Честопати ќе наидеме на парче облека кое ни се допаѓа, но не ни е погодено според обликот на телото. Можеби изгледа како секоја облека да е скроена за одреден тип, но не мора да значи. Ова се 7 парчиња облека кои му стојат добро секому без разлика на обликот на телото или килограмите.rn
1. Асиметрични сукњи
rnГо нагласуваат струкот, покриваат дел од нозете за да не се чувствувате претерано разголени, прават да изгледате визуелно послаби, и секако изгледате секси, но со вкус. Асиметричните сукњи се секогаш добар избор.rnrn
rn
2. „Моторџиски“ јакни
rnДоколку се одлучите за црни и кожни, одите на „опасната“ варијанта, а црното совршено ќе ви прилега доколку имате некој килограм плус. Но сепак може да ги најдете во многу различни бои и дезени. Одберете струкирани со страничен патент за истакнување на струкот и вашата женственост.rnrn
rn
3. Метални колани
rnДоказ дека само еден аксесоар може да промени многу нешта. Без разлика кој број облека носите, металните колани ќе ви стојат одлично. Привлекуваат внимание, разбиваат монотонија и го нагласуваат струкот. Само внимавајте да не го затегнете појасот повеќе отколку што треба. Кога ќе почнете да се чувствувате неудобно знајте дека најверојатно изгледате токму така.rnrn
rn
4. Целосни костими
rnСпаѓаат во групата на облека која изгледа катастрофално на закачалка, но кога ќе ја облечете сфаќате колку добро ви стои. Во зависност од моделот може да прикрие килограми или визуелно да „создаде“ облини. Доколку имате форма на јаболко или песочен часовник одберете широк и лелеав костим во горниот дел од телото, а доколку имате форма на круша или банана одберете тесен, по можност без прерамки.rnrn
rn
5. Маички со „гол стомак“
rnМоже да ви звучи како неточно или глупаво, но ваквите маички навистина секому му одговараат доколку се комбинират со панталони или сукњи со висок струк. Тие се одличен сојузник кој ќе ви помогне да ја истакнете женствената силуета.rnrn
rn
6. Чизми до глужд
rnИзборот на чизми е поврзан со вашата висина. Доколку сте пониски а одберете чизми до колена може да изгледате како мачорот во чизми. Чизмите до глужд се универзални без разлика на висината или вашата перцепција за изгледот на вашите нозе.rnrn
rn
7. Фустани со исцртани форми
rnВаквите фустани се како магични, просто како да имаат визуелни ефекти. Ако сакате да постигнете истакнување на облините одберете форма која наликува на песочен часовник, доколку пак сакате обратен ефект тогаш одберете форма со прави линии.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrn
rnrnЗа дополнителна цврстина можете да додадете и малку лепило од внатрешната страна на материјалите. Внимателно нанесете многу мала количина, за да не се познава преку материјалите.rnrn
rnrn
rnrnВеќе имате добиено интересен нов дизајн на вашите стари чизми. Понатамошното украсување е по избор и не е задолжително. Ова се два примери како можете дополнително да ги украсите вашите чизмички.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа жал не секој маж има гардеробер, пари, или пак шивачи како г. Леон Талеј. Но како и да е, секој човек може да стори неколку работи, за да ги минимизира ефектите од својата прекумерна килажа. Ова се неколку корисни совети кои можат да ви помогнат да се справите со овој „проблем“. Целта е да изгледате послабо или пак во најмала рака да не носите нешто што премногу ги потенцира вашите килограми. Постојат неколку трикови помеѓу кои се носењето облека во вертикални линии или пак комбинирање слични бои.rn
rn

rnrnЗа потсетување, пред неколку недели можевте да прочитате и за тоа 
Свиочната структура има метална рамка на која се навртени колани, создавајќи удобна површина за седење. Сите појаси употребени за изработката на ова дело се собрани преку донации на луѓето од Медисон, Висконсин, така што секој од нив има своја приказна.rn
Интересно е тоа што делото всушност е составено од неколку посебни криви клупи, правејќи го лесно за складирање и транспорт.rn


