КАФЕ ПАУЗА

Tag: кит

  • Неверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на животот

    Неверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на животот

    Овие факти не само што ќе ве воодушеват и остават без зборови, туку и ќе го променат начинот на кој гледате на светот и животот. Погледнете дел од најневеројатните научни факти кои постојат…rn

    1. Ајкулите се постари од дрвјата

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnДрвјата се на нашата планета некаде околу 350 милиони години, што и не е толку малку доколку го земете предвид фактот дека луѓето постојат околу 200.000 години. Од друга страна пак, ајкулите првпат се појавиле во океаните пред околу 400 милиони години. Тие се предатори на врвот од синџирот на исхрана и токму затоа имаат огромна улога во одржување на балансот во морскиот екосистем. За жал, нивното неверојатно наследство може да дојде до својот крај бидејќи луѓето убиваат и до 100 милиони ајкули секоја година.rn

    2. Една лажичка од неутронската ѕвезда тежи повеќе од сите луѓе на Земјата заедно

    rnНеутронските ѕвезди се остаток од масивни ѕвезди кои умреле и експлодирале во супернова експлозии. И покрај тоа што овие ѕвезди се многу мали, тие се неверојатно густи. Со дијаметар од само 22 километри, една ваква ѕвезда може да тежи 1,5 – 3 пати од тежината на нашето Сонце. Доколку би можеле да земеме само една лажичка од неа и да ја донесеме на Земјата, таа би тежела околу 10 милиони тони.rn

    3. Постојат околу 9.600.000.000.000.000.000.000.000 (9,6 x 10^ 24) молекули вода во една чаша со вода

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnСо три атоми на секој молекул (2 водород, 1 кислород), има повеќе атоми во една чаша вода отколку што има чаши со вода кои би се наполниле од сите океани на Земјата. Оваа споредба не е ни приближно добра бидејќи една чаша вода содржи 10.000 пати повеќе атоми отколку што има чаши со вода на планетата.rn

    4. Едно зрно прав е на половина пат од големината на Земјата до големината на протонот

    rnЗемјата е широка околу 12.740 километри во дијаметар. Протоните се субатомски честички кои се околу 8,4 x 10^-14 сантиметри во ширина. Разликата помеѓу овие две нешта е толку екстремна, што само една трошка прашина се наоѓа на средината од нивните големини.rn

    5. Човековото тело е составено од околу 7.000.000.000.000.000.000.000.000.000 (7 x 10^27) атоми

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnСите овие атоми заедно градат околу 10 трилиони (10 x 10^12) клетки од кои се составени сите ткива во нашето тело. Но, вашите клетки не се целосно сами во вашето тело…rn

    6. Постојат 10 пати повеќе клетки на микроби отколку човекови клетки во вашето тело

    rnДа, го прочитавте тоа точно! Постојат околу 100 трилиони микроби (бактерии, габи и археи) чиј дом е вашето тело. Овие микроби се клучен дел за соодветното варење на храната, вагиналното здравје, здравјето на кожата и уште многу нешта… И покрај тоа што се помал број, човековите клетки се многу поголеми. Тие се околу 10 – 100 пати поголеми од бактериите.rn

    7. Вашето тело содржи доволно железо од кое може да се состави шајка со должина од 8 сантиметри

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnИсто така имате и доволно јаглерод за да составите 9.000 моливи. Всушност, доколку го претворите телото на еден човек во рудник и ги распределите во групи сите елементи кои го сочинуваат, тие би вределе околу 140 евра. Но, таа бројка би скокнала и до 40 милиони доколку ги поделите и коскената срж, органите, коските и другите ткива посебно.rn

    8. Секој час, во Земјата удира доволно светлина која би можела да ги задоволи енергетските потреби на целата планета за 1 година

    rnИсто така би биле потребни само околу 496.804 квадратни километри со соларни панели за да се собере оваа количина на енергија. Тоа звучи како многу, но доколку размислите колку покриви се празни и колку пространи пустини постојат, повеќе нема да ви изгледа толку многу.rn

    9. Вие во моментов патувате со 1.770 километри на час додека Земјата се ротира околу својата оска

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnНо, тоа не е сè. Земјата исто така се врти и околу Сонцето со брзина од 108.000 километри на час. Нашиот Сончев систем патува со брзина од 70.000 километри на час во галаксијата, додека пак самиот Млечен пат се движи со неверојатни 780.000 километри на час во вселената. Но, што ќе се случи доколку вие не патувавте толку брзо?rn

