Веројатно сте забележале дека налепниците на некои овошја и зеленчуци имаат втиснати броеви. Се работи за увезени производи кои на својата етикета содржат многу важна информација.rnrn
rnrnНа овие налепници е втиснат т.н. PLU код (Price Look Up), според кој лесно може да се одреди на која група припаѓа производот.rnrnНо уште поважно, PLU кодот е всушност број кој првенствено ви кажува на кој начин производот е произведен.rnrnPLU кодот е воведен од Маркетиншката асоцијација за храна и денес е присутен на повеќе од 1.400 видови производи. Овој систем на кодирање е започнат во Америка во 1990 година, а со тек на време се одомаќинил и во Нов Зеланд, како и во повеќето европски земји.rnrnPLU кодот се состои од 4 или 5 бројки.rnrnНего го наоѓаме во облик на мала налепница залепена на секое парче свежо овошје или зеленчук посебно. Благодарение на овој систем од знаци може да се дознае како е производот одгледуван – дали е генетски модифициран, органски произведен или пак одгледуван со помош на хемиски ѓубрива, фунгициди и хербициди.rnrnОвој начин на кодирање, не е пропишан со закони туку е повеќе доброволен. Сѐ повеќе производители, посебно малите кои се занимаваат со производство на органска храна, ја сфаќаат важноста на овие ознаки. Со нивна помош тие полесно може да ги пласираат своите производи до купувачите кои сѐ повеќе сакаат органска храна.rnrnPLU кодовите исто така се користат и за јаткасти плодови, суво овошје, лековити билки и ароми.rnrn
rn
Како да го читате PLU кодот?
rn1. Ако PLU кодот содржи само 4 бројки, тоа значи дека плодот е одгледан на конвенционален или традиционален начин со употреба на пестициди.rnrnОвие 4 бројки едноставно кажуваат за кој вид плод се работи. На пример, сите банани се означени со бројот 4011, јаболката со 4131, кивито – 4030, портокалите – 3107…rnrn2. Ако PLU кодот содржи 5 бројки и започнува на бројот 8, тоа зборува дека овошјето или зеленчукот е генетски модифицирано.rnrnСе смета дека ГМО храната носи бројни опасности за човековото здравје – може да предизвика неплодност, нарушување на работата на хормоните, дури и тумор.rnrnГенетски модифицираната банана го носи бројот 84011.rnrn
rnrn3. Ако PLU кодот содржи 5 бројки и започнува со бројот 9, тоа значи дека плодот е органски одгледуван и не е генетски модифициран.rnrnТака, органската банана го има бројот 94011.rnrnМаркетиншката асоцијација за храна која стои зад овие ознаки објави дека лепилото со кое етикетите се прицврстени за овошјето се јаде. Но, наспроти мислењето на некои, самите налепници не се јадат. Во таа насока, моментално се размислува како во иднина овошјето да се означува со некој друг метод. Засега најатрактивна е идејата за жигосување со природни супстанци како на пр. сок од боровинки.


Том, еден од главните ликови и раскажувачот на приказната воедно, ја „наследува“ опседнатоста со книгата од неговиот татко кој бил професор и експерт токму за мистериозното дело. Сведок на тоа како фасцинираноста од книгата го одвојува неговиот татко од мајка му, постојано се бори помеѓу желбата да ја открие тајната и стравот од тоа дека ќе му го уништи животот. За среќа, опседнатоста ја дели со неговиот другар Пол, одличен студент кој четирите години на факултет ги посветил на изучување на книгата и на неа ја базира својата дипломска работа. Во целата приказна свој удел имаат и Чарли и Гил, пријатели кои ќе ги придружуваат во истражувањето.rnrnКако што се ближи крајот на нивните студии, Том и Пол сфаќаат дека се далеку од откривање на тајната постара од 500 години која толку ги опседнала, но благодарение на книгата која ја напишал татко му на Том пред неговата смрт, момците пронаоѓаат писмо – клуч кој им отвора сосема нови прашања, но им нуди и нови одговори. Секако, еден трилер не би бил добар трилер ако четворката не би се соочила со лошите момци. Всушност, она што се крие зад кодовите на Hypnerotomachia Poliphili е далеку поголемо и поважно од она што пријателите можат да го замислат. Приказната често се навраќа на животите на „позадинските“ ликови, оние кои биле директно вклучени во историјата на кодираната книга и сфаќате дека се работи за повеќе од само млади студенти желни за решавање мистерии. rnrn
rnrn