Кејптаун е вториот најнаселен град во Јужноафриканската Република, веднаш после Јоханесбург. Првобитно Кејптаун бил најголем град во Јужна Африка сè додека не бил заменет со Јоханесбург, како резултат на откривањето на злато и дијаманти. 
Кејптаун изобилува со спектакуларни планини и прекрасни плажи. Заради тоа, овој град е совршен за активности на отворено како качување по карпи, едрење на даска и возење велосипед. 



Едно од најпознатите туристички обележја на Кејптаун е планината Тејбл, од каде што туристите може да уживаат во прекрасната панорама на градот. 


Жичницата води до врвот на планината Тејбл, место од каде што може да се видат китови, фоки и пингвини во водите околу ‘ртот Добра надеж. 
Во заливот на Кејптаун често може да се сретне големата бела ајкула. Заради тоа, на плажите се поставени знамиња во боја кои го означуваат степенот на опасност од овој вид ајкули.
И додека сте во Кејптаун не заборавајте дека најубавите работи се бесплатни. Уживајте во прекрасното изгрејсонце, како и во егзотичното зајдисонце на овој неверојатен град. 

rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За да нема големо влијание на природната околина, куќата е изградена како комплекс од пет павилјони со брановидни кровови кои прават комплексот да изгледа како дел од пејзажот. Брановидните кровови се направени од бетон и потсетуваат на природно заоблените камења кои се наоѓаат во планината која се издига зад куќата.
Целосната структура е изградена на стрмно место, а при градењето е употребуван традиционалниот метод на вметнување камени ѕидови во животната средина. Овие ѕидови формираат платформи и балкони, кои им овозможуваат природен амбиент на станарите. Тие исто така овозможуваат целосно вклопување на куќата во карпестата средина, давајќи слика како таа да е дел од природата.














rn
Неговото патување низ Кејптаун се снимаше во епизоди, а крајниот резултат беше ова фантастично видео.rn