    10. Доколку Земјата во овој момент сопре, инерцијата ќе нè исфрли сите заедно со водата и копното на планетата нанапред

    rnЗемјата ротира со 1.770 километри на час и првиот Њутнов закон вели дека објектот во движење ќе остане во движење. Доколку планетата престане да ротира (не грижете се, нема да се случи тоа), сите луѓе, животни, растенија, почва и камења кои не се прицврстени за цврсто тло ќе бидат исфрлени и ќе продолжат да летаат нанапред сè додека силата на гравитацијата не повлече сè назад на Земјата.rn

    11. Синиот кит не само што е најголемото животно кое постои во моментов на планетата, туку има големи шанси да е и најголемото животно кое воопшто некогаш живеело

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnСиниот кит може да порасне и до неверојатни 30 метри должина со тежина од преку 2.600 луѓе заедно. За да ја достигне оваа големина, тој има потреба да јаде и по неколку тони крил (вид школка) на ден. За жал овие гигантски суштества се на работ од изумирање бидејќи луѓето ги ловат. Сините китови исто така често се повредуваат од мрежи за риболов и се оставаат да умрат во водата или пак, се судираат со бродови.rn

    12. Времето помеѓу постоењето на Стегосаурус и Тираносаурус рекс е поголемо отколку времето помеѓу Тирексот и денешниов ден

    rnИ покрај тоа што и двата вида се едни од најпопуларните диносауруси на сите времиња, тие никогаш немале можност да се запознаат еден со друг. Стегосаурусот живеел на крајот од периодот Јура, пред околу 150 милиони години и бил одамна изумрен кога се појавил Тирексот пред околу 83 милиони години во доцниот период Креда. Да, без разлика на тоа што ви велат Мајкл Крајтон и Стивен Спилберг, Тирексот воопшто не би требало да се наоѓа во парк наречен Јура.rn

    13. Сите ние сме составени од ѕвездена прашина

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnНабрзо по Големиот експлозија (Биг Бенг), Универзумот бил направен само од водород и хелиум. Како што се формирале ѕвездите, тие почнале да создаваат нуклеарна фузија во нивните јадра, а со тоа и полека произведувале потешки елементи. Сите атоми на јаглерод, железо, калциум, азот и другите елементи кои се клучни за животот биле создадени во јадрото на ѕвездите. Овие состојки не само што се испуштаат за време на смртта на ѕвездата, туку и кога овие ѕвезди експлодираат во супернова, тие се распрскуваат низ целиот Универзум.rnrnСо вакво благородно потекло, почнавте да се доживувате поинаку, нели?

  • Највеселиот кит на светот

    Највеселиот кит на светот

    Случајната средба со вакво огромно суштество може да делува застрашувачки поради неговата неверојатна сличност со китот-убиец, но напнатоста престанува кога тој изненадувачки ќе отпоздрави со својата широка насмевка.Највеселиот кит на светотЗатоа се нарекува „лажен кит-убиец“ иако, исто како и китот-убиец, тој всушност не е кит туку еден огромен делфин. Сепак, не е дружељубив колку делфините. Иако знае да се смешка пред камерите, кога е гладен го напаѓа останатиот животински свет во океанот.Највеселиот кит на светотОвој кит се вика Смајли, а е забележан во Пацификот од фотографот Даг Перин. Може да расте и до 6 метри должина, а има од 16 до 22 огромни заби на секоја од двете вилици кои ја формираат оваа широка насмевка.Највеселиот кит на светотНајвеселиот кит на светотНајвеселиот кит на светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Владимир Путин – современиот Чак Норис

    Владимир Путин – современиот Чак Норис

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnТој може да ве спаси од напад на тигар, да го изгасне и најстрашниот пожар, да ги „растури“ противниците во џудо, па дури и да пронајде артефакти со кои ќе ја расветли историјата. И замислете, тој не е Чак Норис! Зборуваме за поранешниот агент на КГБ, а денес руски претседател Владимир Путин, кој во потрагата по публицитет веќе му го презема угледот на легендарниот акционен херој и спасител. Ако се прашувавте зошто, причината не е тоа што може да ги добие кои било политички избори на кои што ќе се појави, туку неговите јунаштва.rn
    rn

    Спасување на телевизиска екипа од сибирски тигар

    rnВо август 2008 година рускиот претседател го посети природниот резерват Усури, за да провери како се надгледуваат останатите 500 сибирски тигри на Земјата. Додека релаксирано се шеташе низ резерватот заедно со телевизиска екипа, еден од тигрите ги скина синџирите и се стрча кон еден од камерманите. За среќа, Путин во рацете имал пиштол со кој се заспиваат животни, па токму кога можело да дојде до трагедија пукал во тигарот, го успал и спасил човечки живот. Делото го комплетирал со закачување уред за следење на заспаниот тигар.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Стрелање на кит со самострел

