КАФЕ ПАУЗА

Tag: касета

  • Работи кои денешните деца никогаш нема да ги разберат

    Работи кои денешните деца никогаш нема да ги разберат

    Денешните деца, благодарение на технологијата, се многу поштедени од разни секојдневни маки, но факт е дека за некои работи никогаш нема ни да дознаат. Колку и да се мачевме кога касетофонот ќе ни ја развлечеше лентата и кога чекавме да се поврземе на интернет за да посурфаме само еден час, сепак кон некои работи чувствуваме извесна носталгија. Нашите деца никогаш нема да почувствуваат…rnrnYoung Boy (8-10) Sitting on a Couch Playing a Video Gamernrn1. Какво е чувството да фотографирате и да не знаете како ќе испадне фотографијата.rnrn2. Како е да си ја пеете песната што ја слушате читајќи ги стиховите од обвивката на цедето.rnrn3. Каква е поврзаноста помеѓу моливот и аудио касетата.rnrn4. Како изгледаше пребарувањето на Гугл во наше време – барање во енциклопедија.rnrn5. Колку беше фрустрирачки да ја чекаш омилената песна на радио за да можеш да ја снимиш од почеток со цел понатаму да ја слушаш кога сакаш.rnrn6. Колку беше депресивно кога ќе ви се потрошеа батериите на вокменот во неработен ден.rnrn7. Какво восхитување чувствувавме кога ќе појдевме во видеотека и ќе видевме дека дошле нови филмови, кои сè уште не се изнајмени.rnrn8. Колку живци сме губеле додека сме чекале да се поврземе на интернет со дајл-ап конекција.rnrn9. Кое чувство на страв сме го имале кога професорот во школо ќе нè фател дека разменуваме пораки напишани на хартија и ќе нè натерал да ги прочитаме на глас.rnrn10. Како е со некој да се договориш дека ќе се најдеш во 8 во град и потоа сфатиш дека ќе доцниш, а не можеш никако да му се јавиш да го известиш.rnrn11. Да се јавиш дома од трафика за да кажеш дека покасно ќе се вратиш после школо.rnrn12. Какво е чувството кога ставаш VHS касета во видеорекордерот.rnrn13. Колку сме скубеле коса кога дискетата ќе ни се заглавела во компјутерот или не сакала да се вчита.rnrn14. Дека постоеше време кога на MTV се пушташе само вистинска музика.rnrn15. Како е да се јавиш на телефон, а да не знаеш кој е.

  • Неверојатна уметност од стари касети

    Неверојатна уметност од стари касети

    Се сеќавате на оние чудните нешта наречени аудио касети? Технологијата дефинитивно се променила многу од тогаш. Ерика Ирис Симонс е артистка попозната како iri5. Таа во својата уметност употребува нетрадиционални медиуми како стари книги, аудио касети, списанија, кредитни картички, шпил карти… Еден ден, средувајќи го својот стар автомобил, Ерика Ирис налетала на аудио касета со песни од Џими Хендрикс. Ова откритие ја инспирирало да го нацрта артистот употребувајќи ја старата касета и на тој начин настанала оваа креативна идеја.rnrn

    Неверојатна уметност од стари касети
    Џими Хендрикс
    rnrnГледајќи колку внимание привлекло нејзиното дело, таа се инспирирала да направи многу повеќе. Нејзините дела биле комбинирани во серија од фотографии наречена „Ghost in the Machine“ (Духот во машината). Таму можете да најдете голем број славни актери и музичари како Боб Дилан, Мерлин Монро, Мадона, Боб Дилан, Роберт де Ниро и многу други.rn
    rn

    „Прекрасно е чувството да се работи со чудни и стари материјали. Со нешта кои имаат свој ум. Поголемиот дел од работите кои ги употребувам се фрлени или донирани. Работи на кој им поминало времето кога биле хит, како што е впрочем со некои од најдобрите нешта во светот“ – вели Ерика Ирис Симонс.

    rnТоа што таа успеала да го создаде со овие стари аудио касети е навистина иновативно. Се надеваме дека нејзината работа и вас ќе ве инспирира.rnrn

    Неверојатна уметност од стари касети
    Одри Хепберн
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Бон Џови
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Мелора Кригел
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Лорин Хил
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Битлси
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Боб Марли
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Курт Кобејн
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Мерлин Монро
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Мајкл Џексон
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Ник Кејв
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Лени Кравиц
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Пол Грифит
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Деби Хари од Блонди
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Боб Дилан
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Мадона
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Слеш
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Боб Дилан
    rnrn
    Неверојатна уметност од стари касети
    Џери Гарсија
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 40 нешта кои веќе не ги правиме благодарение на технологијата

    40 нешта кои веќе не ги правиме благодарение на технологијата

    Дали имате забележано колку работи во нашиот живот во последниве неколку години премногу се сменија? Колку нешта кои порано секојдневно ги правевме и не можевме да си го замислиме денот без нив, денес технологијата на некој начин ни ги одзема.rnrnСе сеќавате ли како ви беше кога не знаевте кој ви ѕвони на телефон, кога им испраќавте разгледници на роднините од местата каде што одевте на одмор или пак, кога се допишувавте преку писма со оние од други градови?rnrn40 нешта кои веќе не ги правиме благодарение на технологијатаrnrnПогледнете ја оваа листа од 40 нешта кои веќе не мораме или не можеме да ги правиме благодарение на технологијата…rnrn1. Не се јавувате во кино/театар за да прашате кои филмови/претстави ги имаат на репертоар.rnrn2. Не одите од агенција до агенција за да барате добри понуди за одмор.rnrn3. Не ги снимате вашите омилени ТВ содржини на видео касети.rnrn4. Не се јавувате на информации за да дознаете нечиј број на телефон.rnrn5. Не употребувате јавни телефонски говорници.rnrn6. Не резервирате билети за настани преку телефон.rnrn7. Не го развивате филмот за да извадите фотографии.rnrn8. Не залепувате огласи на прозорците од продавниците.rnrn9. Не се јавувате на операторот за точно време.rnrn10. Не носите со себе вокмени и дискмени.rnrn11. Не пишувате писма рачно.rnrn12. Не купувате фотоапарати за една употреба.rnrn13. Не водите личен дневник.rnrn14. Не плаќате сметки во пошта.rnrn15. Не снимате касети со вашите омилени песни.rnrn16. Не поседувате тефтерче за адреси и телефонски броеви.rnrn17. Не го гледате патот на книжна мапа кога одите на патување.rnrn18. Не пишувате рачно есеи за во училиште/факултет.rnrn19. Не одите во банка за да завршите работа.rnrn20. Не купувате весник во петок заради ТВ програмата.rnrn21. Не поседувате енциклопедии.rnrn22. Не испраќате разгледници.rnrn23. Не испраќате љубовни писма.rnrn24. Не барате информации во печатената верзија на Златна книга.rnrn25. Не барате непознати странски зборови во печатен речник.rnrn26. Не ги помните телефонските броеви.rnrn27. Не гледате филмови од дивиди дискови и видео касети.rnrn28. Немате пријатели од други градови со кои се допишувате преку писма.rnrn29. Не чувате испринтани верзии од платените сметки.rnrn30. Не користите пејџери.rnrn31. Не праќате документи преку факс машина.rnrn32. Не купувате, ниту пак поседувате цеде колекции.rnrn33. Не плаќате со чекови.rnrn34. Не правите фотоалбуми.rnrn35. Не ги гледате ТВ сериите во терминот кога ги има на телевизија.rnrn36. Не се советувате со лексикон за да проверите како точно се пишуваат одредени зборови.rnrn37. Не вртите на информации да прашате кој последен ве барал.rnrn38. Не купувате весници.rnrn39. Не ги перете рачно алиштата.rnrn40. Не се рекламирате во весници.rnrnИма ли нешто што вие би го додале на оваа листа?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Електронски уреди изработени од шарена хартија

    Електронски уреди изработени од шарена хартија

    Луси Томас и Тибо Зимерман се двајца исклучителни дизајнери кои стојат зад студиото за модерен дизајн Zim and Zou во Нанси, Франција. За потребите на своите клиенти, дуото се занимава со изработка на скулптури од хартија, инсталации, графички дизајн, илустрации и веб-дизајн. Нивната последна колекција наречена „Назад кон основите“ (Back to Basics) е проект на кој работат цела година и сè уште е во тек. Тие изработуваат електронски уреди како фотоапарати, телефони, вокмени, касети, дискети, џоистици… Секој шарен уред претставува рачно изработен предмет од преработена хартија, а дури и најмалите остатоци при сечењето, повторно се користат како детали.Електронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаrn


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn