КАФЕ ПАУЗА

Tag: Кејт Винслет

  • Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

    Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

    Обожавателите на филмот „Титаник“, кој во 1997 завладеа со сите светски кина и стана еден од најгледаните филмови на сите времиња, веројатно не можат ни да замислат како ова филмско ремек-дело би изгледало без Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги.rnrnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnКога во 1996 година започнал кастингот за „Титаник“, продуцентите во филмското студио 20th Century Fox го планирале Метју Меконахи во улогата на Џек, а главниот избор за улогата на Роуз според режисерот на филмот, Џејмс Камерон, била Гвинет Палтроу.rnrnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnЗа обожавателите на филмот оваа потенцијална поделба на улогите делува незамисливо, а многумина сметаат дека филмот не би постигнал толкав успех да не глумеле Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет.rnrnКога славниот режисер го запознал Леонардо за прв пат, не бил баш уверен дека тој е идеален за улогата.rn

    „Леонардо беше само еден од листата на имиња. Не го знаев, никогаш го немав запознаено. Мислам дека дотогаш го имав видено само во улогата на Гилберт Грејп, така што не знаев што да очекувам“, изјавил Камерон.

    rnКејт Винслет знаела дека е створена за улогата на Роуз веднаш штом го прочитала сценариото.rn

    „Ронев крокодилски солзи кога го прочитав. Тоа никогаш ми се немаше случено и помислив дека едноставно морам да глумам во овој филм. Безброј пати му се јавив на Џејмс и го молев да ми ја даде таа прилика“, раскажува Кејт.

    rnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnНа крајот, Камерон сепак ѝ ја дал улогата на Кејт, а потоа следел изборот за главен актер. По првото двоумење, режисерот сфатил дека сака Леонардо да го отелотвори Џек, но во меѓувреме актерот за малку не се откажал од „Титаник“ поради филмот „Ноќи исполнети со буги“ (Boogie Nights).rnrnЛегендата вели дека Кејт Винслет го нашла Леонардо во неговата хотелска соба и го натерала да ја прифати улогата бидејќи многу сакала да работи со него.rnrnАмериканскиот актер Џереми Систо исто така влегол во потесниот избор за улогата на Џек, а како би изгледало кога тој би глумел наместо Леонардо, можете да видите во неговото прво пробно снимање со Кејт Винслет.rnrnrn

    „Тоа беше една од многуте улоги кои не сум ги добил. Ми беше малку срам да откријам еден од многуте неуспеси во мојот живот, но не можев на обожавателите на „Титаник“ да им ја одземам приликата да го погледнат филмот од некоја алтернативна перспектива. Бев на аудиција со Кејт и со уште три други актерки. Возбудливо беше да се биде дел од тој процес, дел од нешто толку големо. Сѐ што Џејмс Камерон прави е големо. Бев лудо инспириран од тоа искуство и малку ми се скрши срцето кога не ја добив улогата“, изјавил Џереми во едно интервју.

    rnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnСтивен Дорф исто така добил прилика да дојде на аудиција за улогата на Џек, но тврдел дека сепак бил среќен поради тоа што не глумел во филмот.rn

    „Сакам да имам кариера како Џони Деп, Шон Пен и Џек Николсон. Сакам да освојам Оскар еден ден. Тоа немаше да биде возможно ако глумев во „Титаник“. Погледнете го Лео. Неговата кариера само пропаѓа. Секогаш ќе биде само оној тип од бродот“, рекол Стивен своевремено, но очигледно многу се излажал.

    rnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnЛеонардо по „Титаник“ стана една од најголемите филмски ѕвезди, а оваа година го освои и долго посакуваниот Оскар за најдобар актер благодарение на извонредната изведба во филмот „Повратник“.

  • Познатите и нивните идентични восочни фигури

    Познатите и нивните идентични восочни фигури

    Можете ли да ја направите разликата од левата и десната страна на фотографиите? Која е вистинската позната личност, а која е нејзината/неговата восочна копија, изработена во некој од музеите „Мадам Тисо“ ширум светот? Потрудете се да откриете сами, без да го прочитате описот под фотографиите.:)rnrn

    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Ријана, десно – восочна фигура
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Бети Вајт, десно – восочна фигура
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Кејт Винслет, десно – восочна фигура
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – восочна фигура, десно – Ферги
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Бредли Купер, десно – восочна фигура
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Роберт Патинсон, десно – восочна фигура
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Лејди Гага, десно – восочна фигура
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Кристијано Роналдо, десно – восочна фигура
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – восочна фигура, десно – Гвен Стефани
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Селена Гомез, десно – восочна фигура
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Ким Кардашијан, десно – восочна фигура
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Кејт Мидлтон и принц Вилијам, десно – восочни фигури
    rnrn
    Познатите и нивните идентични восочни фигури
    Лево – Ева Лонгорија, десно – восочна фигура
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажба

    Сликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажба

    Филмот „Титаник“ засекогаш ќе остане запишан во историјата со златни букви поради неговите неоспорни успеси. Доколку паметите, тој беше номиниран во 14 категории на Оскарите одржани во 1998 година, а од нив победи во дури 11.rnСликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажбаЕдна од незаборавните сцени во филмот е кога Џек Досон, чија улога ја толкуваше Леонардо Дикаприо, ја слика Роуз, која е тотално разголена и легната на софа, а на нејзе го носи дијамантскиот ѓердан наречен „Heart of the Ocean” (Срце на океанот). Сликата всушност ја има нацртано режисерот на филмот Џејмс Камерoн.rnСликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажбаТаа ќе се најде на аукцијата, која ќе ја организира фирмата „Premiere Props“ кои се многу среќни и задоволни што парче од легендарниот филм ќе се појави на нивната манифестација. Тие очекуваат сликата да достигне цена од околу 16.000 американски долари.