    rnОва не беше обид да се убие уште едно животно од листата на загрозени видови, туку напор да ѝ се помогне на науката. Стрелата не била дизајнирана да го убие китот, туку да се добие примерок од неговата кожа со кој ќе се утврди од каде дошол. Верувале или не, дури четвртиот обид бил успешен. Сепак, претседателот не се срами од тоа, затоа што би сторил сè „за да ѝ помогне на природата“.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Џудо вештини

    rnПутин не би можел да се споредува со Чак Норис ако е силен само со оружје в раце. Затоа, тој може да се пофали со црн појас, шести дан во џудо, така што и со голи раце може да отстрани многу опасности. Никогаш не пропушта можност своите вештини да ги покаже пред камерите, што испровоцира еден руски стрип уметник да го претстави како суперхерој кој ги растерува демонстрантите.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Возење Формула 1 болид

    rnКога Русија доби можност да организира Формула 1 трки почнувајќи од 2014, беше потребно спортот повеќе да се испромовира во земјата. Таа задача ја заврши, ни помалку ни повеќе, тогашниот премиер Владимир Путин. За разлика од сите останати политичари кои се возат само во блиндирани автомобили, тој седна во Ф1 болид и во близина на Санкт Петербург, изведе неколку вртења откако претходно возеше со преку 300 км/ч. По настанот изјави: „Како за прв пат, добро беше“.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Пилотирање со борбен авион

    rnВозењето на тркачки автомобил не е најголемиот возачки предизвик на кој одговорил рускиот претседател. Во 2000 година, само еден месец по воспоставувањето контрола над Грозни, главниот град на Чеченија, Путин реши да отпатува во опустошениот град како што тоа некогаш го правеле кралевите, а таму стигна како копилот на борбен авион Сухој-27.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Пилотирање со противпожарен авион

    rnПутин успеа да добие голем публицитет во тешките моменти во август 2010 година, додека дивееше голем пожар во близина на Москва. Веројатно ги употреби знаењата од управувањето со борбен авион, па копилотирањето на противпожарниот Бериев Бе-200 не беше проблем за него.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Во најдлабокото езеро со подморница

    rnСо длабочина од 744 метри, Бајкалското Езеро во Русија е најдлабокото во светот, па не е изненадување тоа што Путин во него нашол предизвик. Во 2009 година се нафати да нурне во езерото како гостин на екипажот на подморница, чија цел беше да го испитува езерското дно. Кога излезе, даде и свое научно толкување на она што го видел: „Водата е чиста, се разбира земено од еколошка гледна точка, но јас би рекол дека е всушност некој вид супа од планктони“.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Полугол против сибирскиот студ

    rnКако што беше спомнато погоре, Путин е голем вљубеник во природата и секогаш сака да ужива во неа. Тој се релаксира во неверојатно студените недопрени предели на Сибир, и тоа гол од половината нагоре. Повеќе пати „случајно“ е фатен од страна на новинарските екипи, како полугол јава на коњ или лови риба , кои очигледно доста често го посетуваат пустиот и студен регион во Русија.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Ракување со поларна мечка

    rnВо април 2010 година тој им помогна на експертите да закачат уред за следење на една поларна мечка. Таа беше успиена, па тоа би можел да го направи секој, но „Чак Норис моментот“ се случи на крајот кога се ракуваше со шепата на заспаното животно и рече: „Ќе бидеш добро“.Владимир Путин – современиот Чак Норисrn

    Откривање артефакти во морето

    rnТретото нуркање во животот за Владимир Путин беше трета среќа за него и за археолозите кои долги години го испитувале еден археолошкиот локалитет во Црното Море. Рускиот претседател успеа да најде две антички грчки вазни на два метри под водата, кои археолозите сите овие години не ги пронашле. Секако, подоцна некој призна дека сè било наместено.Владимир Путин – современиот Чак Норис
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пловејќи кон среќата

    Пловејќи кон среќата

    Замислете на момент како живеете сами на мало место кое никогаш не би можеле да го напуштите бидејќи е постојано во движење. Како би се чувствувале? „Adrift“ е краток анимиран филм од Бен Кејси, Мет Смарт и Бен Клаб од Универзитетот Хертфордшајр кој ја опфаќа токму оваа тема.rnrnПловејќи кон среќатаrnrnПриказната е за осамено девојче кое живее на грбот на кит кој лета. Бидејќи тој се движи високо на небото, таа нема можност да го смени своето место на живеење. Нејзината најголема желба е да пронајде некој кој ќе ѝ помогне да ја победи својата осаменост. И токму тогаш кога најмалку очекува, нејзината среќа наеднаш се променува…rnrnПловејќи кон среќатаrnrnОва интересно видео нè потсетува дека никогаш не знаеме што нè чека зад следниот агол. Поради тоа не треба да се откажувате од своите желби и сонови и секогаш бидете упорни при остварувањето на своите цели.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.