rnВаквите типови инстаграмџии, претежно девојки, се оние размазените татини мази, што во ниедна прилика не пропуштаат да покажат што сè имаат и колку животот им е позабавен одошто на останатите. Претерано и непотребно.rnrn(6) nekolku-tipovi-lugje-shto-gi-srekjavame-na-instagram-kafepauza.mkrn

    7. Роденденковец

    rnОвие типови инстаграмџии го користат Инстаграм само кога треба некому да честитаат роденден и мислат дека со тоа направиле којзнае што.rnrn(7) nekolku-tipovi-lugje-shto-gi-srekjavame-na-instagram-kafepauza.mkrn

    8. Среќно заљубен

    rnНе сите се во врска и оние кои се сингл баш и не сакаат секогаш кога ќе отворат Инстаграм да се потсетуваат на тоа. Секако, повремени слики со партнерот/партнерката не се на одмет, но ваквите инстаграмџии треба да имаат на ум дека не сите се среќно заљубени како нив.rnrn(8) nekolku-tipovi-lugje-shto-gi-srekjavame-na-instagram-kafepauza.mkrn

    9. Академски граѓанин

    rnОва се оние досадни инстаграмџии што стасале до факултет и постојано објавуваат слики од дневните факултетски активности за целиот свет да разбере.rnrn(9) nekolku-tipovi-lugje-shto-gi-srekjavame-na-instagram-kafepauza.mkrn

    10. Диско кралица

    rnОва се девојки кои постојано излегуваат со друштвото и неизбежно објавуваат слики со другарките и пијачките што се пијат во текот на вечерта. Во ред е, не мора секоја собиранка да биде јавно документирана.rnrn(10) nekolku-tipovi-lugje-shto-gi-srekjavame-na-instagram-kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои

    Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои

    Кога ќе се спомнат колажи, на поголемиот дел од нас веројатно прво ни текнува на оние самолепливи хартии од забавиште и на чудните форми што на крај ги добивавме, да не зборуваме за комбинацијата од бои. Но, колажите на Аријан Бехзади дефинитивно ќе ве натераат да размислувате поинаку за овој тип уметност. Тој користи прекрасен микс од стилови и материјали како весници и фотографии, форми и типографија, а во поголемиот дел од колажите – и суптилни, нежни бои кои несвесно ќе ве привлечат.rnrnПред да работи како дизајнер за Adobe, Аријан студирал биолошки науки, а помеѓу часовите работел на неговите колажи кои денес се дефинитивно нешто повеќе од хоби.rn
    rn

    „Секогаш сум наоѓал некоја паралела помеѓу уметноста и науката, па голем дел од моите студии и она што го научив го најде својот пат и до моите дела“.

    rnАријан вели дека суштината на неговата работа е спојување на делови коишто на прв поглед не се воопшто меѓусебно поврзани и на тој начин да покаже нешто сосема ново за нив. Погледнете го изборот од колажи и лесно ќе забележите дека успеал да го долови тоа. Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Неверојатно добри колажи

    Неверојатно добри колажи

    Овие фантастични колажи се дело на Дерек Горс кој по потекло е од Њујорк, САД. Тој со помош на стари весници, магазини и други слични изданија, успева да ги состави овие импресивни дела. Покрај ова хоби, тој работи и како комерцијален илустратор и дизајнер повеќе од 15 години, а во својата кариера има соработувано со многу познати имиња. Во листата на негови клиенти досега се наоѓаат пејачите Лени Кравиц и Мадона, познатите групи „U2“, „Van Halen“, „Kings of Leon“, телевизијата „ESPN“, Националната фудбалска лига на САД, компанијата за спортска опрема Адидас, како и производителот на чопери „Harley Davidson“.Неверојатно добри колажиНеверојатно добри колажиНеверојатно добри колажиНеверојатно добри колажиНеверојатно добри колажиНеверојатно добри колажиНеверојатно добри колажиНеверојатно добри колажиНеверојатно добри колажиНеверојатно добри колажи
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn