КАФЕ ПАУЗА

Tag: карневал

  • Најлудите забави во светот

    Најлудите забави во светот

    Од журки на плажа до борби со домати, од родео до карневали, во светот постојано се случуваат луди забави. Ако сакате да доживеете незаборавни моменти, ова се најлудите забави во светот кои треба да ги посетите.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Фестивалот Холи во Индија

    rnХоли е дводневен фестивал на бојата во Индија, кој се слави еднаш годишно, во март. Учесниците на овој фестивал фрлаат парфимиран обоен прав, боја и вода едни врз други, претворајќи се самите себе во шарени слики, размачкани од глава до пети во најразлични бои. Овој религиозен и традиционален настан ги претставува обновувањето и ослободувањето на „внатрешниот Пикасо“ во еден поинаков, хинду стил.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Карневалот во Рио де Жанеиро

    rnНајдобро време да го посетите Рио де Жанеиро е за време на карневалот, кога можете да уживате во сензацијата од бои, пердуви и самба. Шест дена низ улиците на Рио парадираат костумираните учесници, движејќи се во ритамот на афро-бразилската музика. Освен во карневалот, не заборавајте да уживате и во песочните бразилски плажи и вкусните коктели.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Родеото во Калгари

    rnОваа година беше одбележана 100-годишнината од најголемото родео во светот, родеото во Калгари кое се одржа од 6-ти до 15-ти јули. Секоја година родеото во Калгари привлекува повеќе од 1 милион посетители годишно, а вклучува паради, сценски настапи и натпревари во јавање бикови, влечење јаже, тркање околу буриња и слично. Продавниците се уредени во каубојски стил, а храната се состои од месо подготвено на скара и пиво.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Ла Томатина во Шпанија

    rnЛа Томатина претставува борба со домати која се одржува во шпанскиот град Буњол. За време на овој настан, низ улиците течат реки од сок од 100 тони презреани црвени домати. Ла Томатина настанала во 1945 година и оттогаш борбата со домати се одржува секоја последна среда од месецот август. Овој настан е само еден од многуте фестивали и улични забави кои се случуваат во Шпанија.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Забавата на полна месечина во Тајланд

    rnСекој месец, за време на полната месечина, туристи од целиот свет ја поминуваат ноќта забавувајќи се на плажата Haad Rin. Околу 20.000 патници си го наоѓаат своето место на плажата во форма на полумесечина, пијат евтин алкохол наточен во кофи и играат во ритамот на техно музиката. На оваа забава се препорачува да отидете боси затоа што големи се шансите да ги изгубите чевлите, посебно ако го консумирате локалното виски „Самсунг“.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Октоберфест во Германија

    rnТанцувањето полка, препознатливиот германски колбас и пивските градини се синоним за 16-дневниот фестивал на пивото, Октоберфест. Како што кажува самото име, Октоберфест се одржува во октомври, во Минхен и привлекува околу 6 милиони луѓе годишно. Традицијата на Октоберфест е стара 200 години. Најголемиот фестивал на пивото опфаќа 14 шатори со пиво, саем на вртелешки, костумирани поворки и концерти под отворено небо.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Марди Грас во Њу Орлеанс

    rnКога станува збор за најлудите забави, не може да се заобиколи Марди Грас кој се одржува во срцето на Францускиот кварт во Њу Орлеанс. Централната парада исполнета со многу алкохол се случува долж улицата Бурбон. Марди Грас всушност е прослава на јужната декаденција и трае цела недела. Главна карактеристика на Марди Грас е алкохолот кој вклучува многу пиво, виски и неонско зелен пијалак познат како „Рачна граната“.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Фестивалот „Огнен човек“ во Невада

    rn„Огнен човек“ е визуелно спектакуларен фестивал на уметноста кој се одржува во пустината Невада. Секоја година овој еднонеделен фестивал привлекува луѓе од целиот свет кои доаѓаат тука за да ги прослават човештвото, уметноста, креативноста и музиката. „Огнениот човек“ опфаќа уметност направена од автомобили, огромни инсталации кои испуштаат оган, голи велосипедисти и духовно будење. Сето тоа на крај кулминира со согорувањето на еден масивен портрет.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Фестивалот Роскилде во Данска

    rnФестивалот Роскилде е музички фестивал кој се одржува во Данска. Роскилде трае четири дена, а оваа година се одржа од 30-ти јуни до 4-ти јули. Се смета за еден од најголемите музички фестивали во Европа на кој настапиле Брус Спрингстин, Бјорк, Џек Вајт, бендовите Кјур, Рутс и многу други.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Конгресот на Дедо Мразовци, насекаде низ светот

    rnКонгресот на Дедо Мразовци (SantaCon = Santa Claus Convention) е еднодневен настан на кој се собираат пијани Дедо Мразовци кои пеат валкани божиќни песни. Овој настан се случува во средината на декември, насекаде низ светот. Учесниците се луѓе кои се облекуваат како Дедо Мраз, се сретнуваат со своите „колеги“, одат по улиците ѕвонејќи со новогодишни ѕвончиња и пиејќи пиво, сè додека не пристигнат до барот за кој претходно се договориле, каде што ја продолжуваат журката.rnrnНајлудите забави во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Битка со портокали во северна Италија

    Битка со портокали во северна Италија

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnБитката во која главно оружје се портокалите е карневалски фестивал, кој се одржува во северна Италија во градот Ивреа, близу градот Торино. Овој фестивал е најголемиот фестивал на борби со јадења во Италија.Битка со портокали во северна ИталијаСекоја година во февруари, фестивалот е посетен од 100.000 туристи, а битката со портокали се води помеѓу 4.000 учесници. Иако навидум фестивалот изгледа како илјадници луѓе самоволно да се собрале, сепак тој е многу добро организиран и има значајна историска важност. Со сигурност се знае дека карневалот потекнува од 12-иот век. Сепак, за самите почетоци и за тоа како карневалот настанал, многу малку е познато.rnrnСпоред една легенда, битката што се одржува секоја година ја означува победата на градот против градскиот тиранин, член на фамилијата Раниери. Друга легенда се поврзува со Маркизот Вилијам VII од Монтферат, тогашна област во Италија. Имено, во тоа време господарите имале законско право да им ја одземат невиноста на своите слугинки, токму на денот на нивната венчавка. Кога Маркизот Вилијам се обидел да си го исполни своето право на една од слугинките по име Виолета, таа му се спротивставила и според една од легендите, му ја отсекла главата. Самото население ја поддржало и таа ја запалила палатата, во која бил маркизот.rnrnПоради тоа, во знак на храброста на оваа слугинката, секоја година едно девојче е избрано да ја игра главната улога на Виолета. Самиот фестивал претставува симбол на победата на слободата над тиранијата.Битка со портокали во северна ИталијаУчесници на фестивалот се жителите на градот Ивреа. Битката се води помеѓу „Аранчери“ – учесници кои ги поседуваат портокалите, овошје кое симболично ги претставува старите оружја и камења, и Аранчери качени на кочии, означувајќи ги тираните. Подоцна, во 19-иот век за време на Француската револуција, во фестивалот биле додадени и претставници од Француската војска.Битка со портокали во северна ИталијаУчесниците се поделени на 9 тимови. Фестивалот трае 3 дена, недела, понеделник и вторник, кога се води немилосрдна битка помеѓу тимовите кои фрлаат портокали со целата своја сила. Атмосферата на фестивалот може да се долови од изјавата на еден 21-годишен учесник:rn
    rn

    „Застрашувачки е. Поради тоа што носите кацига на главата не можете ништо да видите, а портокалите летаат и наидуваат на вас од сите страни.“

    rnКарневалот завршува ноќта на „Мрсен вторник“, со сериозен погреб. Традиционално, на крајот на тивкиот марш кој го обележува крајот на карневалот, „Генералот“ се поздравува со сите со фразата која ја изрекува на дијалект „arvedse a giobia a ‘n bot“, што во превод значи „ќе се видиме во вторник наредната година во 1 часот“.Битка со портокали во северна ИталијаСамите посетители можат да учествуваат во битката и да бидат дел од тимовите. Доколку носат црвени капи, тие се сметаат како дел од револуционерите, и со тоа се заштитени од илјадниците портокали.Битка со портокали во северна ИталијаНа самиот почеток биле фрлани зрна грав, а потоа јаболки. Подоцна, во 19-иот век, портокалите станале главно оружје во овие битки, означувајќи ја главата на лордот. Традицијата, битката да се води со портокали не е многу јасна, најмногу поради тоа што портокалите не се одгледуваат во Северна Италија и треба да се транспортираат специјално од Сицилија, Јужна Италија. Во 1994 година, околу 265.000 килограми портокали се донесени во градот на фестивалот, најповеќе од оние портокали кои им останале од зимата.Битка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна Италија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Историја на карневалот во Венеција

    Историја на карневалот во Венеција

    Познатиот венецијански карневал трае сè до празникот познат како Чиста среда, популарниот Марди Грас, а започнува 10 дена порано. Оваа година карневалот се одржа од 11 до 21 февруари.Историја на карневалот во ВенецијаЗборот „карнвеал“ (carne – месо), има латинско потекло и значи „збогум месо“. Слично на Великиот пост, Римјаните биле должни да постат за празникот Чиста среда. Но, овие верски формалности биле оправдување за прослава на паганските фестивали. Saturnalia и Lupercalia биле римски празници кога биле прославувани слободоумните и расипниците. Подоцна, нешто слично било воведено во христијанскиот календар. Тоа е прославата која започнува ноќта спроти Водици. Папите Клемент IX и XI и Бенедикт XIII се обидувале да го вратат карневалот во соодветните верски граници, но немале никакво влијание врз Венеција.Историја на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторијата на венецијанскиот карневал започнува во далечната 1162 година. Венецијанската република го победила Улрико, патријархот на Аквелија и тогаш за да се одбележи победата, започнала традицијата со колење бик и 12 свињи на плоштадот Свети Марко во Венеција. Оваа прослава станувала сè повеличествена и веќе во 1268 година за првпат се забележува употреба на маски.Историја на карневалот во ВенецијаВо 18 век, венецијанскиот карневал го доживеал својот „златен период“. Богати млади благородници доаѓале во Венеција, како дел од нивната Голема Европска турнеја, за да уживаат во карневалот. Сликите на Франческо Гварди и неговите современици и дневниците на Џакомо Казанова биле најпознатите симболи на тоа време.Историја на карневалот во ВенецијаВо текот на 1930-тите години, карневалот постепено почнал да исчезнува заради забраната што ја издал Мусолини. Во 1979 година, група Венецијанци и љубители на Венеција одлучиле повторно да ја оживеат традицијата на карневалот. За неколку години, маскираните Венецијанци станале симбол на Венеција во зимскиот период.Историја на карневалот во ВенецијаМаските изработени за венецијанскиот карневал се уникатни. Најпознати маски се оние кои ги претставуваат ликовите од италијанската „Commedia dell’Arte“, како и познатите бели маски со долг клун што всушност го претставуваат докторот кој се бори против чумата. Денес изработката на маски во Венеција е посебна индустриска гранка.Историја на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во Венеција
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуци

    Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуци

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnСекоја година, непосредно пред велигденскиот пост, Бразилците излегуваат на улиците на четиридневна прослава на хедонизмот. Бескрајната маса од повеќе од два милиони луѓе кои танцуваат, ритамот на самбата и шаренилото од костими, предизвикуваат експлозија од бои и звуци карактеристични за најмасовниот карневал во светот.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио де Жанеиро започнал да се одржува пред повеќе од 150 години, кога доселениците од Португалија парадирале по улиците на градот танцувајќи на европска музика, како полки и валцери, а на почетокот на дваесеттиот век, работничката класа, главно домородно население, ја создало самбата и тогаш карневалот го добил денешниот лик.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалската парада ја сочинуваат дванаесет претходно избрани училишта за самба, а целиот настан всушност е натпревар помеѓу нив. Училиштата за самба можат да бидат вистински училишта за изучување на танцот или групи од пријатели или соседи кои сакаат да учествуваат. Секое училиште одбира тема која ја претставува преку костимите, танцот и музиката. На крајот од карневалот, жирито го избира победникот, кој добива право уште еднаш да го изведе своето шоу.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциУчилиштата за самба се составени од повеќе групи кои излегуваат по строго одреден редослед. Прво настапува предното крило, составено од десет до петнаесет луѓе чија цел е преку танц да раскажат кратка приказна со која ќе ги најават главната група и темата. Потоа на ред доаѓа главната група, поставена на движечка платформа. Во неа најважна е кралицата. Таа стои на видно место и го држи знамето со симболот на училиштето, а друштво ù прави уште еден член од групата чија задача е да го привлече вниманието на посетителите кон кралицата. Покрај нив танцуваат останатите членови, облечени во екстравагантни костими кои често се многу тешки. Останатиот дел од училиштето за самба, во кој има барем сто девојки, танцува покрај платформата.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциПоворката од дванаесетте избрани училишта поминува на „Самбадром“, огромна улица околу која се поставени трибини за гледачите. Гламурозниот настан започнува околу девет часот навечер, а завршува дури следното утро.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциКарневалот во Рио – експлозија на бои и звуциПокрај на „Самбадромот“, забавата се случува буквално на сите улици и плажи во градот. За разлика од главната карневалска поворка, на уличните фестивали учествуваат буквално сите кои се наоѓаат во Рио. На улиците низ градот има безброј бендови кои свират во живо, а посетителите танцуваат и ја создаваат најголемата улична забава што може да се замисли.Карневалот во Рио – експлозија на бои и звуци
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.